Одљуби се и готово. Ако те лажат дека чоек наводно не бирал во кого се заљубува, не ги слушај, се е тоа и тоа како свесна одлука.
Луѓе @Donatela.W само кажа дека се заљубила, а што направивте вие!! Можеби е само комшија, колега, пријател, познаник за кој има само симпатии девојкава, не значи дека имала нешто со него или планира да има!! За заљубување, срцето бира, сепак понатаму разумот одлучува!
И јас тоа ќе кажев. Таа само пиша дека го засакала човекот а ми се чини дека на неа и е тешко поради тој факт, а не дека планира нешто да направи и да растури нечиј брак.
Одма со осуди...како би се чуствувала ти да си на место на женаму и слично. Абе тој ако ја сака и почитува не ја вара....па Станија да дојде да му се соблече.
За да почне да се гледа со некој, да виновна е.. ама за тоа дека се заљубила, не е, и не мора да значи дека се гледа со човекот.
Можиш во кога сакаш да се заљубиш, не можиш да му наредиш на срцето. А,а да си со женет човек, немам коментар, ако сам не се почитуваш, како друг ќе те почитува, нема мажи, па со оженет, темава е no comment.
Иста судбина имаме, и мјоата беше иста само што овај не е женет, туку е психопат.. Додека те читав, плачев мислев дека за мене пишуваш. Јас 2 ипол месеци не сум од дома излезена, на кафе па ич. Моите дома се разболеа од тага. Се чуствувам виновна за сите. Тој со колата ми иди до пред кучи секој ден. Знаеш ли како ми е мене? Имам закани по живот, по се. Им застанува на моите среде центар на тепање... Јас бев решена на убиство. Ама дознав дека има и начин на кој можам да се спасам по нормален пат. Ова сепак е една лекција во животот за да сватиме дека не е се така розево како што изледа. и да знаеш: ЖИВОТОТ Е НАЈЛОШИОТ УЧИТЕЛ, ПРВО ТИ ГО ДАВА ТЕСТОТ, А ПОТОА ЛЕКЦИЈАТА!
Ако некој забележи дека е склон кон изневерувања, најчесно да си се разведе, па нека си тера сингл живот со авантури, нови кратки врски и сл. Исто, ако се вљуби во друга, нека се разведе, а не да ја влечка таа друга личност настрана. Стварно многу ниско. Инаку, сум забележала дека обично оние што долги години се швалерисуваат во брак, се грди и искомплексирани суштества.
Браво многу убаво кажано. Го делам твоево мисење. Да убаво кажа разум ама тешко кога разумот човек го уклучува....
Ајде да ви дадам еден совет на сите, не ме сфаќајте погрешно, нели секој индивидуално за себе но мислам дека ваков е случајот кај повеќето оженети. Имам другар пријател како и да го наречам прилично е постар од мене некои 10-12 години, и разговаравме баш за ова, има жена и две деца, меѓутоа јас сум била сведок како бил и со други, сме искачале прави што прави со други ама на крај на вечерта он си се враќа кај жена му, баш пред некое време го прашав, не ли му е глупо, знаат ли девојките со кои што е дека е женет, дека има деца, и он ми одговори не ми е глупо они што се глупи тоа е друго, сум ги лажел ќе ја оставам жена ми бла бла, а не ми ни паѓало на памет, и да не ја сакам она е мајка на моите деца и никогаш нема да ја оставам, овие што се со мене се сите материјалистки кои пред се ги гледаат парите па после се друго, додека ми е интересно јас сум со нив тоа може да биде ден,два,недела,месец ама во секундата кога ќе почувствувам дека ми здосадило завршувам. За тоа не се лажете, никогаш нема жената да ја остави ради вас, само безпотребно потрошено време
Да, еве ме и мене тука... За жал, навистина чувствувам за мојот шеф нешто, има 36,а јас сум 10 години помлада, женет и со мало дете, има некојаси хемија меѓу нас, тој е едно срце огромно, шо се грижи за сите, за жал, женет е со побогата, таа владее со него, а тој ги брка работите 80% за фирмата, често им се случуваше да се караат пред мене и колегите... Дојден е Ск, живее кај роднини и иде во фирмата, често остануваме сами. Едно знам дека му е тешко, иди по 12 часа на работа, секаква одговорност сноси, стегнат е од нејзина страна, секогаш кога таа иди во канцеларија и зборувам со него, ме гледа накриво и го вика него да појди кај неа. Го забележав сабалје некако поинаку ме гледа.... Вчера бил излезен и се поднапил, се ми се доверува, по куси излегол, му достудело. Имам чувства за него и ми е жал што е командуван од жена му, како и што е од многу сиромашна фамилија.. Не знам... Луѓе во прашање најпрво се чувствата, не можете да ги потискате, ако евентуално не сакате да пукнете.
Ваквите ко вас не бе не можам да ве сватам ...од толку машки вие во женети гледате ... Каква хемија каква физика секогаш ти ќе бидеш таа втората оти првата е со него и му родила дете .. Не го пикај девојче носот кај што не му е место оти и не си мала за да неможеш да размислиш.. Кажи ми како ти било тебе некоја да му се плетка на мажето твое и да се роди некаква ''хемија''меѓу нив ???
Ако сакав нешто ќе пробав во овие 2 месеци... А и доста себично е да мислиш само за свои чувства... Да... А гледам дека тој не ни ја сака очигледни чим не знае ни каков парфем сака таа, ни која боја и е омилена.... Немам намера ништо да правам, без галје
Е сега полесно ми е јас не берам гајле мене ич не ми е грижа ,а типот оти не ја остави ако не ја сака ,тебе тоа што те засега ???
Знаеш батали го нивниот мегусебен однос ... Тоа не е твоја работа .... Но ајде сите да бидеме искрени , мислите дека кога една жена и еден маж се по 12часа заедно во денот не можи да се појави хемија помегу нив ? Нормално е да се појаваат емоции мегу нив , а жена му ако не е свесна за тоа Нејзин проблем! Девојче мој совет е да не се вплеткуваш во тие пајажини, можеш премногу да се заљубиш и да си ја потрошиш младоста за оваа невозможна љубов ,а ке изгубиш многу прилики , ако ти е толку кејф направи си го кејфот еднаш , два пати и толку . Не очекувај нешто повеке од тоа ....
И мене тоа ме загрижува сега ќе го прашам дали и мојов знае за мене .. Мони се грижам да ти кажам ако ова се битни работи за некој да те сака не знам што да кажам