1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    19.630
    Пол:
    Женски
    На кој начин според тебе јас треба да осудувам? Да дојдам на темава и да пишувам навреди од типот ти си ваква и онаква?! Никогаш тоа нема да го прочиташ од мене. Доволно е што сметам дека таквото однесување е несоодветно, неприкладно. Ама да ги покажувам со прст таквите и да ги вреѓам на форум, многу тешко дека некогаш ќе се случи. Нивниот избор е нивниот живот. Не мојот. Се изјаснив што мислам за таквите врски и сметам дека е доволно.

    Е сега, кога работиш во фирма, имаш дрес код. Ако не го почитуваш, имаш санкции. Ти намалуваат плата. Ако направиш криминал одговараш кривично. Ако превариш, те осудува средината. Се се тоа санкции, согласно стореното. А да ми се допаѓало таквото однесување или да го сметам за праведно, морално и нормално, ќе го живеев таквиот живот. Девојка со таков начин на живот, доволно се деградира самата себе. Самата не се грижи за сопствениот морал, па ќе се грижам јас?! Ич. Зошто има потреба јас да го правам тоа?! Не се ситам на туѓа мака, ни пак пукам сеир за вакви ствари и не ме интересира нечиј морал воопшто. Мое е да ги воспитувам правилно моите деца. Во духот на вистинските вредности. Да не го одат тој пат и да им бидам доследен пример.

    Едит: Секако дека истово важи и за мажите.
     
    На Yowannty, Asistentkа, ♣ Alba Viduam ♣ и 6 други им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Daj sovet no ne osuduvaj,moe moto .Podobro podaleku od zafateni maski :!:
     
  3. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Ама друго е кога правиш нешто за матријална корист. Затоа и неможеш... затоа што не е нешто од внатрешни побуди, хемии и страсти туку зашто е без такви емоции туку од надворешна корист.
    Ја сум си на чисто со себе затоа што мене никој ништо материјално не ми дал од нив, у смисла да ми возврати материјално за сексот, затоа сум си кулирала ама вака е мн подруго ќе неможеш после у огледало да се погледнеш знаејќи како си добила позиција или поклон или било што, тоа е осто ко да ти платил некој за секс... И за тоа треба да можеш така, ја не би... ако не ме привлекува милион евра да ми дава џабе...
     
    На Justicija и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Банкарката не сакам да ја коментирам.

    @buba4e89 прво рипни, па кажи оп. Навистина е голема штета млада девојка како тебе да размислува на овој начин. Јасно ми е колку години имаш и дека сеуште зависиш/живееш со твоите.
    Лесно е да се расфрлате со изјави од типот "јас исчистив се за 4 часа па пак имав време да се средам". Да и јас еднаш неделно чистам се за 4 часа ама домакинка сум секој ден. Лесно е кога тато носи, мама меси ако сакам ќе помогнам, ако не не морам ама битно ќе бидам средена.
    Кога ќе се омажиш и родиш деца, ќе видиш колку е тешко да се оди на работа, да се води едно домакинство плус да се чува дете. Јас не сум мажена, немам свои деца ама прерано останав без мајка со доста помал брат и татко кој не е добар, па брат ми остана на мои раце јас се грижам за него па така некако исто му доаѓа. На прво место го ставам него да биде зготвено, испрано, исчистено за него па после за мене, ако стигнам ако имам време а замисли работам во 3 смени.

