Штом те избришал од се , и стапил во секаков контакт со бившата , не се надевај на ништо веќе , жал ми е што те разочарувам , ама продолжи напред , ќе си најдеш друга среќа , не се разочарувај и не чекај некој кој те оставил. Ете и самиот ти кажал не му е убаво повеќе со тебе , и те избриша од се. Дружи се повеќе со другарки, излегувај и среди си ги мислите и животот , немој да се нервираш и да си го уништуваш животот, остави се на времето , тоа најдобро ќе ти покаже што да правиш.,поздрав и секое добро.
А што очекуваше ти? Да те избере тебе наместо детето негово? И да те сака тебе и да му е убаво, заради детето што тој го создал и што има половина негова душа нема да се загрози себеси и да си дозволи тоа да се сврти против него и да не сака да го гледа. Доволно му е тоа што не живее со мајка и татко, а згора на тоа и да не се гледа со таткото. Најбитното за децата е да имаат татковска фигура во својот живот. И да не ти раскинел тој јас мислам декаако несакаш тоа дете да страда требаше ти да го оставиш. знам дека звучи сурово, ама таа е реалноста.
и не ми се верува колку наивни женски мозоци има,као нишо не е битно они се сакаат бла бла,многууу повеќе од сакање е ако сакаш нешто сериозно и брак со разведен,зборам разведен со деца.Никогаш нема да биде цлосно твој,ќе биде поделен помеѓу минатото и девојка од сегашноста,не ги осудувам јас на осаменост разведените со деца,секој со својата среќа,но да имам ќерка и да сум разведена е многу осетливо и психичко тешко ти да и донесес нова особа во животот,тоа се трауми што ќе ги има цел живот
Прочитав поголем дел од темава. Ме интересираат мислења онака, што ако е разведен и без деца? Разведен човек, слободен некое време, не многу постар и ве покани да излезете? Би започнале нешто со таа особа? Би излегле воопшто?
Не! Јас не би , инаку немам предрасуди кој со кого сака да си биде ... глупо ми е млади девојчиња што залетуваат , а не се свесни со какви проблеми би се соочиле , како прво нема целосно да им обрнува внимание , повеке ке го влечат децата , второ дали неговите деца ке ја прифатат , како трето дали тој сака повторно да оформи семејство и да има уште деца , како четврто дали ке може да го поднесе комуницирањето со бившата жена ( нели заради децата , договарање , алиментација , па кога ке ги зема преку викенд ) , внимавајте во што се впуштате , све што лета не се јаде!
@anakonda88 jaс тебе на очен доктор ќе те водам. Девојчето праша "ако е разведен и без деца", ми ги бришат мислењата ама ако, не мора во секоја тема да ги вртиш работите како што ти одговара. Да не биде на страна од темата млада сум за сериозни врски ама некогаш би била со разведен човек. Размислувањата и ставовите ни се менуваат низ текот на целиот живот, секому може да му се случи да се омажи/ожени па да се разведе, што не значи дека треба да остане сам целиот свој живот ради предрасудите и епитетот разведен/а. А во врска со поранешната жена треба секоја една личност да биде доволно паметна за да знае да им покаже на сите каде им е местото, до каде и се границите и до каде смеат да одат, за подоцна да не има беспотребни караници и проблеми. И да има деца, секој однос се гради, па така јасно ќе им дадете дека тие си имаат своја мајка чие место не планирате да го пополнувате во никој случај. Децата си растат и созреваат и по неколку години секој ќе си тргне во свој пат, што не значи дека родителот треба да биде осуден да живее цел живот сам.
Јас да сум на твое место би прашала,зошто ако тој ја изневерил сопругата голема е веројатноста и тебе истото да ти го направи
Од почетокот не би прашала..зошто нели со кое право...ама подоцна ако е сериозно,би сакала да знам,нормално,да нема тајни.
Би излегла, а и би започнала нешто.Исто ко да бил у доолга врска и живееле заедно, еден потпис не мења ама баш ништо.
