Ти прочитај си убаво што пишуваш Ти си среќна со женети да се гледаш, а нивните жени очајни, кутрите. Ама пази, кога ќе се омажиш и да ти прави така мажот со друга, па ти ќе бидеш тогаш очајна и несакана. Зашто во животот се се враќа, не се смеј на други Ај поздрав
Еве @Bankarkata не е веќе со него, а чудо ми чудо дедото, за кој прв пишуваше, има нова девојка, покрај сопругата. Дали менува што Банкарката била една од девојките? Не. Вториот женет маж имал паралелно повеќе девојки.Тоа ми беше поентата на сите мои мислења. Поголем дел од вината е апсолутно на партнерот кој изневерува, тој ја изневерува сопругата, децата, животот. Но, тоа не значи дека и провокацијата нема вина. И не ме сфаќајте грешно, јас не оправдувам неверство, не оправдувам ни ситуацијата на партнерот кој изневерува, ни на швалерот/ швалерката, ама нема смисла да се мава стап само по провокацијата, викајте по говедото кое изневерува многу пати повеќе.
Нит муда ми треба , нити па сакам да проживеам такво нешто. И не , не те осудувам . Само си кажувам за себе. Ми се гади од помислата да треба да бидам втора на саканиот.
Често тие што се маваат во гради дека мажот им е локум,бајадера или кријат тајна за неговите вонбрачни активности или поим си немаат што мажот им прави вистински зад грб. Како и да е само сите среќни да сме. Доста осудувате. Никој нит се фалеше,нит се гордее,само споделува мислење кое може да е чиста вистина или лага за да придвижи мозочни виуги кај тие што ги имаат. Тие што ги немаат,повеќе среќа следниот пат да се здобјат со нив.
А вас пак многу ви е гајле дали кармата или ватевер ќе и врати на Банкарката. Стравот тука е очигледен, сите што пишуваат и напаѓаат изневерувачи го прават тоа од страв, ништо друго. Ниту им е толку гајле за кутрата непозната сопруга, ниту за кармата што ќе им врати на изневерувачите. Страв имаме од луѓе без морал, лабилни, нестабилни. И нормален е. Оти со такви луѓе нема убав свет, со такви луѓе и да нема некој очигледен проблем, воздухот околу нив загаден е и се чувствува. Па нема потреба од плукање и вина поттикнување, нема ефект. Едноставно избегнувајте ги.
Бесрамноста е таа што му носи најмногу неволји на човекот. Сите сме направиле некои глупости, ама па да се гордее човек на тоа... Еден ден кога ќе се сврти тркалото, лошо ќе биде. Мене ми е дно девојка која оди со женети. @filip4 долови слика. Јас не би можела себеси да се замислам во таква ситуација. Јас знам дека имам вредност, имам достоинство и ниво и не се спуштам за ништо на светов. Да бидам втора, само некој ќеф да си направи? Нече мочи... Е сега, ако мажот е расипан, со никаков карактер, ќе најде некоја ете што си сака провод. Јас чиста ќе сум. А последиците тој ќе си ги сноси, секој сам си бира што ќе прави во животот... Лекциите секогаш се учат, само да не биде касно.
Не знам што е посташно: дали тоа што сеуште жената се гледа како сексуален објект и личност која во еден сексуален чин "пружа" задоволства и "го прима" алатот на мажјакот, или тоа што едно шовинистичко мислење од крајно искомплексиран лик има лајкови од 7 женски членови?!
Не може никој на некој да му каже со кого да се секса или што да прави во животот .. И ако се нема право врз туг живот зошто го осудуваат? Или тука е стравот дека можеби и тие се мегу тие изварените ? Па ајде да ги убедиме и да ги осудуваме за да не се плеткаат со оженати па и ние мирно да спиеме .... @Bankarkata те подржувам , и не им обрнувај внимание на балканскиот заостанат менталитет Глумење на поштеност!
Не знам што комплекси се у прашање, некои последици од несреќно детство ор ватевр, при толку слободни мажи да се чепкаш со женет. Лично би ми било понижувачки, да делам човек со некого, макар и да не би ми било гајле за неговите дома. Тоа некое посебно задоволство, посебна психа е, да бидеш среќен што спиеш со туѓ маж/жена, верувам дека нормален човек не би се согласил на истото.
Не се работи за такво нешто Ти ова го сметаш за болест ? На пр јас не сум била со оженет човек , но немам прерасуди околу тоа (иако би ми било последна опција) и сега значи дека сум имала несрекно детство ?
Секој човек, без разлика колку години има може да оди во дискотека. Само кај нас на балканот останато е некое мислење дека треба само младите да се забавуваат. Според мене тоа е погрешно. Треба секој човек да знае да се забавува. Зошто би дозволиле некој да ве части е моето прво прашање ? Јас не се запознавам по дискотеки, а тие што се запознаваат ми се баш тие што сакаат зафатени, жените и такви забранети. Очигледно е дека сама си го барала. Сега со толку социјални мрежи ако не успееш да дознаеш доволно за тој што треба да го запознаеш во живо, подобро воопшто да не го запознаваш. Се што е мистериозно веднаш асоцира на женето. Ако ти се пушта некој 40 годишен отерај го упм, мислам и самиот изглед кажува. За Банкарката ќе кажам само дека таа е од оние на кои им годи тоа пуштање од повозрасни мажи, и годи частење па и спиење со нив. Мора и такви да има за да не е совршено.
А ако на синот и девојката/жената што божем набива рогови им одговара така? Премногу се пикаат носеви каде не им е место. Тоа што се случува/договара зад затворени врати во бракот е приватна работа. Може нејзе и одговара тој да има афера со друга,а него не му пречи таа да има афера со друг. Ништо ново. Само нашиот менталитет е се уште до тоа ниво да се осудува нешто што можеби на никој друг не му пречи освен на дежурните моралогрижци.