1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Јас не кажав дека ако жената е несредена ќе биде изварана. Тамн работа тоа е апсурдно.
    Напротив дека не е лошо да се средат и за себе и за мажот.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    За болдот, која е таа ситуација кога некој по дома си шета со сопствени повраќаници? :^) Мислам дека пробуваш да се извадиш на погрешен начин кога ти посочија дека грешно ти е размислувањето.
     
    На YoungandBeautiful, crimson, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.242
    Допаѓања:
    200.259
    Пол:
    Женски
    Баш така кажа, дека сите ќе бидеме „изварани“ оти сме биле несредени по дома.
     
    На piglet1, YoungandBeautiful, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам.
    За мене маж кој ја изневерува сопругата, фактиички го изневерува целото семејство.
    Оној кој не си ја сака, чуве и почитува сопругата со која створил фамилија, во најмала рака е смешно да очекувам да ме сака мене.
    А тие муабети дека женет човек шетал и излегува на ручеци ваму таму ме асоцира на простотилук и неизживеаност. Без навреда ова спрема никого ама реално е така.
    Дома си има жена и деца што го чекаат, ручек на маса, топла постела, испран, среден а тој шета девојки.
    Искрено само ми е жал за таквите девојки што дозволуваат годините да им минуваат покрај такви луѓе. Не дека нема обратни примери ама тоа е 1 во 100. Голем дел од мажите знаат да си го свиткаат опашот и да си се вратат дома оти еднаш изградено семејство не се руши така лесно.
     
    На Meckicja и Offspring им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    И да ми е тоа е најмалку битно,секој различно размислува и сфаќа,што очекуваш?
    И јас мислам дека одредени членки размислуваат погрешно и требали да ги тупам 5 дена?
    Дај прекинете не сте мали деца. Јас прва не го спомнав зборов повраќаници тоа беше Иви.

    Посочи ми пост каде сум кажала баш вака со овие зборови.
    Или сум рекла кога ќе бидете изварани ќе правиме муабет а тоа не значи дека несредени ќе бидете изварани.
    Ми се здосади више од вашите наметнувачки мислења, престанете да се секирате за моите мислења. Боже Петра, се крстам.
     
  6. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.362
    Пол:
    Женски
    Интересна тема . Според мене многу е тешко да спречиш, ако некој има желба да изневерува, ќе го направи тоа по секоја цена. И мажите и жените изневеруваат. Голем дел од луѓето го имаат тоа во гените, можат да се воздржуваат одреден период, но кога и да е во текот на животот си наоѓаат добра прилика и изневеруваат. Јас не оправдувам изневерување во брак, ни во врска до душа, ама ајде може да се преболи за врска и да се најде решение , а во брак можат да се искомплицираат работите, најмногу ради децата. Најголем проблем е што во денешно време веќе се е претерано, се оди во крајности, никој не се обидува да се прикрие и да внимава да не повреди некого, се сведува се на лично задоволство, а мажот/жената и децата нека си снаоѓаат. Како и да е во вакви бракови, каде еден од партнерите изневерува., на крај сите комплет се несреќни, нервозни, неисполнети....
    П.с. Оваа за несреденоста на жените како причина е голема глупост, имам другарка која е топ риба, значи нема што нема убаво на неа, средена 24/7, па маж и ја изневеруваше кај ќе стасаше и тоа со секакви девојки, конечно ги отвори очите и се разведе, среќа голема немаат деца, да не патат поради глупавоста на таткото.
     
    На zhap4e, ivi1987, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.951
    Допаѓања:
    153.621
    Бубаче вчера на дм му ја раскажувам еуфоријата, бановите и зборовите од темава, после сс знаеш што ми рече, ај што по тема изглед дека ни во милион светови не би имал збор по прашањето туку и едвај чека заеднички да носиме повраќаници, тоа што можда ќе ми се свиснат стомакот и градите еден ќе биде заради заедничката радост и додаде цитирам - за да те замени друга мора да има дем гуд сарказам и хумор, а ти за мене си врв колку ме смееш. Да, за некого немам смисла за хумор, ама него е погоден и се смееме постојано, секогаш во секој момент. Ако нема хумор нема ништо. Се што беше најтешко го поминавме низ смеење. Отворив очи во еден тежок момент и се што видов е потечени очи од плачење, огромна насмевка и глупава заебанција која ме натера инстантно да се насмеам иако не знаев каде сум.