    Оние кои ме познаваат знаат колку обожавам деца. Имам едно мало братучедче, две и пол годинки илјада сонца ме греат кога ме гледа и ми зборува, па ќе рече "дадо, ајде да си играме" е сега замисли да е мое, сигурно дека побитно ќе ми биде времето поминато со детето отколку да одам да се средувам за не дај боже татко му да бара секс на друго место, пошто мајка му грижејќи се за домот и детето не стигнала да се среди.
    Мене мажите кои имаат прекрасни и домакинки сопруги, а трчаат по други жени ми се прости и неизживеани. Да, за мене секоја мајка и жена е прекрасна, дури и онаа со повраќаници на блузата како што ги нарече ти. А секој паметен маж кој го поминал пубертетот, па периодот кога се влегувва во кратки секс врски и авантури, треба кога ќе дојде бебето на овој свет, тие некои работи да му бидат прифатливи. Никогаш не ми рекла за некоја мајка дека е исповраќана и дека смрди, треба да се има разбирање за некои работи во животот.
    Тоа дека жените немале време да се средат, па мажот трчал по се што носи суќна не ми е никакво оправдание, напротив. Кога ќе се омажиш и добиеш дете, автоматски на прво место ќе ти бидат неговите потреби.
    Во контекст за среденоста, ако швалерката е толку привлечна и средена зошто на крај мажот се враќа пак кај жената? Еден мој близок со жена му е во врска +20 години па откако паметам јас за себе тој си се швалерисува. Низ годините промени неколку швалерки, јавно си одеше сите го гледаа без никаков срам, швалерката сите дотерани, средени.А жена му мирна, повлечена, домаќинка жена која си го гледа домот и децата. И замисли за ниту една не ја остави жена му, туку по неколку месеци ќе си го свитка опашот и ќе се прибере дома.
     
    На YoungandBeautiful, Asistentkа, CrazyGirl15 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    242.715
    Маживе за волја на вистината се симпатични, не дедовци. Сеедно, зошто би легнала со нив, мене ми пречи она женет.
    Дали дека осетив како е и да изневеруваш и да си изневерен, одма ми се враќаат сликите од тој период. Така да, ако некогаш се најдеш од другата страна изневерена, или лично засегната ќе ги сфатеш сите овие жени и нивниот гнев. Оти тешко е да се ослободиш од него. Јас сега сум ок, ама лутината и бесот ме јадеа долго.
    Само се надевам дека никогаш нема да подлегнам на страстите и нема да се излажам да појдам со оженет.
     
    На Asistentkа, azelea, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.455
    Допаѓања:
    47.542
    Пол:
    Женски
    Остај ја де не е мала.Чим може да се меша во туѓи бракови ќе се одглави самата.
    Поддржувам љубов и се за љубов, ама врска со оженет човек плус и со детенце НЕ.Првин себе си се ставам во таква позиција татко ми да има друга жена или пак јас во иднина да имам 3та особа во бракот Боже сачувај никако.
    На крај краева 20 години има нејзе и се искача и се ака и се трошат туѓи пари.Првин детето нема да сака да му го чува, не е мала да се ака од ивици и марици за некое си машко.А богами не е ни доволно созреана како што гледам.

    Не знам на ваквите каде ќе им оди душата..без совест јаз'к.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    @Belgin1 така е прво ќе собереш информации за мене та дури и дека јас живеам со моите, та дури и дека зависи.
    Не ви се смачи?!
    Барем домаќинка да беше да ме прашаше мене јас сама ќе ти кажев.
    Па вашите размислувања се гледаат, ох да речам"мене таков маж не ми се паднал", па кој рече дека ви се паднал.
    Толку многу се пронајдовте во моите постови па рипнавте.
    Јас никогаш не сум се дрзнала да собирам информации за член.
    И не, не чистев дома. Чистев кај дечко ми кој додека беше на работа па најдов време за себе.
    Кој рече да ве остави мажот?!
    Срамота е да се нападне одма и да се наметне нечие мислење.
    Нека ти е јасно се за мене нема проблем, темата е друга.

    Патем јас реков дека можете да се средите зборев општо за жени што значи и јас спаѓам тука, а вие домаќинки ете тешко ви е.
    Секој си има прави на мислење само што овдека прво се рипа па потоа иде оп. Пријатна вечер и ве молам поштедете ме од вашите попувања кој и што е, јас за вас навистина не се интересирам.
     
  8. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Бубаче кога повеќе лица ќе ти укажат дека грешиш треба културно да се повлечеш, а не да се расправаш.
    И не не сум собирала информации за тебе, не се преценувајте до толку туку како што можеш да видиш член сум на форумот и те читам низ темите, па тој заклучок околу годините и дека зависиш од твоите сум го стекнала врз основа на твоите миселња.
    Ниту сум љубопитна, ниту ме интересира кој е кој, ниту планирам да се распрашувам.
    Во секоја тема скокаш, па така и во оваа изнапиша еден куп глупости без да размислиш дека те читаат илјада луѓе и жени. Каде и како си чистела е твој проблем, нас не не засега јас ти укажав на она што мислев а ти како ќе го прифатиш тоа си е твој проблем.
    Не те напаѓам тука ова е форум коментираме, дискутираме па тоа и е намената на форумот колку што знам јас.
    И не ми е јасно што има лошо во тоа ако некоја е домаќинка? Треба ли тоа е да е нешто срамно?
    Јас сум девојка, жена, домаќинка зошто чистам, перам, пеглам готвам и замисли не ми е воопшто срам да го кажам тоа. Одам и на работа и секако дека знам да се средам и да излезам, па да се подновам со нешто и далеку од тоа дека ние седиме усмрдени и стоиме само над тенџериња.
     
