1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со роднина

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sonce7, 30 ноември 2011.

  1. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    епа вака...јас имам 14 години...се започнува откако почнав да си пишувам со него на фб,и се засакавме....но незнаевме дека сме 3 братучеди...излеговме еднаш и се смувавме,потоа се скаравме.4 месеци тој не ми беше пишал...подоцна ми пиша да излеземе јас излегов со него.Утредента ми кажуваат дека сме рода..и тој знаеше и јас знаев ,но сепак се смувавме пак.Подоцна тој ми рече дека нема смисла најдобро е да прекинеме со ова.Јас два дена плакав....одеднаш ми се јави другарот негов и ми рече да се повратеме и јас се согласив ,излегувавме 2 недели.После некое време мојата мајка дознала за ова.И веднаш ми рече да прекинам секакви врски со него.Јас почнав да плачам.Ја молев мајка ми да ми дозволи,но таа ми велеше дека морам да сфатам дека сме рода.Јас му кажав на него и тој сфати,прекинавме.Поминаа само 5 дена откако завршив со него и многу ми е тешко.Неможам да се помирам дека го изгубив и тој ме сака ,и јас него.Но мајка ми не ми дозволува,јас можам да се скријам од неа ,но ке ме гризе совест,бидејки незнам дали е многу 3 братучеди.Јас сум опседната со него ми се иде да си го одзедам животот,ве молам помогнете ми многу го сакам и сакам да бидам со него...проблемот се моите родители,кажите ми ваше мислење како да постапам и дали 3 братучеди воопшто се сметаат за блиска рода? :((
     
  2. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    врска со рода

    Ох бре сонце. Ако навистина сте роднина тогаш завршена приказна е, а и имаш само 14години. Млада си туку што се развиваш. Ќе излезеш ќе се забавуваш и ке го заборавиш, само храбра биди. А за одзимање на живот не ни помислувај алооо свести се имаш 14 год а мислиш на тоа па кај ти е крајот бе девојче. Ако родителите ти викат не значи сигурно за добро ти велат. А можеби не е блиска рода ама сепак е иста крв. ПОзз
     
  3. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    врска со рода

    знам дека сум премногу мала,мајка ми ми вели јас ти дозволувам ако сакаш оди со него но мене ке ми направиш срам...многу ми е тешко стварно,инаку фала ти многу
     
  4. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    врска со рода

    еве знам и примери каде братучедовци се заедно и ништо страшно не е, ама ти имаш 14 години и право одма летна и помислуваш на разни глупости. Можеби утре ќе запознаеш некој подобар што никој нема да те спречува да си со него. Незнам стварно еве јас ти велам па ти како сакаш прави. Само внимавај
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.112
    Допаѓања:
    155.885
    врска со рода

    Абе едно тешко...на крајот,прај што сакаш,само не се размножувајте.
     
    На SuperGirl24, Saraa, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  6. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    врска со рода

    ве молам ми требаат уште совети помогнете ми..
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    4.508
    врска со рода

    Кажи и на мајка ти дека не се работи за срам особено не на неа... и иначе не си требала да почниш ништо чим веќе сте знаеле... Јас мислев одпосле сте дознале... 14 имаш, ќе ти помини... Се што лета,не се јаде ;)
     
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    4.990
    врска со рода

    Имаш 14 години и на првата неуспешна љубов викаш дека сакаш да си го одземеш животот?! Што останува за десет години подоцна?
    Луѓе се разведуваат, живеат еден без друг, па и што ако не си со него,уште десет љубови како оваа ќе смениш (мислев на пролазни, не на роднини :P)
    немој такви црни мисли!
    Тебе не ти треба совет, тебе ти требаат другарките и една пижама парти.
    Утре ќе се смееш за ова!
     
