@loret1 пред да засакаш некој, добро го запознаваш, не можеш веднаш да го засакаш, така да мене не можеш со тие приказни да ми се правдаш. Ако сакаш нешто што не постои, зошто тој маж глумел за да те добие, ти сакаш фантазија, нешто што не постои во реалноста.
Ноуп. Она ја сака жена му ама знае дека нема шанси кај неа, па си шири нозе кај мажот и за да дознае како да ја освоои жена му.Заплеткано ко шпанска серија.. televisa presenta
Во тој случај секако развод ама ако ти добро ме прочита јас не зборувам за жени што знаат дека мажот ги изневерува туку за тие што не знаат.
Абе жени, остајте ги мажите да имаат швалерки, не им се мешајте у секој аспект у живот! Zo[to mаж без швалерка лесно се фрустрира.
Да пробаме трет пат. Се бара... жена која ќе внимава при изборот на мажи. А истото важи и за мажите. Не поддржувам во секој случај вакви работи. При толку мажи и жени слободни и уште некој да се загледа во некој или некоја зафатена е не знам. Финтата е да фатиш нешто што е слободно а не некој или некоја која ќе те искористува и ќе те плукне како гума за џвакање.
Добро од толку слободни мажи, млади дечки , момци да си дозволи некоја девојка врска со женет човек за мене е стварно не прифатливо! Не оправдувам во никој случај, исто така не го оправдувам мажот што ќе се спушти во таква врска или авантура што и да е! Пиши пропало!
Познато е дека на многу теми на форумов се напнува со навистина застарени сфаќања и се продава лажен морал – но, оваа тема не спаѓа меѓу нив. Афера (бидејќи не ни може да се нарече врска) со личност во брак или воопшто зафатена личност е појава со која се повредуваат нечии чувства, со која се погазуваат универзални вредности – верност, одговорност, самопочит. И како таква секогаш ќе биде сметана како погрешна, и оправдано. Инаку, не се согласувам ни со баналната фраза дека секогаш мора прво женското да мрдне со опашката (колку cringy звучи ова ), ама ниту со тоа дека оние што се впуштаат во врска со женети мажи треба да ги оправдуваме само затоа што се женски како нас. И двајцата се виновни, само што со фактот дека се погазува бракот и семејство дома со изневерување се сноси нијанса поголема вина и одговорност од прегазувањето на самопочитта со криење и бидување втор/а, без разлика кој пол во која улога е. Ова е мое општо мислење на темава кое немам намера да се однесува на ничие излагање или искуство
Банкарка баш ти имаш пишано дека швалерките да имаа малку морал и самопочит немаше да бидат швалерки. Сама си се имаш оценето себе. Ние веќе нема потреба ништо да кажеме. Јас ако лажам мислењата стојат и сведочат за кажаното.
Па и да е така ,ке бидат барем спонзоруши на долг рок,а не за еднократна употреба како тебе,бидејки швалерките како втора виолина се шутнати пред или после ,
Vo zivotot na koj kako I sto mu odgovara taka neka so pravi. Shvaleracija sekogas imalo I sekogas ke IMA. Bezrazlika dali ja odobruvame ili ne, moze sekomu da mu se sluchi ako DOMA ne e sreken. Keifot se pravi . Da ne se prodava moral javno mnogu zasto nikoj neznae koga mechkata ke zaigra vo dvor.
џабе е се.... 1 % опстојуваат врските и завршуваат со брак,, но некој пати сите такви мажи а и жени, за добро на децата се враќаат кај венчаните партнери и бракот после им е пекол...но за добро на децата е тоа и да не зборат комшиите
Да сум на твое место би го озбришал постот пошто логички е на ниво...ајде да не кажам на што подобро Вметни рандом морално погрешно поведение - Отсекогаш имало крадење, без разлика дали одобруваме или не, секој може да украде, да измами, да убие, да не почитува работно време, да не почитува договор, да доцни 75 минути и слично и шо сеа, ќе продаваме лажни морали ццц... Никоаш не се знае кога може човек да приколе некого на сред улица и да заигра мечката во двор така да... и ај сеа ќе осудуваме ќе се праиме морални пффф...
Вториот случај е малку по хард кор. Колега од работа, да, ама и жена му ни е колешка. Жена му е стварно предобра, не ја познавав лично ама од муабети, сите ја сакаа, а таа па душиче на сите на работа се фалела колку добар маж има, колку добро ја чува. @Bankarkata Еднаш велиш ни е колешка,еднаш не ја познавав лично,туку слушав од други Wtf?! Ич не си виновна само оти не си им се пуштила прва и не си барала да се разведат,браво Ама важно те запознавале со браќа и пријатели,претставувајќи те како девојка. Башка и децата сте ги шетале,и пак не си крива за ништо Ти симнувам капа,ова сценарио дефинитивно ни на шпанска серија го нема
Швалерките некогаш од втора виолина постануваат прва виолина. И не, не се сите швалерки сиромашни па да се по автоматизам спонзоруши. Фактот дека спонзоруша на долг рок е океј, а за еднократна употреба не е, кажува многу за тебе како личност.
И скокнавте сите на Банкаркава,ама најважниот дел го пропуштивте(болдот од погоре) значи убаво ве "тролала"