Јас претпоставувам дека нема баш убаво да ја прифати вистината, бидејќи очигледно станува збор за дечко кому искреноста му е најважна, но не знае баш машки да се носи со неа. Ти ни сега не си спокојна (ти кажал ако дознае нешто ќе ти раскине), мрази да го лажеш за ситници а камоли да му кажеш вакви тајни после толку време заедно, бидејќи велиш врската ви е сериозна. Сепак, ти си одлучила да му кажеш и ти посакувам среќа.
му кажав,,, леле колку се изнервира ,,,,не сака ни да ми зборува , вели дека и треба време да размисли......мислам дека направив голема грешка Што ке направам сега??????? само за врската со женетиот дозна и вака реагира, замислете за абортусот.........................уфффф што направив
Полека, диши. Нема враќање назад сега, си донела одлука и држи се до неа. Му треба време да ја прими информацијата и да му легне. Остави го малку, ако го напињаш само ќе се оддалечи. Кога ќе се смири направете си рационален муабет, сепак тоа е дел од минатото. А за абортусот немој ни да си му кажала. И ова му било доволно.
Извини што можеби ке бидам груб но не можев да одолеам и ке морам да се умешам иако не ми е местото во муабетот,но ке ти пишам искрено од машка страна,од тоа како јас би се чуствувам ако би се нашол во ваква ситуација од страна на девојка. Како прво си ја кажала онаа работа која е побезболна и сметам непотребно си ја кажала.Ако тој те сака,ќе прости за ова лесно и нема да има големи проблеми. Она што во најмала рака ме зачуди е она што си скрила,односно се уште не си кажала.Велиш,сериозна врска,фамилијарна,планирате заедничка иднина.И кажи ми каква е таа заедничка иднина кога поради твојот проблем кој си го скрила од него таа иднина може и да не биде толку светла,во превод,да биде затечен дечкото кога ке дознае дека не дај боже не може да си ја оствари примарната цел на бракот,имање потомци.Како тоа не може медицински да се докаже??? Па ти зарем ова озбилно. Ако веке бидете фамилија треба да бидеш свесна на некои работи кои законски се издржани а тоа е,пред склучување на брак да се знае здравствената состојба на идниот партнер? Пошо нели постојат секакви луѓе,кои би остаиле партнер доколку не бил физички здрав...И секако она пред да го речете судбоносното ДА кога ке ве прашаат во добро и во зло,во здравје и болест не е случајно туку е баш направено поради вакви ситуации... се надевам не ме свати погрешно,зашто од најблагородни побуди беше кажано.Имаш покрај тебе човек кој те сака и не заслужува да криеш ништо кое може да биде волку сериозно.
хелплес, не паничи. дај му малку време. сиг сум дека е во шок. верувај ми дека ако некој те сака вистински ќе те сака без разлика на се. никој не е совршен. луѓето грешат и се менуваат. според мене донесе вистинска одлука. сега е он на ред, да те прифати таква каква што си, а ако не дај боже сака да прекине со тебе, ќе најдеш некој подобар. луѓето ги сакаме со сите мани и доблести и со минато и со сегашност.. !! а што се однесувана абортусот.. ќе морам да се сложам со StarBwoy, тоест мислам дека заслужува да знае и за абортусот. баш поради таа мала микроскопска шанса да имате проблеми за потомството. секој треба да знае во што се впушта.. мислам, ти нели би сакала да знаеш ако партнерот е не дај боже неплоден?
A ако е за потомството, нели може сама да си оди да провери, па евентуално ако има некој проблем да му каже, а инаку не гледам причина да се збори за тоа. Очекував вакво мислење од машко...а, тоа ти е, да можеа и тие да остануваат трудни, немаше вака да размислуваат, лесно им е ним, заврши ја работата и бришка. Па денеска барем абортусот е доволно испраксирана работа, не е веќе илегален како порано и тоа остава простор подобро да се проучи самата процедура а со тоа оди и многу постручна изведба на истиот, така што освен ако имала киретажа и при тоа и ја имаат повредено матката, нема зашто да се грижи. Доколку било абортирано детето и не било негово, не е ни негова работа (освен ако не донесе тоа последици за идно потомство, иако познавам МНОГУ жени кои имаат абортирано дури и два пати па си имаат деца без проблем), тоа е веќе нејзина интима во која тој не може да се меша. На темата за бројот на сексуалните партнери на дечкото/сопругот ја пишав следнава работа па овде ќе парафразирам: Доколку нема последици во иднина од тоа минато, минатото е само минато кое не треба да не засега, дел од интимата на човекот со кого сме. Среќно helpless!
