А најубаво ќе е да му кажеш... гледам типов е од оние на кои многу им е важно минатото па ако дознае од друго место а ќе дознае и тоа побрзо одшто мислиш не сме во сапуница па "мрачна" тајна да чуваш со години, и во иднина ќе реагира бетер зошто ова ќе го смета за лажење, така да да си бидете начисто дури е време па ако си оди нека си оди, значи не можe да живее со твоето минато и не е правиот човек за тебе. Така ќе бидеш помалку повредена отколку во иднина да дознае верувај знам што зборувам,сум видела нешто слично.И неубаво се заврши Како и да е ти одлучи си, не мора баш сите детали да му ги кажуваш ама пак нека има до знаење дека си имала лошо искуство претходно
Играј со отворени карти. Ако му значиш ќе те разбере. Кажи му дека тоа ти било добра школа во животот и ја имаш сватено лекцијата. Незнам колку ти е сериозна врската па да кажуваш и за абортусот. Мислам дека секоја девојка треба да си чува по некоја тајна само за себе. Искрено многу ми е јадно кога дечко ќе праша девојка кој и е по ред ,,да да душо втор си ми (ако е скината),,
Tребало тогаш да му кажеш.Сега може ќе се подналути.Ќе си помисли -којзнае уште колку работи крие оваа од мене И јас така би помислила,тоа е во ред.Сепак ако си одлучила да му кажеш-а ако планираш нешто сериозно треба да му кажеш,образложи му дека бил многу тежок период за тебе,нешто што сакаш да го заборавиш и затоа ти требало време за да се одлучиш да кажеш.Дека несакаш од него да криеш ништо.Сепак неизбежно е и за а бортусот да кажеш.Којзнае,може утре ќе се земете,ќе сакате дете ова она....може ќе се деси да треба да знае,ме сфаќаш? Значи прво зависи колку се сакате за да му се довериш.За пролазна,несериозна врска нема потреба од доверување.Но во овој случај,кажи му да не дознае од друг.Тогаш ќе биде поповреден....Зошто витината кога тогаш,излегува на виделина...
Нема зошто да му кажеш, па уште и целата приказна ... Дечково верувај и да му кажеш, ако е со тој став и ако го интересира толку, нема да помине преку ова, ќе ти раскине или во краен случај ќе се смени толку што ќе доведе ти да му раскинеш... Мој совет е за абортусот ни под точка разно никогаш ама баш никогаш да не му кажеш, и да слушне од некој фино лепо ќе негираш, а нема начин како да дознае со сигурност, а што се однесува за женетиот јас мислам најдобро е да му кажеш дека си се запознала, си излегла неколку пати со него, да речеме контакт демек сте имале 2 месеца, ти си немала појма дека е женет, и кога си дознала страшно те погодило, и си избегала експресно од таа ,,врска,, , па уште кажи дека многу ти било тешко, не си можела да веруваш дека ќе си имала работа со женет, дека не си верувала дека и тебе ќе ти се случи....итн... Ти ем ќе испаднеш херој, ем он има појма ако слушне за ситуацијава, па ќе нема потреба да се распрашува а ти отпосле да се правдаш... Верувај дека нема потреба од апсолутна вистина, ни он не ти кажал и никогаш нема да ти каже се, а и да ти каже негова работа... Терај си понатаму и не дозволувај некакви длабоки морализирања да ти наштетат, големо чудо ако си кажала лага, се штитиш самата себе, тоа што во минатото си погрешила додека си била помлада, скапо си го платила, го плаќаш и нема потреба уште да го плаќаш и во сегашноста, па и во иднина, што е многу веројатно дека ќе ти се рефлектира доколку решиш да бидеш чесна и да му раскажеш, ама немој да очекуваш дека он ќе биде исто толку чесен за да помине преку тоа и да не ти раскине, затоа што да не е тој тип нема ни да те праша, а и не верувам дека има некој па 100% што бил искрен со партнерот, а и да има, пак негова работа... И не, не е точна изреката - кога тогаш се се дознава...
