А бре девојко, до кога мислеше да продолжиш вака со него ? Нели знаеше дека еднаш мора да се пресече и крај ? А требало ти самата да пресечеш уште на почетокот, а не дупка да си копаш посакувајки сопругата да дознае. Јасно е зошто одел со тебе, зарем не разбираш ? Да се излуфтира, да си ги задоволи потребите и толку, потоа повторо ќе заспие во постелата кај жена му, а ти ќе останеш со прстот во уста. Еве јас не сфаќам, не разбирам каква е таа љубов. Што доби ти од него освен секс ? Наместо да се криеш по темни улици или хотели како нечија швалерка, можеш да си најдеш слободен дечко, блиску до твојата возраст па сто пати поубаво да си поминуваш. Да те шета гордо за рака, да те претстави пред неговите, да заспивате заедно, да кроите планови за иднината, да е само твој. Жал ми е за тебе што го немаш почувствувано тоа, штета што се маткаш со многу погрешен човек.
Девојко, никој не те тераше на сила, нели? Имаш мозок, значи можеш да го контролираш срцето. Ко што ти кажаа, смени број, најди си некоја занимација плус, излегувај почесто со твои врсници и пријатели и ќе ти помине. Прибери се малку. Нареден пат кога ќе помислиш на него, помисли и на гадното чувство што го опиша дека го имаш кога ја лажеше мајка ти дека само два пати сте излегле. Плус и ти мавнал шамар... оф леле, не се лажи дека нема да се повтори. На крајот самата си кажа, те користи само за секс. Биди реална со себе да не биде стварно доцна!
Девојчиња нема ли низ Скопје слободни млади мажи? Сите ли се женети со деца па се заљубувате во такви? И јас бев 19 ама никогаш НИКОГАШ немав погледнато женет маж, со деца и жена. Не ги приметував дека постојат. Што е со вас млади жени??? Толку ли не се цените себе??? П.С. Мажите не ги спомнувам во оваа ситуација кои си дозвлуваат вакви авантури. Не ги ни осудувам. Мизерија жива се. Не се тоа мажи. Земи разведи се па после изигравај мачо мен. Вака деца дома страдаат, нервозна и незадоволна жена. Тури пепел на таков брак.
Е ова, ова да Ви е на памет. Што мислите бе девојки, ќе се разведе со жена и ќе остави фамилија за да биде со некоја што му требале 2 дена да ја легне и што нон стоп му е на располагање??? Па уште и знаете дека е женет и продолжувате??? Абе колега од работа женет/ во врска, да ми дели комплименти почесто ми е непријатно а тек да пробам да имам нешто со него
Штом ти е секој ден пекол значи дека ни сега не ужуваш па не гледам причина поради која уште се сретнуваш. Расчисти со него, подобро уште еден период да бидеш сама и тажна отколку брукана по улици од неговата кутра припроста жена и тепана од негова страна. Или пак биди му втора жена, традицијата тоа им го дозволува. Ќе си живеете заедно со жена му, ќе си правите муабет додека е тој на работа, заедно ќе си чувате деца и ќе си поделите обврски. Штета за капацитетот кој го поседуваш да бидеш толку добар студет на супер факултет кога од друга страна на големо си го упропастуваш животот. Искрено, жал ми е за мајка ти а и за тебе оти ќе се освестиш дека правиш голема грешка.
@Lana-95 ако се сака се се може. Искрено незнам зошто барем не се потрудиш да направиш нешто. И сама кажа дека не е тоа тоа со него, па зашто си дозволуваш само ради секс да те користи? Не, не сте ми јасни. Некогаш бутате ѕид со глава.
@Lana-95 Моментот дека имаш добра душа и дека си многу добра личност и дека си со 10 ки на факултет ми е спротивно со она дека одиш со таксист албанец кој е женет и има деца. Ах, мене да си ми дете...
Овде станува збор изгледа за иста ситуација. @Lana-95 Да сакал да ја остави жена си после случката на соочување ќе дошол кај тебе или ќе сте започнале нов заеднички живот. Остави го тој човек, доволно си имаш наштетено веќе од него.
@Lana-95 нема друг начин, мора да го заборавиш и да немаш никакви средби со него. Според мене и тој е крив бидејќи и го правел тоа на неговата жена, не знам јас каква жена би продолжила да биде со маж што ја изневерувал толку време. Добро тоа, нејзина работа. Чим се чувствуваш лошо значи не ти е сеедно сепак за тоа што си го правела бидејќи е погрешно. Ретко кој не се заљубува барем еднаш во животот во некој што не треба, и јас сум се заљубувала, ама тоа треба да остане така. Прекини секаков можен контакт со него, сите погоре така те советуваа никој нема да ти рече да се бориш за него. Ќе си најдеш слободно момче и ќе биде само твој, не мислиш дека е поубаво така? Прво почекај да се смири ситуацијата, разговарај со некоја блиска личност од семејството или некоја пријателка нека ти биде поддршка во овој период. Ова нека ти е лекција за да не ја повториш повеќе истата грешка.