    На YoungandBeautiful, IM.TMKQ, Emy867 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Па кој рече дека е срамно да се биде домаќинка?
    Абе сум шетала усмрдена цел ден, сум се бањала со канче па пак сум била чиста. Јас зборев за жената што е изнерверена и треба да има и она улога во бракот, зашто мажот си шлапка на страна. А она средена и несредена сеедно важно он си шлапка. Не ја исклучив можноста дека тој е крив, жената колку и да е домаќинка треба и да е жена и мајка. Јас зборев за жени без деца, а овдека ако е некој крелица Елизабета веднаш се рипа "а па ја не сум таква,а па јас немам таков маж"...
    Кој спомна за поединци, зборам во множина. На тапет е навредување.
    Како тоа не си љубопитна, па сега штотуку изнесе факти за член и јас те читам со години па не сум се дрзнала да ти ставам факти тоа е разликата меѓу мене и тебе. И секогаш ќе биде.
    Јас не можам да ну бидам во куќа на некој и да му изнесувам тука факти.
    Не го оправдувам неверството на мажот ниту на жената, меѓутоа ниту една од вас не го спомна ВЗАЕМНОТО ВЛОЖУВАЊЕ ЗА УСПЕХ НА БРАКОТ.
    Знам јас како е да се живее во заедница, немај гајле ти. Чувам и јас внук од бебе, го ранам и шетам,да ми е жив и здрав душата би ја дала за него и пак наоѓам време за себе.
    Не сум мажена, та дури и да бидам и дете да чувам ќе се ослонам на некој, сите вие се ослонувате на некој. Никој не рече дека вие лично сте несредени туку општо има несредени жени исто така реков зашто да си дозволите да ве гледаат со повраќаници(сопствени) не од бебе мене лично би ми било срам.
    Јас не реков дека жената е виновна за неверството на мажот. Јас кажав дека има секакви мажи, а вие веднаш "најди си таков одма што ќе каже дека детето не е само мое". На што личи тоа побогу, дали и личи тоа на мајка која воспитува дете?
    Кога јас сум рекла дека е грда некоја мајка која знам колку се мачи за едно дете? Никогаш испод ниво ми е.
    Ниту пак Банкарката ја оправдувам, мене ми е баш мило што некои членки си имаат мажи што ги сакаат и без мирис на себе, што и треба, што заеднички решаваат се.
    Меѓутоа има мажи на кои им е полесно да си легнат додека жената плаче, да си вараат додека раѓа итн.
    Индивидуално е.
    Што рипнавте ако сте средени? Та и да не сте што ми се правдате,која сум јас мене да ми се правдате некој рандом лик на форум и што мене да ми се докажувате затоа што јас сум мислела така.
    Бракот не е само секс ако се изгуби страста во спалната и ќе стане секс само. И на швалерката и го става ама ја шета по ручеци и викенди а жената седи дома и си мисли дека е на службен пат. Ама само си мисли.
    Не е тоа тоа, не е едноставно.
    Патем не ми се гадело од бебешки повраќаници пошто сум се нашла во иста ситуација па ми се смееле луѓе, па јас од смеа заплакав зашто се почувствував како мајка а не сум ипак бев и сум тетка.

    Да ова е форум и убаво си дискутиравме на почетокот се додека не почнавте да ме напаѓате затоа што сте ете несредени како сами си наведовте,а никој не ве прозва се пронајдовте сами.
    Ви смета мојата реалност јбг инаку ако имавте успешни бракови немаше да скокате за тоа што кажал некој рандом лик. Така живејте си во заблуда,а јас ќе си живеам во бајка пошто така ми рековте и многу ќе почнам да се секирам за тоа. :hai:
     
    Последна измена: 15 декември 2017
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    66.157
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Сама си ги испревртуваш зборовите или мене така ми се чини? Некако многу ти се неразбирливи мислењата, не знам дали е до мене. :?:
     
    На YoungandBeautiful, НаталиЛили, ivi1987 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Никако. Свесно кажувам што мислам. Ќе должиме уште или ќе си легнеме?
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.842
    ^ муабетов на @JuLleE и @Bankarkata ме потсети на една моја колешка.

