Абе ако тој си ја сака и почитува сопругата....некоја колку сака нека мрда со опашката тој нема да ја погледне. Ама за жал секој сака од на комшијата овошјето....секогаш е послатко
Мене лично многу женати ми се додворивале , ме канеле да излезиме , иако дел од нив не ги ни познавам ниту сум имала здраво . Многу ми е нелогично тоа со опашката на жената , случајно опашката на мажот дан мрда премногу , а?
Како мислиш те канеле да излезете, а не се познавате ниту на здраво? Во дискотека или кафиќ ти пришол некој и ти рекол ајде да излеземе?
одненадеж добивав СМС порако ( од каде број кај нив , појма немам ) , на фб во инбукс и итн. Како ме прашуваш ко да не знаеш дека во денешно време све е достапно . Помина времето со фиксен телефон
Се надоврзував за опашката на жената , тоа ми беше поентата!!!Затоа не изигравајте паметни , бидејки далеку сте од тоа!!!
Па зависи,што знам...ако има деца потешко ќе е,ако нема полесно итн...сепак се зависи од ситуацијата,иако јас лично не би била..ама кој да знае што се носи животот.
Абе и разведените мажи и жени треба да продолжат со животот нели зависи од самата индивидуа како ќе го прифати фактот дека таа особа има пропаднат брак зад себе од некои причини , па на крај краева па не се само разведените личности на светов па мора со нив да си во врска . Ако не ти се допаѓа , барај си слободен човек без бракови зад себе , остави го разведениот да си бара друга среќа Јас лично не знам дали би била со разведен човек , зависи од ситуацијата
Секој заслужува љубов и втора шанса. Сум бил со разведена жена нешто постара од мене, некои 10тина години. Се што слушав беше „мојот сопруг, мојот сопруг“ малку ми сметаше што сеуште го вика „сопруг“. Нешто повеќе што ме депримираше беше дека првите месеци го трпев тоа и и давав учтиво до знаење дека не би сакал да го повторува тоа пред мене или да ми кажува што како било. Но после некое време ми пукна филмот, почнавме да се караме додека не сфатив дека сум бил само лек за некој си сопруг. Жити сопругот иначе... инаку би прифатил и разведена жена па и жена со деца, само доколку е океј личност и успешно расчистила со минатото, или пак би и помогнал малку, но таа сама треба да си помогне, не да замара со бившиот сопруг што ја фрлил како последна кучка и и правел трауми за цел живот. Lol
Зависи. Можно е некој да не бил женет и да нема деца и пак да биде идиот. Би била со личност што ми одговара карактерно, не барам ништо повеќе.
Воопшто не ми значи неговото претходно брачно минато. Битно ми е дали си одговараме и дали имаме хемија, а ако бараме влакно во јајцето тогаш може да се најдат изговори зошто да биде одговорот не за врска со разведен
Јас сум разведен и штоо не заслижуваме 2ра шанса? Живот оди понатаму некои грешки скапо ги плаќаме во животот но подпбро прекини со некоја што не може да се прилагоди во брак одколку да те боли глава..