За тоа треба тој самиот да е свесен, а не законот да му забрани. Нели забранетото овошје уште послатко е? "Не знаев дека е женет" не е празно оправдување на девојката, туку уште поголем доказ за тоа каков кретен е мажот. И мене ми се има случено да не знаам дека е женет. Се разделивме на моја иницијатива, па после повеќе од година почна да ме бара пак. Му реков дека си стојам на тоа дека не сум заинтересирана. Ме викаше да сме отишле некаде на само да славиме Нова Година. Дури после пола година случајно дознав дека се оженил само 2-3 месеци пред тоа. Му кажав дека знам затоа што после неколку месеци пак ме побара. Се правдаше дека ме викал за да ми каже дека се оженил. На само, на викенд некаде на страна за да ми каже дека се оженил? Ма немој да ме јебеш. Еве, среќа не прифатив. Да прифатев, според тебе јас ќе бев таа што "растура нечиј брак", а не тој затоа што му е интересно да шврља на страна.
@DAngel или си знаела или не си знаела,одлучи се. Јас кажувам за мажи кои се женети по 40 години и излегуваат во клубови, си се враќа во 5,6 сабајле секој викенд не ви се јавило сомнеж? Им перете,им чистите дете им раѓате и тој секој викенд во 5,6 се враќа. Немојте на форум светици "јас си го знам мажето". Човек колку долго и да го знаеш никогаш нема да го запознаеш како што треба.
На моја блиска мажот ја носел дома швалерката и ја претставувал како девојка на најдобар другар. Блиската моја дозна и се разведе, а тој идиотот се ожени со таа. Ете мажите до кај одат. И ете баш дома ја носел. А башка другарот доаѓал со таа, значи и тој се сложил да лаже.
Што сакаш да кажеш со делот “така се развива дискриминација”? Како се развива дискриминација? Кој тоа е дискриминиран? Малце не ми е јасна поентата...
Да не одат 40 годишните по клубови, доколку тоа е се уважи тогаш ќе биде дискриминирано, само млади да одат, а тие од 40+ не. Јасно ми е мене дека не може да постои такво нешто, секој си има избор дали ќе иде во клуб или не. Јас лично не одам од таа причина и што не сакам гужви.
Да се забрани влез на мажи над 40 год? А чекај со жените да смеат да влагаат "овие" мажи? Или и така да не смеат, оти па газдата од кај ќе знае жена ли му е, сестра ли му е, швалерка ли, колешка...... Што се нема да се прочита
Знам случај каде што маж, татко на 3 деца сакаше да си ја остави жената за да се ожени со швалерката. Тој луд, ама швалерката уште полуда дома на врата му доаѓаше, го чекаше за да си излезат. Еднаш жена му станала и рекла и јас ќе одам со вас. Ечеше цела улица од кавги. Што и како на крај се случи не знам, ама швалерката си замина, се омажи во друг град и еве ги сега овие како ништо да не се случило. Жената е предобра, претрпе многу, ама сепак остана со него. И се прават како ништо да не било, ама тие најдобро си знаат како им е сега дома.
Не треба,мене не ме интересира твојата приказна. Тука станува збор за нешто друго. @Bubce38 каде прочита да се забрани?! Јас реков дека ќе се развие дискриминација, читаш или си лупкаш онака колку да се најдеш во муабет. Ајде мислете како сакате,секој си има различно мислење, не се секирајте за моето, секирајте се за вашето и за мажето дома.
Леле, да не одат 40-годишни мажи по клубови. Сешто. Ова е некој новитет. Да да. Значи тој не требал да оди по клубови. Ете дома ја носел со другарот.
За што друго станува? Ме прозва да се одлучам. Мислам дека бев доволно јасна, ако не си разрала нешто кажи за да ти дообјаснам. За тоа што маживе ви немаат никаков осет за семејни вредности ви се најмалку криви нивните швалерки.
А тие од работа што бркаат швалерки.? Поготово на оние работни места кај што има ноќни смени. Тие како да ги " опаметиме, а @buba4e89 ?
Ме подзамисли ова со забрана за по клубови. Мм има 60 г ,па еднаш у месец сигурно иде у клуб, до сабајле. Бурма не носи, а и доста е младолик. Да не ме изненади со некоја момичка
Срцкаааа,нема врска еднаш ли ќе е месечно,секој ден ли ќе е. Тој што не си ја сака сопругата, и лисици стави му,ќе си шврља