Упорно тоа го викаш - средете се па средете се... друг муабет не прочитав. Што да погледнам кај себе? Јас отварав очи кога барав маж. И пак не му верувам сто посто. Но не верувам дека треба да исполнувам некој критериум непостоечи за да он мене ме сака. Ни па му глумам од сам старт дека од мене искачаат само темјанушки и дека косата секогаш ми е совршено зафенирана. Да, баш затоа се полнат, ради повраќаницата од бебе со температура. Ова што ти го пишуваш може да го замери само психички изреметен нарцис и да го земе како сходен момент за неверство, а не здрав и нормален маж. Немој да не те читаме после тебе у темава. Што му нудиш тоа ќе бара и ќе очекува. Кога ќе те удрат реални животни проблеми листата на приоритети се менува.
Јас цело време ви кажувам да си внесете хармонија ако не сакате да си бидете изнерверани, а вие го свртевте муабетот и мора прво да погледнете кој колку има другиот па после врз база на тоа да изнесете мислење, јас не ни знам дали сте мажени ниту сум се заинтересирала. Не може да помине обичен муабет а да не се зачепка и рцне другиот се разбира. Најреално гледајќи ги нашите родители со по 30 години брак, се преживеале ама никогаш не се осудиле да дозволат трета личност. Ако вашиот дечко ве сака уште од првиот ден ќе ве сака и до вашиот последен ден, никаде во ниту еден пост не е наведено дека треба да ве остави ако сте крвавеле, туку зашто вие како жена си го дозволувате тоа. Ќе си најдете ден и да се средите и да се скоцкате и двајцата да си одвоите време за вас како пар и да си се исполните. Точно е дека детето е приоритет, никогаш не спомнав за дете во моите постови го исклучив намерно затоа што се што е сврзано за детето е нормално. Кажав дека секој маж е индивидуален, вие не мора да одите и утре одма да закажете зимовање во Банско затоа што јас така сум рекла или некој друг. Кажав дека мажот е виновен и обратно. Вниманието е клучно и она што од ниту една од вас не го прочитав е меѓусебното вложување во бракот со дете како плод на вашата љубов. Јас се повлекувам од оваа тема бидејќи не тргнав од вас да ви проценувам мислења и да кажувам кој е каков е. Секој маж е индивидуален, отварајте си четири очи и живејте си среќно.
Па баш си у право дека швалерката го дава тоа што не го има со жената - паралелниот универзум каде се е у реду. Не го ,, замара ,, со прашања за заедничкиот живот и децата, дали зел плата, колку потрошил у кладилница, дали има пари за сметки, дали ќе ги почува децата, зашто не ги измил садовите... Баш со швалерката си има страст, оти она му служи колку само да и го стави.
Среќа е што јас не се дрзнувам да зборам за членки дали живеат во бајка или не. Се гледа разликата кој треба да порасне, дали јас или вие, со ваквите коментари. Страшна работа. Нели прво се тргнува од членките какви се, затоа сте варани. Бидете си вакви и во живо не само на форум. Живејте во заблуда.
И јас не знаев дека на мажите им е гадно да ја гледаат жената со повратена маичка...повратена од НЕГОВОТО бебе Абе ајде.. не е бебето само нејзино. Ма јас да сум ќе му го тупнам еден ден него да го повраќа а јас во спа центар ќе одам. Па и швалер да најдам не е страшно нели..затоа што тој седи дома со усмрдена маица од повраќаници Ајде смирете се одново... смешни ви се нападиве.. Секој има право да живее во (сопствената) заблуда
Таков впечаток оставаш, со своите ставови и размислувања. И јас на твои години со твоето искуство така размислував. Ама реалноста е поинаква. Затоа ти реков, ќе сфатиш кога ќе пораснеш.
Затоа што едни одат по убави цицки, други емотивно се поврзале, трети онака оти ја знаат дека е радодајка, четврти ќе го бараат чувството на заљубеност кое е само на почеток па глава ќе изгубат, осамени, разочарани, без интегритет, лесноверни, им здосадило, криза во брак, оладиле чувства кон партнерот, се промениле како личности или надворешно...нема еден пример. И треба да си стварно цврст карактер да не подлегнеш на искушение. По она што го гледам околу мене, некако ретки се. Сите ги удара барем еднаш ваква криза, дали на помлади или на постари години.
Ако не дај боже притреба, знаеш каде може да се обратиш, ќе ве поврзам!!! Викаат имало ефект, еве не знам. Бубаче ми е генерација. Не и треба да порасне, и треба искуство во сериозна врска со сериозни проблеми, со сериозен заеднички живот. Да види дека дома не седиш у подвезици и пантуфли и дека некој мора да ја исчисти шољата у вц. Бубаче, у реду е. Мислам дека тука мора да ја цитирам Бриџит (шо убаво најдов начин како да не го јадам, а да знаете шо мислам, хехенце). Абе ајде, ви смрди темава нна проудрено млекце, небањати низаедни.
Епа да знаеш дека сум ја чистела школката и цел стан сум го чистела за 4 часа среден се, од плочки до мебел и садови и ручек сум направила и пак бев средена. И сега што? Ќе ми продаваш приказни за сериозен заеднички живот. Зашто јас сакам да се средам и да бидам средена, а вие не сакате, па не морате. Што скокате?
А ако детето ти повраќа 48 саати со 39 температура? Ќе се нашминкаш? За да му бидеш убава? За да не оди во кафана да побара некоја за провод..
Значи во постовите не го спомнав детето никаде, прочитај погоре дека напишав ако го ставам детето заедно тогаш се е нормално. Нормално е да ме гледа никаква. Уште кога го поставив прашањето реков да се исклучи детето, најди го постот ти си админ.
јас денес мирисав цел ден на повраќаница од синоќа бидејќи малиот цела ме исповрати у рок од неколку саати. наредното време го држев во раце се до моментот кога морав да одам нс работа и скроз изумив дека можеби сум попримила мирис. според темава маж ми сигурно има швалерка па дури и колегите мои имаат тајни колешки пошто јас смрдев може денес. еве не знам. инаку јас знам пример каде маж и жена секојдневно имаат секс па пак тој има на страна. женкар не се станува, женкар се раѓа. колку сакаш мирисај на лаванда и биди скоцкана.
Јас сум модератор а не админ и не осеќам потреба да го барам постот затоа што тука ти навреди еден куп МАЈКИ дека се усмрдени, небањати и со повраќаници. Оваа усмрденава тема ја затвараме тука. Ако ви се коментира конкретно на темава, во ред. Ако не, најдете некоја во бебешките теми за каканици и повраќаници. Тука таа песна НЕ. Се што е пишано после овој пост а се однесува на повраќаници и небањати жени ќе биде избришано а ќе следат и санкции. Пријатен престој на темава
И тоа е вистина... може на жената негова и' е смачено од него па му наоѓа начин на друга да и' го истопори
е како да се исклучи детето, кога еве причина за мојата "несреденост" е детето. Успех ми е да се бањам 10 мин. Коса немам фенирано 4 месеца. Ја немам пуштено исто толку време. Вришти едноставно. По дома одам во што ќе најдам. Порано се фрцкав и по дома. Лесно е да се каже. И маж ми пак ме сака, видиш