Би била со разведен, и 3 деца нека има ако сака, децата си имаат мајка, си имаат и татко и свесна сум дека дел од времето би им посветувал нив. И јас би се грижела за децата ако некогаш треба да излезам во пресрет, да ги однесам некаде или слично. Исто ко што јас не би сакала да останам сама кога би била разведена само затоа што имам дете.
Јас не би можела да се грижам за туѓо дете и не би ми било сеедно дел од финансиите мене да ми се искористени поради туѓо дете.
Точно, секој за себе кажува А за гласовите не потенцирав јас кон кого се однесува, сега ако некој си се пронаоѓа not my fault. Chill..
А кој би барал твоите финансии да се користат за туѓо дете? Си има детето мајка и татко. Освен ако не мислиш да ги трошиш финансиите на мажот, па да ти смета што ги делите со детето, ама во тој случај финансиите на детето се користат за тебе, а не обратно
Па се разбира дека не моите финансии но еве ако живеам со него финансиите би ни биле заеднички и зошто он место да вложи во нашиот дома ќе треба да ги дава за детето , секако дека ќе ми смета.
Ама ако го сакаш него и неговите деца од претходниот брак ќе ги доживуваш и реално ќе ви бидат 'заеднички' и заедничка одговорност. Иако ти го разбирам мислењето и во ред е да го имаш како такво.
Ама ако знам дека има дете автоматски не би го гледала како потенцијален партнер, затоа што за мене туѓо дете е товар тоа си е негово и он нека си го сака ама јас не верувам дека би можела да сакам туѓо дете.
Ако ми се пружи прилика не би бил од старт со негативен став кон ситуацијата. Ќе пробам, ако оди - супер, ако не, повеќе среќа следниот пат.
Би била у врска. У брак никако. Знам дека и у врска нема да издржам долго. Пошто бившата му жена ќе го бара за најмала ситница за детето. И така они цело време ќе си бидат во контакт. Чест на исклучоци. Али повеќе жени се такви. Би искочила во пресрет да му чувам деца ова она . Али ако си ѕвонат цело време ќе си идам полека полека.
Блиска другарка се омажи со човек кој има претходен брак и син од 5 години. На почеток не и пречеше, за среќа бившата жена не им се мешаше никако, се слушаа само кога тој ќе се јави на детето и таа ќе објасни нешто што дете неможе(у врска со болници,градинки и слично..), но откако другарка ми роди дете почнаа проблемите. Секојдневно се жали и плаче, а на почеток беше сосема во ред оти и нивните родители се разведени па комуницираат до ден денес па некако повеќе отворена беше кон таа тема. Јас не би почнала таква врска, камоли брак. Поготово ако има и дете.
So mislite za brak so razvedena devojka kona bila vo brak samo okolu samo 1 godina i nema seca nisto takvi obvrski i toa po odamna kako pomala pred 7 8 godini. Iskreno mene roditeite ne mi dozvolubaat i im preck takvata vrska da premine vo brak
А колку години си ти па за да они ти кажуваат? Дај ве молам бидете малце сериозни, не дозволувајте родителите да ви го креираат животот. Ете нема и деца, што има да се "загрижени" ако си со неа.. Да има деца не е исто, не може секој да се носи со туѓи деца. Уживајте си.
Jas sum 27 godini taa e 30 godini. Da znam deka e moe i setoa toa ama sakas i da bidea vo dibri odnosi so roditelite
Епа може нема да успееш во тоа. Ако неа ја земеш за жена можно е да прекинат контакт со тебе. Одлучисе што ќе правиш, имај ги сите работи во предвид. А не после да кукаш мама не ми прави муабет.. Со среќа.
Сакам и да пишам уште нешто кога веќе се отвори темава. Бев во таква "врска". Детето си беше кај мајка му а овој демек слободен. Неколку пати сум се довела во ситуација детето да им се разболе и овој да откаже средба /вечера која цела недела сме ја планирале. Ми пукна филмот ни врска се виде ни ништо. Сфаќам дека секој ќе истрча кај детето и одма ќе и откаже вечер на слободнава ама фала не ми требаат такви стресови. Ова е само пример кој ме вадеше од кожа.Има разлика од врска со разведен со /без деца.