Ne mozam da gi razberam zenive vo temava deka oni svalerajoot go razbiraat i nenaat nisto protiv no sepakbtoa ne bi naoravileeeee demeeekkk... Ako e nesto dobro zosto nemate hrabrost da kazete da jas sum bila so ozenet ili uste summ.. a ne po cel den da citirate sekoj sto go spodeluva svoeto mislejne deka se protiv.
@Justicija никој не глуми дека е чесен, туку навистина има чесни. Не знам што се чудиш толку. Ако ти сакаш да одиш и одиш со женети, не значи дека сите други одат.
постот уствари блага веза ти нема со она што јас го напишав . Мене прво совеста како мајка на две ќерки на ми дозволува да се сексам настрана,јас имам должност морално да ги воспитам а нивно е дали ке прифатат секако.За менталитет гајле ми е искрено. Друго живото е превише краток и убав за да некому му бидам второ свирало на виолината .Или сум прва или сум ничија .Ако сакам секс со некој друг секогаш имам опција да се разведам и да си терам како што сакам.А да бидам покажувана со прст или кубана за коса од нечија хистерична жена не фала.Можам јас и подобро од тоа а ти?Ти како сакаш така
А ако нема воопшто деца ? Си го слушнала она Кај сака нека оди и со која сака да оди само пари нека носи дома ? Не си прочитала целосно што сум напишала Патем јас не генерализирав , не зборувам за сите , туку за повекето , секако дека има исклучоци Само се надоврзував на твоето мислење Банкарката е злато
И твојот пост блага веза нема со мојот. Ти веќе се изјасни. Јас нема да се изјаснувам ни за тебе ни за еди кој си. Ама нема ни да плукам и осудувам. Демократија бичис.
Шала настрана, како трпат сопругиве мажот по цела ноќ да го нема дома,одмори да тераат и јавно да се шетаат со швалерката? Јас овој момент не го разбирам, не би го трпела, па последен нека е!
Самите себе не се цените штом сте си дозволиле да бидете со зафатени мажи. Остајте на страна каков брак/врска има. Важно е дека сепак има некој до него.
Не би рекла дека ''врска'' е соодветен збор, тој ако толку сака нешто, ќе се разведе па ќе прави што сака понатаму, а не и оженет и врска, и уште што фали во случајов? Трчи-лажи што би се рекло, пополнување време од негова страна, или кога ќе го изнервира сопругата, одма да отрча кај таа што се во врска демек... малце ниско...
Абе изварени или испржени не поддржувам девојка што оди со женети и крај! Ние што осудуваме можеби навистина сме биле изневерени или ни е страв дека ќе не изневерат, ама вие што го поддржувате ова кои сте во оваа приказна? Тие што одат со женети можеби? Кој заостанат менталитет? Значи ние сме заостанати затоа што не поддржуваме некоја да оди со женети? Тоа се вика принцип. Подобро ќе бидам заостаната одколку некоја напредна што нема грижа на совест што растура семејство и создава болка на 5 луѓе за пуст оргазам. Затоа и изневеруваат мажите зошто знаат дека има девојки на кои не им смета тоа што се женети, па удри Мујо до сабајле.
Каква врска има некаков си менталитет со незрелоста и толку ниско ниво на самодоверба на некои девојки /жени кои прифаќаат да бидат љубовници. Па тие жени се за жалење,им растат крилја кога ке фатат оженет мислејки дека имаат контрола која всушност на други полиња ја немаат,а таа контрола и чувството дека се подобри од официјалната жена е нивната дрога.Тажно.
А зошто жена му не се потруди да го задржи понастрана од таквите па да нема потреба Мујо да удира до сабајле. Или пак нека се разведе бе жена му кога гледа дека мажот и шара а?Ние копја искршивме од правдање и вреѓање на темава а таму некаде некоја слатко си се смее( се смее и швалерка и сопруга бидејќи секоај си прави како и се сака и и се може)
Многу генерализирано иако да има основа. Но имаш и девојки како таа што си објасни какво искуство има со женети мажи што едноставно се оперирани од морал. Ги има да не се лажеме. Не ја подржувам,нит ја осудувам. Секој си има свои причини зошто го прави тоа така,а не онака.Јас најдобро си знам за себе ко и секој што најдобро си знае за себе.