    Извинете ако некоја има маж кој и вика ало оди среди се и ја прави непожелна и невредна баш мо е жал. Многу ми е жал за неа. Заслужува да го остави, а ако му верува веројатно заслужува зошто таквите обично не сакаат да бидат разубедувани дека тоа не е нормално.
     
    На Rebecca_R, fina erika, Offspring и 21 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.332
    Допаѓања:
    38.314
    Пол:
    Женски
    Ако ти маж ти те сака ќе те сака и со мрсна коса, со акни по лицето, со стрии после бременост, со повраќаници, со мирис на млеко по маицата, со мирис на пот (жените кои дојат знаат колку се потат и колку мириса потта при доење). И после се ќе ти каже На мене си ми најубава. А тој што не те сака, најубава на свет биди, ако сака пак ќе те изневере.
     
    На ADOKI и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.951
    Допаѓања:
    153.621
    Смешка на векот колку ли ќе имаат прв танц на Перфект - Ед Ширан, а он и вика оди среди се на ништо не личиш...
     
    На Someonespecial, JuLleE, Srcka $ и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.956
    Допаѓања:
    224.375
    Пол:
    Женски
    Пред некое време се паркирам излагам од кола и слушам еден дечко како и вика на девојката-Оди ма среди се да ги видиш во БЕОГРАД сите девојки какви се средени на ништо не личиш ти.
    Девојчево скромно облечено со некое килце повеќе
    Машково педерастик невиден со припиени фармерки дреч црвени на ластик
    Ми идеше да му учукам една заушка..два дена тркнал на викенд кај баба му и дојде тука на девојчиња комплекси да им набива...

    Ми текна муабетов де..
     
    На fina erika, SofiMar_, piglet1 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Оф топик сте женски сите, ниту врска прочитав ниту дека била со оженет. :?:
     
    На Dadusicka и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па не знам тоа се техникалии, дали ќе им упатиш погрдни зборови или нешто друго, тоа зависи од особа до особа, сите си имаме различен начин на реагирање. Во секој случај некој да се избаци со изјава како украл 5000 денари од свој другар, секако дека погрдните изрази би биле полесни за изразување.

    Особи кои уништуваат семејства и оставаат хаос, далеку поголеми штети од 5000 денари = не би требало да е проблем да се упати погрден збор кон нив, сеир, заебанција без разлика дали е швалерката или сопругот (кој е ултимативно дно во таков случај).

    Да споделам еден случај, тетин (дно од особа, талог, да не ги навредувам сега имбецилите со споредба) со години имаше швалерка (настрана што ја тепаше тетка ми, психичко злоставување настрана, ја обвинуваше дека се швалерисувала = проекции колку сакаш, неоснована дебилна љубомора, не ја пуштал да се вработи да не му ја украде некој на работно место као и секакви срања ми имаат кажувано) абе праф маш, стандард издание мејд ин Југославија у време Тита...
    За среќа тоа заврши со развод, но тој развод дојде прекасно, за неа, сеуште има гадни последици жената од тој живот. Нормално дека одамна не комуницирам/е со ликот, но она што сеуште ме прави да се осеќам како последна мивка, што ме убива во поим е тоа што ниту еднаш не му кажав дека е мизерен алкос и подвижен срам, дно на дното, гомно, реклама за абортус и било што во тој правец,
    Сите знаевме а никој не му кажуваше такви ствари :worried:
    Кои сме ние да судиме? Да, баш.
     
    Последна измена: 18 декември 2017
    На Gosh, ivi1987 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.237
    Допаѓања:
    169.563
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ич нејќе крв да види. Кога имам добиено секс немаме. Па еве утре ќе се потпишуваме. Можда треба да ја разглеам можноста да си најдам шФалер со време, оти како беше... “.. шФалерот да ми го дава она што тој не ми го дава.” Пууу :doh: Ко м’ж се осетив сеа. :D

    Врската, заедништвото помеѓу двајца захтеваат многу подлабоки ствари од несреденоста. Ако треба утре да се плашам дека тој ќе фати швалерка зошто карикирам, јас не сум ставила маскара тој ден, или неколку денови по ред тури му пепел.
    Маж вара од 2 причини. Има некои што едноставно не можат да си го зачуваат во гаќи, иако имаат совршен среден живот и убава средена жена, тие немаат апсолутно никаква почит према она што го имаат, и другите кои имаат проблеми и немаат муда да се соочат со нив па бараат утеха на страна. Изговорите и на двата типа им се секогаш исти и банални, некаде и некогаш жената..... “прднала”. Секогаш друг им е крив, и си наоѓаат оправдување во истото.
     
