И јас ќе ти кажам да не избрзуваш со кажување пред твоите. Релативно малку сте заедно и сепак си премногу млада, затоа не брзај. Почекај да видиш како ќе се одвиваат понатаму работите, се ќе си дојде по ред. Освен тоа горе-доле сите си ги познаваме родителите и добро знаеме како на пример би реагирале во одредена ситуација. Немораш веднаш да им кажуваш, туку одоколу зборувај со нив, дискутирајте кажи си каков е твојот став на оваа тема, па види како ќе реагираат. Голем дел од родителите не ги прифаќаат ваквите врски и се водат по она, девојка со дечко, разведен со разведена, итн, итн. Ама ако си ти среќна со него и оди се како што треба верувам дека со тек на време ќе попуштат, сега за сега не се оптеретувај со тоа.
Не пречи воопшто ако е разведен, тоа ми е многу пофер и поискрено отколку да останел во брак ради деца/пари/штокекажаткомшиите итн. Ако веќе има деца тоа е друго. Ако веќе планираш нешто сериозно со некој што има деца, тогаш е лично до тебе дали би ти пречеле неговите деца, факт е дека ради нив ќе контактира со бившата, и така...
Јас не разбирам како твоите родители знаат дека си со некој, а не знаат кој е тој некој. 2о години е време кога тој некој те зима од дома за да излезете, те испраќа, одите на викенд, одмор... Не битно. Многу битен ми е делот „а и детето не живее со него“... мислиш дека тоа е важно? Детето му е дете, па и во Америка да живее. Детето како расте така ќе има поголема потреба од татко му, а таткото поголеми обврски кон детето. Некако како да го игнорираш или пак маргинализираш постоењето на тоа дете ... освен нели што те тангира како твоите родители ќе реагираат на тоа. Друго...велиш „неверствата на неговата жена “..., како да тврдиш, како да си му била другарка уште во тоа време, по мое кое било најмалку пред 4 години. Не ми се редат коцките дека 16 годишна, би имала заеднички теми со 26 годишен фамилијарен човек. Не му беше во тоа време другарка? блиска? ...- тогаш, немој да тврдиш и осудуваш никого ако не си била дел од нивниот живот. И да, разлика во години 30/20 не ми е нешто ваауу, ок е. И да си ми ќерка би сакала да ми кажеш. Како мајка, ќе бидам сигурна дека го сакаш тој човек, ако го сакаш се она што е негово...не битно каде живее. Нема да бидам среќна до небо, ќе ме гризе црвот дека можда и тебе ќе те остави, но ќе ми помине... Која мајка не му посакува среќа на своето дете?
Што и да правиш, дали вака или онака, луѓето пак ќе зборат. Јас сум во слична ситуација како и тебе @фина96 .Па и бетер.Во сериозна врска сум со разведен човек со едно дете и постар од мене 17год. Еве за некој месец 2год ќе правиме. Мајка ми сестра ми сите другарки друштва банди знаат за него. Секако дека не ми беше лесно на почетокот да го соопштам тоа дома бидејќи знаев дека ќе ги загрижам со мојата одлука но со тек на време се навикнаа. Бидејќи се уверија дека ме прави среќна. А тоа за нив е најбитно. Ако чекаш погоден момент да знаеш дека тој никогаш нема да дојде. Само најбитно е да бидеш сигурна во твоите и неговите намери, дали навистина сакаш живот со него или сакаш да мислиш дека сакаш. Преиспитај се себеси и своите цели во животот, и ако не се сомневаш дека тој е човекот со кој сакаш да го поминеш животот и покрај се, ако те прави среќна и го сака најдоброто за тебе, шибај! Твојот живот е само твој, ничиј друг. Сите газиме по иста земја и имаме право да бидеме среќни онака како што ние сакаме. Поздрав и се најдобро!D
Ако е разведен не е толку голем проблем но детето ? Он сигурно ќе треба да плаќа алиментација и ќе треба да му дава пари на детето ,може сеа тоа не ти смета не размислуваш така но понатака ако бидете заедно ќе ти смета бидејќи детето е едноставно дел од неговиот живот и он ќе треба дел од парите да ги дава на него ,и неговата бивша жена додека не порасне детето таа ќе биде дел од неговиот живот пак он ќе треба за да го види детето да го земе од кај неа и за да го врати сигурно нема да се телепортира ,затоа размисли убаво дали сакаш да останеш со него ,сепак млада си цел живот е пред тебе можеш да бираш ,мислам дека си само затрескана во него и дека ако останеш подоцна ќе се каеш за тоа.
