Паметно и итро вака на хартија напишано ама не сме у Лондон. Реалноста по селата во Мк многу поразлична е.
Дечки доволно беше! Се има видено на форумов сите колку сме светци па затоа и не треба да си земеме многу за право да морализираме. Вакви напади одамна немам прочитано, што ви е бе жени, колективн пмс човек да не може свое искуство да напише, така? Епа не сме сите светци.. Темава оди под клуч додека не ја прочистам. Едит: темата е отклучена и ќе ве замолам да се придржувате до правлата на форумот..и достоинствено да коментирате.
Принципот е исти, и двете се насилство, едно е психичка тортура а другото е физичка, нема логика едното да се осуди а другото не. Ако нешто се смета дека е зло, тогаш нема потреба да не се осудува, каде е границата каде што една девијација е погодна за морална релативизација, крадење на 5000 денари не е за осуда а на 100.000 евра е за осуда? Ете сама кажуваш дека е крајно неморална постапка, а што правиме со крајно неморалните постапки? Ги осудуваме, бидејќи се зло И ти си дел од средината и зошто мислиш дека си небитна, сите имаме некој удел во средината и секако имаме некое влијание врз одреден круг луѓе (кои имаат врз други понатаму). Ете пример деца, секако дека нема да им кажеш дека варање е ок, кога ќе размислиш ќе увидиш дека имаш влијание на повеќе луѓе отколку што мислиш на прв поглед Веројатно треба некои вредности да бидат сеуште актуелни.
Ова важи само кога ќе се спомне зборот депресија, тогаш сите се потресуваат оти чума била на 21 век. А како дошло до тоа, па не е наша работа оти нели, во наш двор си гледаме, кој што сака си прави.
Затоа што има разлика меѓу културни и морални норми и формално пропишани. Како кај криминалот на пример. Тежината на едното и другото не е иста. Тоа е на примиер како да осудиш некој што не почитува традиција или обичаи. Односно неформални норми. Тоа е границата.
Е тука е замката на перцепцијата, тоа што луѓето го сметаат се она кое не е покриено од државата за ок. Вака некако би бил следот на размислување - ако нема закон вс. варање, тогаш варање е ок...или може не е ок, ама пак ако беше зло тогаш сигурно државата ќе го имаше во предвид Ете исмевање меѓу луѓе, омаловажување на партнер/ка, навредување, вербални зулуми и секакви ситуации кои немаат легална рамка (де јуре или де факто без разлика) не треба да се осудуваат...или сепак треба?
Мешаш бабички со жабички. Нема институционална рамка за варање, што не значи дека е во ред. Затоа има развод. Тоа што нема закон, апсолутно не значи дека секој може да прави што сака. Затоа и постојат тие обичајни и неформални норми. Тоа се општествени вредности. Не се од нигде никаде. Проблемот е во тоа како и со каков морал се развива единката од раното детство. Проблемов е од социолошка природа, можеби и помалку психолошка. Јас не можам да го решам. Исмевањето, навредите и слично, јас ли треба да ги решавам? Со осудување? Само ако мене ми се упатени.
Зошто мислите дека со тоа што швалерката не ја маваме со камења поддржаваме швалерај. Јас лично најостро го осудувам тој што бара нешто друго надвор од брачната постела, а не тоа другото што се нашло на пат. И скоро секогаш швалерката е осудувана, а мажот што при жена и деца отишол кај друга си поминува лагано.. Имавме во средно професор по физичко, женет со дете и се плеткаше со моја школска која во тоа време имаше 16 години. Се расчу по град сите ја збореа неа како е курвичка, зло, пачавра... Жена му разбра, ја влечеше за коса по кафич, пак сите и се смееја на девојкава, а жена му стана 40 кила и збореше сама со себе на улица... Бидна што бидна неа ја обележаа на 16, а младиот професор си продолжи со жена му и се уште си предава. Ако општеството осудуваше неморал, а не увек на тапет да се жените, сите ќе покажавме со прст кон професорот и немаше да биде професор повеќе, жена му немаше да се тепа со дете, ами ќе го исфрлеше на клоци.. Сакате да признаете или не многу сме попустливи спрема машкиот неморал.
