@Bubce38 јас имам во мојата околина 2 примера од блиски каде мажот се ожени со швалерката. со деца беа иначе. Не во сите случаи мажот е вљубен во сопругата
А јас на најмалку 2 случаи можам да се сетам во моментов, од пријатели на моите. Првиот се разведе за да се ожени со швалерката, која беше веќе разведена, а вториот и швалерката негова си ги оставија брачните партнери за да бидат еден со друг.
Оооо тоа да . Сите знаеме по некој таков случај. Зборот ми беше дека секој маж кој има швалерка НЕ си ја сака сопругата( можда ја сака де,ама не доволно) Но,не секој маж кој има швалерка ЈА сака швалерката. Ваквите ми се почести. Никого не сакаат а и сите ги сакаат
Нема никакво оправдување кога има сплетка во ваква работа а сама си ја прави сплетката не треба да си го бара каде што местото не и е таму да се растура фамилија која среќно или несречно живее не е битно тоа ама битно е за неговото семејство дома жената го пере го готви му чува деца и не заслижува такви работи за тој да си праи кејфои. Но доколку таа не овозможува можеби тука е во право тој ама ни тука нема оправдување може да направи развод а потоа нема никаква криенка забрани. Нема оправдување.
Јас ако дојде ден да разберам дека мм има швалерка нема да се нервирам и да тажам што си нашол љубовница. Ќе жалам што му згаснала љубовта кон мене. Само тоа ќе ми биде болното.
Веќе дискутиравме има жени што не ги интересира тоа. Дал од интерес дал од љубов... Мажот е тој што не треба да си го растури семејството. Да си седи мирен. Ако тој даде повод, кој повеќе е крив-швалерката или он?
Мене женет човек ми се имаше пуштено ми се свиѓаше имав симпатија спрема него ама нр му покажав не ни сакав размислив затоа како жена му е дома и седи со децата го чека него а тој седи со нас во друштво добар човек е и да помогне и се ама не сакав и не ни сакам да се осудам на такво нешто. Инаку од двајцата еден треба да направи СТОП без разлика кој.
Јас мислам дека повеќе бес би те фатило, во смисла зошто нешто ти правел зад грб. Мизерно е. Ако веќе му згаснала љубовта можел како човек да каже и како човек да се раздели.
И да ми каже исто ќе ме боли. Можда нема да чувствувам толкав бес ако од старт ми признае и ме остави. Ама болката ќе биде иста.
Неможе да е кај секој исто. Ама од 50+ животни сопатници е бракот да се држаат еден до друг и своето семејство што го створиле
Па да, ама така некако нема зошто да се лути човек. Пример, нема швалери и слично, него едноставно те седнува и ти кажува дека повеќе не се чувствува како што се чувствувал, дека сака секој по својот пат да продолжи итн. Не дека помалку боли, ама е многу подостоинствено него да го фатиш со швалерки итн. Покрај болката што љубовта исчезнала, тука има еден друг момент - погазено достоинство, понижување, изигрување.. итн.
Не е минлива. Само еволуира. Кога си со некој и во добро и во лошо, кога ќе го видиш во секое можно светло, нормално е дека љубовта, чувствата не може да бидат исти како на почетокот на врската/бракот. Се менува, затоа спомнав дека еволуира. Дали во подобар или полош облик, зависи.