ja moeto мислење го кажав и претходно.....сметам дека не требало да му кажуваш кога веќе знаеш дека со тоа може да заврши се.....како што рече СтарБој ти си му ја кажала побезболната вистина....на тоа и не гледам причина да се лути толку мнгоу и да раскине врска ....е сега абортусот е веќе сериозно прашање,не сакам да влијаам на тебе со тоа што ќе ти речам кажи му или не му кажувај.....мислам дека најдобро е да отидеш на гинеколог ,да се консултираш со него,да ти каже дали е се во ред и дали има или нема последици и дали тоа може да се дознае при пораѓај....ако е се во ред со твоето здравје и ако за абортусот не може да дознае на никаков друг начин освен од тебе....тогаш молчи си девојко и напред во животот.Не си ни прва ни последна...можевби е мн тешко да се чува ваква тајна ,но со тек на годините ќе се навикнеш и ќе заборавиш полека полека на се ПОздрав од мене и ти посакувам се најубаво
Неможам да кажам дали е добро или лошо што си му кажалa. Ама знам дека секој човек си има свое минато, и со право животот кој си го прошол се вика МИНАТО, значи било, поминало и таму останува. Без разлика дали е лошо, добро, средно жалосно или очајно, тоа поминало, врз основа на тоа си научила многу работи, си стекнала животно искуство и сега знаеш што треба, а што нетреба. На никој кога ќе се роди не му пишува на чело на кого треба да му припадне, и никој не е таксан за никого. Тоа што ти си го правела пред да го запознаеш дечко ти, пред да бидеш со него, пред да знаеш дека постои и што е најбитно пред да го внесеш во твојот живот, е САМО твоја работа. Него може да го интересира, да, затоа што те сака ама неможе нити па има право да осудува. Исто е како да осудува која ти била најдобра другарка од детство, какви оценки си имала во основно и сл. Тогаш тој не бил дел од твојот живот и нема зашто да се меша во тој дел или било кој од твоето минато. И запомни , ти не си го лажела него, те прашал тој тебе некогаш: Еј си имала врска со оженет и си останала трудна? И, aко ти си му рекла не, е тоа е лажење. А тоа воопшто не ни била тема на разговор. Ти си ја имала таа доблест да му кажеш нешто толку битно и болно од твоето минато затоа што му веруваш и го сакаш и тој треба сега да ти излезе во пресрет. А што се однесува до абортусот, воопшто ни не спомнувај. Во одредена мера го тангира и него тоа, но постојат одредени работи кои човек треба да си ги задржи само за себе. Можеби звучи себично, но така е.
Јао што се ни се шета по земјава.....аууууу....него ми текан да ги викнеме од емисијана прељубници кај нас има да неможат да престигнат од работа...ако е вака стварно како што читам по форумиве.....ако е вистина се ова!? А бе ајде.... Мој став- тие што одат со женети ДА се растурикуќи и тука не помага бре тоа...ама го сакам! Тие па женетите со швалерки- е тие се живи греови..луге со неухрането его и комплекси кои си ги лечат со глупачки како горенаведените. Ми се гади и од едните и од другите. Искрено- ако не си спремен за брак не влегувај точка а не да се жениш мажиш ради тоа време ти било. А тие кучките- малце ли мажи има на светов па во женети бре? Ама неее...точно тие нема да им извадат муабети оти не можат и гледаат само некоја корис да извлечат од нив.... и не секој женет е на мета на таквите него оние добростоечи за да можат да и пружаат се. Марш за сите!
Не требало да кажеш, и верувај дека многу девојки кои навидум изгедаат скормни и добри имаат по некоја таква поголема или помала грешка во животот но живеат со неа и ја прифаќаат како лекција во животот! Не дозволувај да те мачи совеста бидејќи било во помладите години, кога си немала искуство и не си била зрела, едноставно прости си ја сама грешката и потруди се да живееш со тоа дека барем не си се вовлекла подлабко во таа врска! Претпоставувам дека си му кажала бидејќи се плашиш дека ако дознае од други тогаш ќе го изгубиш! Според мене си можела и поинкау да играш, бидејќи верувај дека не се кажува се на другите, остануваат работи само за нас! Кога веќе си ја споделила тајната со него тогаш кажи му дека си очекувала толеранција од него, си очекувала барем да те разбере дека не сакаш да криеш ништо од него па затоа му кажуваш дел од своето минато! Мислам дека ќе му помине, белки не е толку глуп да раскине врска со девојката која ја сака заради тоа што во тинејџерските години она имала оженет маж! Било,поминало... И за абортусот ни збор, го гледаш дека не може да прима такви информации, само ќе си ги комплицирате животите ако споделите се’ од минатото!
