Може не ме разбра убаво, не е другарка ми разведена туку нејзините се разведуваа. Татко и ги напушти заради друга жена. Другарка ми е обична девојка, студентка, ама ете премногу лошо го поднесе тој развод пошто пред тоа беа најнормално, среќно семјство. Ама како викаат: секоја планина си има своја тежина. Со тек на време ќе и биде подобро ама никогаш нема да и поминат тие рани, што татко им ги остави за друга жена. Премногу беше блиска со него и одеднаш тоа им го направи. Многу лоша работа е ова, да се распадне семејството во секунда. Ако имаше барем грам емоција во тие жени, немаше ниедно семејство да поминува низ ова. Ама си има секакви...Не дека ќе видат нешто добро од сето тоа колнење ама нека прават ко што сакаат. Грешката е направена.
mislam deka lubov moze da se sluci i cuvstva kon ozenet maz...no mora da se stavi granica i da preovladuva zdraviot razum. Moze da e interesno nekoe vreme no krajniot rezultat e tragicen. Site se povredeni ako se razbere se rasturaa brakovi. svalerkata e sekako povredena ...ili toj ke ja napusti ili ako si go rasipi brakot pa neznam kakva sreka bi imala ako gradi sospstvena sreka na tuga nesreka. Toj e rastrgnat, potoa ke ja okrivuva nea za posledicite, znaci tie zaedno nema da se dolgo srekni, a pak zenata negova i decata sekako ke stradaat.
Сега те разбрав подобро. Баш ми е жал. Колку и да не сака да излегува од дома, настојувајте да доаѓа со вас. Во таков момент јас се би правела и не би се врткала дома. Ќе спијам секоја вечер кај различна другарка ако треба, само да не сум дома.
Како машко,сакам да пишам нешто со кое ќе се надоврзам на предходните мои две мислења овде.Слободно,кој сака може да ме плука и да ме нарече како сака за ова што ќе го кажам.. нема да ви замерам. Како машко,моите ме воспитувале дека во животот на машкото треба да има само две жени.Едната е неговата мајка,а другата неговата сопруга.И нема трета.Нема замена за овие две. За жал,мнозинството родители денеска потсвесно ги тераат или сосема дозволуваат нивните деца да бидат блудници.Познавам многу машки,кои се во нивните 20-ти години и ги вараат своите девојки.Кога ќе ги прашам зашто,викаат ,,Досадно ми е,сакам нешто ново да пробам".Исто е и со женските. Ова секако се однесува на секс,бидејќи не знам ниедно машко кое сака да вара, за да се држи со друга девојка само за рака.. а не за секс.Значи суштината на прељубата е секс со друг.Ете ова е случува кога нашите традиции ќе ги замениме за нешто страно и туѓо.Западно во случајов. Нашите баби и дедовци може се земале млади,ама нивниот брак траел 70,80 години.Додека на денешните "модерни" Македонци бракот им трае една година.Според официјалната статистика,секој втор брак во Мкд после 1 година се распаѓа.. а сведоштва имате и овде еден куп.И после се чудиме зошто има толку млади деца кои се полни со фрустрации,агресивни итн итн. Во контекст на тоа погоре,кога реков само две жени во животот на машкото(важи и за женските,само обратно),мувања и тие работи е во ред.Да не стане повеќе од тоа.Зошто ако самите сте блудници,или земате партнер кој е блудник/блудница т.е сменил/а 50 машки или 50 женски во својот живот.... тогаш земате брачен партнер кој е зависник од тоа.Кој сака стален секс со други.Ако не сум во право,зарем во 99% од случаите на прељуба не е сексот главната цел? Е,и затоа има прељуби... сакаат ,,Нешто ново".. Затоа фразите од типот ,,Не си машко ако не си имал секс барем со 20 женски во својот живот'' или ,,Не си јака у кревет ако не те легнале 5-15 машки''.. не ги величајте и глорифицирајте.Тоа растура бракови.. Затоа ми е гордост и чест што сум конзервативен и патријахален.Не сум изневерил ниедна своја девојка а сум ги имал доволно.
