1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.635
    Допаѓања:
    321.634
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 уште ова сакав да кажам...
    Кога си со некој во брак долго време (еве јас скоро 11 год) верувај ми дека прва мисла не ми е секогаш дали сум депилирана или не.Сите вмимаваат на тоа строго на почеток а после идат проблемите,падовите,економската криза,болните деца,смртни случаи ,итн итн кои се се дел од животот.После е битна комуникацијата меѓу нив двајца за да се пребродат овие нешта.Оној слабичот ке побегне од проблемите,ке најде утеха на кратко во нечија прегратка.Оние јаките и храбрите ке си подадат рака и ќе изгурат заедно се.Идат и сексуални кризи не викам не.Ама не постои оправдување за неверство.За мене ете не постои.

    Доволно е отворен и искрен разговор за да се дознае каде шкрипи.
     
    На YoungandBeautiful, cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡ и 36 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.954
    Допаѓања:
    224.371
    Пол:
    Женски
    ме потсети на еден твит-од сексуални помагала само спиење кај баба.
     
    На YoungandBeautiful, ♡BuBaLe♡, Emy867 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Познавам доста луѓе што немаат деца, се земале од љубов.
    Познавам и такви што се зеле ради деца.
    И трети што прават напор.
    Само што овие вториве се секогаш на тапет со проблеми и несогласувања.

    @joy1 така си е потполно се слагам.
     
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    19.292
    Пол:
    Женски
    После неколку години брак , бракот станува монотонен , досаден , а постои желба за нешто ново .... (Да ги тргнеме настрна тие што од секогаш биле женкари)
    После многу години во брак мажот и жената се како брак и сестра.... И не секој маж или жена не посегнуваат по шваљерај само заради што не го сакаат брачниот другар , туку од кејф , провод , желба за забава , некоја промена и слично .

    Еве еден пример од другарми што ми го кажа пред две три години : Му пишала некоја жена на фб (што му била свака , и фамилијарно се знаеле) за провод , иако од него била постара 19 години .... И коа е прашал зошто го бара тоа од него , она само му рекла дека се омажила на 18 години и маж и бил прв и за него се омажила , му родила две деца , ги одгледала тие си пораснале , и сега сакала да си го проживе животот , и малку да се забавува 8-| Другарми не излезе со неа , бидејки со маж и добро стоел и би му било незгодно....

    Сето тоа е само воскреснување од монотонија .
     
    На buba4e89 и Bankarkata им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    34.529
    Пол:
    Женски
    Тој што решил да изневерува, ќе изневери па ако сака и Анџелина Џоли да ја има дома :!: Причините може да бидат различни, од монотонија, престанок на привлечност/љубов, карактер итн. ама несреденоста на жената не може да биде главна причина, туку само изговор (тука не ги ставам оние жени кои постојано се несредени т.е оние кои откако ќе се омажат сметаат дека го добиле тоа што го сакаат и престануваат да се грижат за себе) Сите ние кои имаме деца (или еве повеќето) сме биле во ситуации (подолготрајни) кога сме немале време основна хигиена да направиме, а не па да се дотеруваме или да го заведуваме мажот (тешко на тие жени кои постојано мора да се на штрек и средени цакум-пакум, само за да го задржат мажот до себе) Маж на место кој ја сака и почитува својата сопруга, никогаш, ама баш никогаш не би ја изневерил затоа што се запоставила, не е средена, секси и сл. глупости. Таков маж може да изневери доколку бракот тоне и нема блискост меѓу партнерите, меѓутоа никогаш за вакви тривијални причини како несреденост...
    И пак се сведува на тоа каков човек имате до себе ;)
     
    На CameliaMiller и Justicija им се допаѓа ова.
  6. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ако уште пред да се омажите знаете дека во бракот ќе имате момент на монотонија и досада, а ќе се ''испукате'' така што ќе го изневерите партнерот, подобро не ни влегувајте во брак ! Само незрели луѓе спас од монтонијата бараат во изневерувањето или во трета личност. или па веќе сакаш да спиеш со други жени/мажи разведи се па прави што сакаш. Ама неее... кој ќе ми готви, чисти, пере ако се разведам...Кукавици!
    Навистина не ми се јасни луѓето за кои е нормално да изневеруваат во брак, онака само да убијат монотонија. Направи нешто заедно со партнерот, некое ново хоби.... да изневериш е најлесно...
    ''Ја изневерува жена му, ама сепак си ја сака ??'' Океј, секој си има своја перцепција за тоа што е љубов ама....Ако ја изневерува ниту ја сака ниту ја цени жена му. Кратко и јасно.
     
