1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Zaljubena sum vo ozenet covek

    Ако не ме сака повеке, првин нека се разведе од мене па после нека прави што знае.
    А како мажена жена која вложува се во домот и градење на семејството, ако разберам дека сопругот ме изневерува, ке му ги исфрлам парталите пред врата па нека оди каде и ако има поарно, а дотичната ке ја најдам во град и ја шишам келава на лице место.
    Деца, памет у глава!
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.143
    Пол:
    Женски
    Zaljubena sum vo ozenet covek

    Не ги прочитав предходните коментари, еве ќе ти дадам мој совет. Сигурно ова до сега си го глушнала: Ако и го прави тоа на неа, ќе ми го прави и мене. Така е, верувај. Оженет е, а сака да има нешто со тебе. А и, како ќе се чувствуваш некоја да дојде од страна и тебе да ти го уништи бракот?!
    Баш сега кога уште немате ништо, тргни се. Ако направиш нешто со него ќе биде касно, ќе не можеш да се вратиш назад и ќе ти биде уште потешко. Сега може ти изгледа како да е крај на свет, ама разгледај наоколу, има други СЛОБОДНИ машки. :*
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Исто и јас :inlove:
    Изгледа веќе си решила. Залудно е секакво разубедување. Тоа тешко дека е љубов, јас би рекла lust или само чисто сексуално посакување. Ако веќе си дошла до тој степен, излези си во диско , најди си некој слободен дечко кој ќе ти ги запали сетилата
    кога очигледно од внатре вриеш
    и чиста работа...отколку да се лакомиш по забранетото овошје, па кога ќе се дознае, е дури тогаш ќе кукаш било каков да фатиш
     
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Абе Мила бе...
    Како прво, престани да ги развлекуваш зборовите, не ти личи на годините, делува како 14 годишно цмиздрало на кое „љубоф4ето на животот“ не му оставило срценце на новото сликиче на фејсбук.
    Второ, ке бидам директна како и секогаш, ама според постовите зелено ми делуваш. Треба јако размислување за да би вмешала прсти во бракот на еден човек. Ти сигурно си решена да направиш нешто и покрај тоа што горе-долу си свесна за последиците. Само не си свесна каква болка ке предизвикаш кај жената и детенцето. За што? Макар само и еднаш да го имала, немој молим те! За еден кеф што неможеш да го исконтролираш да си расипеш и врска и фамилија на дотичниот кој очигледно ке си го разлади со тебе па после ке си бара друга или ке си остане со рогатата жена.
    Што и да лаеме ние овде, тешко дека ке ти ја промени одлуката. Ти не бараш совет на форумов, ти бараш оправдување и одобрување од нас затоа што имаш грижа на совеста.
    Извини ако те навредив со нешто, ама таква сум и сметам дека само отвореност може да освести вакви случаи пред да донесат погрешна одлука. :)
     
    На amberr и Annath им се допаѓа ова.
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    Негде на форумов видов имаше тема ,,како е да си втора,, мислам дека таму девојкава треба да побарат мислење !

    Женети им се бендисвеле демек немат БЕЌАРИ ами ако сакат да се влечит по стрмишта ,мотели , во коли да си го трошит телот со таков што ке и е совет од овде на форумов ,,нека повелит нека пробат,,КаКО МОЖЕТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ДА МУ БИДАТ САМО СЕКС ИГРАЧКА НЕКОМУ АЈ БЕ КЕ СЕ РАЗВЕДЕЛ ПА НЕЈА КЕ ЈА ЗЕМЕЛ КАКО ДА НЕ !
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не посегнувајте по туѓ брак, барем додека не почувствувате на своја кожа што бракот значи и што се вложува во него (емотивно, па и материјално). Ако ништо друго, тогаш барем ќе ја знаете сериозноста на штетата која ја правите.
     
    На srcekrsacka, MarchelineAmaru, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.760
    Допаѓања:
    110.333
    Пол:
    Женски
    Shana нејзе ништо нема да му направам, него ќе го кастрирам!!! И ќе го фрлам како последно
    гомно
    па после да го видам што ќе прави. Таа не ми е крива, ако не е таа ќе биде друга. Ама тој што покрај семејство, сака да си вади очи по туѓи кревети, мајчино млеко има да исплука од мене. А за девојкава само едно ќе и кажам, по дијалектот можам да претпоставам дека си од мало место (Битола). Е па бидејки и јас сум по потекло од таму и мнооогу убаво го знам менталитеотот, ако за една вечер секс со туѓ маж за кој за кратко врме ќе се дознае, вреди да ти залепат етикета и да си го уништиш цел живот изволи. Полнолетна си, знаеш што правиш. Само немој после овде да ни кукаш како си се заљубила, па тешко ти е, па не ја остава жена му , па абортуси па бла бла бла.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    До толку ли сте очајни ли бре девојчишта па да имате врска со оженет човек???? Не сте ни вие криви криви се и мажите што подлегнуваат на такво искушение. Незнам што да кажам неможам да ви паметувам сега како да си го живеете животот ама се знае таквите врски не траат многу многу тој женетиот каде и да оди пак ќе се врати кај својата жена. И тоа........ не вреди да се зборува за вакви работи :puke:
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.865
    Допаѓања:
    122.952
    Да додадам само дека поденаква вина имаат и мажите :!: Не се тие безгрешници и никој со сила не ги тера!Кој е вистински маж ,ја сака и почитува фамилијата-нема да потклекне на никакво искушение нити ќе се обиде самиот да направи т.е. поттикне такво нешто.ОПРАВДУВАЊЕ-НЕМА!За никој!
     
