Да де ама тоа не значи дека не треба да биде несредена. Секоја жена си е индивидуална и таа самата ќе сака или нема да сака да се среди. Што мислам дека такви два-три дена во месецот/неделата не шкодат никому, не да имате секс еве на пример да излезете некаде, да отидете сами некаде, да се исполните меѓу себе, тогаш на никој нема да му падне на памет за трета личност. Секоја жена си бара внимание, како и секој маж.
А јас пак мислам дека “среденоста“ на жената нема никаква врска со изневерувањето. Повеќе има со егото негово, “уште можам“.
Егото се јавува затоа што мажот е незадоволен од жената, исто како што жената вара е незадоволна од мажот. Во два случаеви тоа е во нагорна линија. Еве вие мажените едно прашање со што го одржувате бракот? Исклучете го вашето дете.
Kako mashko go osuduvam mazhot. Imash zhena,si se odluchil i prifatil da bidesh so nea vo zhivotot. Pa prijatele bidi so nea,ne dozvoluvaj da padnesh na tolku nisko nivo so edna orospija,ulicharka. Sex ? E imash osobata po doma,i so nea mozhesh da imash sex,sigurno na taa orospijata ne i e zlatna ili nezz kakva pa da na tebe bi ti bilo zadovolstvoto neshto posebno. Uhshte ednash Sakaj si ja zhenichkata kakva i da bide,ne dozvoluvaj i borise da ne dojde do karanici i raspravii,pravi zadovolstva so nea,a ne so ulicharki kuchki skitachko ebachki.
По пижами сум. Дај бе не зезајте. Секое оправдување е надвор од границите на нормалата. Ако имаат проблем, макар и запоставување, несреденост или не знам што, постои нешто што се вика разговор, копмромис и решение. Па нека и со развод резултира. А не во брак, шарам барам.
По муабетов за несредена жена ме замислуваш. Значи јас кога шетам несредена по дома мм може да излезе и да ме изневери со некоја средена. Ауччч. Само едно ќе ти кажам, едно е врска, друго е брак со деца. Кога ќе бидеш ти во брак ќе видиш дека не е се така розево како што збориш. Кога по цели ноќи нема да спиеш и ќе се маткаш со температури и други глупости и кога во 03 по полноќ ќе трчаш во болница козле и кога ќе заглавиш во болница со денови и нема да можеш до тоалет да отидеш, верувај ми дека нема ни да ти текне да се средиш или па да го задоволиш маж ти а исто и него зошто нема да знаете главата кај ви е. Кога ми било најтешко и сум била најнесредена мм доаѓал да ме гушне и да ми каже дека сум убава. Тоа и те како ме исполнило мене. Вистински маж е оној кој не изневерува а не оној кој со милион изговори поради несредена жена или недоволно посветено внимание поради децата оди и се пика во гаќи кај која стигне. А незадоволството кај партнерот не се решава со изневерување. А за одржување брак нема правила и закони, секој брак е различен и однос меѓу маж/жена исто. Бидејки секој човек е различен така и секој брак и не секој брак се одржува исто.
Да се надоврзам на @ivi1987 - тие деца се и негови деца, па ако мајка им е несредена од обврски околу нив, а тој успеал да се среди и дотера, изгледа нема доволно обврски околу децата.
Јас тебе не те замислувам никако, не само тебе туку ниту една членка во оваа тема. Јас не сум таа што треба тебе да те замислува. Си правиме муабет општо за жената, не верував дека ќе се пронајдеш но добро твое си е тоа. Добро е кај тебе што имаш таков маж таквиот да си го чуваш. А последниот болд не се согласувам баш затоа што има случаеви каде го тврдат спротивното. Секој има различно толкување во овој аспект. Кажав мажот е делумно виновник. Или е незаинтересиран.
Што значи, ако е незаинтересиран, или ќе си се заинтересира за децата што сам ги створил, или нека си ги собере парталите и нека си биде “дечко“ до миле воље.
Не се разбравме, јас се замислив од твојов муабет за несредените, на шала го кажав тоа А за незадоволните мажи пак ќе речам, тоа не се вистински мажи за мене. Поради незадоволство во брак постои опција развод а не неверство. Ама кој колку има во главата.
Нека си ги собере. Како што кажав некој маж гледа парталава жена, некој маж сака средена. Не е само до нив некогаш и до нас самите е, но ако има маж како што има Иви тогаш тоа е навистина вистински маж.
Изгледа не ме разбираш. Ако на мажот му е дојдено до мојата шминка додека детето ни е гладно, небањато или има пролив, ич мене таков не ми треба. Ако не е способен да се однесува како возрасен, не гледам зошто би го трпела јас, таква никаква, исповраќана и во пижами.