    На YoungandBeautiful, cresa-jagoda, Someonespecial и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски

    Па искрено да ти кажам да, требаат муда за такво нешто. Затоа што барем јас сум го направила тоа што сум го сакала додека други жени само фантазираат за тоа ама немаат гс(муда) да го направат, да го проживеат и да го раскажат. Мислам дека убаво напишав таму дека сите мои пријатели знаеа за двете афери и дека некои ме осудуваа некои не, зашто таков заклучок дека сум се криела и дека неможам тоа јавно да го споделам? Фб не ми е за да пишувам исповеди.Во однос на тоа фамозно ПРВО МЕСТО ко да сме на некаква си наградна игра па кој ќе освои местото види, ако на тој човек децата не му биле на прво место јас не сум ни очекувала да ме стави на некакво си место, сум си бркала работа, не се тепам за место туку си споделувам страсти со него.

    Зашто така збориш? Тебе не ти е забавно да шеташ и да си играш со дечиња? И кога немал кај да ги остави зашто да не ги однесеме до зоолошка или слично? Зашто сум јас таа без памет? Мајка им што ги пушта со таткото и швалерката?

    „Нашава„ од кај бе златна ова сеа? Епа одговори ми ти мене на тоа прашање, секако дека има одмор ама зашто он избира да иде на викенд со мене наместо со жена му? Јас ниту со сила сум го терала ниту ништо, сам така одбрал, кажав и претходно не сум златна. Си имал некакви причини какви и да е, незнам навистина, никогаш не ми зборел за жена му лоши работи туку напротив.

    Па ти не ни треба да ме погледнеш, има кој да ме гледа. Туку незнам зашто гледаш таква потреба да ме сместиш во некаква си калсификација „такви као...„ е какви се тие ко мене бе? Јас не сум таа што изневерува, јас сум таа што одела со маж кој и се доапаѓа и сексуално и интелектуално ја привлекува и што има лошо во тоа? Ај сеа ја ради „таквите као тебе„ ќе се воздржувам и ќе свршавам дома на негови слики наместо вистински да го имам... кога веќе сум видела дека сака да почне нешто со мене... Второ не сум ефтина затоа што не сум на продажба, вие што си ставате етикети на скупа и ефтина значи сте сепак на продавања или на проценка штознам...

    Заради ова ТУЃ маж те цитирам зашто милион пати го прочитав. Како е тоа некој туѓ? Како тоа некој те поседува? Автоматски ако има жена е у нејзина сопственост и само она има право над него? Или ја ако имам дечко у негова сопственост сум и никако ама никако никој не смее да помисли на мене пошто сум јас туѓа? Не бе, јас сум си ЈАС и тој си е ТОЈ и не сме ничија сопственост, не сме робови на нешто, никој на никого не е и не би требало така да се чувствува ниту нарекува. Јас моиве не сум ги гледала така ко да се туѓи. Како е тоа туѓ кога кога е со мене тогаш чив е? Значи малку е туѓ малку е мој. Добро?

    Ти каде прочита дека јас се правдам или нешто? Имам скоро 30 години и доволно сум зрела и возрасна да знам што правам и да си одговарам за моите постапки, ако мене ми требало некакво оправдување подоцна во животот немало ни да го направам тоа. А најмалку па на анонимен форум на жени па ич немам ниту намера ниту потреба да се правдам. Се што напишав е една реална слика за тоа што ми се слчило и работите што тие мажи ми ги кажале, во кои како што напишав не ни верувам ниту ми значар нивните „изговори„ зашто си ја изневеруваа жената. Јас го пишав тоа што сум го чула од нив. Друга работа е што јас не омаловажив никого туку одма на мене ми се нафрлија тука домаќинкиве. И никогаш не пишав дека жените на моиве двајца биле очајни домаќинки туку така ги нареков овие што испорипаа тука одма да ме напаѓаат.
    Во однос на смотувањето, јас не го гледам тоа така, како ќе ме смота кога и јас го посакувам истото. Не сум толку глупа некој да ме смота ако јас несакам. Ако немал жена тогаш незнам децата од кај му беа... А и да ти кажам право немало потреба да ме мота зашто со жена или без пак ќе сум го лежела.