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.467
    Допаѓања:
    172.898
    Покојната моја баба кога ќе станеше збор за неверствата само едно знаеше да каже„Се додека кучката не да ја дигне опашката и не почне да мавта со неа,ниту едно куче нема да тргне по неа“.
     
    На snejk35, srcekrsacka, amberr и 9 други им се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Малку ли се ергениве во Македонија па по женети да посегнувате ?!? :^)
    И што ќе постигнете со тоа? - ништо, само повеќе би си го уништиле животот..
    во ваква приказна подеднакво е крив и мажот и жената која се меша во бракот, вината не е само на едниот, ако некој нешто несака неможе силум да му се даде, силум само се зема, а со сила убаина не бива !
     
    На srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  12. sandra.z.rhage-ovska

    sandra.z.rhage-ovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    10
    Wow,темава ме погоди многу јако,пред точно 8 години и јас бев глупава ,само фала му на Бога што ми ги отвори очите на време и за 3или 4 месеци се заврши ,,врската,, значи тој никогаш нема да ја остави женаму,а ќе те мафта тебе дури има корист и дури си му интересна,а ти моли Бога да не ја остави жена му,затоа што откако ќе заврши со незе ти си на незино место,што значи тоа,,куче што е навикнато да оди во касапница лесно не се одвикнува,,за жал.значи крени си ја цената и главата горе,немој на некого да му бидиш мифка,ова ти е мој совет,затоа што и јас го газев твојот пат,ама за кратко време.така Миа2 така.
    P.S.го немав видено неколку години и летово случајно се начекавме в пошта,,а многу згоден батка е,а мене ми се згади од него кога го видов и се прашував што сум мислала тогаш :fubar: :x
     
    На LakeGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Стетоскоп напишала дека додека кучката не мрднала со опачката, кучето немало да тргне, или така нешто. Значи поголема глупост, АМИН. Па уште и лајкови имаше на тоа мислење, и тоа од феминки кои често сакам да ги читам затоа што ги почитувам нивните мислења. Но овојпат не се согласувам. Ова е женски форум, во кој треба да се гледа женскиот став, а вие ги обвинувате жените тука? Па кој е виновен, ако не женетиот? Тој е искусен, знае како да манипулира, и да го добие тоа што сака. До карактерот на девојката е дали ке дозволи или не. Како тоа кучката е крива, па ке корнете коси на другата, не знам што. Тој е виновникот, не ми е виновна љубовницата. Сум поминала неверство, и не сум помислила да ја најдам таа или дека таа ми е крива. ГАДОТ е крив. Секако има и лесни девојки, но најчесто тој ја фрла јадицата. А тоа девојчето што се двоуми, да биде само еднаш со него, тешко малку. Кога еднаш ке те има, пак ке сака, и ти пак ке бидеш со него, и пак, и пак. И на крај ке те шутне. Па ако сакаш, повреди си се самата. Жените се будали и кога ке се заљубат оставаат маж. Скоро и да не сум чула маж да остави жена за љубовница. Запамтете го ова.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    А ако ова е женски форум, со овој пост многу убаво ги учиме девојчињата, нема што.Значи според ова: Ајде јаша мили невини напатени душички, не се плашете од своите животински нагони и материјалистички каприци, покорете им се, одете со женети, растурите неколку домови тоа нема да е ваша грешка, тоа ќе е грешка на мажот. Абе ајде ви се молам! Јас вака не би си ја воспитала ќерката утре, за другите не знам.

    А таа кутрата ******* не е за ништо виновна, тој ја хипнотизирал...абе ааајде ти се молам. Одговорноста е подеднаква и кај двете страни, има и мажи и жени кои се премногу итри да изманипулираат со туѓите слабости за свој ќеиф и/или корист. А на секого од нас Господ му дал свест и разум и по тоа се разликуваме од животните. Ако сака, секој, ама секој може да ги контролира нагоните, па куче што е едно не дава секој да му се качи. Бог да чува со вакви размислувања!
     
    На srcekrsacka, softqueen и MacenceEna им се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Tessie, маж ми да ме изневерува вината кај него ќе ја барам. Ќе знам дека тој го растурил нашиот брак, кој всушност е заедница од нас двајца и поради наши грешки или одлука се ставило конец.
    Ако сакам виновна да е жена, секоја ќе ми е виновна зашто еве маж ми е привлечен или пак многу сум убав, сите ми се свиѓаат, и секоја како потенцијална манипулаторка ми изгледа.
    Не ја барајте вината во некоја со која вие врска немате. Барајте ја во него и не го правдајте зашто му мрдал га*от.
    Каква е љубовницата - не е наша работа. Каков човек имаме дома - е тоа е наша работа.
     
