Во ситуацијава е очигледно дека мајката лечи комплекси, и затоа што е љубоморна си ги праќа децата цело време кај таткото.. И им вика кршете таму, лудувајте, има кој да ви оди по газот..
Никој не те повика да и правиш психолошка анализа на мајката. Ги пратила кај татко им! Не кај комшија!
Господе боже. Децата не се деца само на мајката. Таткото им е исто така родител и тој дом е нивен. Вишок во ситуацијата е девојката. Затоа најдобро е двајца разведени да си се најдат и да си имаат деца од минатите бракови за поголема разбирачка и поголем успех на новата заедница. Со него комоција и слобода нема да имате како ти што замислуваш затоа што не е ерген и не е човек без обврски, родител е, татко секогаш ќе биде на тие деца. За осуда ќе беше ако поради тебе ги отфрла децата, за тебе да ти е убаво. Браво за човекот што децата му се на прво место и покрај разводот (не како многу мажи што ги забораваат децата за новата жена). Нормално дека ќе биде кавга. Или прифати го со деца или остави го човекот. Ти немаш деца, најдобро е да се разделите, никогаш нема да имате разбирачка, секогаш ќе им отежнуваш ситуација и на децата, тешко ќе ти е и на тебе. Овие врски 90% од времето се осудени на пропаст ако едната страна зад неа нема брак и деца.
Какви и да се децата, не сметаат.Кај татко им се-родител кој е должен да се грижи за нив како и мајка им.
Никој не те тера да им бидеш дадилка но треба да имаш големо разбирање и да ги прифатиш како свои, бидејќи ако го сакаш и почитуваш него по автоматизам и нив. За деца се потребни двајца така да, верувај многу ќе ти олесни ако го свртиш тркалото и не мислиш само на себе. Значи според тебе жената е само расплод за раѓање, крива е што не ги воспитала децата и крива е што ги тера децата да прават глупости. Значи ти кога ќе бидеш мајка ќе имаш невоспитани деца, ќе служиш само за раѓање, а мажот нека ужива од ко ќе се разведе од тебе. Колку плитко размислување. Да, сигурно од пуста мира. Па после ќе се жалиш дека таткото не си ги гледал децата. Дај не трескај глупости. Деца не можат да расипат заедница која е цврсто градена, не може никој друг повозрасен освен ако самите не дозволат. Во ово случај членката сама може да си ја расипе идиличната веза, бидејќи како што кажа во меѓуредови на човекот му се битни децата затоа и се со нив.
Како и да е децата си имаат татко. Не дај боже мајката од икс причини не може да се грижи за нив и таткото ги земе да живеат кај него.. што ќе прави тогаш членкава? Кога се влегува во врска со личност која има деца од претходна врска/брак треба зрелост да се прифати таа соатојба и да се сфати дека децата секогаш ќе бидат на прво место. А и @Broken.Angel има деца од прв брак. Не може он да ги гледа нејзините а да ги фрли неговите. Треба да се има голема емоционална зрелост од двата партнери за ваква врска да опстане.
Да бе па она ќе им каже седете мирни...децата си се дома и родителството е 24/7 и замисли засекогаш..чаре најди си слободен партнер или разведен што нема деца, многу едноставно е..
Има таа свое дете/деца, ама е себична, така да ова паѓа во вода иако логички така би требало да биде како што ти кажа.
Аууу е тогаш уште полошо што поставила воопшто такво прашање секој за себе си знае ама треба малку реалност, моето дете е дете а детето на дечко ми е на мајка му
Секако децата треба да се на прво место. Но, при разводи многу често се оружје преку нив се препуцаваат. Можеби треба да се дообјасни членката.
А бе он со бившата може колку сака да се препуцава ама не може она да очекува дека ќе ги снема магично, дека ќе бидат како дрвени војничиња кога ќе бидат кај таткото.. Тоа е кога се мешаат деца од две семејства во едноо ново. треба мнооогу трпение и разбирање. Ако таткото на нејзините деца не ги гледа и не е заинтересиран, може човеков што кој што е си сака да си биде татко на децата.
Ама се е тоа во ред и така треба да биде. Само кажувам дека кога бившите партнери ќе си најдат нови партнери има случаи каде намерно некои работи се прават. Пр од случајот што го знам, бившиот маж треба да оди на свадба со новата девојка,мајката му се јавува во последен момент дека нема да ги земе децата за викенд,за да не оди овој со новата. Тие се тие глупости што ги прават.
А бе сега.. многу примери има ама факт е дека родител си е родител и без разлика дали жената или мажот се свети преку децата не може да ги остави на улица зашто бивпшта е лудача а на новава и сметаат. Деца се. Тука се. Тоа е тоа.
Прво никаде не спомнав дека се работи за мене. Друго- напишаното е само накратко објаснето и поради тоа ке разберам зошто ваков пристап. Кога би го знаела детално случајов можеби и би се разбрале. Нормално дека тоа се негови деца и треба да доаѓаат. Но- мајката на тие деца ги праќа исклучиво само кога она сака. Многу пати таткото ги барал да одат, таа не ги пуштала од нејзини х разлози. А се деси некогаш таа да сака да оди да шета не удира ништо живо од ... и си тера своето. Пример: известена е да ги пушти децата кај таткото да поседат недела дена пред празниците затоа што за време празниците треба таткото да оди со сегашната жена надвор од градот. Мајкава не ги пушта заинат, вреѓа по телефон, се заканува и слично.. за да на денот кога треба таткото да замине каде што планирал, нејзе да и текне дека сега сака да ги пушти да дојдат. Таткото откажува планови и сепак ги зима децата.. Проблемот не е откажувањето на плановите мегутоа ова се случува постојано. Цело време е обвинуван како не си ги сака децата и како само за себе и новата жена си гледа.. просто му набива на таткото вина а тој токму поради тоа секое нешто за себе го отфрла за да сепак биде со децата. Практично по муабетот на мајката излага дека не смее тој да ужива во ништо друго зошто ако е така одма не ги сакал децата и триста други глупости. Човекот дома реши да реновира, таа му се качи на глава зошто реновирал, требало тир пари за децата да ги даде.. требало тие 10 дена децата да се кај него итн итн.. а башка тоа што децата се истренирани кога одат кај таткото да прават намерно сплетки. Деца од неполни 10 години да и се понашаат на новата жена како газди, преместуваат низ куќата како они сакале, растураат, кршат, претат по шкафови и сликаат со телефони и и праќаат на мајка им... Да опишувам уште???