А ние што ич не се фенираме, никогаш, никогаш.. само триеме коса со пешкир :,( од вас ке се искомплексирам, жими се. Некогаш ве замислувам сите ко модели или глумици, совршени, пример за лепота и среденост. Кутро jaс :,(
Ајде ајде кога ќе бидете изварани ќе правиме муабет. Јас кога ќе бидам мајка ќе правиме муабет. И уште нешто јас се средувам за себе и како девојка, а како мајка ќе најдам време макар и 5 минути. Вие за себе, јас за себе. Фала продолжете со сарказмот.
Што не изнапрочитав до каде сте дошле Жената може да биде милион пати поубава од шваљерката , и мажот не значи дека оди по швалерка затоа што жената не му е средена , или зашто се здечкале оти гравот не бил убаво запржен туку заради провод , заради желба за промена , заради разбивање монотонија , заради забава, и сето ова не значи дека не ја сака жена му ! Се прашувам како не сконтавте до сега , а возрасни лица сте .... И уште ке ја осудувате шваљерката ? И банкарка била себична ? А вие очајните домакинки светици ? Хммм ако се прашувам јас , ми е галје некоја од ......... што мисли за мене
Ја читам темава деновиве и пиши бриши сум цело време. Како и се во животот, така и ова има две страни на паричката, некој ќе каже дека е виновна швалерката, некој ќе каже дека е мажот, некој дека е запуштената и несредена жена дома, и секој е во право на некој начин во зависност кој лик е во целата приказна. И се некако се сведува на швалерката и на сексот и не знам што... Што е со емоционалното неверство? И јас велев никогаш не може мене нешто вакво да ми се случи, ама ми се случи. Ми се појавија чувства за некој кој е женет, бев таа третата. Сплет на околности, често го гледав, на почеток чисто пријателски, општи муабети за книги и филмови, за потоа да разговараме за се и сешто, се додека не почнавме да се гледаме со поинакви очи. Пробував да негирам и да се лажам дека ништо такво не се случува, дека си умислувам работи, но очите не издаваа, ни разговорите не ни беа опуштени како порано. Знаев дека е погрешно, знаев дека не смеам, се борев буквално со себе... Гледајќи дека е обострано ми беше уште потешко... За среќа, никогаш не ја преминавме границата, иако многу малку требаше... Имавме еден искрен разговор во кој си кажавме се, потоа свесно се избегнувавме и оддалечивме и со тек на време помина. Не го пишувам ова за некој да ми каже браво или нешто слично, туку сакам да кажам дека некогаш се случува и на некој кој не е неизживеан и женкар и на некоја која нема проблем со самодоверба или се ложи на женети... Затоа смањите малку доживљај со осудувањето и кога лепите етикети и никогаш не велете никогаш.
Епа со таквите не се останува во брак. Не знам зошто за таков компири да испржам, а не нешто друго. @Lilit сваќе ме утепа
има мажи кои не преферираат нашминкани жени по дома.Мојот на пример најмногу ме сака кога сум со меси хеир,без ич шминка,без долги нокти,без дреч кармини на уста ,во лежерна облека(тренерки). И фала богу што е така
Епа тука виновникот е мажот, жено. Пример во врска се сјајно ви оди, ама во брак не и дете имаш и не ти оди во бракот. Во овој случај не е крив само еден туку двајцата. Што е нејасно? На братми првиот брак не му успеа од други причини. Ама ти си знаеш. Не е само неверство.
Како да ви кажам, ама јас вака ни до мажачка нема да стигнам. Со оглед на тоа дека дм до сега ми вадел лајшва од препон, ми превивал рана на газот и ме бањал кога горев од температура и смрдев на умрено пошто се потев и повраќав и бев полусвесна 3 дена, ми има ставано вагиналетки... го бацувам сабајле со немиени заби... ни за жена нема да ме земе тој бе
Ако треба секој ден да се шминкам, средувам, да пазам каква сум ко ќе повраќа детето, еве јас прва ќе го оставам, не мора да ме изневерува. За средувањето се фативте, а најмала причина за неверство е тоа.
И секси игрите. Немам дете ама многу ме интересира како се изведува секси игрица дур бебе завива од грчеви.
Џабе се 500 шминки и парфеми ако личиш на Џокер од Бетмен и не личиш на жена,со шминка не се маскира гадноќата! Жената треба да е убава и без шминка и по пижами и по бањарка, впрочем секоја жена има своја лепота,не баш секоја ама ај ке кажам генерално. Сите швалераши шо ги знам имаат жени кукли,дотерани,средени, а швалерките им личат на Гугата од штрумфови,сериозно, дури да се чудиш, што значи дека привлечноста не е само во физички изглед. Зборевте за повраќанци, мажот да не излачува Антонио Бандерас парфем , наместо пот, па ако работи тешка физичка работа или општо не замирисува никад? Дај ќе удриме на швалерација, не зезај !Зарем жениве шетаат со повраќанци по една недела,дај чукни ја главата Бубаче шо збориш и како се изразуваш....
Зборам за хигиенски навики. Инаку во првите постови реков дека можеме ние жените да се издепилираме и да си одвоиме ден, ете нешто да направиме. Како размислувате некогаш и не можам да ве сфатам. Кога ги носите децата на преспивање кај баба и дедо сакате да здивнете, да средите дома малце време за себе тоа никому не шкоди. Малку шлапкање со мажето итн. Никаде не реков дека мажот треба да ве остави зашто децата повраќале, јас не ги вклучив децата затоа што децата за мене се најголем благослов и точно е се дека и повраќаат и се бориш со разни вироси и цел стан е лом и мажот треба да има улога во се и да ви помага и тоа е за мене маж во права смисла на зборот. Реков дека има мажи што сакаат жени и несредени ( во пижами, разбушавена коса и слично ) и им е убаво, но има и мажи што сакаат средени жени ( секој ден по 3 пати пресоблекување шминка и глупости ). Јас никогаш не сум средувала за дм со шминка, ме гледал без шминка, само не сум сакала да мирисам да речеме на некој препарат. Од 24 часа во денот постои време да се избањаш и стан да исчистиш но ако немаш деца. Секој си чита како му одговара и рипате врз мене, сите коментирате децата па децата, а јас зборувам за жени без деца. Се слагам и ниту еден случај не сум рекла дека мажот треба да бега ако жената е исповраќана од бебе - па која ми е логиката тоа да го речам. Нема логика.
Таков не одбрав за татко на моите деца, фала Богу. Иначе темава не е неверство во брак, туку врска со оженет човек.
@CameliaMiller еве јас ќе ти кажам. Ќе му ставиш фластерче на уста да ќути и ќе му кажеш сега мама и тато ќе изведуваат секси игрици, а нема врска што има грчеви
Епа Бубаче генерално во секој брак, има деца. Или се прави напор за имање деца. И се веројатно истите најголема обврска и консументи на време на родителите. @Black girl ќе му речам - сине стрпи се малце, оти тате батко ќе ти направи во друга куќа