Треба да си многу несебичен и да си спремен да го делиш твојот партнер постојано за ваква врска. Имам многу да пишувам на оваа тема, што од разговори со разведени жени, што од разговори со разведени мажи, што од гледање се и сешто. Ваква врска да опстане треба да си многу силен и психички стабилен.
Па мила за тоа и е темава, за да пишуваме примери и да може некоја феминка во иднина да донесе одлука според други примери и постапки. Инаку теси многу добро ги гледа работите и во право е. Но како и во тема снаи и свекрви мажот кој е главнаа улога никаде го нема, ни тука ни тамо. Тоа е проблемот.
Здраво!! Ја нешто почнав да се гледам со еден разведен, скоро се разведе и има 2 годишен син. Претходно бевме пријатели / другари на некој начин и така се случи..Се зачудив кога ме бакна.Не беше дефиниран за нашиот однос..демек не е спремен за врска дека со трауми се соочува и цел свет му е срушен после разводот! Сфаќам дека безвезе е односот ,што знам ту мач компликејт и тоа он си ги комплицира работите според мене иако јас сум како типична стереотип жена спремна све да прифатам..гледам дека џабе! Прашањето ми беше , вие другиве што се гледате со разведени,нели имавте проблеми од тој тип..да е у депресија и да не знае што сака?
не гледам проблем тука да се гледаш со разведен маж но разведен маж со дете тоа никогаш утре да се земете меѓу вас ке има нешто што секогаш ке смета и неговото дете ке ве гледа како злобница која ги разделила мама и тато а недај боже да живеете заедно ти маж ти и детето на маж ти па можете да замислите каков ке ви биде животот дете какко дете ке го сакаш ама неможеш да му викаш сине и сл или тоа вас мамо сепак не е ваше туѓо е
Повеќето од вас се за не на почнување врска со разведен/разведена во ред секој има свое мислење свои ставови почитувам,меѓутоа па и тие се луѓе незнам зошто така треба да се гледа на работите,никој не ги знае причините за нивните разводи,ете и тие можеби после тоа негативно искуство повторно ќе посакаат да најдат некој со кој ќе делат се,па зар да бидат осудени цел живот на самотија,можеби е обврска за другата личност доколку има деца и сл. ама немора да значи,во денешно време се повеќе има разводи...секој има право на втора шанса тоа е мое мислење,а оние кои бараат совет за ваквите врски,најдобро ќе одлучат самите во зависност од ситуацијата,и колку се тие психички спремни да се носат со тоа
Јас бев мазена со разведен со дете9јас бев девојка) немој и со мене се разведе ама по моја иницијатива
Јас бев мазена со разведен со дете9јас бев девојка) немој и со мене се разведе ама по моја иницијатива
Мој совет е да си прекинеш со време, бидејќи после работите може да станат потешки и покомплицирани. Не мора да значи, но еднаш разведен човек може повторно да го направи истото. Или од страв повторно да не му се случи истото ќе те држи покрај него по секоја цена, па ако некогаш посакаш да се разделиш од него може и ќотек да добиеш и да бидеш натерана под присила да останеш со него. Најчесто таквите мажи се депресивни, и кога веќе еднаш им се случило такво нешто се плашат од повторен губиток на личноста која ја сакаат и во тој момент се спремни на се`. Ова ти го кажувам бидејќи познавам девојка која се гледаше со разведен човек, со 7 годишно дете. На почетокот дури ја доби беше предобар, а после ја затвори дома и не ја оставаше да мрдне додека тој се шеташе по кафичи и се гледаше со други. Во моментот кога и пукна филмот и реши да го напушти паднаа тешки закани, па беше присилена да остане кај него, со цел да се заштити себе си и својата фамилија. Не мора да значи дека сите се исти, но не одобрувам вакви врски од причина што ако тој човек бил доволно зрел и паметен немало да дојде до развод, и истото може да го направи и со тебе. Можеби жената била крива и таа била причина за разводот, но никој тоа не го знае. А и секој од партнерите кажува работи во своја одбрана, со цел да се заштити себе си во иднина и да залаже друг дечко/девојка на кој ќе му го загрози животот.
