1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Amon Ra

    Amon Ra Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Пишав дека и тоа е за нигде затоа ти реков прочитај 2 пати никаде немам пишано дека е океј пуштањето у врска пишав дека секако е за никаде во двата случаеви ама дека е многу по несфатливо кога хоштаплерот е во брак со деца а се удвара.
     
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Аха да, врска од 10 години туку- така се откачувала. Всушност не се битни годините, дадов пример, муабетот ми е дека врските не се п****н дим, врската е заедница во која се вложува љубов и време.
    Вториот дел за жените не го разбирам...

    Епа јас те прашувам де, зошто толкаво влијание има папирот и амин од поп? И ако нема деца, во некој погорен круг од пеколот ли се оди?
     
    Последна измена: 17 април 2018
    На SV1911, CaraMia, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Очигледно не се разбираме, не реков јас таа што е во врска да го откачи :) исплашено делуваш ... како сакаш разбери ме, не 10год да вложиш во врска 30год вложи во брак ако партнерот ти за шета, не ја барај вината во таа што ќе го прифати туку во тој што тргнал на страна. А ти можеш комотно да одиш да ја претепаш таа ама тој ќе си најде друга и така тепај ти се околу ако сакаш тоа ти е.
     
    На H.VAGA и Dust им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Исплашено делувам? :drunk:

    Значи не се разбравме. Јас велам дека и врска не се откачува туку - така. Особено ако е сериозна врска. Бракот е потпис, ама откако ке потпишам нема да го сакам повеќе и нема да сум му повеќе верна. Не е лесно да се разведеш, ама не е лесно да раскинеш после долга и сериозна врска.

    Во врска со варањето и јас го имам истиот став, не знам од каде заклучи дека имам поинакво мислење. Не е виновна третата личност, туку виновна е личноста која вара, небитно дали е во врска или во брак.
     
    На SV1911, CaraMia и Harper им се допаѓа ова.
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Па исплашено, како да очекуваш другата жена, а не тој да ти ја почитува врската или бракот, а нема секоја, сурово ама реално ... заклучокот зш напаѓаш некако ама и како да не дочитуваш изгледа така што ок е.
     
  6. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како не им е срам на тие што изневереруваат?? Ама нормално, ако тие знаеле што се срам и чувства на другата личност, немале да прават така како што прават.
    Погоре прочитав мислење „Ако него не му е гајле за жената и децата мене ли треба да ми биде“. Прво, мислењето мое не е насочено кон никого лично, туку само си кажувам што мислам.
    Па, нормално жени дека не ви е гајле за туѓата жена и деца, ама немате ли САМОПОЧИТ м???
    Од толку слободни мажи и момчиња на планетава земја, баш со зафатени и женети решивте да си задоволите потреби? И не, не ги напаѓам жените нити пак ги правдам мажите. Нормално дека 2те страни си се виновни. Знаете како викаат ако сакаш да промениш нешто во светот, почни од себе.
    Епа дами се додека размислувавте дека вие немате никаква вина додека изневерувате, туку дека тој женетиот/ зафатениот се понижувате и газите себе си. Да имаше тронка човек во вас, ќе си речевте : Јас имам гордост, јас се ценам себе си. Јас заслужувам некој што е доследен за мене а не да собирам нечие ѓубре.
    И сега следи она, па јас не му се пикнав со сила. Епа не ама и не си одбила. Едно зборче. НЕ. Само толку е доволно. Мажи изневерувачи, и за вас имам неколку зборчиња. Што мажи ќе бевте вие бе?? Толку ли е тешко да се признае дека веќе не ја сакате таа со која што се, туку сакате да бидете со некоја друга??
    Ама не, вие не сте мажи туку кукавици. Убаво ви е дома некој да ви чисти,готви, пере, да ви ги чува децата можеби а??
    Пу, срам да ви е!! И на мажи и на жени изневерувачи! Нека ви служи на чест, нормално ако воопшто ја имате.