Секс врска со разведен да, но врска која ќе прерасне во брак не, посебно не доколку има деца од претходен брак. Јас да рмбам а утре моето детет се да дели со други не ми паѓа на памет. Подобро ќе го израснам сама отколку така.
Мн Многу е важна причината за разводот. Може секако да ти рече тебе: дека го оставила со се деца, дека била наркоманка, дека го изневерувала... Факт е дека ако е тој крив, никогаш нема да ти признае и ќе те лаже. Биди итра, распрашај се за се. Можеби ќе дознаеш работи кои ќе ти го сменат мислењето за него. А што ако ја малтретирал, ако ја тепал и затоа си отишла? Ниедна мајка не остава три деца без јака причина. Ако не ја ценел мајката на неговите деца, зошто мислиш дека тебе ќе те цени? Сега е прекрасен со тебе, за да му дојдеш дома да му ги гледаш децата, додека да потпишеш брак, а после тоа тешко тебе !!!
Темава ја отворив за да ги слушам различните размислувања и искуства, но тоа беше пред скоро добри 7 години. Епа од тогаш многу работи се случија. Веке година и пол сме во брак и за еден месец ке имаме наше дете. Инаку и моите родители беа многу против оваа врска имаше период кога не сакав дома да си одам за да не се сретнам со осудувачкиот поглед на татко ми и префрлањата на мајка ми(затоа што друг муабет не ми ни правеа). Сега веќе зетот го сакаат најмногу на свет зошто нивната ќерка е среќен покрај него. Неговите деца супер ме прифатија, но сега се кај мајка им која не им дозволува да доаѓаат кај нас. Инаку тој нема никаков контакт со бившата жена, бидејќи е модерно време децата имаат свои телефони па за гледање се договара директно со нив. Значи како што прочитав во неколку постови мажот е тој кој на сите треба да им го покаже местото и на бившата дека се е завршено меѓу нив и на децата дека треба да ја почитуваат жената која е моментално со него
Se vrati nazad po postovite da procitas sovetodavnoto telo sto pisalo?? Drago mi e sto vaka ubavo ispadnalo i bidi primer za toa deka ljubovta ponekogas e nad se.
Секако дека ја препрочитав цела тема и убаво ми дојде на душичката додека пишував дека целата голгота среќно заврши. Инаку okcenzi во тој период децата беа кај него пошто мајка им сакаше да се прошета низ странција некое време
Лично искуство немам (делумно), ама имам многу близок пар, среќен пар, кој е жив пример дека треба да го живееме животот како што мислиме дека треба и како што ние ќе се чувствуваме убаво, а не да се грижиме за осудата од општеството и луѓето околу нас. Моите пријатели беа во врска 4 години, претходно мажот беше во брак кој многу брзо заврши и има едно дете со првата жена. Набрзо по разводот почна врска со моја пријателка, а да ви кажам, позаљубен пар не сум видела ни меѓу тинејџерите. Сега заедно имаат една преслатка ќерќичка. На почетокот им беше ужасно тешко, почнувајќи од проблемите кај неа дома, завршувајќи со луѓе кои ги осудуваа, а воопшто и немаа контакт со нив. Сега сето тоа е минато, таа е блиска и со неговото прво дете, тоа живее со мајка му, често се гледа со татко му и сегашното негово семејство, ќерќичката со другата жена ја прифати како сестра и е пресреќен уште од нејзиното раѓање. Секогаш нека се така среќни, а ваквите примери треба да ги руѓат предрасудите што општеството ги има за разведените луѓе, без разлика дали се работи за жена или маж. И не заборавајте, една врска може да стане пекол и без претходни разводи или деца со други партнери, ако некој зад себе има брак не значи дека е монструм или не е човек. Едноставно не успеало, а и самите сте свесни дека многу од браковите на ВАШИТЕ родители опстојуваат само поради ВАС! Тоа не е фер, бидејќи секој има право на среќа, без разлика дали е родител. Јас лично сум за, ги подржувам храбрите луѓе кои се борат за својата среќа, а доколку ваква врска не успее, не е поради минатото, туку поради моменталните случувања. Сепак и бракот е една врска, која може во секој момент да заврши.
Само вторите жени,да не бидат причина за развод Одвратно ми е кога некоја,се ќе направи да растури туѓ, брак Секој може да има криза во брак,и некој тоа го користи....да се турне
Според мене, виновникот во таа ситуација е тој што е во брак. Никој не може да се ‘‘турне‘‘ додека тоа не му биде дозволено од другата личност.