Жените кога се средени и попровокативно атрактивни во јавност - „си бараат“ (сексуално вознемирување), а пак жена (во брак) која не е секогаш тип-топ, значи „си бара“ изневерување? Значи секој ден бе има нешто ново, некоја мудрост да учиш по ова интернетов, страшно еј Можеби малку екстремна споредба е, ама гледам сличен стил и левел на свест во двете ситуации - оправдување на морално погрешно дело со барање на некаква вина во личноста која страда од истото, и тоа поврзано со нејзиниот надворешен изглед. Крај краева, ако зрелоста и посветеноста на еден семеен човек е на толку ниско ниво за да опаднатата атрактивност на жената поради „несреденост“ од различни причини му е повод со тоа да опадне и љубовта - нека се разведе од таа површна побуда и нека бара други. И да, без разлика каква е ситуацијата со половите, насилство меѓу сопруга и швалерка/сопруг и швалер е примитивизам, брука левел турски или сапуници од некое друго потекло. Треба едноставно да се пресече и да се избришат двајцата од животот, не е вредна таа ситуација и тие човечки особини за изневерената личност да си го погази достоинството и цивилизираноста
А зашто баш да те трпи исповраќана? Мене баш би ми било срам да ме трпи исповраќана и да не знам да се измијам и да смрдам? Јас мислам дека не сакаш да ме сфатиш или не сакаш да си признаеш дека некогаш имаш самата вина. Пример ете мажот е добар, те сака и почитува и ете ти сега не сметаш дека треба да се средиш за него, да го изненадиш? Или поубаво ти е усмрдена да бидеш?
Аман бубаче, ќе ти кажам еден пример мој. Детето ми имаше рота вирус и повраќаше на секои две секунди. Бев од глава до пети во повраќаници, како и мм и целиот стан. Што требаше мм да направи, да отиде и да си најде средена лепотица што знае да се негува и да е тип топ во секое време. Нормално дека девојка како тебе има време на располагање за извоз за да се среди а мајка како мене некогаш нема ни минута време, се тушира со една нога надвор за да не смрди. Мораш да ги разграничиш и сфатиш тие две работи. За брак треба многу повеќе од средена и скоцкана жена.
Не да бидеш усмрдена, но кога ќе имаш дете некогаш немаш време. Сама дома, дете пишти, па да го раниш, во раце сакало, да го избањаш и време за себе дури на крај. Се случувало да се бањам дури кога детето ќе заспие вечер Ама кога не си мајка, секако нема да сфатиш. И јас кога бев девојка се силев дека секогаш ќе бидам скоцкана. Затоа постои разговор, а не да се бара одма на страна ако жената е несредена некогаш
Кој е крив? Сите се криви, секој на свој начин. Егото, незадоволството, шије ми га ѓура немаат врска. Никогаш не е до другиот партнер. Зошто и да е, интегритетен човек прекинува брак, па прави што ќе прави. Или и да е ептен ептен изневерената страна проблемот, тоа е преретко. Aко толку не чини сепак, зошто не се разведе? Или нема како да глуми жртва? Децата? Децата се најгревното и најлошото алиби за секое одложување на развод. Децата се жртва на себичлукот и неизживеаноста на родителите. Имам друг пример. Мажов полн пари. Ја убедува жената дека е НИКАКВА, он дека е вреден, добар, ваков-таков и ради тоа заслужува да има други, ама ете од жал не се разведува, демек и прави услуга. Ја разболе психички. И тој фино лепо и вика ете гледаш ти си психички болна, мора да се разведеме. А да, да дополнам, заврши со швалерката која е разведена со три деца. Пример два. Доктор, практично истата прича, фати швалерка која сакаше да се омажи за него, само што овој путем врски жената здрава ја стави во Бардовци за да и го земе детето, а он да може ко сирот некој да има алиби, ете таксират шо да прави, мора да живее си најде друга. Жената стварно се поремети внатре, ај да не. Детето е познат модел сега и не сака мајка си да ја види. Ова е приказна стара веќе 20 и нешто години, пријатели беа со моите на времето. Не зборувајте за НЕСРЕДЕНИ жени, зошто горнава прича е на жена којана времето била поим за лепота во Скопје. Доктор на науки и дете на интелектуалци. Не ги понижувајте жените дека се виновни. Каква сака нека е. Не знам какви татковци ве воспитувале и како и се обраќале на вашата мајка и ве научиле дека е нормално, ама не се лажете дека тоа е нормално. Дебела си, несредена си, ненашминкана си, што год нека е да не ја мешаме темата, но спаѓа во СЕМЕЈНО ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО и не е причина за неверство! Мешате баби и жаби! Мажот сакал внимание, жената сакала внимание, кој решил да изневерува, ќе изневерува сега утре и задутре... и да си принцезата на Монако. Од комичната страна на швалерајот имам па ова: Најврв ЛЕК од швалерлук од современа, образувана жена богаташка - одиш кај некој оџа у Сарај, ама знаеш каков бил? Не затуцан, со нешто као теолошки факултет имал завршено, го знаел ептен исламот, си ја знаел работата. Е одиш кај него, а он ти дава ливче со молитва некоја на арапски. Е сега одиш дома, го виткаш ливчето на најситно и го ставаш во шише со вода. И ја пиеш. Цела недела пиеш само од таа вода, дополнуваш нормално. Ама друго НИШТО не пиеш од течност и да ти нудат. После тоа мажот го имаш назад... Илииии одиш кај некоја Марина, знаеш маж и поп...