Секој знае да дели правда, не зборувам конкретно само за ова, дур некој не почувствувата на своја кожа,емоционално да се поврзи, а да се поврзи треба да има искусено, не може да суди и да дава претпоставка што ќе се случи понатаму и кој е крив.
На 20 години треба да е свесна што прави. За да почувствуваш на своја кожа треба да си го дозволиш тој луксуз во женет да се затрескаш. После никој нема да и е крив кога ќе си чука глава. И да ја остави жена му-зарем нема секогаш да те јаде црв дека утре нема веќе да имаш 20 и може истото да ти го стори тебе зашто си му здосадила !?
Остајте ја нека си го живее животот. Не се грижете за другите, грижете се за вас.. Од грешките се учи
Знаеш секој нека си живее како што сака и како мисли дека треба .. Секој нека си го гледа својот живот , и нека не се коментира она нешто што човек не го доживеал на своја кожа ... Кармата секако на секого го чека ..
Кој како сака нека живее и шо сака нека прави, али после нека не ми црка у живо, и по форуми за совети и сожалување. Чим му било убаво на гзот коа правел глупости, барем нека има образ и да ги сноси и последиците, чим е толку возрасна и зрела особа да прави што сака и што му е убаво на душата, па и на туѓ грб и тоа. Ова го иам кажано и на неколку особи у фаца, и фала курцу ми имаат сјашено од грбов измнативе години со нивните ,, проблеми ,, кои сами си ги прават, па потоа очекуваат жал и помош од мене. Yeah, right...
Јас ќе раскажам една случка што се случи неодамна ,значи многу блиска другарка ,другарка со која израснав е во'' врска'' со оженет човек ,најпрво не сакаше да ми каже затоа што се плашеше од осуда од моја страна како да не е доволно тоа што е оженет исто така има 3 деца и е албанец ,првите две близначиња имаат 5 години а другото дете има 2 години,Она најпрво не ми кажа ми рече само дека се гледа со албанец кој е постар од неа 10 години (она има 21година ) Они се во ''врска'' 4 години ,јас случајно дознав дека е женет и бев исплашена затоа што мислев дека она незнае цела потресена како да и кажам она ме убедуваше дека не е вистина и на крај призна (после неколку месеци) одкако јас го дознав фејзбукот на жената случајно ми искочи ,пробував да ја отргнам цело време и зборував дека не е убаво дека најубавите години да си ги поминува вака дека си го уништува животот и покрај тоа што воопшто не ми се допаѓаше тоа што го прави си викав може би не е лоша личност и дека не би било фер. да прекинам да се дружам со неа поради тоа но сепак за кратко време она ми го докажа спортивното.Да не заборавам да напоменам дека постојано ме откачуваше за него он немаше толку време на располагање нели дома жена и деца го чекаат ,ние и да бевме договорени на пример ќе искачаме и он да и се јавеше она веднаш беше како па ајде ако не ќе седиме дома морам да се видам со него знаеш каква е ситуацијата и јас секогаш пробував да и прогледувам низ прсти но сепак многу зрешив. Како што поминуваа време заедно она на некој начин ме вовлече и мене затоа што на мајка и постојано и кажуваше навечер дека е кај мене но вушност секако она беше со него они обично се гледаа навечер накај 11 или 12 часот. Он ја собираше со кола и се разбира имаа секс (очигледно беше дека на него му беше само за секс јас пробував да и објаснам тоа на нејзе но она ме убедуваше дека не е така ) Како што поминуваа подолго време заедно она почнала да станува љубоморна на жена му ,се љутеше затоа што жената го барала постојано и се распрашувала каде е кога ќе дојдеи она бесна зошто жена му му се јавува кога отишла дома и отишла на фејзбук профилот и видела дека имаат нова слика каде што се прегрнуваат и ја аднала на фејзбук и пратила слика од нив заедно и и пишала нешто во смисла како он мене ме сака ако е со тебе ,кога видела женава изреагирала многу бурно почнала да се кара со неа да се