    На Rebecca_R, fina erika, An-na и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.479
    Допаѓања:
    19.627
    Пол:
    Женски
    Сатаниста. :devil: И кажи ми, што ако му го кажеше тоа? Ќе сменеше нешто? И јас имав таков пример во фамилија, ама ене ги уште се во среќен брак. Ако се замешав, виновна ќе бев денес. Дадов некој совет, не дека не, оти сметав дека треба. Ама џабе.

    Инаку, сакав малку понаку да го објаснам ова.
    Најважниот дел на една општествeна единка е семејството. А моралот потекнува токму од таму, како неминовен дел за развој на истава. Она што ние можеме да го направиме, како општество, не е да осудуваме, туку да ја кренеме свеста за ваквите работи, а со тоа да се подигне и моралот. Ич не се постигнува тоа со осуда. Него, секој тоа треба да го прави, во рамките на своето семејство и поблиска околина. Оти гледаш, некој ниту срам има, ниту грижа на совест. А зад тоа, стои психолошка основа, која јас не ја знам, а се решава, врз основа на методолошки принципи. И совеста, сметам дека е најголема казна за ваквото однесување. Идеално би било да се парафразира критиката во позитивна, или барем во неутрална. Само така ќе се долови ефектот.

    Ете на пример, сега, да речеме дека ти мене ме осудуваш, затоа што јас не осудувам. Чисто пример де. 8) Сите се различни, што е впрочем и основа на едно нееднакво, а сепак демократско општество. И дали ако се потсмеваме и навредуваме ќе го поправиме моралот на една индивидуа? И така ли ќе сфати истата? Осудувањето, не е заштитен механизам, за да се задржи позитивата. Наместо да упатам негативна критика и навреди, тргнувам од фактот, дека јас не ја познавам индивидуата, не го знам проблемот од близу, ниту пак моето воспитување, моралот и етиката ми дозволуваат да навредам. Затоа што тоа е непишано правило? Не. Моето е да го основам и задржам моралот кај моите деца, кај себе си, во рамките на моето семејство и евентуално да советувам некого за таквиот проблем. Ако ја познавам личноста, ако тоа од мене биде побарано. Ако сметам дека треба. И уште една идила би била секој тоа да го прави. Не секој живее исто. Осудата кон другите, нема да ме направи подобра личност, ниту попаметна. Освен што можеби ќе доловам колку сум гневна во однос на таквиот проблем и каква моќ или во случајов немоќ на ниски удари поседувам. А немам никаква потреба да го правам тоа со осуда.

    Неретко, тешка социолошка и тешка психолошка заднина има проблемов. Јас на никого не сум му во кожа. И затоа не можам понатаму ништо повеќе од ова да зборувам.

    Во брак сум, со две деца. Никому не му посакувам, нормално ни себе си. Би била бесна и гневна, да ми се случи мене. Ама вината нема да ја барам во љубовницата. Ќе ја барам во нас двајцата, најмногу во него и секако еден дел и во неа. И проблемот, нема да го решавам со осуда. Ами ќе ги барам реалните причини, со трезвено размислување. Само така се постигнува позитивен ефект.

    Ако јас се чувствувам добро во својата кожа, за тоа каква сопруга сум, каков родител сум и што во животот сум одбрала, немам потреба да насочувам остри критики и осудувања. Нема да им се потсмевам на другите за нивните избори, и тежината која ја носат, следствено погрешните од нив. Не сум совршена, ама нема ниту недостатоците мои да ги покријам со тоа што ќе ги ставам на тапет за осуда другите. Така, не би се чувствувала подобро. Ами напротив.
     
