Ај кога сум веќе на темава да си прашам ми треба стручно мислење, зошто швалеркиве сакаат да одат со женети мажи, ги пали тоа дека се женети, мислат дека се нешто појаки од нивните сопруги, од љубов ли е од што ли е, не ми е јасно?
Како и сите врски па ти, кога од љубов, кога за пари, кога од очај, кога младост-лудост, кога толку ти е паметот... @zhap4e Ова со возовите да препрочитам, набрзина прочитав и ништо не ве разбирам. Ааааа разбрав Инаку Малена немала што да јаде и сама останала на този свет, важно сите со неа се поистоветуваат
Која е поентата на врска со партнер кој е во брак? Маж или жена, сеедно. Сфаќам да истерате one night stand, или два-три пати раке пуке раке шлаке, ама врска бе? Еве некој од швалериве и швалерките нека ми објасни. На тие во брак им ја сфаќам поентата, ама на овие слободниве што се врскосуваат со мажени/женети/во долги врски итн. ич не им ја сфаќам.
Основна логика. Основна, значи не барам премногу од согоровник/чка. Ајде види силогизам на гугл па врати се Ако е девијација, зошто да не се осуди? Јас разбирам дека живееме во дно од општество ама сепак, барем основни морални начела и етички принципи треба да се запазат, основен респект кон живо битие со кое се дели постела, со кое се има (или нема) деца, без разлика. Можеби (ова не важи за тебе, да не се разбереме погрешно, just saying,) луѓето кои не ги осудуваат таквите ствари сакаат да си створат погодна почва за евентуална ситуација во која би изневериле и средина во која нема да бидат осудувани ако тоа го направат. Интересно е, има некоја епидемија на релативизирање на моралот, па живееме како што живееме. Швалерај е фраерлук, јебо, праф маш, крадење е снаоѓање, мито е takatreba, корупција е моја ствар, кој смее да се меша. Убиче вас еуфемизми, по 1400 души годишно само од аерозагадување, силванева и јохан се милионери, а деца умираат поради некои бедни суми. Али вие си знаете. Интересен феномен е моралната релативизација, понекогаш делува како човек да влегол во орвелијански Лондон 1984 и владее некој новоговор, од една страна иста особа кажува дека швалерај е лоша ствар и веднаш упатува на неосудување на извршителите, чекај малку, полека дали ќе можеш да ми објасниш зошто не ги осудуваш таквите особи, што е тоа што наведува да тие не бидат осудувани од средината. Mind you, дека одамна не постои легална рамка за нивна санкција туку нивното поведение е оставено на осуда (или не) на средината во која егзистираат, што е добра ствар. Не би сакал да го сведам муабетот на влијание на медиумите или нешто слично, затоа прашувам Еј остај, ич нема да ти дојде да и ископаш око со вилушка на некоја која би сакала да го заведе твојот сопруг Ако швалерајот е негативна појава, зошто учесниците во истиот не треба да бидат сметани за гомца? Исус не осудуваше и на крст заврши јадниот
Ајде бе. Ќе ги палиме на клада. Не осудувам зашто не е моја работа. Доволно е тоа што самата средина ги осудува. И никогаш нема да престане. И на жалост, не постигнува промена со истото. Што не значи дека оправдувам. Јас не сум во таквите да покажувам некого со прст, ниту да пренесувам кој што прави. Едноставно е. Ниту сум им родтиел, ниту брат, ниту сестра, најмалку пак сопруга. Јас имам свој живот. Други не ме интересираат. Мене ме засегнува мојот брак, не нечиј туѓ. Јас можам само мојот сопруг да го осудам за ваков ексцес. Она што мене ме засегнува, а не она што ги засегнува другите. Така, секој во својот двор треба да си гледа.
Па ти прочита ли негде дека ја патам и дека сакам да се разведе. Убаво си пишав дека не сум гледала ниту сакала иднина со тие двајца. И да се разведе нема сигурно таков да о земам за маж. Него штом не му е гајле за жената и за децата можам да замислам за мене колку ќе му биде гајле... Ако ја варал жена му и со мене кога би бил после тоа сигурно и мене ќе ме вара. Не ми треба таков за маж.
Нема логика некако. Семејно насилство осудуваш? Бидејќи и тоа не е твоја работа per say, што ако ја замлатил некој таму некоја си, нивна работа, и врзал шамар ова она Варањето е психичко (семејно и вонсемејно) насилство од најтежок вид, не знам каде ја гледаш таа граница, јас не можам да ја видам. Ако повеќето не го осудуваат тоа, автоматски оставаат поголем простор за игра на дно од мажи и жени и директно охрабруваат варање.
Неспоредливо. Не само што осудувам, ами и одма би пријавила. Па исто како да ми речеш сега, сведок сум на убиство и не го пријавувам. Човече, не се споредува. Може ти нема логика, оти си навикнат секоја девијација да ја поистоветуваш. И секако да ја осудуваш. Јас не. Нечиј морал не е моја работа. Нечиј пробллем не е моја работа. Имаш среќа. Повеќето не се како мене. Еве, гледај по коментариве.
Поради изневерување во бракот има и семејно насилство (жена си го истепала мажот и обратно) како и убиства. Споредливо и те како. Црна хроника поради неверства во врска/брак за извоз имаш...
И сега јас, што треба да правам, што некоја си таму, некој си таму го прави тоа? Што ќе сменам јас? Секако дека не го сметам за праведно ниту морално. Ама, па и не можеме да се вратиме во времето на инквизицијата. Или?
Не се праи интересна со сила кога не читаш или не разбираш што пишувам. Јас никого не сум варала ниту сум дознала да ме вара. Тоа што мажот ди ја варал сопругата нема никаква врска со мене. Не го терав ја со сила ниту ми е златна, негов избор што решил да ја вара жената.
@Црна Ружа Има таму делче во постот што си ме цитирал “колку и да не ми е сеедно” за да не користам речник како “сигурно ќе имам желба да и ископам очи со чачкалица”, ама на крајот од денот, да се послужам со веќе искористени фрази овде ниедна девојка, жена, па и дечко не може да ми земе нешто што не сака да биде земено. Зошто не осудувам... зошто да осудувам? Се сложувам дека не е во ред и е крајно неморална и недостоинствена таа постапка, ама треба ли сеа јас на глава да и се качувам на девојката колку е таа “гомце”?! Јас, како една скроз небитна фигура во општествово, ќе и докажувам на друга скроз небитна фигура во општествово што е во ред, а што не е? И таа ќе се замисли ќе ми каже дека сум у право и од утре ќе биде вирџн мери? И дали моето морализирање ќе ме направи подобар човек? Она што јас можам да го направам, е да не ги направам истите избори како неа. Да си го чувам моето достоинство и еден ден ако имам ќерка неа да ја научам што е правилно а што не. Јас не сум одговорна за туѓите избори, ниту можам да ги сменам, ниту имам право на тоа.