виновна не е ама кармата и неа ќе ја најде и ќе ја стигне. Или како што некои велат Божјата казна. Пред бога двајцата се виновни.
Реално, швалерот/швалерката не се виновни, ако твојот/твојата партнер/ка одлучи да те изневери ќе те изневери, никој не може да го/ја „украде“ од тебе. А тоа дека швалерот/швалерката не се почитуваат/вреднуваат себеси е точно, се согласувам, иако нема врска со тоа кој е виновен.
А швалерката мора баш со него да легне? Не знам зошто им се мета само зафатени? Наместо да си бараат некој што нема обврски, они запнале за зафатените. Сакаат да докажат нешто? На крај ќе си останат со прстот во уста. Како што и се случи на особата што ја знам. Карма ис а бич. @referentka јас не би се тепала ни со неа, ни со него. Ако сака да оди, патот му е слободен. П.С. Маж ми нема швалерка...Така си мислам.
Маж ми еднаш ми рече - Уф што се убави туѓите жени. Јас му одговорив - Па и јас сум за некого туѓа. Одма се намршти и оттогаш ништо не ми спомна.
Ама како да објаснам, мажот нема да те изневери ако тој не сака, па макар и в скут да му седни некоја. Ќе и даде до знаење дека е зафатен и ќе замини. Никоја не ги краде мажите, тие сами одат по своја волја. И онака на швалерките повеќето им е дојдено до авантури без обврски, и не им е битно дали мажот е зафатен или слободен. Тој што изневерува е виновен и никој друг.
А ти мислиш дека некој ако има секс со оженет/омажена, не се почитува себе си? Каква карма, каков Бог. Ако беше така лесно, немаше да има деца кои умираат.
Не би рекла. Таквите имаат одредена цел. Ама си остануваат со свиткана опашка. Ова што го пишувам е од блиски примери. На таквите не им е никој друг виновен, туку тие самите.
Некои им е цел, само дискретни средби. Ти мислиш дека сите се гледаат со луѓе во брак, за да ги преземат за нив? Why by the cow, when you can have the milk for free?
па така е во право си. Наместо да гледаат туѓи жени треба да гледаат кој гледа во нивните жени. ова е малки друга тема на муабет ама не си во право. Сум искусила на своја кожа. За повеќе дискусии може во порака ако сакаш
Mala sala,da ve nasmeam,mi tekna na temava koga go vidov,inaku nitu sum bila nitu ke bidam so ozenet,nitu osuduvam nekoja sto bila.
Не би била никогаш со некој кој е во врска а камоли брак. Се водам секогаш според она Не им прави на другите,она што не сакаш да ти го прават тебе. А изневерена нормално не би сакала да сум. И сакам да сум прва особа и единствена опција, а не втора. Не гледам никакво задоволство во тоа да бидам нечиј втор избор