Iscitav se i samo edno mozam da kazam a toa e deka u skoro vreme ke dobies otkaz ,pamti mi go zborot.
Не се криви овие што им се пикаат на мажите, криви се мажите што потпаѓаат на провокација.. И вас може некој да ви рече - сакате хероин? А вие да речете - НЕ. Така и мажите...
Повеќе контрола и строгост носат спротивен ефект. Можеш строг да бидеш со детето, ама не и со сопругот...на што личи тој брак со контроли и без доверба? Тогаш поарно разведи се. Така ако се понашаш, самиот ќе избега од дома. Плус колку и да си строг, тој ако сака ќе најде начин. Пример, 2-3 пати месечно ќе и рече на сопругата дека ќе оди на пиво со другарите и за саат време ќе се врати. За тоа време тој ја зема бившата девојка, што умира по него, се клецкаат и се враќа дома ко ништо да не било... Сопругата си седи дома со бебето. (примерот е реален за жал) Не се криви само тие што уништуваат бракови, туку многу повеќе криви се тие што не си ги почитуваат сопружниците...посебно што не ја почитува тазе породената жена...
Само си бараш оправдување за тоа што го правите. Тој чим сега не може да и каже НЕ на жена му, мислиш дека некогаш ќе ја остави заради тебе?! Не се лажи себе си... И не паѓај на такви сентименталности. Ако сакаш да бидеш изиграна, разочарана и без работа- go for it. Да сум на твое место активно би си барала ново работно место и да ме нема од таму. Ништо нема да добиеш ни од таа работа ни од таа афера со шефот. И убаво ти кажаа погоре, кога следен пат ќе почне да ти раскажува трогателни приказни, кажи му да оди кај децата и да помине време со нив, а не да брка помлади вработени. П.с- не знам која ти е поентава со давање на лични информации, освен желба некој (жена му) да дознае за причава.
Не бара оправдува... мислењето и е " јас, па јас". Јас ќе кажам од гледна точка штом видам женет е веднаш бегам. Не сакам утре мене мм истото да ми го прави.
Значи правило е тој што сака нр вара. Не е крива ни една од надвор. Некоја не му се пика со сила ако он несака. Таа може одлучила така да го живее животот и толку. Но жалосно е што ќе си ја уништи младоста која еднаш ја има.
Видете мислам некој не сака да ја прифати вистината .... Мене искрено не ми е сватливо да си со некого 20 години во брак , исклучливо 20 години со една личност Тоа ми е како 20 години да ги поминал во затвор , во самица Нормално е да се појави таа желба за флерт , не дека не ја сака жена му , туку од монотонија
насловот. Веднаш ми текна на соседката. Девојчето 24 години, тој 42 се разведе со 2 дечиња 4 и 6 годинки. Жално за дечињава.
Мислам дека кажав дека се повлекувам и не сум во врска ни планирам со него. А не ви е срам на некој да му посакувате да го избркаат од работа? Згрешив, направив филм и тоа е, одам напред конј нова личност да барам,некој што ми одговара, немам намера да спасувам некој, па ниту да му превземам на некому некој. Па ниту пренесувам лични информации, оти Охрид го спомнав? Позз
Kako prvo ,ne ti posakav da dobies otkaz ,tuku ti predvidov otkaz.Nemoj da mislis deka zena mu pase treva pa nisto nema da zabelezi ...garant e u tek so se,samo ve,,pusta'' da bide po sigurna u toa sto ke go prevzeme. Eden sovet ke ti dadam,vazi za mazite ama u ovoj slucaj i zazenite-tamu kaj sto go vadis lebot,ne go vadi k.rot. Vtoro...me raduva tvoeto soznanie deka treba da baras nova licnost.
Најјако е ова, жена му командала се. Па и те како ќе команда у сопствена фирма која ја одржава со сопствен мозок и врти пари, да не сакате да ви ја остави на изволте што сакате да праите? Па и маж да и е, ако е нејзина фирмата има да го контролира што и како прави, а не со нејзини пари што му дала можност да части други низ град. У моја фирма не да ќе командам туку под лупа ќе ве гледам сите, на кој не му се работи и си праи филмови у глава со маж ми наместо да си ја работи работата може слободно да напушти или да биде избркан зашто на работа се иде да си го извадиш лебот, а не да фантазираш за мажот на газдраицата.
Кој се има најдено во во ваква ситуација само тој може да разбере... Девојки мој немојте да се привлекувате на човек кој е женет лично знам бев лудо заљубена лудо заслепена што и ден денес кога ми се спомене тој срцето ми трепери,а не сакам,сакам да го заборавам сакам но неможам.Тој имаше жена и мало дете но периодот јас кога го запознав тој беше разведен од неа...Цели три месеци излегувавме не сум ни јас самата свесна колку бев поврзана со тој човек колку многу се заслепив во неговите очи,но еден ден тој ми се јавува и ми вели толку од ова приморен сум да се вратам кај жена ми поради моето дете...Бев скршена неможам да опишам колку...поминуваа денови недели месеци а јас се кога ми текнува на него плачам се уништувам.Неговиот течефонски број беше променет,фб,инстаграм се му беше избришано од него ни трага ни глас,живееме во ист град а после се го немам видено ниту еднаш...Баш до овој денешен ден помина цела година како се немаме видено,барем на слика да го видев...ни тоа.Свесни ли сте колку е тешко тој сега кој знае каде е што прави а јас до ден денес неможам сеуште да го заборавам со никое друго машко немам излезено цела година...Животот ми се уништи..неговото име кога го слушнам ме убива срцето ми се кине..за когооо за некој што сега си ужива покрај жена му а јас цела проклета година патамм барем еден траг да се појави од него барем само од страна да го видам како изгледа.Тој го нема... Девојки мој ве молам немојте ваква грешка како мене со таков човек...кога и да е на крајот ние сме тие кои сме повредени...Секој ден на него мислам а цела година помина се молам да го заборавам и да се појави некој дечко во мојот живот за да го заборавам него но напразно ... Се извинувам за тексот ама јас на оваа тема со никого неможам да разговарам..
Ti ova seriozno ??? Demek taa ne znae shto ima pored sebe pa ke go prosvetlish tokmu ti !!! Se dodeka lugje butaat nosevi u tugji brakovi ke postojat razvodi!!! Toj ako ne mu odgovara takov tretman od zenamu ima usta da si kaze!!! Jas znam onamu kade si go vadish lebot,privatniot zivot ne go meshash!!!
Мене неколку работи не ми се јасни - Како бре луге стигнувате воопшто до муабетот за неговиот интимен живот ? Ете ми доага згоден маж во канцеларија за кој знам дека е женет и не можам да се замислам да правам муабет со него за нешто што е надвор од работа политика и економија. Дури и да ме загледува и да се нафрлува сам има решение. Исто важи и за некој што знам дека има девојка. Има многу женети мажи на кои им се восхитувам колку се успешни , колку се добри родители или сопрузи, но кога зборам за нив , јас нив ги гледам како целина заедно со сопругата. Ова тука што читам не ми се верува... Да се укинат турските серии ИТНО
@kikikikirika најчесто тие мангупите трагаат по помлади девојчиња од нив за полесно да манипулираат ! Ке им кажат готово се разведувам , жената е вештерка не ја сакам , јас само тебе те сакам бла бла бла и толку е....на жалост