Прво ги укривувам оние мажите низ град што акаат и реметат све живо, без осет и чуства дека дома има жена и деца, исто на фб пишуваат по сите девојки. второ за стап се оние девојки кои ќе кажат ее запознав вчера еден тип ептен онака згоден фин, и отвараш фб да го видиш тој жена деца ама она си кажува без гајле, дека не е битно што е женет.. Уствари се отиде во неповрат, без морални вредности останавме. Имам раскажано како ми се деси и мене да ме мафта една будала, го запознав, на два три пати се сретнавме низ град и упорен иди по мене уште ми вика да почнеме врска ајде на ручек ајде на вечера ајде на викенд, неговите другари уште ме гледаа во лице и ми викаа ее каков пар сте ептен си одговарате ете си најде девојка конечно.. И среќа што периодот имав обврски надвор од Ск па не почнав и на само да искачам со него. После кога дознав бев лута не само на него туку и на другарите негови идиоти, одвратни луѓе, како може да се толку злобни, и баш сакав и дома да и одам на женаму да и кажам ако сакаш маж прибери го дома, а не секоја вечер излезен да е низ град и тоа до сабајле, и се пушта на сите по ред, како мене што ме лажеше уште 10 девојки дознав истите финти ги користел. Мажот да ти е излезен секоја вечер и да си иде дома во 6 сабајле е па не ти се криви само другите девојки, има мажи и кои си седат мирни.
Реферантка па не е баш дека жена му поима немала, има жени кои имаат поима и си молчат и ќутат. Не би сакала да пишувам конкретни примери зошто малку неблагодарно е да се коментираат туѓи врски или бракови ама верувај има и такви случаеви. Јас само ќе кажам тешко жените со вакви мажи. Мене пред некој месец во една група имаше еден човек, релативно постар од мене (сосема доволно за да ми биде татко) со кој понекогаш коментиравме на објавите, разменувавме мислења се додека не ми пушти понуда за пријател и почна да ми пишува онака без врска општи муабети, па и да ми се пушта почна ама не одговорив и во еден момент ми пишува "ја сум женет ама не треба да те смета тоа". Доби моментален блок. И општо по кафичи, насекаде сум била сведок на женети мажи кои се однесуваат како ергени и бркаат девојчиња. И не може жена му да незнае, не мисли сигурно дека во 3 полноќ цвеќиња бере низ град секоја вечер. Нејсе сакав да кажам 99% од таквите врски (ако воопшто може да се наречат врски) завршуваат на тој начин што тој си се враќа кај жената и децата, а девојката останува со прстот во уста. Сме биле сведок милион пати.
@ilyan па има и такви. Верувај не секоја жена има финансии и подршка да се разведе, па некогаш е приморана да трпи.
Здраво феминки И јас сум на некој начин во врска со женет човек со деца. не знам како но ете се случи тоа. се запознавме случајно и по ептен случаен пат почнавме да се гледаме. тоа веќе прерасна во некоја врска, секојдневно слушање,гледање. и на двајцата ни е многу убаво кога сме заедно.но секогаш мора да внимаваме да не бидеме видени од некого. Знам дека е погрешно тоа но едноставно неможам да се тргнам од него. постојано мислам на него. со душа чекам да го видам и да разговарам со него. се чувствувам ептен сигурно и убаво. Не знам што да правам.... но знам дека не води никаден овој пат.
Како можеш да расипуваш брак на некој? Извини, но едноставно многу сум против тоа. Зарем нема слободни, па мора со женети?
Како се чувствуваш сигурно кога од една страна врската секој момент може да ти се распадне а од друга страна ти ја расипуваш сигурноста и домот на некоја жена и нејзините деца?
Што планираш понатака? Се надевам разумно размислуваш и ќе донесеш правилна одлука. А за криењето, верувај кога и да е некој ќе дознае.
Бракот си го растура " фраерот", таа не му е крива ако нема грам памет и одговорност кон семејството. Таа си го растура својот живот, свесно оди кон тоа да остане сама,повредена и осудувана од секој што ќе дознае,а ќе се дознае кад тад. Сама оди во пропаст,не може да има нормална врска,за брак да не збориме,а освен тоа ќе си живее со грижа на совест. Да ти се плукнам у "врската" чие видување е по скришни ќошиња и дупки. Како самите себе си даваат автогол тоа е едно чудо! На крајот од денот тој пак ќе се прибере кај семејството,а таа останува сама,како може да го издржи тој психички товар,јас стварно не знам,а вреди ли сето тоа?
Не очекувај поддршка од никого зошто нема да ја добиеш, што и да кажеш како се чувствуваш нема оправдување за она во што си навлечена, ќе наидеш само на осуда. Замисли, можеби погоре неговата сопруга штотуку ти реплицирала
Толку било едноставно значи? Како беше? Се судривте некаде на улица и ти влезе и... Едноставно се случило де.
За се потребни се двајца,така и за неверство. Дојдов само да кажам дека,од кој агол и да гледаме,и двајцата се виновни по секој основ! Не ми се јасни жените,што ги оправдуваат швалерките,оти требало секогаш да се биде на страна на жената(ова често го слушам и во реал лајф) абе ајде
@ilyan и таа е исто виновна колку и тој. Еве пример тој да си го остави семејството и да ги избрка заради неа, таа ќе гради живот знаејќи дека уништила семејство? Не ја оправдувам и швалерката во никој случај.
Затоа реков дали ќе може да живее со грижа на совест? Сепак мажот ја сноси поголемата вина и одговорност кон своето семејство. Освен тоа, карма ис д бич! Ќе осети еден ден и таа како е да биде повредена,омаловажена и изневерена од саканата личност, а верувам и "фраерот"многу верувам во карма.
Тој со тебе само си го пополнува времето, свесна си за тоа ? Еден вид разонода. Искрено ве жалам како така дозволувате. Колку повеќе остануваш со него, толку повеќе ќе се приврзуваш и во иднина ќе очекуваш се повеќе и повеќе. Нема да си го остави семејството за тебе и сигурно нема некое високо мислење за тебе. А и да го остави би градила среќа врз туѓа несреќа ? Како ќе ти е тебе еден ден да ти се случи истото ? Како ќе ти е да бидеш изневерена сопруга ? Стави се на нејзино место. А гласини ќе се рашират, секако некој ќе ве види и знаеш како оди тоа кај нас. После ќе имате лоша репутација, сами сте си криви.
не бери гајле. еден ден и ти ќе имаш деца и ке се најде некоја како тебе што свесно ке им го краде таткото на твоите деца Реално што сееш тоа жнееш на крај