А зошто едно "здраво" кажувано од култура на сред улица би ти ја комплицирало ситуацијата?! Не гледам овде да спомнеш дека сте другарки и дека сте блиски па да би ти ја комплицирало ситуацијата?! Пробај, може ќе успеете а може и нема, ама ако не пробаш нема да знаеш. Секако ако на тебе ти се допаѓа човекот вреди да пробаш па што ќе биде ќе ти каже времето. Не треба да се преоптоваруваш со црни мисли и да мислеш на што би било кога би било бидејки не знаеш што ти носи времево, се е ризик ако не ризикуваш нема да знаеш дали ќе ти биде убаво или не пак ќе ти речам.
Да, во право си. Тоа здраво беше само тоа. Кога некој стои до некој што го знаеш, ќе си кажете „здраво“. Ниту ја познавам, ниту сум поминала време со неа. Ти благодарам
И јас мислам дека треба да излезеш Ако е разведен, не му завршил животот .. А може и баш ќе се согласувате штом веќе долго време се познавате. А за тоа дали да го прашаш зошто дошло до развод, те молам ама најсериозно те молам, без оглед колку му веруваш, немој само да се потпреш на неговиот одговор. Ова ти го кажувам бидејќи во поблиска фамилија имам разведели лица и верувај и тој и таа ја филуваат и украсуваат приказната како им одговара во моментот И нормално, никако одма да го прашаш и никако специјално тема да не отвориш, туку спонтано низ муабет.. Патем, не знам каде живееш, ако живееш во мало место на почеток може да јадат банани луѓето околу вас(зошто се разведени сите комшии/пријатели знаат, секој различна приказна раскажува ) ама по некое време ќе баталат.. така да за тоа да не се замараш ич..
Мислам дека нема причина да го одлагаш прашањето- која е причината за развод? Ми нема логика да врската стане сериозна, па да разговараш на таа тема. Отворено и во очи - за да знам каков став да заземам за нас и возможноста за нашата врска би сакала да ја знам причината за развод. Причини има милион, можеби ќе биде прифатлива за тебе, можеби не. Да речеме дека двајцата констатирале дека не си одговараат, љубовта престанала, не им одговарал сексот, не можел/ла да ја прифати нејзината/неговата фамилија, ..се ова ми е прифатливо. Но што ако ти рече - замисли сакаше со другарки на кафе да оди, закасни од работа пола саат, многу време посветуваше на себе, еднаш ја удрив а она паника дигна ... мислам скроз неприфатливо. Или најтешкото - не можевме да имаме деца...што отвара милион дилеми - дали ќе можеме ние да имаме деца, во кого е проблемот...(сега овој момент е нели ако планираш, сакаш нешто повеќе со човекот) На крај - секоја планина своја тежина, секоја приказна своја вистина. Колку и дали ќе ја слушнеш вистината, сама ќе пресудиш. На крај на краиштата човекот не е виновен за разводот, за кавга треба двајца ( во македонски услови најчесто и цело племе)...и не гледам зошто би била ограничена да му дадеш и да си дадеш шанса. Истово го мислам и за разведени со деца...само што во тој случај треба да си го преиспитате сопствениот капацитет за толерантност.
Ако си разведен и со деца не значи дека животот завршил. Јас сум разведена и со дете. И не се откажувам од љубовта..но сум се откажала од човекот што не ме почитувал. Детето ми е се во животот и ако некој понатака што ќе биде со мене го прифати во ред...ако не нека ни биде. Секако дека детето ми е најважно.
Самозаради малограѓански гледишта се вели не гби време со разведен/а со дете/деца. Ама бре луѓе за кого живеете за себе или што ќе речат другите. Другите нит плата нит ручек ќе ми дадат.Така да ајт.... И да и би излегувала и ако ми е убаво и би се омажила по 2пат со разведен со деца и да даде Бог и наши да си имаме сакам дури и 5да имам доколку и она сака. За деца и не е се до парите до вистинската љубов е.Нема другите,работата,платата да ми се радува и јас неа да ме гушка.Тоа се минливи задоволства а децата СЕ ТРАЈНО БОГАТСТВО.Туѓи мои нема,децата се на тој што ги одгледува,воспитува.
Го пишувам ова бидејќи многу ме интересира вашето мислење. тој е разведен(30години) а јас девојка - имам 20. Тој има едно дете. Меѓутоа до тоа како дошло до развод тој воопшто нема никаква вина туку неверствата на неговата бивша жена. Ние бевме некое време пријатели и на крај тоа премина во врска. Знам дека многу ме сака, исто и јас, преубаво ни е, прави да се чувствувам исполнета и среќна, заборавам на сите проблеми кога сум со него, си помагаме во се. Само има друг проблем - моите дома не знаат дека сум со него, некако неможам да соберам храброст да им кажам, се плашам од нивната реакција и од реакцијата на останатите. Не сакам да се разделам од него но истовремено ме плашат и критиките од луѓето.....
