И нејзините деца еден ден ќе ги шета друга жена. Во животот се се враќа. И не, не ги бранеме мажите што изневеруваат, далеку од тоа, тие ја имаат целата вина во изневерувањето. И далеку од тоа дека сме очајни домаќинки што си ги бранат мажите од лесен плен, не сме ниту прости, ниту сељанки како што ѝ пиша на @Rama дека е (штета што модераторот веднаш редактира). Едноставно не оправдуваме швалерај. Што има лошо во тоа? Извини што не сме модерни како тебе, туку малце позаостанати.
Банкарката на никој не ви продаваше морал, сподели искуство за што впрочем темава и е. Зошто чувствувате толкава потреба да напаѓате и зошто толку лично, ко за ваш дечко или сопруг да се работи ја сфативте, е само ваш проблем. Ниту вашето продавање морал не ве праи морални. Таа не рече ниту дека е горда, ниту дека е многу морална. И ниту ја бранам и воопшто не ја оправдувам. Дали таа имала морал или не, се гадела или не, требало да се срами или не, и што уште не, тоа е само нејзин проблем. Секој си е одговорен за сопствените постапки. Премногу се палите на места каде нема потреба. Човечката психа е многу интересна работа. Има луѓе на кои ќе им спомнеш казино, и одма ги обзема некој гнев, почнуваат да пцујат и со очи полни гнев да фрлаат и знаеш дека директно или индиректно биле соочени со сериозен проблем со истото. Или ќе спомнеш болница, и луѓе кои поминале доста време по тие ходници секогаш ќе чувствуваат гнев кога истата ќе се спомне и без да ви кажат за тоа, нивната реакција ќе ги издаде. Е исто и овде. Ние што не сакаме афери и авантури ван врски и брак, ќе се дешава да се чувствуваме “загрозени” од слободните девојки кои ќе флертуваат со нашите дечковци и сопрузи. Ама во таков случај колку и да не ми е сеедно, ќе ми биде мојот крив што дозволил да падне под искушение. Нема сигурно да ја седнам девојката на маса и да и морализирам. Има жени кои знаат дека сопрузите ги вараат, ама не се разведуваат зошто им одговара лагодниот живот. И тие жени не се жртви. И тие жени се очајни и недостоинствени жени исто така а не изварале. Има разлика да останеш во брак со некој што те вара и не те почитува, зошто немаш каде, и да останеш со некој зошто така ти одговара. Вториве не се за жалење. Не се сите жени жртви. Секакви жени има. Не сфаќајте се лично.
Јас само едно ќе кажам. Ако ме изневери маж ми, он е крив. Никој/а друг/а. Зависи нели што вкус би имал.
Дечки, да не ви заигра мечката во дворот. На сите. И оние кои ги оправдувате и другите кои морализирате. Сум го осетила неверството од повеќе страни и форми. И во двата случаи не изгоре. Сите. Приказните не се интересни, болни се. Затоа памет во глава. И надевајте се да не ви затропа на врата. Тогаш секоја теорија нема врска со реалноста.
Најјак ми е муабетот: ''Не го добива од жената дома тоа што го сака па затоа си нашол швалерка'' Шо збориш бе??? Тој што изневерува нема две чисти во главата, па жената ако сака на трепавици нек се обеси за да го задржи само за себе. И мажот што изневерува и швалерката се криви. Па уште и ако има деца мачо менот, немам зборови. Ако сака да шврља на страна нек се разведе па слободен нека изволи.
А на него не му е гад после со таа уста децата да си ги бацува??? Јака сум бе ми се може и со женети и со слободни!
мислиш дека си јака зашто можеш си женети? не бе мило, јакото они дома си го чуват, ти си пропратна станица... просто кажано уз пат. Далеку си од јака
онда зашто не е со тебе него со неа? м? зошто ниеден од нив не се развел за да е со тебе чим ти си јаката?
Испадна сега дека мажот е возот а сите жени железнички станици , ова онака општо у глобала. У превод, ги вози како сака, они му веруваат. Или он ме ебе ја га лжу ќе га узму за мужа.
Стално вака ко ќе се нафрлат еден куп жени на една, со тек на време сите почнуваат да сочувствуваат со неа па макар и човек убила Тактички скроз погрешно, ама ете не можеме да се воздржиме Се очекува сега еден подлабок пристап, да нема -ти мУри роспијо мажи крадеш, мрш тамО, деца плачат од тебе, змијооо....тука ве чекаат, на овие испади за да ве направат очајни домаќинки со никаков речник кои као не можат на мажот па ајде на швалерката. Затоа, ако мислите да напаѓате, малку пософистицирано моЉам да не излезе Банкарката дамата на крај
Ситуацијава со @Bankarkata како со Малена Не завземам страна, не сум ги носела ничии чевли и не мислам да бранам и напаѓам некого Ама мислам дека Банкарката си кажа што имаше да си каже, и нека се ,,разгледува,, и ,,разглобува,, ситуацијата а не да се нафрлуваме на нараторот (во случајов Банкарката) И не... НЕ ја бранам, ама не ја ни напаѓам. Секој си Сноси последици од свои постапки. Не сум таа што суди за туѓ живот. Не сум побожна, ни Библијата не сум ја читала, но во главата траг ми остави сцена од филмот за Исус, кога ја каменува Марија. Исус рекол: кој невин нека го фрли првиот камен! Камен никој не фрлил. Значи никој не е невин, ни безгрешен Нека не ни е тема Банкарката. Колку само ,,Банкарки,, има околу нас, не сме ни свесни СДК - Да извлечеме ПОУКА од темава...
Што поука ќе влечам од темата, ко да досега не сум запознала жени што спијат со женети мажи и обратно, неверства во брак и слично, може Банкарката ме просветли. Ги има колку сакаш, Малени се они сите, омилен филм им е. Хероини.