Нема зошто него да му се отвараш и се да му кажеш, тоа си е твое минато, не за џабе се вика секој човек си има свое минато. Значи тоа што ти си го поминала нема зашто он да го знае. Ако сака да биде со тебе, нема да го интересира каква си била претходно, туку каква си додека си во врска со него! Секој има направено глупост, во минатото, па немора секој да го знае, поготово не некој што не си сигурна дали ке остане со тебе или не. Нема кажување, ако му одговарам каква сум со него ок, ако не клоцата
Токму така, сите имаат некои работи од минатото на кои не се гордеат, тоа може да се каже дека се лудости од минатото затоа и се завршена приказна и сега само нов лист. Доколку тој инсистира можеш да го кажеш токму она што го има кажано enca.69. Добар совет! Позз
да и од мене ист совет....нема потреба да му се изповедаш за твоето минато...сите ние го имаме вакво или онакво....а тој ако вистински те сака нема да ти врши притисок да му кажуваш све а и све не се кажува на дечко......чувај си ги работите за себе....
По која логика таа мора да објаснува за минатото? Па таа не се родила за него па да треба да го засега толку тоа што било пред него. Свашта...да му полага сметка за тоа што правела додека била со него, разбирам до негде, сепак јас цврсто сум за верноста во врска/брак, но нешто што било пред тоа...нема зашто да објаснува. Затоа мажите се толку сурови со нас, ние да им кажеме дознав за тебе шо си правел порано ќе ни се изнасмеат у фаца. А за абортусот, да требало да се збори за тоа, детето сеуште би постоело. Без тоа, јас го сметам како секс без заштита, што тој, веројатно го имал пред неа многу, со единствена разлика што тој нема матка па утре да сноси последици за тоа. Нема потреба за објаснување.
Сигурно не очекува дека штотуку си искочена од манастир. Еден тип беше спремен да почне врска со мене, се мувавме подолго време и ми рече, мене не ми е гајле која си била ти претходно, и да си била најлоша спрема други дечковци може така си заслужиле, може сами си се криви и така се поставиле. Мене ме интересира каква ке бидеш додека си со мене, додека сме заедно. Конечно некој паметен си викам
Не ја сваќам оваа логика: Значи исфилувај ја вистината за врската со оженетиот, тежок период ти бил ама неизбежно е да кажеш за аботусот, може ке сакате дете па ке се деси да треба да знае? Каква врска има имање дете со абортус? Матката ниту зборува ниту има меморија. Си абортирала и тоа е позади тебе. Моето минато е лично мое. Не дека имам што да кријам, сите сме имале врски, мувања и слично. Нема што да се правдам пред никој што, кога, како и зошто сум правела. Ај сега ти заврти се па испитувај го него со кои одел и што правел? Сум за искреност, да не ме сватите погрешно и сметам дека почитта и довербата пред љубовта се основа за успешен брак но сепак треба секој да си држи до себе. Знам дека сопругот имал некои девојки, знае дека сум имала две долги врски пред него и толку, без непотребни детали. Не се замараме туку се трудиме да ни е убаво сега, во моментите што ги поминуваме заедно. Јас не би кажала ни збор. А ако толку го интересира и се распрашува по луѓе, не ти го треба таков...
Абре девојки при толку слободни момци низ нашава ни мила Македонија и низ странство вие си фаќате работа со оженети луѓе.. Не можам да разберам, сепак бракот е една институција која не е лесно да се растури. Поголемиот дел од нив сакаат само забава, некоја авантура, не очекувајте дека тие ќе се разведат од своите сопруги и дека ќе се земат со вас. Гледајте си го животот и не правете грешки, зарем сакате утре и вашиот маж да го прави тоа со некоја друга како вие денес ?!.. Верувам дека НЕ Поздрав..
