Мене тоа - ако е разведен значи не чинел, ми е многу глупо. Така гледано, ако бил во врска значи не чини. За секој треба да си внимателен, дали има пороци не е поврзано со брак.
Јас не би била во врска со некој од кого жена му се развела поради тоа што бил многу љубоморен, се коцкал, пијанчел итн. Ако се развел од жена му поради тоа што она била виновна иако никогаш само еден не е виновен до некаде е океј ама да ми кажеш дека е во ред да бидам во врска со некој кого жена му го оставила оти се пијанчел, се коцкал и се дрогирал еве јас ќе ти кажам дека НИКОГАШ не би била. Утре мене да ме користи јас да му давам пари за да се коцка, да ме тепа итн. епа не си ставам здрава нога во шајка што се вика бидејќи не е единствен и не ми е зорд да бидам со него.
Ама си прајш ти филмови и извртуваш цела тема. Не е зборот за дрогираши или пијаници. Море бреј простачки муабет и етикетирање. После се чудиме зошто 30 години не дупат едни исти во политика и државава стагнира или уназадува со теков на годиниве.
Во основа не е проблемот дели е разведен или никогаш не бил оженет, туку дали е пристојна личност, или не. Смени го гласот, ако си гласала.
Претпоставувам дека некои не би биле заради децата, ако ги има оној/онаа што се разведени. Па што кога ќе дојдат нивни деца, па ако се влече накај првите деца, па ако не сака други деца, бла бла. Имам слушнато ваков калибар муабет, и оф, ако не сакаат боље и да не влегуваат во таква врска. Умира времето кога разведените/самохраните се сметале за "обележани".
Јас ако влезам во врска со разведен, а ако има деца, би сакала да е во убав однос со своите деца (и тој и јас).
Баш поради такви како мене тоа се случува нели? Што не сакаат да бидат тепани и искористени. Што не сакаат животот да им го уништува некој таму. Баш.....
А како ќе дознаеш поради што го оставила жена му? Логично дека он ќе се брани и ќе ја напаѓа жена му, дека е она виновна поради нешто, макар и он да бил или поради некој негов порок како што викаш.
Тоа нема да го знаеш ако не дадеш шанса. Луѓето можат да се разведат и ако карактерите не им се совпаднат. Немора секогаш да значи дека едниот е лош. А и најнакрај и со не разведен да завршиш пак може да се погоди лош човек.
Апсолутно Една лоша спојка на две единки не значи дека некој е лош или не знам ти што Само значи некомпатибилни партнери.
Па значи ти не си со него заради пороците, а не заради тоа што е разведен.Нема веза едно со друго. И неразведен може да ги има овие пороци
Dokolku sum i jas razvedena so dete, isto kako i toj togas do nekade mozebi.. ama jas slobodna a on razveden i so opaska pozadi nego.. nikobgas veke..
Може и разведениот нема да сака да биде со тебе СЛОБОДНАТА ,која за неговото дете употребува термин ОПАШКА
Воопшто не ти е соодветно мислењето во контекст на темата. Не сите разведени имаат пороци Јас имам еден неуспешен брак прекинат поради различни интереси и погледи. Се разделивме согласно и коректно. За се треба двајца, па и за развод.