Темава е малку глупава Човек како прво не би знаел колку може да биде во брак сигурно гаранција нема за тоа . Без разлика дали сме со или без деца, како јас би била сигурна дека бракот ке ми трае до мојата смрт? Доколку има некоја пречка од двете страни или едноставно бракот не оди , зарем немаме право на друга шанса во животот ? Никој никогаш не може да е сигурен дека ке има доживотен брак.
Па ако се кај мајката, и да сакаш нема да е 360 дена кај него. Или ако е вдовец/вдовица. Да не треба сам да остане доживотно.
Па зависи искрено ако има деца би ми сметало , ќе мора да плаќа за нив да ги гледа и све а тоа значи дел од парите минус.
Еми така си е. Ама не е тоа морање, сакање е ваљда. И негови се...или само на мајката? Кој дел од кои пари сметаш? Од неговите?
Да од неговите пари ,наместо да ги вложуваме заедно во домот за нас он ќе мора да плаќа за неговите деца .
Па негови се парите, негови се и децата. Како да не дава (дел од) пари на нив? И "нас" и "вас" во една врска нема.
Е океј де јас затоа кажав не сакам некој што веќе има деца или уште полошо да живее со нив па јас ли треба да ги трпам туѓи деца ? Без разлика што се негови пари ако веќе сум се одлучила да живееме заедно тоа се наши пари а не негови .
Има разлика од разведен со деца и разведен без деца. Тука се кршат копјата. Ако немаш висок праг на толеранција, не почнувај ништо од типот "да пробам" познавајќи се себеси. Јас сум разведена, но немам деца, а и не се гледам во улога на родител.
Ако не сакаш да си во врска со личност која веќе има деца со друг, добро, тоа е твој избор и држи се до него. Сосема коректно е тоа. Ама кога некој веќе се одлучил да биде заедно со личност со такво минато, со или без децата во една куќа, тогаш тие пари се заеднички- точно. А во таа заедница припаѓа целото потомство на партнерите. Не можеш да очекуваш/бараш некој да заборави на своите деца само затоа што ти сакаш да си играш фамилија, ама без неговите/нејзините деца.
Мене не ми смета да има деца од претходен брак, не ми смета дури и ние да имаме деца. Точно дека се одлеваат финансии за децата од претходниот негов брак, ама многу себично ми е да сакам некој и си одговараме и се да ми е во ред и затоа што тој има деца од преходен брак и нормално финансиска одговорност за нив, себично ми е заради тоа да не сакам да сум во нов брак со него. Моја познајничка е во брак со маж кој на крај од 4та средно ја забременил тогашната девојка и ја оженил и сега таа е помајка на тинејџерка и добро се сложуваат и нормално татко и одвојува и време и финансии за неа.
Во ред е твоето мислење за тебе. Себичност или широградост, факт е дека не секој се пронаоѓа во ваква ситуација.
А шо толку шокирачки гласовите? Поделени се, за некој процент повеќе гласа има за не меѓу кои е и мојот. Леле, леле, македонски менталитет, страшноќа. Не секој сака да има врска со човек со такво емоционално минато или деца. И е скроз ок. Јас и долга сериозна врска да имал би се замислила дали сакам да бидам у брак со таков. Јас како што кажав, не сакам некој со толкав емоционален багаж или скраја било деца да имам до себе.