    Епа вака, јас нивните жени не ги нареков очајни домаќинки ниту ги омаловажив со било кој збор. Очајни домаќинки ве нареков вас на форумов што испорипавте по мене одма. Очајна жена не сум, можам кој било да го имам, барем за мажи очајна не сум. Греота за жена му пишав во мила форма затоа што пред се е изневерувана, а од друга страна се фали колку препрасен посветен сопруг има. Тоа е жално затоа штоили живее во заблуда или сака таква искривена слика на среќен брак да остави пред другите колеги на работа. Како можеш ти да ми кажеш каков маж да си барам за ззабава? Каков сакам ќе барам, плус паметен маж не се бара за забава туку за се, само глупите се за забава, другоооо јас не ги барав они ме најдоа сами.Лесен плен сум само јас кога сакам, неможе мене некој со сила да ме „улови„ ако јас несакам. Не разбирам зашто секогаш женскиот род го ставате во улога на жртва коа е уловена, икористена, изманипулирана? Кај ви е самодовербата, зашто вие така не им правите на мажите? Пак ќе ти кажам не се оправдувам само пренесов дека неколку пати го имам видено едниот премногу изнервиран од дома, неможел да седи и дојде кај мене иако пред само пола саат си отиде од кај мене, значи се испокарал со жена му го изнервирала нешто и си се врати пак, да убие нервоза де.
    Остај тоа што се пренесува туку јас си имам толку многу свое ЈАС и самодоверба што ништо не кријам и се си кажувам. Ако на некој му одговара моето минато ок ако не пак ок. Еве ако те интересира баш сеа имам дечко 1,5 години сериозна врска и он знае ама апслоутно се за мене. Сум му кажала се, дека се имам гледано со женети и баш цели причи му ги имам кажано. Ама типот си е ок со тоа и си има самодоверба, битно му е каква сум со него сега, а не што било порано. А и нема право да ме осудува, ако му пречи тоа нека си најде некоја невина, недопрена, не го терам со сила да е со мене. Плус не патам ко тебе од тоа што ќе кажат другите и што ќе ме збореле цела Македонија, лелеее па ако немате попаметна работа зборете ме, јако е да им бидеш повод за муабет на луѓе без животи и теми за муабет. А види апрадокс до сеа никој немал муда у фаца да дојде и да ми каже „Ти ма сите те зборат не ти е срам„ блаа блаа оже сепак и не сум им толку интересна на луѓето. Ватевер. Осамена ич не сум да не ме мислиш. Родителите мои ме сакаат највеќе на светот па јас ако сум среќа ќе се радуваат заедно со мене, дали со женет, без нозе или каков сака нека е, ако јас сум среќна ќе ме поддржат. Го нема секој тој луксуз да има родители такви.

    Еве и после се, незнам што сум им дала јас што не го добивале дома, а не ме ни интересира. Сепак е до мажот. Едниов збореше се најлошо за жена му и ја вараше, другиот збореше се најдобро и пак ја вараше. Никогаш не сум се споредила физички или психични ни со едната ни со другата. Едната ни име не и знаев, другата само на слика и еднаш од далеку на прослава уште пред да биде се... Баш за овој хард коров сите зборат колку е прекрасна жена му, предобра, преубава и се најдобро ама ете тој пак си вара.
    Друго незнам зашто не сфаќате дека сексот и таа хемија и страст што ќе се појави меѓу двајца нема врска со брачниот статус на луѓето. И кога веќе има некоја таква искра дури и да не се направи физичкиот момент психички веќе се десило па после додека води љубов со жена му може си ја замислува другата или и девојкава си го замислува си мастурбира на него, а нема храброст да го исполни тоа физички. Кога ќе дојде веќе до такво нешто пиши чао и на брак и на се, немора да напраиш нешто доволно е да го помислиш, а ако не го напраиш поише фрустрации ќе ти се јават и ќе се истураш псоле на мажот/жената по дома... И не е во ред ни едното ни другото. Лично јас не сум склона на неверства, до сега немам изварано дечко затоа што се тоа што го сакам го добивам од него и љубов и секс и се и немам потреба да барам нешто +. До сеа не сум дознала да ме варал некој, може ме варал, а да не дознаам, незнам стварно ама сигурно нема да ми биде убаво ни пријатно, веднаш би прекинала и врска и брак. Швалерката ќе ми биде најнебитна у случајов, ќе бидам повредена од мојот дечко/сопруг, ама нема да водам војни со него сеа кој што како зашто е крив, очиледно прекинал да ме сака, нашол нешто кај друга и го направил својот избор. Дали барал забава, љубов, прелепотица не е битно, битно ми ги повредил чувствата и после тоа не би простила, плус ќе ми се одмили така да...
    Во однос на физчкиот изглед и среденоста сите знеме дека мажите се визуелисти и сакаат стегната женска и се тоа ама тоа не е воопшто пресудно за било што, ни да се заљуби ни да те вара. Мене сите највеќе ме сакале по тренерки и без шминка (лажам гола сите највеќе сакаат), мсилам дека сите машки сакаат природен изглед и никој нема да те сотави или вара ако си утепана од чување дете или исповраќана или незнам што... Секако дека има и такви идиот, лично познавам што одкако се родило детето сите обврски околу него и куќата и се е врз грб на жената, а таа кутра кај несредена, неизбањата уште и ја фрустрира со коментари за физичкиот изглед, ручекот и слично, а не знал детено една пелена да му смени. Е тие таквите гадови тоа го користат као изговор зашто ја вараат жената.