  9. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    врска со рода

    првиот пат кога излегов со него јас воопшто не ни знаев дека сме рода,ниту тој незнаеше...вториот пат веќе знаевме и пак излеговме...инаку фала ви многу
     
  10. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    врска со рода

    Имаш само 14 години, така да барем јас сметам дека си многу млада, а воедно и психички и телесно не доволно спремна за сериозна врска. На тие години се има симпатии, се дружиш со другарки итн. Не се зацрнувај на твои само 14 години. Немој да се навредиш или налутиш за ова што ќе ти го кажам, бидејќи ти пишувам со најдобра намера и е за твое најдобро. Прво, сакала или не мораш да се помириш со фактот дека двајца со крвна рода немаат иднина, тоа воедно е родоскрвен грев. Во иднина не би можела да оформиш нормално семејство и никогаш не би си простила на самата себе. Второ, од кај си сигурна дека ти го сакаш или пак дека тој те сака? На тие години најлесно се лажат тинејџери. Тој колку години има? Од кај ги знаеш неговите намери? Од каде знаеш дека тој те сака? Отвори си ги очите, тој те заведува за да те искористи, а кога ќе те остави, на секаде ќе се фали. Добро е што и тој те остави, верувај ми дека ти направил услуга. Еве, ќе ти кажам за ист случај помеѓу братучеди, за што јас бев сведок. Се случи помеѓу двајца први братучеди, девојчето внука од сестра на жената што работи еднаш неделно кај нас дома, а машкото внук од брат. Девојчето 14 години, а машкото скоро 19. Иако свесни дека се братучеди, тие оделе цела година заедно скришум. И после избегале заедно и отишле на манастир. Таму имале и сексуални односи. Успеале да ги најдат со помош на полиција. Машкото за инает и го направи сето тоа. На само 14 години и ја одзеде невиноста. Татко и ќе ја отепаше и беше вон контрола, ама полицијата рече не смее да ја тепа, оти кривично ќе одговара. Ама, машкото кога мѕ го направил тоа на девојчето, избегало, го оставил девојчето само, без око да му трепне, и полицијата спроведе потера кон него и го уапси поради однос со малолетник. После многу набрзо, оти такви им се муслиманските обичаи, девојчето го омажија за вдовец постар од нејзе 10 години, а сега е бремена во бракот. На твои 14 години ти треба да мислиш на твојата иднина, на твоето школување, која ќе биде твојата идна професија, да завршиш средно, а после и факултет, да се вработиш по дипломирање, а за машки имаш време и те како, а машки има повеќе отколку што има риби во морето. Кога ќе помине извесно време, а особено кога ќе бидеш повозрасна, ќе видиш дека тоа не било љубов и ќе сфатиш од што си се спасила и ќе му се заблагодаруваш на Господ. Поздрав и се најдобро.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    врска со рода

    Па вака,јас сето ова го пишувам од мака бидејки го засакав многу,реков дека и тој ме сака бидејки ми докажа на многу начини ,но сепак како што се вели ништо не е сигурно,можеби стварно сака да ме искорити,тој има 15 години.И фала многу за сево ова си во право!
     
  12. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    врска со рода


    Знам, те разбирам, јас ти дадов само еден вистинит пример. Па и тој на негови 15 не е доволно зрел за сериозна врска, може да има симпатија. Баш на тие години машките се залетуваат, фаќаат повеќе девојки, па ги оставаат кога ќе им здосади. А причината за тоа е што девојчињата созреваат ментално побрзо од машките, па затоа и машките се понестабилни, иако и самите не се свесни. А на кој начин ти докажал? Убавите зборови, јавувања по телефон или смс или милувања не се доказ. Кога ќе имаш 20 години, поинаку ќе размислуваш отколку сега. Ти кажувам од лично искуство. Јас на твои години сум имала симпатии и симпатии, дури мислев и дека ги сакам, па се замислував не знам во каква љубов со нив, ама тоа секогаш останувало во мене, на никого не сум му кажувала. Ама сето тоа на тие години е илузија, може да се симпатизира некој, да се дружиш, да ти биде пријатен, но и да се внимава да не се премине границата. Сега си осмо одделение или прва средно? Уште колку само има да запознаваш во средно, па и на факултет ехехееееееееее. Не гледај само право. Гледај и лево и десно, на сите страни. И слушај ги родителите. Единствено во нив можеш да бидеш сигурна дека не те лажат и дека можеш да им се довериш, па тие да те посоветуваат. За родителите нивните деца се најголемо богатство. Се што твоите родители прават, па дури и да те караат, се е за твое добро... тие никогаш не му мислат зло на своето дете.
     