Јас би ти препорачала да се тргнеш на страна затоа што голема е веројатноста дека жена му нема рат да те остави а во најлош случај може да се вмеша и фамилијата нејзина. И да се разведе од жена му фамилијата негова никогаш нема да му дозволи да те земе тебе. Ама нема шанци да се разведе со 3 деца. Незнам колку е вистина ова што го имаш пишано иако слични случки слушаме секојдневно за жал.
Не си сакала така да испадне? А како сакаше? Што мислеше дека треба да биде? Остај тоа срцето не бира бла бла... Да си размислувала барем малку пред да се впуштиш во ваква игра сега немаше да имаш баш никаков проблем. Од толку слободни мажи ги бирате оние со жена и деца. Што има толку во тие мажи не ми е јасно. Секој од својот памет си пати...
Te molam kazi mi zoahto mislish deka bi trolala po forumi i bi izmisluvala raboti?? Dovolno sum vozrasna I so licnost za da ne go pravam ova ,mnogu me interested od Kade vakov zaklucok i napagjanje kon mene? Izlezi vo realniot svet I vidi shto navistina se slucuva bidejki gledam po mislenjevo i tvojot close mind ziveesh vo iluzija. Izvinete za latinica od telefon sum.
Да не бевте вие на форумов форумов сеуште ќе бев во илузија, фала што ме описменивте. Јееее станав опен мајнд
Немат свое па во туѓо чепкат. А највеќе ме иритира кога ќе речат-И тебе може да ти се случи. Не, не може да ми се случи. Ретардирана не сум за да ми се случи. Имам мозок. Ова не е ни афера да речеш биднало еднаш и ај човек греши туку врска побогу, врска со женет!!!
Ако е вистина твојата приказна , таков ти е кругот на пријатели затоа си опен мајнд по овие теми, кој ми е крив што се дружам со клоус мајнд ликови.
Секогаш се водам според старото, добро, непишано правило: „Никогаш не правете го она на другите што не сакате тие да ви го прават на вас.“ Не знам како имате мир во душата кога знаете дека истата вечер истиот тој сепак ќе го дели креветот со сопругата. Убаво ли ќе ви биде утре кога вашиот сопруг ќе ве прави муле зад грб или пак кога ќе се шлае со некоја додека вие го чекате дома? Сигурна сум дека нема да ви биде. И не, не е срце во прашање, разум е. Можеби некој/а од вас ќе си помисли дека сум конзервативна личност, но мислам дека кога ќе дојде до тој степен, односно кога веќе не чувствува ништо кон мене, кога повеќе не сум му привлечна и слично, коректно е да ми каже и да се разминеме како луѓе. Полесно ќе ми биде ако ми го плесни тоа во лице, отколку зад грб да ме изневерува.
Колку ми беше мака да го прочитам ова Да не биде залудно потрошено време... wow, каков пакет од дечко, кај оженет, уште и конзервативен Албанец-муслиман со неколку деца (таквите не се разведуваат 99,9%, уште помали ти се шансите штом не си од негов етникум), кој крева рака на жени (ти удрил шамар, и дома се тепал со сопругата), па згора на се припадник на ниска класа - за овој си дозволила да ти доаѓаат дома, да ти прават скандали и да ти се уништува репутацијата? Што да се каже, каков совет да се даде сега кога е доцна, најфино ти е да се иселиш, во странство ако имаш можност, за да се оттргнеш од љубоФта, да се спасиш од тоа семејство, а и од сите кои ќе те покажуваат со прст, оти, менталитет. Ти посакувам ова навистина да е лага и измислица.
А демек ако беше македонец, убав, згоден, бизнисмен полн ко брод, помал гревот ќе и беше?? Абе шо се фаќате за безвеза муабети?!? Акцентот на муабетот е на ТУЃ, не е ниту на албанец, ниту на некоја друга придавка со која го опиша! И јас мислам дека е трол, ама нејсе. Девојко, ти кажаа што треба да ти се каже - клинот со клин се вади. Најди си друга занимација, која ќе те восхити повеќе од него и ќе го заборавиш поскоро отколку што мислиш. Good luck!