    Ама најсмешно ми е коа ќе прочитам, разведи се па иди со кој/а сакаш... Е како бе, знаете ли вие колку долг процес е тоа? Плус ако не проба како ќе знае дали е добро за да се разведува или не? :D Ноу хард филингс се зезам, и сеа немора и за ова да ме цитирате и да се објаснуваме.
    Не се гордеам со тоа што сум направила ама па не се ни жалам ни правдам. Реално било се, реално сум се носела со се. Не се чувстувам искористено затоа што никој со сила не ме натерал, не се осеќам изманипулирано затоа што никој не ме лажеш дека ќе се разведува и дека мене ќе ме жени, не се осеќам без морал затоа што ЈАС не варав, лажев и се криев од никого. Не се осеќам понижено затоа што не кријам за тоа јас која сум и имам доволно храброст да си го жиеам житот како што ЈАС сакам без да се плашам од обележувањето и осудувањето на околината. Реално тоа и го нема мн мн ко што го прикажувате на трачарскиов форум, ептен некои од дома што не искачаат и имаат само една другарка и со неа по цел ден ги редат сите кој што како праел, а лично ја и други глупости имам направено па еве до сеа никој не ми кажал еј те збореа овие така и така, ниту пак сум имала проблем во тоа да си најдам дечко „нормален„ ко што го викате, среќа не му кажел никој леле бегај од ваа без орал е со женети иде и бла бла муабети...
    Во однос на псхичките фактори и трауми од детството да ви кажам ете и за тоа, сакана сум хепи детство имав, љубов и хармонија у семејство,ете моите се скоро 30 години у брак без никакви инциденти или недостаток на респект од страна на татко ми кон мајка ми и обратно. И баш и помагал секогаш у се и ден денес кога им идам на ручек знае и он да зготви да помогне се што треба, срцко се у тој поглед за се. Никогаш не ме тепале ниту суделе, сум направила погрешни постапки ми држеле предавања со разбирање со се и ме поддржиле на крај и во исправање на грешка и во се, мислам дека секој родител би требало да си го поддржува детето ако гледа дека тоа му е среќата. Ај сеа ако бев лезбејка и у весник да се откажат од мене или ко на Џој другарката да ме исбркаат од дома со дете со се зашто била од женет човек, е добро де и од Марсовец да е внуче им е, не им е гревче...? Така да неам нкој потаен комплекс дека ете баш само женети ме привлекуваат туку ме привлекла некоја енергија, хемија како да ја кажам веќе и сето тоа се десило само заради тоа, не дека не сум можела да се контролирам, секој свесен човек може, ама зашто јас да се контролирам кога мене реално и неам што да ме кочи.
    Епа така...

    (морам на два пати оти ептен се распишав)
     
    Последна измена од модератор: 14 декември 2017
    На saren_petel и doubleg им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.949
    Допаѓања:
    153.616
    Абе сега семантики...нема потреба. Туѓ, мој, зошто, како...
    Ќе дојдеме до зошто му го зимате презимето, па после и поседовен лист или извод од матична книга на венчани, па шовинизам...

    Терај по темава. Да не мешаме сега.
     
    На Bankarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.332
    Допаѓања:
    38.314
    Пол:
    Женски
    Која е таа сопруга што ги пушта децата да шетат со швалерката на татко им? ШВАЛЕРКАТА. Да се разведени па овој со тебе да биде и да ги шетате разбирам ама вака не. Тој што нема мозок нема и што не мисли на неговите деца не мисли, ама ти? Како се претставуваш на нив? Здраво јас сум швалерка на татко ви.
    Инаку тој на тебе што ти е? Дечко?
     