    На WildMk, MarchelineAmaru, SexiLy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    It takes two to tango без разлика кој од двајцата живее со мене. Неа ништо не би и направила, фала Богу и таа еден ден самата ќе види што направила, но не ја оправдувам, тоа никако! Jас не реков дека го оправдувам мажот, во никој случај, за таа работа двајца се потребни.
     
    На MarchelineAmaru, Phyramide и ljubam им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Отсекогаш сум велела - може и во долен веш да му играте на мажот, ако не сака - нема да изневери. Гола седнете му во скут.

    Вистина е дека има фигуративно кажано ку*ки кои дигаат опавчиња и потоа има или мажи кои на тоа реагираат или такви кои не реагираат.

    Но примарно јас лично секогаш го обвинувам мажот. А мажите знаат какви сме ние и дека повеќе ни е во природата да ја елиминираме конкуренцијата и дека повеќе ќе и се нафрлиме на цурата отколку нему, па не еднаш се случило да се правдаат „ама знаеш злато она, OНА МЕ ЗАВЕДЕ“. Да бе, да! |(

    Значи вака, доколку е се во ред во бракот, мажот нема зошто да го бара на друго место она што му фали дома. Сурово, но така е. Има такви кои знаат да си го контролираат златото нивно во гаќи но некои не можат. Мажи се. Да тргнеме од себе, она што ни фали во врската не ретко го бараме кај друг - дали се работи за флерт, комплименти, навидум наивно друштво, внимание или прегратка. За мене и ова е неверство.
    Доколку е се во ред, абе и Анџелина гола да им се соблече, нема да мрднат со малото прсте а уште помалку со нешто друго.

    Да, примарно МАЖОТ е тој кој јас би го обвинила. Но нема да ја тапшам ниту девојката која е свесна за тоа дека станува третата, непосакуваната личност во една врска, и упорно останува и се сретнува со тој маж. Е веќе еден и единствен е на светот и она мноооогу ама мноооогу го сака, и ваков не нашла досега. Браво девојко, thumbs up!

    Премногу изгенерализирав, знам, а и деликатна е темата. Девијации и ситуации илјадници. Но ова е моето мислење.
     
    На srcekrsacka, MarchelineAmaru и eli25 им се допаѓа ова.
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Нормално дека нема да ја оправдаш, ниту дете твое така ќе го воспитуваш, но поентата беше дека партнерот од парот за распар е сопругот мој, твој, чиј и да е, кој за нас е виновен. Не таа, онаа или која и да е, а жена да е.
     
    На WildMk и artemis им се допаѓа ова.
  19. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Тессие вака напиша:

    Ајде јаша мили невини напатени душички, не се плашете од своите животински нагони и материјалистички каприци, покорете им се, одете со женети, растурите неколку домови тоа нема да е ваша грешка.

    Е вака. Зар ова што го цитирам од тебе, јас го напишав? Дека некоја треба да ги следи животонските и материјалистички нагони? И дека мојот пост не треба да служи за поука?
    Мислам дека погрешно си ме разбрала. Не ја оправдувам, само сакам да кажам дека мажот во 90 посто случаи е виновен. И уште ја посоветував да не биде со тој. На вистина нема смисла да ми се иѕвртуваат зборовите. Инаку, јас сум била изневерената, изгледа ни тоа не си го разбрала. Ама никоја друга не ми беше крива, туку само тој. И не сакам да се расправам, очигледно погрешно е разбрано. Не ми е стил да го пцујам девојчето што е во искушение, туку сакав да ја поучам.
    И фала богу што Пирамитка која иако е мн помлада секогаш ја читам, и имам и поуки од нејѕини постови вадено, сепак се огласи. Поздрав!
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски

    Совршено те разбрав, ама навистина е смешно само и само мажот да е виновен. Не пиша никаде во твојот претходен пост дека љубовницата има дел од вината што е (бар по мое) апсурд. Не ти ги извртев зборовите, знаеш дека на форумов има многу жени кои се втори: дел од нив сфатиле што направиле, не се веќе тоа и нив крајно ги ценам затоа што најдобар по мое е оној кој ја сфатил грешката и сака да се исправи пошто безгрешен нема.

    Арно ама има и дел од таквите кои се караат на форумов со нас у стил демек шо знаеш ма ти, он мене ме сака. Е на нив твојот пост ќе им звучи токму онака како што си ме цитирала. Како што реков за таа работа се потребни двајца (освен ако не станува збор за силување) а со тоа што таа ми се вмешала во мојот брак и од тој пар направила триаголник и те како е моја работа. Убаво те прочитав и знам дека си била изневерената и браво на смиреноста со која си изреагирала со дотичната особа, ете јас не би била така разбрана. Во искушение може да падне и маж и жена, а со тоа што некоја е слободна не значи дека не треба да се однесува како одговорно човечко суштество.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.