Da ,99% pisi mu deka si go ostavila mt i povikaj go da dojde po tebe i deteto. Ke se cudis kako go smenil mislenjeto preku nok
Ова ептен ме заинтересира Многу ме интересира каква е таа причина да мораш да се омажиш во Македонија? Уцена? Присилен брак? Како тоа не му било битно? Ако на типот не му е битно што се пушта на мажена жена со дете, дали си свесна дека, ако се премажиш за него, утре истото може и тебе да ти го направи? Ќе му искочи на фб некоја слика од некоја друга девојка што ќе му се засвиѓа, ќе ја адне, нема да му смета што тој или она е во брак и имаат деца, едноставно му рипнал стојкото за неа и ќе сака да си проба, па што биде биде. Се разбира дека и на неа не би и кажал „абе ми се присака со тебе онака неколку пати...“, туку ќе и каже нешто у стилот на „те сакам, сакам да бидам со тебе, вечноста ќе ја поминам со тебе“ итд.
Тој е млад и никогаш не бил во брак, па сигурно не мисли сриозно да ти го чува детето. Ќе те бара само за забава, авантура и покачување на адреналинот, па кога ќе му стане досадно ќе си замине. Не е престар за да влегува во сериозна врска со некоја што има дете и маж. Има многу шанси да си почне сериозно со некоја слободна девојка. Сега во паметот му е само забава и забава, и ѕвезди ќе ти симне за да добие секс без обврски. п.с. Како што пишаа погоре, прво разведи се па барај друг дечко. Вака не е фер спрема мажот.
Разведи се па потоа прави што ќе правиш. Велиш дека не те малтретира што е причина повеќе да не го лажеш и изневеруваш. Јас разбирам да исчезне љубовта и се тоа, ама сметам дека подобро да се каже дека нема веќе љубов и да се разделите по мирен и ферски пат па потоа секој што сака нека прави. Сепак мислам дека треба да бидеш 100 посто сигурна во врска со овој вториот бидејки може да се зезнеш а плус тоа и дете имаш. Сепак ти си знаеш најдобро.
Никој не може со сигурност да тврди дека на дечкото не му е за сериозно зошто бил млад. Уште помалце дека му било само за секс и дека ќе ја батали ко ќе му стане досадно. Значи не треба да се избрзува со такви заклучоци. Од моја гледна точка совет? Како и претходните постови. Разведи се, па после прави што сакаш и мислиш дека треба. Нема потреба да седиш во брак во кој не си среќна.
Јас мислам дека му треба забава...со дискреција Што има мажена жена да му се свиѓа? Да има 2 грама памет, немало да постапи така..
Јас вака би ти рекла: Ако двајца не мелат брашно,подобро е да се разделат. И бездруго,бракот не ти чини (според твоите зборови).Нормално е дека животот тече и дека ќе имаш друг. Но.. Биди фер. И кон себе и кон него. Напушти го. Но кога ќе го напуштиш извести го и дечкото,да видиш како ќе реагира.Не е сеедно кога си зафатена жена и кога средбите ќе се базираат на секс и кога си слободна разведена жена кај која момеби ќе треба и отчет да дава. Од 5 гледања ништо неможеш да заклучиш.Ни ти ни тој. Незнаеш каков карактер е. Ни тој не те познава. Прво расчисти си дома па дај си време да се средиш со мислите. Ако тргнеш по обратен редослед, ќе разбере маж ти дека плеткаш нешто па во цела ситуација кабаетот ќе се префрли на твој грб иако можеби и не си виновникот за распаѓањето. Зошто после да носиш таков грд терет на грб??