На дечко никогаш да не сте им ја кажале целата вистина, посебно не онаа за вашето минато! Јас се имам гадно зафркнато кога решив на мојот дечко да му раскажам се. Не сум имала врска со оженет, ниту пак нешто од кое би требало да се срамам, и затоа си кажав речиси се, за кое подоцна верувајте, се каев што го имам кажано. И мене ме грижеше совест за некои мои постапки кои ги имам направено на почеток во врската, па јас така чесна се правам и искрено си признавам, за на крај, скапо да си платам, и никогаш да не е доволно. Колку и да те сака, да те разбере, ќе има моменти кога се ќе ти плесне во лице, и ти тогаш ќе сфатиш дека подобро било да си ќутиш. Си кажала за врската, ама немој и за абортусот. Некои работи треба да си останат во минатото и не треба да се споделуваат со партнерот. Нека си останат така! Некогаш е подобро да кажеш лага, отколку болна вистина! Не секогаш вистината е добра и потребна, некогаш знае да наштети, и тоа многу лошо.
..се изнервирал и размислува..ако те сака дете нема за што да размислува...биднало и готово.. никаква грешка не си направила,ти и не си имала врска..тоа што си го ,,имала,,никогаш го немало... ..факт е дека си сега со него,факт е дека си искрена,му кажа што имаше да му кажеш и му покажа дека го почитуваш и му покажа дека сакаш и дека сакаш да ве биде..enough.. ..ако не му е доволно тоа сега,не напнувај понатаму за твое добро е,бидејќи никогаш нема да му биде доволно што и да кажеш или што и да направиш...ако те гледа сега поинаку,понатаму само бетер ке биде,ке бидеш дополнително повредена...да не кобам ама male brain функционира поинаку.. и не ти треба подредена улога во врската,не дозволувај да ти наметне чувство на вина,зошто вина ти немаш..вината е кај тој што бил со тебе а знел дека немате иднина..мажот само тој е крив.. ..за понатаму што било во минатото е само твоја работа..и никој нема право да ти суди...а имаш само 23..терај си и главата горе...плажата е преполна со песок...и има да те биде..
Епа многу брзо ја спроведе одлуката не плачи по истуреното млеко, биднало. Ако не те знам ни тебе ни дечкото, знаев дека така ке реагира бидејки у старт се распрашува, сваќаш? На тој што не му е важно минатото туку Ти и како му е со тебе, нема да поставува такви прашања. Со текот на времето животот те учи на некои работи..... Јас ке повторам само едно: абортусот неможе да се докаже освен ако самата не му кажеш. А моментот дека треба да се знае здравствената состојба на партнерот, да, се слагам апсолутно за сексуално преносливи заболувања и слично. Неможе да имам ХПВ или Сида и да не му кажам на партнерот. Еве на пример ке се земете за три години и неможеш да забремениш. И веднаш ли ке биде работава твоја е вината бидејки си аботирала? А што ако дечко ти е стерилен? Треба ли да правиме спермограми пред брак? Или пак може за 2-3 години ке имаш хормонално пореметување кое ке нема врска со абортусот а пак ке ти го удараат у нос минатото? Скраја да е од тебе се што напишав ама морав да посочам примери дека абортусот не е единствена причина за немање деца во иднина. Никој не знаеме што не чека утре.... Сум поминала низ три спонтани абортуси во брак, за жал, каде ембрионите не испаѓаа па ми правеа класички киретажи, па четвртата и петтата бременост ми беа успешни. Не сме во 18век, да имало некои проблеми при постапката, ке се видело веднаш и лекарот ке ти кажел ако неможеш да имаш деца во иднина. Има работи кои се кажуватт и работи кои не се кажуваат. Ако има раскажуваш се на сите, никој нема да те земе. Во секој случај и вчера ти пишав, ако неможе да се соочи со твоето минато, не ти го треба...... Ај сега ти налути му се што имал девојки пред тебе и што ти не си му прва??? Среќно.......
со толку љубоморен тип, никаков живот нема да живвееш до на продавница не ќе можеш да одис со спокој, ќе те појаде. ако можеш да го баталиш најдобар избор ќе напрравиш.л цел живот ќе ти го плеска во лице тоа што сега му го кажа (а не камо ли за абортусот да му кажеше)
sadbaby ова се твои зборови - "mnogu mi e zal krivo, ne sakav veruvajte miii a nema sansi da osanam sega so toj prviot gotovo, mu azav i prege celo vreme bese tuka, prvo nadvor pred ordinacija mi zvonese kako nekoja budala postojano, no toa nisto ne mi znacese, ni koga dojde vnatre nistoooo!!!!! nikoj ne te zali samo majkata zali nikoj drug...." И УПОРНО СИ ТЕРКАШ СО ТОЈ ??? ццццц ОД УМО СИ ПАТИМЕ....
Ништо, цел ден не сака да зборува со мене, ми вика остави ме не мира и сешто...толку ли згрешив ?????? стварно девојки многу лошо се чувствувам...да ве немам и вас да ви кажам не знам што би можела да направам...