навредуваат но во меѓу време жената го дознала бројот нејзин и почнала постојано да и врти да и се заканува, по одредено време дознала е и каде живее и и се заканувала дека ќе и дојде дома и навистина и дошла ,прво и било страв да и отвори врата но послем тоа морала да отвори затоа што жената на цел глас се дерела Отвори ороспијо и оваа и отворила се затепале си скубеле коси се влечеле по земја скршиле огледало и женава земала парче и ја исекла ''другарка ми'' со огледало ,потоа жената почнала да трча и и рекла сега одам по пиштол ,јас секако не го знаев тоа за пиштолот и ''другаркава'' ми плачеше на телефон ми се јавуваше ми рече те молам доаѓај си отиде она нема ништо да ти направи на тебе и секако јас дојдов и и помогнав да го исчисти нередот и капките крв кој беа на плочките но послем неколку дена на неа случајно и се испушти дека таа кога си отишла и рекла одам да земам пиштол ,секако јас веднаш се налутив затоа што она ме тераше да дојдам кај неа и покрај тоа што жената рекла така и го ставаше мојот живот во опасност без притоа да знам ,жената не се врати но сепак се запрашував што ако се вратеше навистина? и каква другарка е тоа да го става и твојот живот во опасност? Откако се случи тоа прекинав да се дружам со неа многу размислував и ми беше многу тешко како сум можела да бидам толку наивна ,сфатив многу работи сфатив каква личност е каков манипулатор. Многу ми е криво како порано не го сфатив тоа како сум можела да бидам толку наивна . Послем случката ја сретнав на улица сосема случајно и она почна да плаче да ми се правда дека порешно сум сфатила дека никогаш не би ме вовлекла во опасност и дека не сака да ме изгуби јас и реков дека веќе ме вовлече и дека не сакам да бидам дел од тоа . Требаше да се видиме да разговараме повторно но јас ја одбив , не ми требаат такви личности во животот
Разбирам дека кога човек сака, се бори за таа љубов, ама да се плетка со зафатени е многу погрешно. Нема среќа што би се изградила врз нечија несреќа, краток и е векот, после кошмар станува. На женски што знаат дека тој кој им се допаѓа е женет а сепак не отстапуваат, сметам дека им фали разум и достоинство. Но најголема вина носи мажот кој иако женет, прифаќа друга врска, со други зборови неверство. Вистинската жртва во тие случаи е неговата сопруга и неговите деца. Жално.
Некои девојчиња кои се повлечени и скоро неприметливи за момците на нивна возраст , најчесто наседнуваат на вакви оженати јебачи ....
Точно ..... Тие всушност излегуваат со првиот што ке им се понуди , бидејки се неприметливи и не можат да се вклопат во генерацијата (да ги тргнеме наатрана спонзорушите , тие се друга категорија)
dobro be zarem na 15-16 pa i 17 god treba da bides primetliva?treba da zlezes so nekogo? lugje detstvoto i mladosta treba da se ziveat a ne da se rasipuvaat so vakvi raboti. se vo svoe vreme.sekoj ke se vklopi i ke stane primetliv ko ke dojde vreme.jas kolku sto razbrav vo poslednata situacija devojkata koja ima 21 god bila 4 godini vo vrska so zenetiot od 30+ godini. znaci od 16-17. zarem morase? zarem e bitno na tie godini da se pravat sranja? detska rabota.
Една моја блиска така растури брак, нејзин претпоставен од работа , постар над 20 години од неа, со години тие да ти биле љубовници, растури брак, се разведе човекот со две мали деца , таа остана трудна се венчаа . Нејзините брза помош ги носеше кога слушнаа што направила. Срекна ли е сега што растури нечие семејство и што врз туга несрека си изгради своја срека. Се надевам дека не е срекна бидејки срека не заслужува.
Она не растурила ништо , јебачот си го расипал бракот !! Не знам зошто љубовницата сите ја кривите као сама да била Нз за вас но јас гледам со свои очи илјадници што се вараат мегусебно , но сега не се разведуваат туку си живеат заедно но секој си тера "настрна" живот