Тргни се од него.Неможиш да си со некој кој ти е братучед,вие сте иста крв.Не ме сваќај погрешно,но мораш да го преболиш!!Тоа е најгадно нешто да си со некој кој ти е рода...Се најубаво
Искрено ќе ти кажем мене не би ми сметало врска со роднина и тоа од 3 колено! не ни се важи тоа. Јас мислам да си продолжиш со него, а за другите тие секако ќе зборат, а мислам дека нема ни потреба зашто вие не ни сте знаеле! Ајде да речеш 2 братучеди ај, ама 3 не знам не е страшно! Се најдобро
Девооојки не е за тоа колку години има девојчето како што прочитав во нејзините коментари ми изгеда дека вистински го сака и тинејџерската лјубов понекогас и не е толку различна од оваа на постарите срценцее стварно се надевам дека ке најдете некое решенеје можеби треба да разговараш со него и заедно да најдате решеније.... ти ја посакувам сета срека на светот <3
Девојче, ај првиот пат кога сте излегле не си знаела, а вториот пат си знаела и пак со цел памет си излегла. Не прај смешни работи, роднина си е роднина. А и плус сигурно од два пати глеање не се родила огромна њубов
Јас мислам да продолжиш со него ако го сакаш толку, пошто сигурно нема да завршиш со него, да се мажиш и сл... Јас имам слична приказна со 3 брачед...Се запознавме случајно во кафич, јас имав 14 тој 16. Почна да ми пиши пораки, да иди секаде по мене, сите знаеја дека мн ме сака..А јас него не..го игнорирав, си се зафркавав со него..Но по една година почна да ми се бендисва, заедно седевме на маса в кафич секогаш ама немаше ништо меѓу нас..Беше празник, тој чекаше гости и со другари и другарки појдовме кај него..Мајкаму седеше со нас и овие одма почнаја да се зафркават за мене и за него и мајка му се заинтересира почна да ме прашва која сум, од кој сум..И таја ми вика абе вие сте брачеди 3..И јас незнаев кај се наоѓам готово..Истиот ден вечерта бевме заедно излезени и тој проба да ме смува ама јас немав со никој уште излезено ми беше срам и се тргнав..Другиот ден си заминав дома, во др град..а тој кај што живее одам многу често на поседок кај роднини..После тоа тој си фати женска, ме избриша од фб за да немал проблеми и прекинавме со мн контактирање..По неколку месеци бев таму, се видовме во кафич не зборнавме, ама тој на поминвање ме фати за рака и замина..После тоа тврдеше дека бил пијан...Сега имам скоро 18 години и уште го немам заборавено, а тој уште оди со неа..Се гледаме често бидејќи одам многу често таму и збораме ретко кога не е со неа тој..Се имаме неколку пати слушнато на моб во овие 3-4 години...Сега за распусто ме гледаше и јас него иако таја беше со него на маса..Сега имам прилика да излезам со него, да ни среди еден мој брачед истовремено негов добар другар, ама никако неможиме и немаме начин да се видиме бидејќи постои опасност таја да дознај ако не види некој..Сакам да го заборам, да не си давам лажна надеж ама никако неможам..Сум излегвала со др машки, дечко сум немала, но секогаш се на него се навраќам..Си мислам дека ако излезам со него дека на некој начин ке го подзаборам, ке си речам барем бевме еднаш заедно и тоа ќе ми е доволно..Сакаам да знам ваше мислење за сето ова и како да постапам...
Истото се случува и кај мене. бев во врска со братучед 3-то колено. многу тешки моменти, многу страдање, омаловажување од страна на моите родители се поради таа врска..бевме долго време заедно, имавме се, можеби надворешно и не си одговаравме толку али двајцата бевме склопени како едно цело. секој можеше да ни завидува. но дојде ден кога мораше јас со тешко срце да ја прекинам таа врска токму од причина што моите не прифаќаа..иако се поминати две години од тогаш јас сешуте сум скршена од болка, и секогаш кога ке го видам срцето забрзано ми чука, знам дека има сеуште љубов а не смееме ни да се погледнеме..така да мој совет, несакам да солам памет ама од искуство кажувам да се тргните од таквите врски со време, дури не е предоцна..можеби не е блиска рода јас така мислам, ама сепак е крв..и одсекогаш го знаев тоа, и пак продолжував се борев ама на крај..мораше да бидам јас таа што остава и покрај ветувањето НИКОГАШ НЕМАТ ДА ТЕ ОСТАВАМ
И третите братучеди се роднини!Ти треба да разбереш дека си и најважна на твојата мајка и се што таа ти вели е за твое добро. Понекогаш треба да го прифатиме тоа дека родителите се во право. Јас навистина не сум слушнала за врска помеѓу роднини која завршила добро. Едноставно некои работи не се во ред. Мое мислење е да ја послушаш твојата мајка и дапробаш да го заборавиш. Ќе биде тешко, но времето се лечи. Ќе најдеш некој друг. И не вреди да си го одземеш животот за ова..
