Целосно се сложувам. Во секоја ситуација, секаде еден зрел човек треба да размисли прво со главата. Треба мозокот да не води, а не желбата на половиот орган.
Ќе се сторам јас црна чума и пак кај тебе ќе дојдам. Жена ќе ти сотрам, дечиња ќе чувам, вечно твоја ќе бидам
Дефинитивно најо**списка песна после таа Море мојта снага твоја нека биде сомели го житото Зошто бе со женет ? Зошто? Никогаш нема да ве разберам. И секогаш истите изговори - Ама не живеат заедно ако не се разведени -Ама шо има врска шо направиле 2 3 деца он неа не ја сака - На него му треба стабилна жена, модерна како мене - таа жена му е една проста никаква -Ама се сакаме бе Ќе ве откачат и вас кога тогаш ... проста раја е тоа, неизживеана (исто како и вие).
Лоша личност си штом свесно влегуваш во врска со женет човек, без разлика дали има деца или не. За мажите што изневеруваат нема веќе да коментирам зошто не вреди, слабаци кои немаат муда да се разведат зошто ете жената во нешто не им чини. Ама, вас како девојки неможам да ве разберам. Толку ниска самодоверба ли имате, толку ли не се почитувате самите?
Девојко ако немаш нешто паметно да пишеш, воопшто не ни пишувај а не глупости да тресеш и сол на рана да ставаш.Уживај си у “безгрешниот” ти живот попатно одјавувајќи се од форумов.
Штом ја оставил неа за да биде со вас, ќе ве остави и вас за да биде со друга. И на крај вие ќе излезете како првата "немодерна,, со дете тупено во раце да го чува. Молим. Пријатно.
А шо ти е тебе гајле јас кога се пријавувам или одјавувам од форумов? И ај сега ти кажи вака пошто те гледам многу бистра шо ке напрајш ако во твојот брак за кој се трудиш да бидит успешен ти се пикнит некое збеснато момичуле и наместо МАЖОТ ТВОЈ да си седит дома со тебе и со децата тој не се прибират дома за да ојт да се ебават со некоја шо се заљубила во женет човек?А ај молимте? Или ти си толку разбрана па ке ја сватиш девојката,не сакала ама се десило,се заљубила баш во женет со деца и од шо си ти толку добродушна одма ке му дајш развод и се шо требит,поддршка 100% да бидат среќни заедно пошто тие не сакале,едноставно се заљубиле така? А сега оди малку порасни и дојди пак па пиши ми
Не знаеше нели? Исто и јас, по свадби на цел глас, раце горе, а што сум пеела ич на памет не сум ставила
Хахаха од време си останала прељубава и така и ќе си остане. Осудувал некој или не. За превара се потребни двајца, затоа не одма се напаѓа тојј од надвор. Ако некој/а, се задоволни по дома нема да погледнат надвор. Долга тема и широка
Машала години. Колку нестабилна душа лежи во тебе, имаш болд за што конкретно мислам. Незрела си, па добро кој бил зрел на 23. А и што ти е гајле што мислиме ние? Некогаш самите свесно си правиме, не сакав јас ама срцето сакаше. Абе ајде. Имаш добра душа, не знаеш да кажеш НЕ. Затоа на време се бега додека е тазе, за да немате белег на душа цел живот.
Ако твојот брак е навистина успешен маж ти нема да те изневери. Значи дај разберете за неверство се потребни двајца. Не ја оправдувам воопшто постапката на девојкава, напротив многу мразам вакви ситуации ама колку што е таа виновна толку е и мажот.
Точно се сложувам со тебе,ама можела да му речит извини пријателе ама ти си имаш жена,а јас сакам млад човек без обврски спрема друга,со кпј шо нема да се плашам да излезам на кафе,да ме гушнит во јавност,да си се држиме за рака...а тој шо изневервит не се менвит така да до сите момичиња ,абе вие сте цвекиња убај немојте да дозволувате некој идиот без мозок и без ронка почит да ви го запустит животот,бидете паметни!!!
Сигурно не бил. Не сме биле и двајцата задоволни еден од друг. Но кај нас проблемот беше и тоа што не сакаше да се разведеме. Ем сакаше да си има некоја надвор, ем некоја што ќе му готви по дома. Но фала богу со еден куп тужби се разведов. Така да..секоја превара произлегува од незадоволството дома.
Има луѓе што не се задоволни дома, па сепак не шврљаат надвор. Ти си верна/верен заради себе, затоа што тоа е твоја вредност, твоја доблест, твоја карактерна особина, а не заради твојот партнер/ка. А има и такви на кои што партнерот/ката супер им се погодила, ама сепак во прва прилика надвор - вршат прељуба. Зошто? Затоа што верноста не им е доблест, не им е дел од вредносниот систем. Си викаат: Е добро де, малку авантура и возбуда, нема да дознае она/он. Еее па сите го прават тоа, шо има везе.
А што треба една жена да направи тоест на кој начин треба да го задоволи мажот, за тој да не трча на страна? Оние што јас ги познавам, а ги изневеруваат сопругите епа голем дел од истите тие навистинаа имаат прекрасни, домакинки сопруги а сепак шврљаат на страна. Сум кажала и предходно, ќе кажам пак тоа е ствар на карактер, простотилук и неизживеаност. Таквите луѓе никогаш нема да се сменат
По ваша логика, жена која трпи физичко или психичко насилство, има маж кој е алкохоличар, маж кој не одржува хигиена, маж кој има 150 килограми итн го изневерува мажот? Јер жена кој има ваков маж, сиигурно не е задоволна од него. Или кога е секс во прашање, сите останати критериуми се небитни?
Јас само реков дека не треба секогаш да ви е крив некој трет задоволен или не тој што сака да си вара ќе си вара и крај
ти всушност сопругата ја ставаш како трета и виновна личност .Во стилот кој и е крив нејзе кога мажот дома не добивал она што сака.Лично тебе ти се обратив затоа за да одговориш бидејки си била и изневерена сопруга но си била и во улога на швалерка.Првичниот пост кај што те цитирав повеќе ти беше одговор во стил на швалерка него како изневерена жена.Сопругата во никој случај не е виновна ни причина е за да тој изневери.Затоа што ,што и да не чинело господинот можел да седне и да разговара,да побара да се сменат нештата а може и до него лично било што не се одвивал бракот во добар правец.