Според мене, врска со оженет човек не постои! Тоа е само секс. Или евентуална некоја си заљубеност од третата страна додека оваа вторава си користи. Јас ги подразбирам врските со љубов, со нежност, со романтики, со единственост. Све дур едниот сседи на две столици не го рачунам као врска, туку исклучиво само као секс и очигледно, изветреаност и немање самопочит. Жално е за оние кои се впуштаат у такви односи.
Многу биле за греотка швалеркиве,не сфаќаат дека се само обични глупави ороспиички памтат датуми кога се запознале кога прв пат имале секс хахаха смешки вратете се во реалноста ,како би напредувала таа врска нели среќните врски напредуваат со брак ? Се моткате со женети мажи што и деца имаат па после тоа патите и се жалите навистина не сфаќам како размислувате ?? а многу ме интересира , еден ден и вие швалерките ке бидете може мајки и ке имате свое семејство. Но кога вашиот сопруг ке најде некоја со која што ке ве замени ве молам бидете исто толку добри и силни како сега. Ако жената има малку гордост и достоинство не би се впуштила во ваква врска најпрво ако се почитува себе си .Зошто тој пак си се враќа кај жена му спие до неа со неа пак од нејзини раце јаде тоа алижтата што му се испрани испеглани од неа се ,а он доаѓа само да се испразни (секако мажот и швалерката се подеднакво виновни,за нешто да се случи секако се потребни двајца)
Швалерка (вонбрачна врска) е во ова општество ефективен начин некој дебил и потпросек да си ги лечи комплексите.
Не биди толку сигурна дека жената немала достоинство па се впуштила во врска со оженет човек. Има случаеви каде таа можеби не знаела, а тој вешто прикривал и од двете. Инаку овдека на форумов имаше случај каде членка бараше совет како да го отргне мажот што го сака од жена му. И покрај нашите контрирања таа не се откажа, а тој претпоставувам си го правеше ќефот со двете. И не само мажите и жените имаат швалери а тоа е поради некој недостаток во брак или врска.
некои не знаат, ама кога ќе дознаат мислат дека мажот ќе го исполни кажаното, односно дека ќе ја остави сопругата па така со години се влечкат. Туку како може да се случи да не знаат со кој човек се во врска, па на крај се случува не знаеле дека се во брак? Зарем претходно по луѓе не се распрашувате со каков човек би граделе иднина или веднаш почнувате врска? Да не се сфатиме погрешно, прашањето е за тие што одат со луѓе во брак.
Ги потценуваш ама за жал лично сведочам за многу примери каде баш тие швалерки уништиле брак и превзеле туѓ маж. Верувај дека некои од нив добро знаат што прават и успеваат во тоа. Еден период можеби трпат и се понижуваат како што велиш ама изгледа немаат проблем со тоа, ги мотивира можноста дека тие ќе бидат победниците на крајот. Некои се швалерисаат само за забава ама на голем дел од таквите целта им е да го расипат тој брак. Попрво жените дома ќе патат и страдаат што им се уништува бракот додека овие си го прават ќефот.
Се случува да не знае, сум видела такви случеви. Јас лично не сум имала искуство. Ај жената што оди со женет маж ама што бара маж со швалерка?
Како тоа швалерката уништува туѓ брак? Како тоа и го краде мажот? Со нож под грло или? Кога ќе сфатите дека третата особа у бракот односно швалерката не е онаа што уништува туку мажот штом посегнал по швалерки се сам си уништува. Неможе швалерката да напраи нешто со сила, у случаите швалерките се најмалку виновни за расшадот на бракот, ако не била таа ќе била некоја друга тоа е тоа. До кога ќе обвинувате дека некој друг и го украл мажот, никој не го украл сам си отишол, сам така одлучил у моментот кога фатил швалерка. А швалерките да имаа малку морал и самопочит немаше да бидат швалерки, ама тоа не ги прави крадачки на мажи или виновни за распад на брак. Брак може да распадне само тој што го створил, а не некој трет од страна. Виновен е тој/таа што фаќа швалер/ка.
Јасно е дека за што и да се случи сепак мажот е најголемиот виновник за распадот на бракот со самото тоа што решил да изневери. Ама најчесто заради монотонија во брак тие сакаат само да прошараат на страна, да не се дознае за тоа и да си останат у брак. Е сега има швалерки кои што се дискретни, немаат никакви други намери освен да се сретнуваат за секс и задоволство. Во ваков случај авантурата ќе трае додека трае и веројатно жената нема ни да дознае и бракот ќе опстои. Ама дали тоа ќе остане тајна многу зависи и од швалерката. А има и такви што се пикаат со сила. Сериозно, знам за пример каде газдарица му се наметнала на оженет вработен со закани дека ако ја одбие ќе лета од работа. Видел-не видел типов до гуша заглавен во финансиски проблеми попуштил оти по секоја цена морал да ја задржи таа работа. Тука искрено не ја гледам вината во него.
Мислам нема поголем грев и поголемо понижување од ова... Една поговорка од мајка ми памтам : - " Ако не мрдне кучката со опашката..." .
Да, секако, те сфаќам пред сè затоа што човекот каде што работи е единственото место на планетава на кое има работа, на ниту едно друго место нема работа, само тука и бил ставен пред тежок избор.
Веројатно секој месец му бил важен. Особено во државава не е воопшто чудно ако после изгубено работно место мине многу долго време додека не најдеш ново ама сепак да не излегувам надвор од тема.
Не излегуваш воопшто од тема. Ти го даваш како аргумент тоа и тоа е во контекст со темата. Има работи во животот кои се поважни од еден кредит или пак од некоја добра работа а една од тие работи е и лојалноста. Сакаш да ми кажеш ти лично дека ако бидеш ставена под таков избор дека би легнала со твојот газда само поради работата што е добро платена и поради финансиските долгови? Дај не ме дупи во ребра, извини на изразов. Работа како работа, ќе се најде секаде работа, можеби не толку платена како оваа, но доволна за да се покрие нешто од тие долгови и што е најважно ќе одиш дома со чиста совест а верувај ништо не е подобро од чистата совест и од сознанието дека благодарение на тоа владее хармонија во фамилијарната атмосфера. Така да оправдувањево не ти држи вода, мене ми личи повеќе на тоа дека тој сакал да го замрси мачорот и тоа премногу.
Во овој случај не се работи за ШВАЛЕРКА туку типот е машка курва или спонзоруша, а газдарицава го купува хахахаааа.