    На cresa-jagoda, Emy867, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Зашто мислиш дека нема такви жени, па може и таа сака да се види со некого, може има некого... Може незнае, ама не бе тој скита по цели денови па сеа му текнало деца да шета САМ (прашалник), кој верува у тоа сеуште? А ти не искачаш ли со другари, другарки што имаат деца па да ги шетате заедно или нешто? Тие се деца, што има врска чиви се, ако он осетил толкава слобода да ми ги донесе зашто да не, дечиња се што има врска ако поминеш саат два со нив? Како треба да им се претстаувам извини??? Со титула? Не бе со име им се претставив „Здраво шеќер ја сум Банкарката„.
    Он на мене ми е љубовник, фак бади, пријател, женет дечко, дечко со сопруга :D абе тоа ли е најбитно у случајов? Не дека он ја вара жена му туку што ми е он на мене? Нишо не ми е, убав ми е.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и Asistentkа им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.582
    Допаѓања:
    240.184
    На мене Банкарката почна повеќе да ми се допаѓа отколку другиве:). Уште на клада да ја ставете. Сериозни сте со нападите? Да не ја имате мувата на капата па си ја ишкате? Така ми стои.
    Или се преплашивте. Па удрете по Банкарката.
    Чил жени, швалерки има и ќе има. Лоша работа се, ама ослободете се од гневот и стравот.
     
    На Ingvild, ♣ Alba Viduam ♣, ♡BuBaLe♡ и 9 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.982
    Допаѓања:
    66.393
    Пол:
    Женски
    Темата е отворена. Ве замолувам да нема повеќе навреди, ако сакате дискутирајте смирено и во склоп на правилата на форумот. Сметајте дека доколку се продолжи исто ќе следуваат веднаш банови од тема, бидејќи веќе неколку пати се брише, ама за жал пак на истото се враќаме.
    Благодарам. :)
     
    На Jas!, CameliaMiller, Asistentkа и 2 други им се допаѓа ова.
  13. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Не мора да објаснуваш дека не се срамиш, на сите ни е јасно дека не се срамиш. Тоа е непозната емоција за тебе...впрочем не знам дали имаш други емоции освен сексуална возбуда... И зошто го обвинуваш само мажот... за танго се потребни двајца. Океј си имала афера со него ама мислам дека најголема грешка ти е што си дозволила да им се вмешаш во семејството и да имаш контакт со децата.
    Никаква емпатија немаш, ниту за себе ниту за некој друг. Ама ќе разбереш се кога утре твоите деца ќе ги шета девојката на маж ти и тие самите ќе бараат да поминуваат време со ''другарката'' на тато. Како беше поговорката...ааа, да ''ќе заиграла мечката во твој двор''. Срце ќе ти се распарча ако воопшто го имаш. На почетокот многу остро те осудив, ама сега само те сожалувам...
     
    На Rama, Aquamarine93 и aleksandra4444 им се допаѓа ова.
  14. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Супер штом имаш дечко.И што знае се за тебе.А случајно родителите на дечко ти ако дознаат дали мислиш дека би сакале снаа како тебе?:)
    Сепак твој живот е,јас само мислење си кажувам нели форум е,ама стварно не би сакала да сум на твое место никогаш....Би се чуствувала толку ниска и безвредна жена.Затоа што треба да се мисли со паметот некогаш а не со нозете.
     
    На cresa-jagoda, Rama и elimkd им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.561
    Допаѓања:
    265.127
    Стварно е смешно замарањево со Банкарката, и искрено мене ич не ми делува до толку грешна. Како што и сама си кажа - таа никого не изневерила.

    Малце ми е ту мач дружењево со децата на типот, али тоа пак зборува за него, а не за неа.

    И најискрено кажав, ако некој мене до толку ми се бендисува, ни девојка ни жена негова би ме спречиле.
    Ако сметам дека можам јас да бидам повредена (познавајќи се себе, многу веројатно), ќе се повлечам за да се заштитам себе, а не неа.

    Јас лично не можам да осудам ничија швалерка (ни швалер), за мене вината секогаш лежи во тој што изневерува, 100%.

    И морам да начнам малку и еден друг момент, ама гледам дека некои жени се способни да ги оправдаат сите постапки на мажите, и сите други им се криви за нивните проблеми - свекрва, золва, друга жена... само мажето нивно никако не е криво и никако не е мрсул, другите се криви што тој е ужасен сопруг.
     