Се согласувам со Теси! Особено со делот - “ние да им кажеме дознав за тебе шо си правел порано ќе ни се изнасмеат у фаца.“ И плус, како смее да ти каже ако дознаам нешто ќе ти раскинам, фраерот нешто поставува уцени Според мене воопшто не требал да те праша уште на почетокот на врската колку си имала пред мене и слично, нормално е дека ако ви стане посериозна врската дека ти сама ќе му кажеш некои работи. И тоа како што кажа Енца од околу дека си се состанувала со некој, си направила грешка, момент на слабост, ама тоа ти било лекција за понатамошниот живот. За абортусот СУМ да се каже, НО само доколку врската стане сериозна,ама ептен, да не речам пред брак. Не си ја оптоварувај душата, било што било, поминало, продолжи со животот. Сите прават грешки!
Схана,Па не мораш да сфатиш,едноставно иди понатаму.Јас го кажав мојот совет ти твојот.Во ред е и с оветот на Енца,зависи девојката каков тип е и кој совет ќе го прифати.Ако реши да ја каже вистината нека ја каже до крај.Јас еве да се ставам на нејзино место на мојов би му кажала.Ама го занм каков карактер е и како ќе реагира и знам дека ќе добијам подршка.А таа сепак си знае најубаво. Спојлер Значи мразам кога некој се пика кај не му е место
Фала девојки, стварно се олеснив што го споделив ова со вас. ке му кажам , што ке биде нека биде ... а за абортусот не можам , мислам дека нема шанси ни медицински да се докаже , или пак има??! врската ни е сериозна , фамилјарна , дури планираме заедничка иднина... дечко ми мрази да го лажам, дури за ситници , таков е човеков.
Па мислам дека зависи од тоа како е изведена самата интервенција, да не трескам од ракав, најубаво појди си на лекар и распрашај се. Доколку немало потреба од киретажа (зависи кој месец си го абортирала), мислам и скоро сум сигурна дека не може да се докаже дека си абортирала, пак ти прашај си убаво кога ќе одиш на гинеколог. За ова, штом веќе ептен те јаде јанѕата, кажи му, но сочувај си го достоинството и не дозволувај да те нападне, иако погодна е и средината да не кажеш, како што сме ние оговарачишта тешки и збориме све и свашта за комшијата, можеш комотно и да негираш како што ти пишаа погоре, едноставно бе да речеш „ми се пушташе, досада и ништо повеќе“. Ајде бе, тој демек ќе ти кажел ако спиел со мажена или со проститутка или што ти знам...не се плаши, кажи му со една цел-да ти олесни на совеста (мада не гледам причина зашто би имала грижа на совест). Ај сеа суди го ти за неговите бивши... Среќно и обавезно пиши што си направила. И запомни, секој, па дури и убијците заслужуваат втора шанса во животот, па во колку земји е укината смртната казна, а ова што си направила ти не е нешто WOW, едноставно не многу пријатно искуство од кое си научила многу и кое утре може да те направи поодговорна и подобра личност од оние кои седеле во стаклено ѕвоно.
Не велам ништо околу конкретниот проблем, само морам да се испразнам во две реченици. Откако сум на форумов, на секои 3 дена излегува тема кај што некоја кука дека била со женет човек. Во принцип мразам и избегнувам да судам било кому, 99 посто од случаите и другарка кога ќе ми побара совет се оградувам од коментар, ама што ви е бе на вас? Сериозно, кое такво, секнаа мажите на светов? Мора да е зафатен па да се осеќате комплетно и исполнето, не може со обичен и нормален дечко? За жалење, со сета почит.
Стискаме палци Helpless и ти пуштаме среќа се’ да излезе како што треба. Па извести не’ што се случува и само храбро
Дали ке сакаш да ми кажеш кај сум се пикнала јас? Можеби ти си пикнатата? И јас го пишав моето мислење како и сите други на форумот. Мојата реакција се однесуваше на делот со абортусот, дека морала да каже за абортусот во случај да сакале да имаат деца во иднина. После абортус не остануваат никакви траги од истиот, ниту може да се види на ехо после 6 месеци, ниту може да се докаже, освен ако не е направено големо физичко оштетување на матката, што во денешно време не се случува. Не за друго, ке читаат девојчина по форумов.... Завршувам дискусија на оваа тема. Хелплес со среќа, а јас отидов да си го гушнам мажот ми кој штотуку се врати од работа