Ова му е дошло сега шок, мислејќи дека се’ знае за тебе и одеднаш нешто сосем ново. И плус мислам дека уште потешко му паѓа тоа што не си му кажала уште на почетокот,кога те прашувал за твоето минато. Не го напнувај сега, види како ќе се однесува и што ќе се случува после неколку дена,кога ќе размислува со ладна глава. Зборувајте, објасни му уште неколку пати ако треба дека си згрешила и дека многу се каеш, побарај да те сфати. Јас и погоре пишав дека сум За да се каже и за абортусот доколку ви е сериозна врската, НО сега само ти одлучуваш за тоа, никој не е во твоја кожа, најдобро ја знаеш ситуацијата! Поздрав и со среќа!
Незнам од кај да почнам.Искрено навреден сум за генерализирањето,велиш лесно им е на машките,заврши работа и бришка.Ја гарантирам дека има машки која својата улога во правење дете ја свакаат сериозно а не бутни го,сврши и испуши цигара.Сигурен сум дека ни јас нема никогаш да завршам работа и да бришнам затоа што одговорноста е ЕДНАКВА и тоа попување како "Јас го носев 9 месеци,мое е" e глупаво до немај каде. Околу абортусот.Не мора да значи ако е легализирана работа е оправдана.Исто така нешто што денеска е строго забрането утре ке биде легално,но неговото сторување Сепак донесува ист ефект. Во меѓуредови викаш и да абортирала 10 пати ако може да раѓа,нека си кути зашто минатото не не засега? - Премногу сексистичко и неприфатливо.,бар за мене! Искрено ПОЈМА неам од медицина но,ТВРДАМ абортусот може да се докаже и постапката е многу поедноставна од што си мислиш а знаеш на што се заснова? -на искреност.како? Секоја бременост што ке ја имаш после абортус е ризична.Секој гинеколог на светов ке те праша дали си имала проблеми во врска со оплодувањето во минатото.А нормален маж ке иде на секој преглед на жена му зашто ке имаат заеничко дете и евентуално ке се дознае,кога тогаш.
А вие пак се утепавте кажувајќи ни за вашето минато. Ако е за тоа секој незаштитен однос може да биде ризичен за евентуалното потомство, а никој од вас не кажува „бев со таа и таа“. Баш твоево мислење е сексистичко. И не можеш да кажеш дека одговорноста е иста, природата направила да не е така, а лесно е да кажеш дека да носиш бебе 9 месеци не е којзнае што. Не е одговорноста откако ќе се роди, за жената одговорноста започнува многу порано. Да си ја напумпал некоја коа си имал 16 сигурно би и рекол „абортирај го, не ме интересира“. И многу си буквалист, ауууу боли глава, ко едвај да чекаше да се испокараш со некого. Коа реков „заврши работата и бришка“ мислев дека вие не се замарате дали ќе ви дојде другиот месец. Барем јас имам правено муабет за абортусот денес и абортусот тогаш. Разлика ухуууу, мислам коа бил нелегален, го изведувале и незавршени медицинари, алатите биле различни, коа ми покажаа со шо праеле абортус порано, па коса ми се крена на глава, па можеш да замислиш. Од абортусот тогаш до абортусот сега има и те како разлика. И ќе речеш сексистички е, ама напротив, разберете, кога за вас нема последици од незаштитен однос и не ви влијае на иднината, зошто нам да ни влијае? А вие мажите одите толку често на уролог колку ние жените што одиме на гинеколог? I don't think so, барем не сите дефинитивно. Од каде знаеш дека утре ти нема да бидеш причина за проблеми во зачнување? Или лесно е да речеш „абортусот е крив како можеше таа к**ва“ Имаше една Турчинка кај нас во маало и со маж и не можеа да имаат деца. После дознаа дека имала абортирано (не се такви луѓето да гледаат дали е невина невестата а башка и мажит беше еднаш разведен) и одма сите на неа „ти си крива, не осакати, ни го сотре семето“ а кутрава едвај ги намоли да не ја бркаат од дома, немаше кај да оди, нејзините не ја примаа назад. И кутрата трпеше секој ден навреди понижувања и тн. И решија да посвојат дете. Ама за среќа женава рече „а да видиме на лекар подетално шо како“ и мажов се согласил. И знаеш шо испадна? Проблемот беше тој. Да видиш сега како е кај нив, сега таа е таа која им префрла „да не бевте вие, ќе имав дете денес ова она“ а тие и се улизуваат аман молим те не го оставај ќе се расчуе нема никоја да го земе. Доколку мажите имаат незаштитени односи кои сакаат да ги скријат, исто така и жените имаат право на тоа. Сигурно не и ги кажувате сите незаштитени односи на вашата партнерка. Размисли малку па види кој е со сексистички став. Жално...