си ја знае работата (демек порелевантна дека маж и поп) и кажуваш што е маката. Она на икона гледа иначе, не е као оние со водичките, од нашата вера е. Е она на икона ќе ти види кај е напраено вие така он швалерка да фати. Или одиш кај Илија над Загребска. Е он е мнооогу стар. Не отвара на секој... Му носиш маица од маж ти и гаќи од швалерката. И он со св.Илија работи на помош му е. Све ти решава... Или одиш кај Ленче, Ленче сите ја знаат. Ленче ќе ти даде исто вода. Ама не е ко оние без веза шо даваат води. Она има нешто поише завршено, со енергии, кундалини, си ја знае работата. Да видиш после од секс нема да се оставите. *се крсти со метанија* *господи помилуј х 100* Ех вакви работи сум се изнаслушала. Мислиш во 18 век сме... Напатена душа сум јас. Кога ќе се оболиш, сите ќе искочат со ваквите финтици. И кога ќе избаци некоја нешто вакво што ни на крај памет не си помислил дека оди и прави такви работи... Порано коа ќе ми раскажуваа вака им викав - леле со кого се дружиш, јас немам вакви во околина... Ааа немам... И ретвитаат оброци, и се хуманитарни, и работат во невладини, и беа дел од шарени, и одат у театар, и се полни пари госпожи... Животов е роман... шо да ви кажам... Ама срање од типот дека сте пис оф шит кој заслужил да биде изневеруван и дека е до вас, да не ве лажат. @buba4e89 , по твојава логика дечко ми треба да ме остави одма, сега. Кога крварев од секаде каде можеше да се крвари и кога повраќав и не знаев каде сум. Кога со денови немав воља и енергија да излезам од истите пижами... требаше да мислам на изненадувања. Не ти држи вода муабетов. Се гледа дека немаш реално искуство со реални животни ситуации и затоа зборуваш вака. А тие повраќаници се и од неговото дете кое патем не му правиш услуга за да му го одгледаш. Не сум уште мајка, ама верувам дека до повраќаницата не ти дошло кога не цица или едвај се нацицало и повратило, цела ноќ не си спиела, куќата катанга... Извини живееш во бајка.
Кога ќе ми рече некој морам се осеќам како да ми ставил нож под грло. ЗНАЧИ МОРАШ. А и никаде не реков дека само ако се средите ќе внесете нешто повеќе од брак. Се разбира дека има и други ситници наведени ми се во постовите, само кој чита. Цело време верглате едно те исто и така во круг. Јас никаде не реков дека мажот изнерверува зашто жената е несредена туку направив споредба помеѓу домаќинка и швалерката, а разликата ја прави токму таа причина. И мажот ја гледа. Во поодминати страници наведов кој колку има во главата. И не терам никој да се согласи со мене, кога ќе си погледнете малку кај себе и малку кај мажето ќе сфатите. Секој има различно гледиште само ги вртите зборовите овде и јасно ми е, секогаш да се наметне вашето мислење а и да остане последно. @Lilit извини ама не ме читаш воопшто, посочими пост каде сум рекла дека треба да те остави одма. Вие самите дозволувате да ве гледаат со повраќаници океј дозволувајте си. Посочи ми пост каде реков дека треба да бидеш средена секој ден. Извини ама мислам дека не ме читаш, јас во реалноста живеам. Затоа се полнат темите свекрви и снаии, си имате проблем со мажето. Ох лилитке браво го сруши светот ти одма заклучи кој колку имал реални животи, се гледа.
Очигледно не разбираш што сака да каже @CameliaMiller . Најверојатно затоа што не си мажена и немаш деца. Нормално дека секоја жена сака да изгледа убаво и средено, ама кога имаш дете тоа е секогаш приоритет, а кога ке најдеш малку време за тебе ке се средиш. Сигурно не седи една недела исповраќана, неизбањата. И јас некогаш велев нема да дозволам маж ми никогаш да ме види несредена, со подникнати влакна на нозете, со несредена коса и сл., ама тие периоди во животот се неизбежни, посебно со мало дете. Ако маж ти го цени твојот труд и те почитува нема да му биде важно ти дали си нашминкана секој ден. Исто ти е на пример маж ти ако работи тешка физичка работа, си иди од работа извалкан, неизбањат, за да обезбеди подобар живот, треба да си најдеш швалер , дотеран некој? Не велам дека нема и такви, има, и не се вредни да се зборува за нив. Едноставно, не ви требаат. Основата на еден брак се љубовта, почитта и взаемно разбирање меѓу две зрели и стабилни личности . Ако го има ова, сите периоди во животот можат да се пребродат и ниту еден од нив нема да помисли на трета личност. Кога си девојка имаш цел ден на располагање само за тебе, да се издотераш и да му бидеш убава тие 2-3 саати.