Ете таа што се обесила ради бракоразводна парница вие швалерките спиете ли мирно?! Кој колку си има во главата,толку има и во долните алати.
Сега жената е виновна што мажот и сака да клецка на страна и знае дека има со кој да го направи тоа?? Како предлагаш да се потруди да го задржи понастрана? Да го врзе? Мажот ако сака да изневери ќе изневери, па колку и добра, убава и успешна жена да има. Ама треба и да има со кого да ја изневери, тоа ми е поентата.
Во принцип сум за делење. Шеринг ис керинг. Ама не кога се работи за дечко/сопруг. Кога сакам некој, го сакам целосно за себе и не сакам да го делам со никој, можеби затоа не би се впуштила во такви авантури. Од друга страна пак, не можеме сите да бидеме исти. Некои тоа го сакаат... жешко. Затоа не има и вакви и такви и секакви. Неам намера да морализирам, секој си ги остварува своите вредности во свои рамки колку и како се чувствува виновен или не, одговорен или не, некој си пати од совест некој не. Она што може да се забележи од коментарот на банкарката, е дека и нејзи и смета да е втора. Кога оди со дечкото, тој поминува време со неа, одат на викенди, одмори, нови години, тој речиси како да нема дома жена зошто неговото внимание и парите се насочени кон банкарката. Ама, кога тој почнува со други да го дели нејзиното внимание, а таа дознава за истото, нејзи почнува да и смета и раскинува. Тоа е тој магичен круг.
Ахам Еден куп психолози на повеќето ни требаат за да се управиме ама оти го немаме тој луксуз ќе се тешиме дека самите знаеме најдобро. И после хепи пилс, па нормално
Не си ми ги прочитала целосно мислењата . Напишав дека никогаш не сум била со женет маж , но не ја исклучувам можноста да бидам. Можеби некогаш после 15 години во брак би се впуштила во авантура и тоа кратка колку за издување . Напишав дека сум против растурањето семејство , џст фор фани само заради забава но не и растурање брак , и частење(делење од домашниот буџет за швалерката ). Јас само искрено го кажувам моето мислење , бидејки можеби и нема да ми се случи такво нешто , можеби ке му се случи такво нешто на тој што е најмногу против ова и што цапа цело време
Прво муро ако излегува треба со мурејца да излегува ван , но тие го пуштаат муро до сабалје да лумпува и уште си мислат дека нивни муро цело време гледал во пепелникот и си го чувал патлакот во гаки цело време шта речи
Да ти се случи да идеш со оженет, ќе дојдеш ли овде на форум да раскажуваш како си се е*ла со него, додека жена му го фалела колку добар сопруг бил и да и се смееш колку е наивна и да велиш на други форумџики дека можеби и со нејзиниот маж ќе бидеш еден ден?? Со тоа што паметниот се срами, будалата се гордее ти е работата. Нека оди со кој сака, јас не можам да и забранам или да и го сменам размислувањето, ама да пишува овде вакви работи многу ме иритира !! Мујо ако знае дека никоја нема да тргне со него затоа што е женет и дека ништо нема да улови во дискотека, Мујо нема ни да сака да излегува. П.С. Ми стана смешно Мујо ова Мујо она
Имаш опција-игнорирај. Јас како што ја разбрав она не напиша да се фали,објаснувањето и беше дека и во двата случаи женетиве први и се пуштале. Муабетот и беше дека не треба дрва и камења по слободниве женски без грам морал да се фрла туку да се подбере тоа мажето дома што му мрда. А за жената на женетиот маж со кој на неа и набивале рогови нажалост тоа е. Жално ама вистинито.