Мислам дека од тебе го добив најубавиот совет. Ти благодарам. Инаку го глеам се труди и сеа да дава отчет(иако не барам нишо такво од него). И цело време се чудам зашо кога разбра дека имам маж и дете не се повлече? А искрено бонбонче е , шарм и убавина.. изглед топ може да вртка женски колку сака. Имал врска од 3год и бил изневерен, тоа дознав.. Добра идеа. Може да се проба ова. Или ќе отворам очи или срце
Ајде ајде ти мрда гзето љубопитна си ама не ти се напушта маж ти туку така без разлика што не го сакаш. Сосема те разбирам, со него имаш дом, детето ти е на сигурно и има татко. Иако не го сакаш неможеш да го напуштиш за некој дечко што ти се запуштал онлајн и сте се виделе... Тебе ти е интересно и возбудливо сето тоа и некако ти дава повеќе храброст да го напушташ мажот. Мој совет ти е прво да пробаш со лепотанов како е што е, сега глупо е што те охрабрувам да ги вараш маж ти на некој начин ама таму немаш љубов, а ваму ти се отвара можност за авантура. Секој би варал коа би бил сигурен дека партнерот нема да дознае и тоа е ФАКТ. А тоа дека од 5 гледања ќе те земе кај него со се дете мене не ми е верно затоа јас на твое место прво би пробала. И друго прашање зашто кога би се развела би сакала одма со друг маж да почнеш? Па не ли ти е доста од тпј дома. Развефи се и забавувај се, ама не, ти сакаш и стабилноср за детето и друг на страна. Нема да ти бива така али подобро пробај пред да се залеташ да го напуштиш домот со маж ти за некоја авантура. А бракот штом немаш љубов кад тад ќе пукне.
Дечково не го запознав онлине, можеби не сум објаснила убаво. Јас дечково го познавам пола година уназад само шо не контактиравме. Инаку не ми е запознаен на фб , го запознав па тек пред два месеци ме адд на фб, неможел да ме најде. Благодарам на советот
Ах бе луѓе све негативно и изнапишавте на жената. Не дека не сте во право ама.. Има милион случаи каде жени дури со три деца никакви грди дебели неодржавани запоставени наоѓаат мажи кои за чудо се заљубуваат во такви жени. И прв нивен брак е со разведена жена со дете/деца. Зошто да не е можно тој да се заљуби во женава? Или било кој може и во вас да се заљуби ете така од нигде никаде и вие да не го очекувате тоа.
Може искрено да ти кажам нешто? На 24 год некој да е спремен и зрел да прифати жена со дете од три год ни на филм го немам видено тоа. Мислам дека само сексуално го привлекуваш и дека се би рекол само за да го добие тој дел а потоа кога целта ќе е постигната ќе почнат разно разните изговори. Знаеш кај е хирот? Сега во брак да легнеш со него редовно ќе те бара. А разведена да легнеш со него еднаш и толку. Дур да може да почне да мисли со горната глава. Ако бракот не ти функционира стави крај. Но пази со кој се моткаш. Сепак имаш дете и мораш трезвено да размислуваш.
Еј Дастке ми го кршиш филмот сега,филмот Мостовите на округот Медисон Зошто бре да не му се присвиѓа онака здраво,сериозно? Иако тие времињата од филмот и денешниве времиња особено кај нас повеќе ме асоцираат дека дечкото сака само да изврши прељуба со неа и да се фали на другарите како бил со мажена в кревет,ама сепак таа најдобро си знае. Но кога дошло да посакува и да се допишува со друг и јавно да кажува и да мисли дека сопругот не го сака редно е да се разведе и да му допушти прилика на тој маж да биде крај жена која ќе го сака и почитува како свој сопруг кога @Mila121 не може веќе. ''Има милион случаи каде жени дури со три деца никакви грди дебели неодржавани запоставени наоѓаат мажи кои за чудо се заљубуваат во такви жени'' помисли па кажа уствари на форум пиша и преживеа You've made my day @marchi-cool
Не навлегувам во причини, бајки и серии само ќе кажам дека независно дали маж или жена кој/а си дозволува да биде со некој/а кој е во брак ниту се почитува ниту се вреднува себе си.
Според мене, швалерот/швалерката, ама ич не се виновни. Тие не ветиле ништо, ни се потпишале во општина, ниту се заколнале пред Бога, нити пред народ. Маж ми ако одлучи да плесне некоја позади мојот грб, таа ли е виновна? Таа мене не ми должи ништо, тој ми должи.
А каде тука самопочитта на швалерките? Јас би рекла - што ќе си надробиш, тоа ќе си сркаш. Ова од исуство на блиска личност.