Машко е сепак и според мене во случај воопшто да не ја сака би ја оставил, полесно им е на нив да се остават. Тоа што се караат не мора да значи многу, нормално е во врска и во брак. Инаку ако ја земал бидејќи е побогата тогаш и самиот е крив што е во таква ситуација...
Значи таа води фирма и се шушка дека ја зел да се спаси од сиромаштијата и со неа има доста прошетано низ светов, од далеку се познава колку е контролиран, еднаш додека беа на пат таа не гледаше постојано на камери, дури и ми се јави да ми кажи до знаење дека ме гледа што правам. Сама бев на смена. Таа е таа која диктира, кое пеење го добивме од неа кога почнавме со работа, никој не ја сака од вработените. Тоа е кристално јасно и сите гласно зборуваат за тоа. Карањето не му е често, туку секој ден кога се заедно на работа. Реков битни но не и најбитни
По муабетов ми изгледа ко ти да си бараш оправдание што се заљубуваш во него. Таа не чини, ваква таква, ако не му чинела што би барал со неа Тогаш и он не чини, машка спонзоруша е.
Не е еден дуќан и не е една посесивна газдарица, ниту пак е еден газда кој се прилепува по работнички...
Значи, од кога прв пат пиша за шефот како ти се жалел од жената и како децата не си ги видел, знаев. Намерно ти прича тужни причи, за да ти падне жал и полесно да те смува. Батали го. Ако толку ти е жал за него, кажи му да не ти се лигави и да иде дома децата да си ги види, а не да мува млади девојчиња.
Се согласувам потполно со @kuc на темава. Значи како може бе да се загледувате во некој што е женет ?? Нормален човек со стабилна психа знае зошто е дојден на работа. Да сработи тоа што треба а не да се загледува по женети мажи/жени. Без разлика и да не е работа и во некоја друга ситуација да е. Прво каква почит имате спрема себе за тие што се плеткате со женети личности кога знаете дека тој/таа дома има некој што го чека. Можеби и деца има. Јас никогаш не би паднала толку ниско да одам со некој што знам дека е во врска или па не дај боже женет. Последен маж да е на светов па нема да го погледам. Ќе ми каже некој сега не можеш да ги контролираш емоциите. Можеш и тоа како можеш. Ако сакаш се можеш да направиш па и емоциите да ги контролираш. Еве да речеме и да се заљубам некогаш во некој таков па и тој во мене. И да ми продава приказни дека ме сака и дека ќе ја остави другата за да биде со мене никогаш нема да влзеам во таква врска. Прво се почитувам себе си и не би си дозволила такво нешто. Второ ја почитувам и другата девојка/жена па неа нема да и направам такво нешто. Трето не би била со таков маж бидејќи никогаш нема да му верувам. Кој направил еднаш така ќе направи и друг пат. Четврто можеби има деца, па не би сакала некој цел живот да ме обвнува зошто сум им го земала татко им. Петто збир на сите претходно , среќа градена врз туќа несреќа не е никогаш целосна! Инаку да кажам постов не е ништо лично спрема @GirlLove само мое мислење на темава.
@VictoriaSan Никогаш не вели никогаш не знаеш што те чекам во иднина, не дај Боже нешто вака и полошо.. Дур човек не почувствува нешто на туѓа кожа, не знае како е. Како и да е, овој случај е заклучен, идам да барам некој згоден колега позз Ако нема друга работа и да седи тука.. Ок... Инаку јас сум од Охрид, океј? И сеа што?
Врска со оженет маж кој припаѓа на друга жена не е за оправдување ,не е за тапшење по рамо или нешто слично тоа е ГРЕВ да се разбереме Никаде не пишав дека се гордеам со тоа, јасно ми е дека грешам. Кога јас се трудев да ја спасам врскатат исто вакви курви како мене ми ја растурија врската
По Охрид слободни мажи немит? Инаку си во голем филм влезена.Тоа што човекот споделува со тебе не значи дека те свиѓа, а и тоа што на работа се караат не значи дека дома е исто. Можеби дома е сосем различно. Размисли малку на каде ти одат емоциите. А, да и најверојатно имаш daddy issues и сакаш да го одбраниш 'тато' кога 'мама' му се кара
Не се ни многу во таква констелација. Газдарицата тука да би читала веројатно би знаела дека е за нив муабетот. Секако не е битно чим на @GirlLove не и е проблем.
До кога жените ќе "спасуваат" мажи и ќе паѓаат на такви приказни-ама таа вака му прај онака му прај. Значи ако навистина толку го малтретира 1. ќе се разведе 2. ужива во садомазохистички однесувања. Трето нема. не се залажувај дека ти си таа што треба него да го спасува од неговиот си неуспешен брак. Приказнава од вчера ја читам и едино што сфатив е дека тој ја зел таа за пари, за да не се испоти он да створи нешто повеќе т.е. на готово и се треснал. И? Сериозно се заљуби ем во женет ем во ваков лик!? п.с. искрено да сум на нејзино место (на сопругата) , да те дознаам би те шутнала ко партал.
Сликава многу кажува. Верувај ако е толку лош бракот никој нема да седи со сила...ни ради деца ни ни ради ништо. Фино лепо со мојот бивши маж си се разведовме. И двајцата сме сега во врски со слободни личности. Хаха и и двајцата имаме помлади партнери. Е разликата е што на неговата сегашна малце и смета нашето дете, а на мојот сегашен ни најмалце. Јас не те осудувам, само не си ја уништувај младоста.
Тоа е одговорот,крај! Ако мотивот што се оженил е пари,ете ги добил и нека ќути и трпи,не му треба „спасителка“.