Нема причина некој да те плука Се што кажа добро кажа Незнам дали си женет,ама пази,ти си искрен и може лошо да поминеш....денеска има секакви
Не дај Боже да осетиш на своја кожа ама би ја оставала ли мајка ти сама дома, а да гледаш дека е во депресија? Верувај нема да можеш да ја оставаш, срцето нема да ти даде да ја гледаш дека таа пие апчиња за депресија, дека само спие, дека зема боледување и не оди на работа...нема никој такво срце да ја остави во таква состојба мајката сама. Нормално дека и на другарка ми и на братот им е тешко ама на мајка им и е дупло потешко. Треба да излагаат, да шеткаат, да се дружат ама до толку па ич дома да не се прибираат или да спијат кај другари мислам ќе биде сурово кон мајката. И нејзи и треба поддршка, утеха, друштво, мубает пошто таа е најоштетна од сето тоа. Греота е сама да се остави по цел ден, ако гледаш дека не е ок, не оди дури ни на работа.... Како и да е, пак ќе речам не дај Боже никој да осети како боли...
Јас не сум блиска со мајка ми, не можам да кажам, не би можела да издржвам таква ситуација, би била премногу болна за мене затоа и би заминала од дома. Греота е знам.
Ова од никогаш не ми било јасно А зашто да не бидеш блиска со мајка,има ли нешто поблиско од мајка? Извини,ама морав да прокомантирам
Јас само да прашам. Дали вие би го напуштиле мажот доколку знаете дека тој ве изневерува со проститутка ( онаа со тарифа)? И дали проститутката е виновна за распадот да нашиот брак? Или некоја која случајно ја запознал на службено патување додека јадел во локалната сендивача? Не мора да ми одговорите, ама ете ви го одговорот на вината на швалерките мажот, без разлика дали е проститукна за пари,вдевојката од сендвичарата, колешка од работа или комшиката. Неверството го прави тој и само тој го предава семејството. ТОЛКУ.
Нормално дека би го оставила. Најмизерни ми се мажи што одат со проститутки. Дури и да не е проститутка, да ме изневери во брак... ај во врска, ама во брак...толку и од почитта и од се.
A ako e pametna-tutka i zgora na se ima feminski i arhiepiskopski Amin, a? A ti vo brak si ili samo vo vrska? Ili samo lupetas bez vrska?
Драга Наташа, ништо нема да постигнеш ако и кажеш. Таа ионака нема среќен брак, само ќе и придонесеш нервози и стрес во текот на бременоста, и на неа и на бебенцето.Тој е грешниот во ситуацијата, децата и жената не. Некое време суетата и егото можеби ќе ти бидат намирени, но потоа ќе се каеш, зошто невини ќе патат од твојата одлука. Биди среќна што завршило без поголеми последици, патот под нозе и нов супер дечко, со кого нема криење )
Дали некогаш сте чуле вака да се брани жена која го изневерила својот маж?! Така и си мислев... Како и да свртиш, жената е крива и курва. Ако јас го изневерам маж ми, јас сум крива. Ако тој ме изневери мене, тој е крив. Единствено ако не го силува некоја. Крај.
I jas replicirav na tvojot odgovor na taa nad tebe. Patem neli e toa smislata na eden forum, da se upagja i da se replicira, da se bide kontruktiven i kreativen? A ponekogas i destruktiven? - (Ali ne u ovom slucaju)
Темава е врска со оженет човек. Жена треба да е свесна и разумна дека тоа може да е само краток флерт (не навлегувам во причините за тоа). Треба да се биде глупава и да не речам крајно безобразна ако очекуваш и посакуваш крај на тој брак за ти да го земиш оженетиот човек. Има исклучоци - но јас стојам на ставот, ако тој маж една изневерил во брак, кој трвди дека нема и втората жена да ја изневери. Читав една книга Прељуба од Куељо - жената има одличен брак, дом, деца и после 10 години брак чувствува дека и е досадно. Се среќава со бившиот дечко и одлучува дека афера со него ќе и ја разбие досадата и депресијата. Е па прочитајте ја книгата, ќе видите со што се соочува и како на крај таа сама се соочува со своето залажување.
Оти бе мажите ги правите како благо ретардирани суштества што не знаат што прават па таму некоја вештица ги натерала да легнат со неа и да растураат брак. Ако ете некоја жена што мажот дома не ја ферма и се најде некој кој ќе и пружи се што и фали и го изневери мажот, дали ќе викате дека швалерот е крив? Секако дека не, ќе биде таа курва нели па и швалерот нејзина жртва. Крив е тој што изневерува и толку. Според мене ако има неверство, нешто не чини во тој брак и тоа многу, или едниот од партнерите едноставно не е стабилна личност. Таков нека го носат 100 швалерки.
Од секкогаш сум против врската со мажи во брак.али ете...сестра ми се влечка со женет маж 7 год.зборував зборував дрво! на крај се откажав нека праат што сакаат.али неа годините и се веке 25 за мажење...што иднина со него ке има незнам! али нека губи време...нека си остани стара мома секој си ја крои судбината.