Ја знаеш ли прказната за мажот и жената со магарето што збореле луѓето за нив? И дошле до заклучок дека на луѓе погодување нема. Ако ти е добро тебе, ако те почитува и сака што има врска што е разведен и што ма дете па, нека и не е едно, важно е вие да функционрате како што треба, а мама и тато ако си среќна и чувана и мазена и пазена ќе бидат среќни за тебе можеби не веднаш ама со тек на време сигурно. А тој треба да го цени тоа што ќе застанеш позади него.
Девојчето мисли тој е проблем за нив, а да ти кажам едно, сите ние сме овде тоа што сме сме благодарение на родителите ама мора да го живееме нашиот живот не, нивниот. Што сакам да кажам, таа најдобро знае каква е нивната врска, а не мама и тато и тоа не е некоја греда што не се надминува иако те се најдобро и мислат во врска со партенр сите се премногу заштитнчки настроени,а тоа не е секогаш добро.
Не мора сега за сега да им кажуваш......Почекај некое време подобро инаку секогаш е најдобро вистината да се каже.А за луѓето не се секирај тие секако ќе зборуват дали добро дали лошо,живеј си за тебе.
Колку време сте заедно? Полека засериозете ја врската и кога мислиш дека доволно време поминало соопшти им. Значи не барај дозвола, не размислуваш опција "ќе правам што ќе речат" туку чисто соопшти им ја веста дека имаш некој и да не слушнеле од друг ради други "драги" комшии, дека бил разведен со дете. Ако се бунат прво нагласи дека ова е твоја одлука за твојот живот, дека слушаш совет, а применуваш ако ти одговара. Следно,зошто критиките од луѓето? Тие се пресвети безгрешници, судии на гуѓи "грешки"? Не. И тие прават грешки, и тие го живеат животот. Можеби некои работи за нив се дознаваат, некои не. Ако мислиш што би рекле луѓето дури и да решиш да одиш в манастир (зошто никој зет кој ќе го биди нема да биди доволно добар за нив, уба подлога за оговарање), ќе речат "абе не можеше чупето зато" или "никој не ја земаше" зошто мора приказна да напрат ако нема блага веза со со реалноста. Ти живееш за себе и онака како што ти е убаво, не за нив. Родителите, ако ти си одлучна, се најмал проблем. Ајде со среќа. @фина96
Веќе 6 месеци сум со него, и некако не ме трпи да не и ја кажам на моите вистината. @anakonda88 мене не ми е проблем разликата во години, искрено ми крева паника кква ќе реакцијата на моите дома, секако тие знаат дека постои некој во мојот живот но не ни помислуваат дека е разведен и со дете а и детето не живее со него.
Не се брзај @фина96 . 6 месеци е сепак краток период за една млада надежна 20 годишна девојка. Гледајте се, а дома некако ќе дознаат, не мора да им кажеш. Не е проблем за него дека е разведен, проблем е за тебе, дека треба да прифатиш дека има бивша жена со која има дете, и ако се одлучите да живеете заедно, постојат шанси тоа да дете да биде често со вас. Дека после 15 години додека неговото дете ќе студира и ќе оди на годишни одмори, ТОЈ ќе треба да дава дел од неговата плата за него, и сето тоа да го прифатиш. Ако се разбирате како што велиш, нема да е ич проблем. Сепак ти си многу млада, 20 години... остави нека течат работите малку вака...
Moj predlog ti e sega za sega da si molcis pred tvoite. Ponataka ke vidis kako ke se odvivaat rabotite megu Vas. Znam deka e tesko da se krie ljubov plus i pred tie koi ti mislat najdobro,no pricekaj da vidis dali i posle 6 meseci pak isto ke osekas prema nego. Ako e razveden ne e sugav,no mora da zemes vo obzir deka ima "opaski" od prethodniot brak. Dodeka si so nego soocuvaj se deka ima dete,deka ima obvrski kon nego i ne slusaj nikogo. Isto taka ne ocekuvaj koga ke se razbere za vrskata so razveden da prifatat vednas. Ne se razocaruvaj,ako ste vistinskiot par se ke prebrodite.
И тој ми вели така - ако навистина сакаме да сме заедно никој не може да не раздели. Меѓутоа и моја одлука е да молчам дома како и до сега, па до кога ќе издржам не знам. Здравје боже се надевам дека ќе ја прифатат таа врска
Сепак си млада , види какоо што со дечкото , ако се зајакне врската со него , и стварно е има во него тоа што го бараш и сакаш , ке се обидеш да им објасниш на родителите ... но сепак мој совет е да почекаш уште некое време , 6 месеци не е баш долг период ...