не ги вртам работите како што ми одговара , ЈАС КАЖАВ ЗА МЕНЕ! Ти кажи си за тебе! Кажав општо за разведени , а и да е без деца сепак имат нешто што е разведен .... Ова е мојот став и ти нема што да ме убедуваш дека ставовите се менувале , јас кажав лично за мене а секој нека си биди со кого сака , немам предрасуди кон никого но не би се впуштила во проблеми! Доколку некоја си сака нека си биде со разведен/а , мене воопшто не ми смета!
Друго е да e разведен без ништо освен една бивша жена,и друго е разведен со бивша жена плус деца.Голема разлика има.
mene ne bi mi precelo i vo paket so se deca da e po moznost zenamu nego da mu dala staratelstvo i ke mi se ostvari zivotniot son deca da mi trckaat okolu noze. Nemojte da bidete so predrasudi,jas od sto gi imav se zafrknav so nesoodveten soprug i za brzo i dvajcata ke bideme Mr. i Mrs.razvedeni i sto nekoja nego da ne go saka ili mene. Mislis ke ti priznae ako ja izneveril???
Зошто да не. Па и крај краева ако тебе ти е убаво и си почуствувала некоја хемија што си должна да полагаш сметки некому.. крај краева народот и овака и онака ќе зборува, гледај тебе да ти е добро да уживаш, не гледам никаква пречка во ваква ситуација. Животот знае да пишува романи, денес си доле утре горе, денес грешиш некаде утре се учиш од своите грешки, човек секогаш мора и треба да пробува за да успее некаде и во нешто. Воопшто не се замарај, ако чуствуваш нешто не размислувај два пати туку живеј онака како што ти вели срцето. Сметам дека уз муабет треба да го прашаш за неговиот живот, сепак се запознавате на самиот почеток сте тоа се е спонтано, теми за муабет секогаш ќе има и ќе има и во склоп со истите најнормално се приврзуваш/оддалечуваш од човекот и започнатото. Детските и несозреани муабети на темава на ги разглабувај многу многу.
Одлуката е сепак твоја но треба да ја знаеш причината поради која се разведол.. оној што изневерил, повторно ќе изневери, тој што кренал рака на една жена-ќе крене и на друга итн.. Секако тој нема да ти ја каже правата вистина туку ќе се обиде да ја сврти приказната во своја корист.. Не ќе е лошо да се распрашаш прво
Razveden bez deca Toa vi doaga kako vo vrska. Bil so nekoja vo vrska ne mu odelo i se razisle. Site nie sme bile vo razlicni vrski i koga ne ni odelo sme zaminale. Nekoj od nas otisle i podaleku, so dokumenti i potoa svatile deka ne se eden za drug. Tuka nema potreba za nikakva panika. Razveden so deca Isto covek ima pravo da se pokae. Vo brakot , niz godinite, rasteme se razvivame no za belja nekogas trgnuvame po razni patista. Nemame zaednicki interesi koj ne sblizuvaat i doaga do razdelba. Vo meguvreme se rodile deca (vo dobrite vreminja) koj ne se nicija kolateralna steta. Treba da si rascitite deka tie deca treba i mora da gi prifatite kako svoj, no isto ako tie ne ve prifakaat treba sami da se odkazete zosto mozat zivotot pekol da vi go napravat. Ako nemate takva golema dusa vo celost da prifatite togas podobro e da se trgnete od oroto pred se za vase dobro. Nemojte ni na kraj na pamet da si stavate deka ako ne sega rabotite ke dojdat na mesto podocna. NE NEMA. Zatoa gledajte, otvarajte oci, bidete fleksibilni i podavajte raka za i drugata strana raka da vi podade.
Бидејќи убаво образложи, имам една дополнотелна информација. Личноста ја познавам 10 години веќе, од кои првите 5 се среќававме речиси секојдневно (се движевме во исти кругови). И неговата поранешна жена ме знае, 2-3 пати во тие 10 год сме се сретнале и кажале 'здраво'. Мислам дека тоа ја комплицира ситуацијата малку. Јас некако сум сеуште 50-50 за излегувањето, но важни ми се мислења, бидејќи никогаш порано немам размислувано за ваква ситуација.