    Веќе знаете дека работам во здравствена установа, што значи измешани сме секакви видови на професии, образование, финансии, потекло итн.

    Како и во секоја ЗУ и кај нас има швалерисување, за кое јас не знам многу, од причина што не сум директно инволвирана во работата што е надвор од очите на јавноста.

    Но, имам колешки, за кои знам дека се проституираат (најчесто со доктори, пошто тие имаат материјална можност да им "платат" за "услугата") но има и швалерисување за ќеиф.

    Мене овие две работи ми се различни и различно ги перцепирам.

    Проституција е една работа (иако не е класично проституирање), но за пари, парфеми, унапредување итн. Сепак е проституирање и сметам дека на таа личност која се проституира треба да и' се помогне, пред се' со психолошко советување, затоа што очигледно има проблем со перцепцијата на сама себе.

    Од друга страна, швалериве и швалерките (секој по дома си има сопруг/сопруга) не ми се алармантни. Они си знаат ми е коментарот за нив.

    Само се' додека е ќеиф во прашање пак ќе речам дека ќе разберам, но имам колешка која не се крие, јавно е дека спие(ла) со пола ЗУ.

    Прво, за мене е лошо да имаш било каква врска со некој од работа (во брак или не), а уште полошо е кога имаш секс со пола колеги и претпоставени, од причина што ниту еден успех нема да биде лично твој (колку и навистина да вредиш) и секогаш некој ќе те држи во рака - ќе може да ти го земе и тоа што ти го дал, но и тоа што сама си се потрудила да го добиеш.

    Конкретнава колешка е навистина одлична во својата работа, паметна е, многу подобро работи и од постари колешки, но џабе и' е сето тоа, џабе и' е и образованието, кога ништо не и' се признава за заслужено.
     
    На augustd, azelea, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    242.715
    Камелија, муабетот беше дека како пречка за мене е тоа што е женет. Не ми прави разлика дали е од мерак или друг вид на задоволство. Ако е така, има бракови и од интерес. Едно е да земаш пари за секс, друго е да го користеш за остварување на своите интереси.
    Швалерај од љубов е само е бајка за мали деца или ајде реткост. Обично ваквите врски се поради интерес. Јас стојам на тоа дека возрасен зрел човек може да ги контролира своите нагони. Затоа и сум против ваквите врски и за мене виновни се и двајцата.
     
    На YoungandBeautiful, Asistentkа, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.985
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Лелеее, ова ''средена'' ноќеска го сонував :D Што значи за тебе средена жена? Ти си девојка и чистиш кога ќе ти прдне, а ние мажените постојано го правиме истото, за нас нема сега несакам, мајка ми ќе среди.
    Ние мажените редовно се тушираме и бањаме (не смрдиме) АМА немаме време секогаш да се нашминкаме и исфенираме. Башка, не секоја жена сака да се шминка бе, јас на пример користам само кармин и римел а коса не фенирам никогаш. Башка, сите мажи се различни, мојот на пример не сака шминка, посебно пудра.
    Ти ќе се прошеташ со дечкото неколку саати, и целото време на него му го посветуваш, немаш деца доле по нозе да ти се влечат и да не ти даваат да се гушнеш а недај боже да ти текне да се баците во образ бар, е тука избива војна. Плус Бубаче, утре ден кога ќе се омажиш нема да можеш 24/7 да бидеш со перфектна коса и со комплетна шминка, бар за спиење ќе ја извадиш и оп, реалноста е друга одма.
    Има жени надвор што се скоцкани од глава до пети, ама оди дома пред спиење без шминка и фризура види ја, ќе избегаш одма.
    Затоа, кога ќе имаш маж и деца тогаш ќе ја видиш и другата страна и ќе видиш дека се што лета не се јаде.
     
    На YoungandBeautiful, cresa-jagoda, orhideea и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.985
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Ајде жени да си пакуваме куферите...
     