    И не мора да ми реплицирате, немам намера да се докажувам на никого. Погоре кажав се што сакав да кажам.
     
    На ivi1987, M.B., Alisa22 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    7.395
    Пол:
    Женски
    Во ред се тоа, ама нели помислуваш дека можеби и на девојката со која тој ја изневерува сопругата не и е за сериозно, па да се осеќа понижено или како да собира нечие ѓубре? Туку гледа на него само како на провод, забава?
     
    На Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  8. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Тука не се работи за дали и е сериозно или не. Се работи за тоа колку си личност и човек. Колку имаш достоинство. Слободни машки за забава има на секој чекор, исто како и слободни женски за забава.
    Или според тебе ако се случува секој пат по еднаш со различна не се смета за изневерување?
    Жално, навистина жално. Колку плитко размислување. Им било за забава, ахам да барајте си само оправдувања.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    7.395
    Пол:
    Женски
    Каде кажав такво нешто? И како се дрзнуваш вака да ми одговориш?
    Друго беше поентата само кој да сфати.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Јас убаво сфатив ти што сакаше да кажеш, демек на таа курвата не и е за сериозно па нема зошто да има грижа на совест, така?
     
  11. Amon Ra

    Amon Ra Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Девојкава се напиња со нејзината 10 годишна врска значи џабе сакаш да и докажеш,напиња како да кажам покултурно за да не ми го избришат и овој коментар :) Џабе се објаснуваш хахаха
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    @Amon Ra
    Всушност воопшто не и ја сфативте поентата и упорно скокате.
    Ај да ви објаснам. Не е битно дали си во брак со деца или во 10 годишна врска, бидејќи во двата случаи изневерувањето е еднакво неприфатливо.
    Исто така, не кажа дека очекува другата жена да и ја почитува врската, туку баш напротив, многу јасно кажа дека вината ја става на партнерот.

    Моето мислење и претходно го имам кажано на темата, партнерот е најголемиот виновник за изневерувањето. Не ја оправдувам третата личност, баш поради немањето грижа на совест, самопочит итн, ама од друга страна можам да кажам дека ја разбирам. Неа и е само за забава, и не е нејзин проблем дали тој дома има жена и деца што го чекаат или не, бидејќи негова е одлуката да изневерува. Ако не била таа, ќе била друга.
     
    На CaraMia, Tetrapak, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    А за што ми е тогаш да те прашам? За маж да си го земам, да му родам уште деца и да имаме куќа со златен ретривер во двор???Зашто не сфаќате дека и на жените им треба забава и секс, дружење без обврски и без замарање? Па тебе ли ќе ти се правдам или на анонимен форум? За што ми треба оправдување? Ете тој женетиот ми бил 100 пати попривлечен од 10 синг момци таа вечер. Имало и хемија и се што не сум сакала да ја игнорирам затоа што мене не ми е гајле. Мене маж/дечко не ме чекал дома. Мене не ми е гајле дали таквите трачерки ко тебе ќе ме озборуваат и ќе ме осудуваат. Мене не ми е гајле дали луѓето ќе ме зборат и навредуваат, ќе го доведуваат во прашање мојот морал само за да се чувствуваат подобро со самите себе. Едноставно си го живеам животот и со никој не се замарам. Што ми се прави тоа правам.
    И највеќе од се бегам од тие најморалните како тебе. Нема ништо пострашно да проповедаш, да се чудиш и да викаш НИКОГАШ, затоа што животот е многу суров и ќе те натера да видиш дека не треба да викаш никогаш.
     
    На zokipoki.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Имам таква позната. Се плескаше со зафатени и на крај заврши како отпад. Што ќе си надробиш, тоа ќе си сркаш. Таквите не завршуваат добро.
     