    На una-princessa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    врска со рода

    Сега сум осмо одделение,и фала ти многу ми даде волја за живот !
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    врска со рода

    Вратиќе се роде. Рода = штрк [​IMG]

    Убаво ти кажа Лилит, не се размножувајте. Тоа се случува кога не си ги знаеш роднините
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    врска со рода

    девојче навистина те залам
    и тргни се од братучед ти, те разбирам дека ти е тешко, но верувај дека времето лечи се
    а на светов има тоооолку, и имаш само 14 години, се во свое време :)




    се секавам кога бев средно, запознав момче со момиското презиме на мајка ми(мислев дека ми е роднина)
    ама за срека не бевме крвно поврзани :whew:
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    врска со рода

    Разбирам дека ти е тешко, но немој да си правиш уште поголеми проблеми и тргни се уште додека е време. Имаш само 14 години, животот е пред тебе, какви се тие црни мисли. Повеќе излегувај и дружи се, брзо ќе заборавиш на се. Колку и да звучи досадно, времето навистина ги лечи сите рани. :)
     
  17. una-princessa

    una-princessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    врска со рода

    Самата сум 15 години.Значи на возраст сум тука наекаден колку тебе,ама размислувам сосема поинаку.
    Значи и јас сум во врска и сум заљубена ама да прекинам со него никоаш не би помислила за одзимање на животот.. што ке постигнеш?
    Еве ти уште еден пример,го даваа и на вести-девојчето раскинува со својот дечко и оди на костурницата во Кавадарци(незнам колку имаш слушнато) и се фрла од горе.
    Ја носат во болница рбетниот столб и е скршен и ке остане инвалид цел живот сега,а има само 16 години. И дали ти мислиш дека ДУРИ сега тоа девојче ке има иднина? Како ќе се осеќа после неколку години кога ќе биде по зрела и кога ќе и текне за што ја направила таа глупост?
     
    На Nastjaaa4 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Па мала си срце има време немој уште од сега да се разочаруваш во љубовта... за тебе сега почнува животот нема потреба од толкаво разочарување...се шо треба ќе си дојди во твојот живот ;)
     
  19. viktorija26

    viktorija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Сонце многу си млада за да кажеш дека тој е вистинскиот и дека не можеш да си го замислиш животот без него,сепак ти имаш само 14 години,животот е предтебе но ако ти е некаква утеха или охрабрување,не знам можеби некои од другите нема да го оправдаат тоа што ќе ти го кажам но сигурно не сум единствена со ваков случај па се надевам дека ќе разберат.Мојот партнер ми е трет братучед и заедно сме 12 години,трети братучеди веќе е подалечна рода па доколку навистина сакаш да видиш како ќе ви се одвива врската со момчето мислам дека можеш да пробаш којзнае можеби ти е интересен баш поради тоа што ти забрануваат сите, а после извесно време ти самата ќе видиш дали вашата врска има иднина или не.
     
  20. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    Сонце7...имаш само 14год и сигурно си преубава бидејќи секој си е убав на свој начин...знам дека си заљубена и ти е тешка оваа ситуација но послушај ја мајка ти...сигурно ти мисли добро!!!Еве јас сега имам 23 год и секојдневно на мајка ми и викам ти добро ми викаше штета што навреме не те послушав!Имаш толку мн време и има толку убави дечки кои ке ти се пуштаат и ке ти биде преубаво со нив што верувај не вреди роднинските врски со тој дечко да ги уништиш со еден таков потег!Јас те сваќам дека си заљубена и сето тоа е убаво но верувај дека на тебе чекаат толку убави дечки што сето ова за миг ке го преболиш!Биди ти таа што иако си мала нормално ке размислиш и ке ставиш крај за подоцна да сватиш дека навистина така требало, бидејќи тие релации се навистина малку необични...
    Ти посакувам се најубаво,сигурно можеш да се справиш со оваа ситуација на која подоцна можеби ке се смееш ;) :*