    На Srcka $ и doubleg им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема што да речеме, јас не те осудувам за тоа што ти не ги осудуваш таквите особи :party: но покрај тоа што имаш исправен став околу тоа и што позитивните вредности ги пренесуваш и на своите деца - би требало да ја комплетираш сликата со осуда на негативните појави :)

    Што ќе сум променел?
    Е тука веќе доаѓаме уште до еден интересен феномен, не е само овдешен но на балканот е изразен на трагичен начин а тоа е што луѓето не перцепираат community туку сите гледаат ако нешто им смета лично тек тогаш нешто се прави.
    Имаат некој празен фолдер во умот сите, и јас бев таков, некој мост помеѓу ЈАС и другите, оние кои живеат во непосредна околина, страшно нешто.

    Јас како единка може ништо, но ако започнев може ќе се придружеа и други, ќе излезеше глас за него, ќе се проширеше сето тоа, ако се земе дека тоа го знаеа десетици особи, помножено со нивен круг тоа се веќе стотици и одненадеж тетин ми ќе се најдеше во средина каде сите го сметаат за гомно.
    Мора некаде да се започне, затоа ми е криво што останав нем во сето тоа време, паднав на тестот на сопствените вредности (иако тогаш не бев нешто најбистар ваљда) и го допрев дното.
    Денес морам да го осудам тоа свое неделување.

    Ништо не се променува ниту кога поединец не фрла отпад во корпа, но ако се исмее оној кој фрла лименка на улица ќе биде друго, со тек на време, со притисок од значаен дел од рајата.
    Но тоа е друга тема, сите си гледаат за себе, гледаш станови пицнати од све и свашта, средено, фино а веќе во ходник на зграда делува како Калкута додека влезот е со шмек на Припјат.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.171
    Пол:
    Женски
    Единствено искомплексирани женчиња, низок ранг на интелегенција, очајни за патетично внимание би си дозволиле себеси да лечат middle age crisis на оженети мажи . Сите овде сме имале такви понуди ама во прашање е достоинство, став...не за џабе рекле најголема одлика на немање образ е немањето страм. Жално
     
    На Мариаа., blond.bunny, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.188
    Пол:
    Женски
    Ретко кој си го ферма семејството кога се во прашање совети и патокази. Тоа што ќе ти го кажат дома, од едно уво влегува, од друго излегува. Ако има нешто од кое се плашат луѓето, тоа е осудата од непознати или помалку познати, недоволно блиски луѓе. Доказ е форумот, каде за најмала критика се реагира бурно, вриштат навреди и закани како одговор.
     
    На Bankarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.171
    Пол:
    Женски
    ^^ Во секој аспект од животот најважно е семејството, се почнува и завршува со семејството ( воспитување, здрава околина етика, морал ) па потоа сами си одиме по патот кој мислиме дека е најдобар - со овие фактори благодарение на семејството. Баш тоа не '' фермање '' на семејство доветува до вакви одвратни ситуации, верувај таквите девојки/женичуриња/пикавци не знаат за страм па да се плашат од критики :)
     
    На Мариаа., blond.bunny, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.188
    Пол:
    Женски
    Луѓето се плашат од осуди, било чии, тоа одамна го имам увидено. Работата е што семејствата се попустливи, родителите на крај би преминале преку принципи и се останато, само за добросостојбата на нивните деца, децата знаат, и оттаму потекнува тоа нефермање. Никој не би можел мирно да живее исмејуван, оговаран, избегнуван, но, средината не се замара, семејството толерира, и ете терен за швалерајот кој е во се поголем подем. Јас не велам дека некој треба да биде покажуван со прст, само доаѓам до заклучок зошто работите денес се такви какви што се.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Каква врска има несреденоста со изневерувањето ?
    Ако сакаш биди и најубавата жена на светот,тој што си е склон на превари пак истото ќе си го направи.
    Јас откога се мажив и сега,гледам има многу разлика.Порано имав време за се,мама е дома таа ќе среди некогаш ајде јас некогаш али кога си во твојот дом само со твојот маж се на тебе останува башка и бебето сега кога ќе дојде.Маж што сака секаква ќе те сака.А тој маж што изневерува не заслужува ништо,греота за жената и децата.Во овој случај тие најмногу патат...Па и ги шетала децата на швалерот,свашта...
     
    Последна измена од модератор: 18 декември 2017
    На eli25, Purelove92 и ADOKI им се допаѓа ова.