    На Asistentkа, ♡BuBaLe♡ и JuLleE им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.430
    Допаѓања:
    78.065
    Пол:
    Женски
    Си треба карактер, полов орган има секоја.
     
    На zokystanoevsky, cresa-jagoda, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.852
    Допаѓања:
    25.188
    Пол:
    Женски
    Edno ne mi e jasno .. Aj da se pomladi zeneti ,ke recam momentalna privlecnost ili sto znam sto ( iako nema nikakvo opravduvanje za neverstvo ) , ama so chichkovci od 45+ so polupobelena kosa da imam seks .. mi e nezamislivo :x
    Da , sum imala fantazii za Dzordz Kluni , ama ela imaj go da te vidam |( za selebriti imame site fantazija , ama za komsijata Mile i ne bas , kolku saka neka e drzakji i ubav , sepak ne |(
     
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Мислам дека недобразбирањата произлегуваат од тоа што варањето луѓето последно време го одвојуваат од другите видови аморално поведение, магично го сметаат за нешто различно од крадење, лажење, корумпираност, насилие...

    На пример некој да отвори тема и да се расприкаже дека украл 5000 денари од некого - нормално дека ќе биде осудуван. И за таквите си постои соодветна терминологија која се употребува.
    Но ако некој/некоја напишат дека изварале или дека биле со лице кое е во брак - тогаш не смее да се осудува, поради...што?


    Не мешам јас ништо, сосема сум доследен.
    Ајде повторно :)

    Крадење не е во ред. Истовремено осуда на крадењето е во ред.
    Варањето не е во ред. Истовремено осудата на варањето не е во ред.

    Можам уште да поедноставам но мислам дека нема потреба.:)

    Баш затоа што варањето не е во ред иако не е легално покриено - коректор на таквото однесување треба да биде средината. А средината ќе биде преку осуда на таквото однесување. Средината си и ти, и сите ние. Не е средината како државата, нема вработени надлежни, сите сме надлежни.
    Со неосудување или одобрување на таквото однесување - тоа ќе биде стимулирано.
     
    На buba4e89, Nausicaa, anaja1 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.582
    Допаѓања:
    240.184
    Вака читајќи ја Банкарка, си велам колку сум глупава. Имам прилики со женети на добри позиции кои можат да ми решат статус преку ноќ. Работа од соништата, среден живот, ни јас сакам да ме женат ни пак тој ќе има обврска освен секс и да се издува. Оти така му доаѓа.
    Ете веднаш можам, ама и не можам. Треба бе да си "роден" за тоа. А како што ми е преку глава од се и како што гледам како луѓе успеваат, моево ќе биде гола вода. Ама иди и направи го тоа. Онака, ради потреба. Сите среќни, а никој повреден.
    Има логика нели:D.
    Банкарке види каква инспирација си ми, види што ми прелетува 8-|.
     
    На Rama и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    А како тоа сум се вмешала? Сигурно не им се замешав сама во совршениот брак туку некој ме покани. И воопшто не се вмешав јас во ништо, немав никаков удел у неговиот фамилијарен живот, мојот живот со него беше башка. Не стоев ја на средина меѓу нив, кога можеше се гледавме не му крадев јас време со сила, а чидно па секогаш ми беше достапен... Ако дојде време маж ми да си фати девојка би сакала таа да е како мене, а дека ќе ми се распарчи срцето да ама ради постапката на маж ми, а не ради швалерката, а ако е добра со нив сама ќе и дадам да ги прошета оти со маж ми ќе се разведам па може ќе треба маќеа да им биде утре...

    Среќа не живееме во неолитот и зрел независен дечко не се секира што ќе му кажат мама и тато. А и не ми треба неговите да ме сакаат туку он да ме сака, не сум ја на обвинителна клупа па сеа да ми судат дали за снаа ќе ме сакале или не... Може со нив можам многу подобро да се понашам од било која поштењача, а таа и да е најнедопрена може секој ден пекол да им го праи. Нема правила и затоа кажав дека не ми е ни битно што мислат на дечко ми родителите... какви златни жени се жалат по форумов што свекрвата не ги сака без прилина па ја ќе се замарам... не е проблеж нека проба да ми се меша ќе и дадам 1000 причини да ме мрази.
     
    На Asistentkа, ♣ Alba Viduam ♣, MikiTass и 1 друга личност им се допаѓа ова.