    На YoungandBeautiful, orhideea, Belgin1 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.856
    Допаѓања:
    122.893
    Па и мажот треба да е среден бе, само ние ли средени:) Шала на страна ама така си е....

    А ако е точно она што го пишува банкарката, кој дебил од маж е да си ги шета децата со швалерка. Греота за тие деца. Тие најмногу страдаат. Верувам утре да дознаеш дека маж ти ги шетал со швалерката децата, ќе те заболи душата....Ти ќе го оставиш може, ама самата помисла, одвратна е . А деца ништо не разбираат. Да им го јадете га*от !
    Утре тој татко јас не би го погледнала!
    [
    USER=117118]@Bankarkata[/USER] за родителите, ми падна жал и за нив. оти викаш најдобри родители имаш. Верувај нема да им биде се исто. Ќе те сакаат да, ама ќе бидат повредени. Ниеден родител не би бил горд на таква ќерка/син. Швалер/швалерка .

    прост пример-татко ти има швалерка. сеедно ќе ти е?
     
    Последна измена: 15 декември 2017
    На Luciferovog zlo♧, cresa-jagoda, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.842
    Не зборував за тебе, конкретно, него целиот муабет ме потсети на таа ситуација.
    Верувам и во ќеифот, ако и тоа го сметаме за интерес, интерес е.
    Не верувам дека секој швалерај е од материјална корист.

    За вториот дел се согласувам делумно, во смисла дека возрасен маж секако може да се контролира (и жена), прашањето е колку сака да се контролира. Таа, другата, не е виновна што тој нема самоконтрола.
     
    На Asistentkа, Someonespecial, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.954
    Допаѓања:
    166.277
    Пол:
    Женски
    Родителите ја подржувале во нејзиниот избор. Така кажа. Ај еднаш и ја поддржале едногодишната врска со оженет. Па следува и втора таква врска. Пак ја потапшале по рамо и ќимале со глава. Е шо толку најдобри родители се тоа:?:.
    Да ја гледам ќерка ми како и минуваат најубавите години ,пополнувајќи му ги дупките во животот на некој си мачомен кој нема убав живот дома и бара страст во некоја од надвор која ќе му го улепша веќе монитониот и беден живот. :yawn:
    Јас донекаде ги разбирам мажите кои имаат швалерка. Кој знае колку е бедно да живееш со жена која не ја сакаш,која не те привлекува, кон која немаш никаква страст. Па и секоја вечер ,секој ден да треба да ја гледаш до тебе,околу тебе. Немаат муда да се разведат, па едино нешто што им преостанува е да си најдат љубовничка,која малку од малку ќе им ги залечи раните . Така шбалерките им ги одржуваат браковите . И волкот сит и овците на број.
    Не дека нешто мачоменот многу ја сакал банкарката, ама ете си имал нешто што ќе го исполни и ќе нема да се нервира кога ќе треба да си легне со жена му некоја вечер.
    Сва среќа што и те како има се уште мажи кои ја вреднуваат жената. Прво ја ценат и почитуваат,а после се ја сакат,љубат.
     
    Последна измена: 15 декември 2017
    На orhideea, Rama, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Како не ви здосади едно те исто 3 дена да зборите??:swear::tmi:
     
    На Rama, Asistentkа, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.954
    Допаѓања:
    166.277
    Пол:
    Женски
    И најсмешно од се ми е кога ќе слушнам изјави од швалерките- Ама он мене ме сака, мене ме носи на одмор, мене ме носи на ручеци и вечери со пријателите, со мене се шета. Неее бе девојчиња, не ве сака вас. Не си ја сака сопругата!!!! Тоа е различно.
    Тој прво себе си не се сака,не си ја сака жената, децата свои не си ги сака , вие со сиот памет мислите дека вас ве сака?(facepalm)
    Љубов е различно од страст. Да ве сакале вас ќе си ги оставиле сопругата и децата ( колку вие и да не сте го сакале тоа) и се ќе направеле да бидат со вас , да живеат со вас.
    Така да не се залажувајте дека сте посакани од сопругите. Само сте попосакувани и сте сламката за која се фаќа давеникот:hai:
     
    На cresa-jagoda, orhideea, Rama и 10 други им се допаѓа ова.