    На VictoriaSan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Какви бисери прочитав во темава? Какво деградирање на жените :x Не ни треба друг да не омаловажува, сами сме си доволни.
    Значи да резимираме, жениве не смеат да имаат желба, потреба за секс само за забава, туку веднаш брак, додека кај мажите ова е очекувано и оправдано. Маживе во случајов се фраери, а жениве курви? :^)
     
    На CaraMia, SV1911, H.VAGA и 11 други им се допаѓа ова.
  16. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Што сакаш прави, твој си е животот. Јас не сакам и не барам да ми се правдаш. Ако така си одлучила да го живееш животот мене не ми е гајле. Ако сама не си цениш и почитуваш, логично е да не очекуваш почит од другите. И тука не се работи за мене или таквите како мене, сите да беа барем пола како мене светот ќе беше уште поубаво место за живеење. Поздрав и убав ден! ;)
     
    На Alisa22, EraBon и Amellie13 им се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    2.073
    Тие шо викаат дека мажот као не е толку крив а жената била крива. Еве се случило ете може не требало али ете се 3аљубил и тој и таа, и сега неможе само таа да била крива, тој ако вистински ја сакал жена му не може да се 3аљуби во друга, но од друга страна неможе да се плука само по жената а за мажот ништо, не он е највеќе крив пошо свесно го прави и неможе некоја со сила да го тера а исто и ако сака мажот може и да пресече со другата али тоа е до мажот повеќе.Али пак ако е вистински маж ке се разведе и ке продолжи со другата ако е права љубов.
     
  18. Mila121

    Mila121 Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    А сега јас ќе Ви ја раскажам мојата ситуација, па каква сакате наречете ме или исплукајте ме..
    Мажена сум,затоа што така мораше(значи има многу јака причина,која не би ја споделувала). Имам дете од 3 год. Во бракот малтретирање немам, ама не го сакам. Ми се гади од него. Не спијам со него, го избегавам на секој можен начин и со секаков изговор. Еднаш му најдов и пораки у тел со некоја како пишел,манје битно..не ме трогнаа, затоа што не го сакам.
    Туку сега пред 2 месеци запознав еден дечко, една година помал од мене (јас 24,он 23).. мислел девојче сум, ме адд на фб почнавме да комуницираме. Веќе по неколку дена ептен се зближивме, почна да сака на кафе да одеме..и јас се му раскажав , дека сум мажена, дека имам дете, дека односите со сопругот ни се катастрофа. Си напраивме еден искрен муабет по кој мислев ќе заврши се тука дека неби се плеткал со “мажена“ жена. Ме исслуша внимателно и ми кажа дека дознал пред два дена дека сум мажена и дете дека имам. Ама дека тоа не му било битно. Вика остави го, јас сакам да бидам со тебе, јас ќе ти дадам втор живот.. некое време само се слушавме, а последниве две недели се видовме 5 пати. Ништо сериозно несе деси, трпелив и разбирлив е со мене. Не ме присилува на ништо, ми вели ќе чекам додека бидеш спремна.Од различни градови сме, ама тој не крие дека се слуша со мене , дека бил со мене. Веќе неколку другари знаат дека комуницираме што ме изненади. Незнам дали воопшто тие знаат дека сум мажена и све друго или само ме знаат како девојката со која се слуша.. го прашав пред некој ден дали е сигурен во тоа што ми кажа, ми рече јас веќе ти кажав и си стојам зад моето, ти види што ќе направиш само немој на крај да ме повредиш..
    Ве молам пробајте да ја замислите ситуацијата, па посоветувајте ме од Ваша гледна точка. Може и порака да ми пишете ако има некоја што сака да разговара..
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Разведи се па бркај мажи.
    Колку и да не го сакаш маж ти, тој е човек. Не заслужува таков третман особено ако ништо лошо не ти сторил..
    Млади сте, 23 и 24.. животите се пред вас ...
    А тој со кој што пишуваш те сакал ... така се засакува некој, со типкање неколку дена :)
     
    На ivi1987, Alisa22, SexiLy и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Mila121

    Mila121 Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Нигде немам напишано дека ме сака туку сека рекол “сакам да бидам со тебе". Сепак Ви благодарам на оддвоеното време за совет. :)