Јас не сум ни 24/7 перфектна и не бегам од жени без шминка. Ама вие кога ќе излезете на кафе со пријателките стално си велите "Леле оваа каква е како од гроб излезена". Не надавај зборови за членот што не го знаеш. И навистина ми здосади да ти кажувам едно те исто, како што јас не се слагам со тебе така ни ти и заврши го муабетот тука. Не ме цитирај веќе досадна стануваш. Бог да чува
Кој тоа ние бе бубаче???Аман, заман. Кога излегувам на кафе со пријателка, одам неа да ја видам а не околината како изгледа, како се облекла, како се нашминкала. Ти во темава направи парче, ги ипонавреди жените и после зошто те цитирале, бла, бла. Ти цело време упорно збориш за средување, смрдење, повраќаници, мислам дај малку нормален муабет без навреди индиректно. Еднаш си за женети по клубови забрана за влез да имаат, после е жените од што не вложуваат во бракот, не се средуваат и не посветуваат внимание се со набиени рогови за на крај да има момент кога никој нема да ни биде крив дека мажите ќе не остават зошто нема да се средуваме. Дај ти се молам. Човек и на глава да се преврти и да нацрта пак нема да ја сфатиш поентата. А, ти си таа што цело време наддава, посебно ова што ми забоде во очи. Ова беше моето последно цитирање, толку од мене со тебе. Да не бидам оф, кога бев девојка ја шишав косата двојка со машинка и ретко се шминкав и на моја најдобра другарка мајката ми даде ваков совет: ''Дете, дечко и маж сака жената коса да има а не кога ќе легне со неа да мисли дека со маж легнува, да има за што да ја потегне. Биди жена да не те остави'' И тоа со век и векови си остана по луѓето како што гледам, таквото размислување А има случај каде што моја колешка растури брак, му се убута и сега си живее со човекот, невенчани и му ги чува двете деца. Само што знаете која е трагедијата? Истиот овој мачомен и неа ја изневерува постојано со различни девојки а она упорно и упорно си седи со него а уз пат пробува на двајца други женети да им се убута зошто очигледно за неа се предизвик женети мажи. Сешто држи земјава...
Добро сега и двете страни одете во крајности. Не е научна фантастика да имаш дете и да треба основни хигиенски навики да извршуваш. Аман кој седи неизбањат. Нормално на почетокот ќе мирисеш и на повраќаници, ама ќе се пресоблечеш. Јас не можам мирисот да го трпам и се пресоблекував. Инаку за по дома секој се облекува поеднодтавно, тренерка, хеланка. Ваљда не шетате во штикли по дома. Донекаде и држи вода дека жената треба да се средува, ама најпрво за себе, а после за мажот. Исто и мажите. Оправдувања може да има за се нели, ама време за основни навики се наоѓа. Јас коса несредена немам никогаш. И со бебе ја пеглав. За себе како прво, во 1 по полноќ ако требаше. Ненашминкана, без пудра, молив и сл. не излегувам. И пак тоа го правам за себе. Од секогаш. Ама тоа никогаш не смее да биде причина за изневерување. Тоа е повеќе како оправдување. Во бракот треба многу повеќе од физичка убавина. Мислам дека старите генерации наметнаа многу влијанија како жена средена за мажот да не шета. Жената долга коса да имала за мажот да кубе. Ова при секс изгледа. Жената ако е добра домаќинка, мажот ќе го заврте дома. Мора ручек за мажот и ред други работи во кои само е битен мажот. Во спротивно жената е виновна и нормално мажот ќе си фати швалерка. Па читав и коментари кога швалерка ќе одлучи да има нормален дечко, па што ќе кажат родителите. А тие родители швалерисуваат цело време. Ама да се дели морал, да се осудува. И лошото е што ова го прават млади жени. Место да се ослободуваме од балканштината, ние радо ја прифаќаме и секогаш поинтересен ни е туѓиот двор и швалерката. Мажот на Балканот е света работа. Се нему друг му е крив.
Inaku , zavisi od mazot za ova . Nekoj saka kosa vo krevet, ama nekoj se zgrozuva i stanuva od jadenje koga kje najde vlakno kolku shpageta vo rucekot
@buba4e89 јас ти ја сфатив поентата уште од почетокот со тоа што сакаше да кажеш дека секој маж сака да си ја види жената средена, да се одржува страста во бракот итн итн, меѓутоа предалеку замина со констатирање дека сите жени кои не успеале да се средат, дали ради дете, обврски и небитно, ќе бидат изневерени. Љубовта е многу повеќе од тоа. На темата, според мене главниот виновник е човекот кој изневерува. Не ја оправдувам третата личност за тоа што се замешала во нечиј брак, ама нели ако не била таа, ќе била друга. Значи во ваков случај проблемот се решава исклучиво со партнерот, независно дали ќе се прости неверството или ќе заврши со развод.