и што сега сите што се разведени не треба да бидат со некој и да си го продолжат зивотот. она треба прво убаво да си испита како што е па потоа да види дали и одговара да биде со него. ние не го знаеме човекот и неможеме да судиме
Како бе така, сите разведени мажи ги ставате во групата на незрели, недоволно паметни, па дури и агресивни? Да земе некој разведените жени да ги генерализира, ќе му срипаме тука сите, виртуелно ќе го каснеме за тастатура. И со право. Насилник си е насилник, глуп чоек си е глуп чоек. Некој повеќе, некој помалку; некој порано, некој пак подоцна го манифестира тоа. Навистина, разводите се честа појава и скоро секој од нас во своето окружување има еден па и повеќе примери, не ретко и многу блиски личности кадешто доживувањето на тој период е од поблиску. Секој развод зад себе си крие своја приказна и секој човек којшто поминал низ развод останал со различни рани. Можеби немало ни проблеми, можеби едноставно немало веќе ни љубов ни разбирање. Се согласувам со тоа дека разводот, особено одреден период по разводот се тешки, затоа и сметам дека разведениот пребргу почнал врска со trtla. Се надевам дека навистина се` започнало со разводот и дека претходно не си кокетирала со него, затоа што во спротивно утре ако бидете заедно на подолга стаза, ти би била најоштетена, во поглед на тоа што во прв момент на поголема нервоза би можел да ти го спушти истото (and I've seen that happen), ние мислиме дека мажите не се толку паметни, но само ако помалку зборуваат од нас, не значи дека не гледаат. И во не мал број на случаи, таквите коишто се така лесно заведени, не се доволно ни зрели да го прифатат својот дел од вината, па имаш моменти како на пример „ти најде да збориш“. Извини ако не е така, само ти кажувам за секој случај, ако е, за твое добро да си знаеш на што си. Отворено разговарајте. Кажи му дека не сакаш да бидеш утеха во тешки мигови, дека го сакаш и би направила се` за него, но таа твоја љубов заслужува место во неговиот живот, многу позначајно од "It's complicated" статус, ако ме разбираш. Знам случај на еден разведен што сакаше една и самиот и` рече дека не сака веднаш да почнува врска, туку сака да си ги расчисти мислите и да почне нов лист со неа, без многу истакнати трауми од разводот и чуда. Несебично сакај го мажот со којшто си, но никогаш не дозволувај да се ставиш во премногу сервилна позиција. Од таква позиција ретко кому би му било привлечно да те освојува. Се надевам помогнав и среќно.
и јас сум во слична ситуација се запознав пред 5 месеци со дечко постар 12 години разведен и има две дечиња. прво да расчистам сега јас не планирам ништо сериозно свесна сум дека сум млада. на почеток го одбегнував се поише али веќе два месеци се гледаме два три пати неделно. второ ми одговара неговото друштво начинот на кој се понаша со мене и се што правиме заедно. многу пати имаме зборено за нас и што би било коа би било и планови за иднина и се останато и имав во друга тема пишано дека децата ми претставуваат пречка и да некогаш размислувам на тој начин сепак две деца многу е за 19 годишна девојка да не речам дете ама гледано од друга страна ако тие деца мене ме прифатат и немам никаков проблем со нив може и да се успее.. во еден случај му реков што ќе биде кога јас би сакала нешто свое? и одговорот негов беше ќе добиеш(секако не можам да бидам 100% сигурна во тоа) многу сме слични на некои работи гледаме исто и слични размислувања имаме.. по неговото однесување не е некој што би ме затворил дома или некој што има зацртано да се ожени и се да се врти околу дома значи човек е што сака да излезе да седи во друштво.. е сеа јас си имам јасна цел да завршам факултет да се средам па после семејство и се остало и дека немам намера тоа да го сменам што на него му е дадено до знаење и не му е никаков проблем да чека(очекувам коментари од типот па нормално разведен е сам е ти млада ау бу..) многу пати низ муабет ќе ми спомне нешто за децата или некоја дешавка и не осеќам никакво лошо чуство туку радост не знам некое необјасниво чуство.. и знам дека ќе речете сега се ми е розево занесена сум итн али едноставно кога некој те исполнува и те тера да заборавиш на се околу што те мачи не треба да се откажеш.. трето најголем проблем ми е тоа моите како ќе прифатат и што ќе биде понатака затоа што доволно ги познавам моите и не верувам дека би им било сеедно, да беше само разведен некако ќе поминеа низ тоа и низ годините едвај ама дека има деца тоа не верувам.. исто и некаде погоре видов прашање дали ги знаеш причините за разводот.. да не остане и тоа необјаснето, причините ги знам и детално ми се објаснети и навистина тоа не е негова вина, на секој може да му се случи, децата живеат со него поради финансиската состојба на мајка им и многу ретко се гледаат со мајка им еднаш у две три недели по два саати зашто таа сега си очекува друго дете со друг маж и повеќе ја влече тоа таму отколку другите две деца (барем јас таков впечаток добивам).. и уште еднаш да појаснам не планирам ништо сериозно барем додека не си обезбедам пристоен живот за самата себе.. само ме интересираат мислења и што вие би направиле..