Всушност нема машки неморал, таа терминологија е резевирана само за жените (според морализаторикиве тука) Инаку... ваквиве теми каде што се плука и колне на велико ми се многу интересни за опсервација на човечката психа. Однесувањето на човекот во толпа истомисленици кои меѓусебно се поддржуваат е многу интересно за набљудување. Тука до израз доаѓаат најмрачните човечки карактеристики и тука може да се согледа карактерот на одредени личности. Вакви вулгарни, гнасни, погани и сл. збовори доволно зборуваат за личноста. Џабе што истата сака да се престави како високоморална
Ај јас да одговорам. Не им менува ништо тоа дали се женети или во врска. Некои луѓе имаат висок степен на sexual drive и не гледаат на работите исто, како и оние со low sexual drive. Едноставно, различен тип на психологија. Е сега, најлошо е моногамна личност да заврши во врска или брак со некој кој практицирал промискуитетност. Се знае која страна завршува повредена.
Ве замолувам да не правите оф топици, и така е доста вжештена темава, па нема потреба да се повторуваат работи кои со причина се избришани.
зет ми има прва братучедка која беше швалерка на познат бизнисмен во Македонија.Она свесно остана трудна од него(самата си кажуваше) по што нејзините од дома ја исфрлиа на улица.Што беше уште потрагично ни он не ја прибра,иако трудна.Она остана со прстот во уста ем сама ем со дете.Еве поминаа скоро 10 години ниту тој детето и го призна ниту нејзините и простиа.Заврши ‘голема ‘ работа.Он си остана при жена му.
Jas samo kratko bi go iznela moeto mislenje posle 20 god.bra...nikad ne bi ja obvinila svalerkata...so nea ne sum ,,potpisala" nisto ...so mm da i toj bi bil ,,vinovnikot a i jas so nego vo paket"..nemoze svalerkata da mi e kriva koga e nekoj si lik koj mene ne mi znaci nisto vo zivot,koj e samo nula...jas i mm sme tie stto treba da vnimavame da ne se vovlece treto lice... I uste bi prasala: Mazite sto vi pravat vo momentov dodeka vie ovde se napnuvate da dokazete deka svalerkite se krivi?Ne gi ostavajte da se zdosaduvaat...da ne vi e Cacko kriv posle...
Овде се осудуваат тие што пробале или пушат марихуана - наркомани, тие што во модни критики облекле нешто премногу тесно за нивна фигура, што носат кратко/ гол стомак - не им доликувало ама кога некој отворено си кажува дека бил не само со еден а со повеќе женети мажи тоа е сосем океј, може на секој да се случи. Океј не се согласуваме сите во мислењето, затоа е и оваа дискусија ама да се коментира по други теми за лажен морал и глумење светици, извртување на зборови, сарказам, цинизам. Ако имате нешто да кажете пишете во темата наменета за тоа, тагирајте не нас лажните светици и кажете што имате, а не ова пасивно-агресивно. И зошто секоја која не се согласува со вашето мислење е светица и продава лажен морал? Тешко ви е да поверувате дека има некоја жена што нема да го направи тоа. Се правите либерални ама исто осудувате како нас заостанатите очајни домаќинки. Имала висок sex drive убаво ама малку self control да се немало. Затоа и сте ставени на исто рамниште со мажот кој изневерува затоа што мислите исто како него - со долната глава. А да ајде што мажот веќе навистина не мисли за семејството и не го интересира кој ќе повреди тоа ми е јасно, ама зошто другата страна не стави прст на глава дека тоа што го прават не е океј. Да се разбереме не го оправдувам мажот, ама многу ми е ниско кога прочитам ''тој не мисли за неговото семејство, па јас ли да мислам''- со тоа тој покажал каков човек е, ама вас тоа не ви пречи - секој мисли со своја глава, остајте го тој што мисли и не мисли, ама барем вие испаднете поголем човек и не го правете тоа.
Сето тоа е само страв од жената , па осудувачите на оваа работа , осудуваат заради да не се заигра мечката и кај нив , најбитно им е да се со мажот макар и цел живот да ги вара со друга . @Abeja сето тоа е џст фор фани На Никоја не и е фетиш женет маж, сето тоа е само издување вентилот , кратка авантура , разбивање монотонија , желба за провод , скоро и никој не му е битно женет/мажена ... Но некогаш работите излегуваат од контрола , разбивање брак и частење шваљерки не подржувам ! Само еден добар краткотраен провод Инаку насловов на темава е глупав , не постои таква Врска со оженет , туку само Афера
Нз зошто даст го избришала мојот одговор .... Бриџит ти ги дискриминираш тие во селата , не се ништо повеке тие од Лондон од тие во нашите села , само заради што биле од село
точно де,не ни викам дека е мој/наш проблем.Ама да ја чукнеше малце главата можеше и да не дојде до тој проблем.Детето можеше да има нормален татко и семејство а она немораше да биде изиграна