сакајте се земете се и потоа родете си деца со деформитети по телото и ментално заостанати во развојот имацете се вие со децата а иони некавеколнат што сте ги создале такви слободно ајде ич не чекајте разгалени дечишта го сакам оваонаи да го сакаш знаес однапред дека несмеессонего не ради тоа што неви дозволуваат домашните него затоа сто ке имате нездрави поколенија
Луѓе тука станува збор за 14 годишно девојче кое миле дека тоа е љубовта на нејзиниот живот....н тие години тоа што и се случува на неа е најтешкото нешто, па дајте ви се молам гледам тука секакви коментари станува збор пак ќе кажам за 14 год девојче кое ќе има уште многу љубови, давате соети шо да направе незнам како па мислам нема 24 години, па и какви се тие совети останите заедно тоа не се смета како не се смета, се смета и тоа многу после 3, односно од 4 колено нагоре ај да се рече дека не се смета а за 3 баш се роднини, а и цуро без да се навредиш отвори си ги очињата и барај таму нова симпатија, оди излегувај, шетај, забавувајсе и живеј го животот, не туку седи по форуми и пишувај ќе си го одземам животот, епа стварно многу гледате филмови бе деца...катастрофа...можеби ќе се навредиш ама тоа е мое мислење, батали таму и бидете си другари ако можите, а ако не чао и пријатно секој свој пат, јас те уверувам дека тоа не е љубов, зато што на 14 и на 24-4години, различно се толкува и се сваќа, ти сега си само заљубена, а не го сакаш, пошто тоа се два различни поима. Поздрав и под хитно да си бараш друг симпатија, па пиши кога ќе го најдиш.
Не знаев дека и вакви прашања се поставуваат. Добро бе,од еден куп мажи на Земјава..да се плеткам со братучедот.И не знам дали е трагично или смешно шо 14-15 годишно девојче куби коси за братучедот..зошто нели,љубовта на нејзиниот живот. Јас да ти сум родител,ќе те тепам во вреќа чим не си разбрана од збор.Малоумно е..мислам мене самата помисла братучед да ти е партнер ми е грозна.
DA rodnini ste i spored ZAKON i spored ZDRAV RAZUM !!!!! ima milion maski na planetava ne mora bas so RODNINA t.e BRATUCED da bides "zaljubena" a baska i mlada si imas 14 godini tesko deka nekoj na tolku mladi godini znae sto e prava ljubov ili pa e tolku mnogu zaljuben da se utepuva...moj sovet izbegavaj go i najbitno od se staj si vo glava deka so BRATUCED osven rodninska vrska bilo kakva druga vrska NE E VOZMOZNA a i dozvolena.. [mod-kirilica:b69su5j5][/mod-kirilica:b69su5j5]
извини ема11 ама зоштооо со деформитети и ментално заостанати што се нема да се прочина цццц ако двајцата родители се паметни,нема врска сто се роднини...свашта еиии
Има врска и тоа каква.Ако се земат роднини децата што ќе им се родат ќе бидат деформирани.Тоа ти се биолошки процеси сега јас незнам како да ти ѓи објаснам,но имаат иста крв и затоа.
Шо се нема да прочитам,ако биле паметни немало веза дека се роднини ......ало девојче до толко да си неинформирана и неписмена па мајка му охххххххххх бееееееееееееееееееееее
Немој да речеш дека не знаеш дека од врски меѓу роднини навистина се големи шансите да се родат деца со деформитети и хендикеп? А ти што мислиш, иначе, зошто со векови наназад до ден денес се забрануваат и ограничуваат вакви бракови со закон? И зошто е инцестот кривично дело, м? Која неинформираност
Знам дека може да се случи без да знаеш дека сте роднини да се загледаш во некој или ете да почнеш нешто со некој. Но аманте бре луге, кога тогаш ќе дознаеш дека сте крв и тоа е тоа. Па и животните не се мешаат со сопствена крв. Си има правила во животот кои не се туку така кладени, не зборам за социјални ами за правила на природата. Малце ќе си го уклучите разумот исклучете срцето и со време ќе биде се ок. Многу по ок отколку да казните некои невини деца да живеат живот ко идиоти!
Многу жална приказна но јас мислам дека подобро е да продолжите не мора да знае твојата мајка...А и не е многу 3 братучеди.....
Знам..Сигурно ти е тешко..Но на 14 години да си го одземеш животот за првата љубов??? Не ми се верува што не ќе прочитам на сајтов ...Иначе ако толку многу го сакаш (иако на 14 години не постои искрена љубов,само детска пролазна и заборавна)кажи и на мајка ти дека не сте знаеле што сте сте се заљубиле и дека не е многу блиска роднинска врска ( трет братучед)..Дека гоо сакаш и сакаш да си со него..И да не чујам повторно такви глупости од тебе ..ДА СЕ САМОУБИЕШ..ЈАСНО?????? СО СРЕЌА
Значи вака.Решив да пишам во оваа тема затоа што се наоѓам во слична ситуација.Тој е втор братучед на татко ми.Се почна кога тој ми испрати понуда за пријателство на фб.Му ги разгледав сликите и потоа цела недела размислував за тоа колку е сладок.Сфатив дека чувствувам нешто кон него.Тоа трае уште од март месец .Знам дека не е во ред да сум заљубена во него но неможам да престанам.Се обидувам но залудно е.Секој ден мојата љубов се зголемува.Кога почнав да се заљубувам во него незнаев дека сме роднини .Кога дознав веќе беше доцна.Кога сме излезени поминуваме само со едно здраво.Морам да престанам но моите чувства се посилни од се...