Pumpkin2 сигурно дека ќе ти одговара неговото друштво тој е триесет и кусур годишен маж. Искусен е веќе во животот и знае како треба да се третира една девојка. Неговите деца сигурно се сеуште мали, но по неколку години кога ќе пораснат и ќе влезат во побертет јас ти гарантирам дека ќе имаш големи проблеми. (доколку стапиш во брак со него)Растењето и созревањето на едно дете е тежок и долг период, некогаш родител неможе да излезе на крај со нив а не пак ти која за нив ќе бидеш буквално никој и ништо. Сега не ти пречат но по неколку години нема да можеш на крај да излезеш со нив. Ако го прифатиш него ќе треба да ги прифатиш и неговите деца и да го замениш местото на мајка им таму на некој начин. Тие секако веќе си имат една мајка, ти неможеш да им бидеш мајка но ќе треба да се грижиш за нив. Сега кога децата се мали е лесно купи им едни смоки и цел ден ќе те слушаат, но вистинскиот проблем настанува кога ќе навлезат во пубертет. Имам наназад во темата пишувано за случај на мои блиски врати се и ќе прочиташ. Утре другден ќе си имаш и свои детенце, кога твојот сопруг ќе посвети внимание некогаш на неговите а на твоето не ете ти кавга, префрлања и слично. Може бракот со личност која немала друг брак зад себе нема да ти биде совршен но барем и ќе нема некои вакви компликации.
Секој однос се гради, па и оној со децата. Ако убаво, другарски им пристапиш и им ставиш до знаење дека јасно ти е дека имаат една мајка, а дека ако им требаш секогаш си тука за нив, веројатноста да те прифатат е голема. Најбитно е да расчистиш што планираш со него на долг рок. Тоа само ти го знаеш.
63 гласа за... 90 против... Според тие што гласале против, доколку некогаш во животот се разведете, дали тоа значи дека сте осудени да живеете сами до крајот на својот живот?
Едно ќе напишам. Многу е тешко девојка со разведен маж, а посебно ако тој има деца. Друго не сакам да коментирам.
Врска со разведен? Да, но само ако сте спремни да се носите со сите негови „проблеми“ со бившата жена, со сите негови обврски кон децата, со родителите кои стареат и утре ќе прават споредби меѓу Вас и бившата... Не е исто излегувањето со разведен маж и животот во брак со него!!! За „надвор“ секој ќе Ви биде совршен, но за заеднички живот требаат многу одрекувања и компромиси!!! Но, пред се, пред да стапите во врска со разведен маж размислете добро дали ќе можете да се грижите за неговите деца како за свои - децата не се виновни што родителите им се развеле и не треба цел живот да патат поради тоа!!! Ако сте спремни за сето ова може „врска со разведен“ - зошто да не!!! Секој има право на втора шанса и на среќен живот во двојка!!!
Da imam deca i da gi osuduvam na takvo nesto NE!!! Decata ke mi bidat najvazni od se vo svetot. I ne znaci deka ke sum sama, ama da se mazam ni pod razno da im donesam doma nekoj sto mnogu ke gi "saka". Eden den koga ke imate deca ke svatite... vi treba iskustvo, Daleron ubavo si napisala zenata e so iskustvo..za dzabe se zaletuvate.
Јас сум разведена, млада сум имам 27 години имам и керка 7 години. Но ако ми се пружи убава прилика секако дека би се омажила, не би се осудила сама себе да живеам сама до крајот на животот. Секако дека детето ми е на прво место, во никој случај не ја ставам на споредно место, но и јас имам право на свој живот. Тоа дете еден ден ке порасне и ке тргне по свој пат и ке имА свое семејство. Но сепак треба добро да се провери со кого ке влезеш во брак.
Vaka Jas sum vo vrska so razveden I dete no toa ne mi pretstavuva problem,tuku problemot E vo negovata bivsa.Taa cell vreme my se zakanuva na mojot partner deka ako e toj uste so mene deka nema da mu dozvoluva da go gleda deteto deka deteto ne saka da zboruva so nego bidejki toj bill so mene,I taa I ja polni glavata I na dvajcata,no dosega dobro se drzevme so toa no oddednas neznam so se Desi so mojot partner kaza deka poveke ne my bill ubavo so mene deka mu trebalo razdelba,ok ajde moze stv mu treba po posle Edna Ned toj totalno me izbrisa od se I stanal fb prijatel so bivsata a na nikoj ne kaxuva deka SME raskinati I e total no oddelen od site so nikojne kontaktira neznam sto se desava mn mi e komplicirano