Wow ! Браво значи БРАТУЧЕД НА ТАТКО ТИ, па колку години има ?? 40 ваљда ?! важно сладок ти бил Не се секирај зависи од кој аспект гледаш сите сме роднини па така да...
Прво си се заљубила во човек со кого имате само ЗДРАВО и некој кого ниту знаеш и познаваш карактерно, а карактерот вреди дури и повеќе од убавина, таа е пролазна, а карактерот или го имаш или го немаш. Второ по ова што кажуваш дека е братучед на татко ти сигурно би имал околку 40 години. Трето не знаеме колку години имаш,колку години има тој и дали доволно добро се познавате, ама без оглед на се, не мислиш дека треба да престанеш да размислуваш за човек со кого сте во роднинска врска? Мислам дека ова и не е љубов што го чувствуваш, дури ни заљубување, со некој со кого имаш само едно здраво, тоа е само некоја симпатија која ја чувствуваш кон него затоа што добро изгледал, па и сите ние си имаме симаптии кон некого. Љубовта и заљубувањето што ги чувстувувме сепак се нешто со кого веќе имаме барем доволно добар контакт со личноста што ни се допаѓа, па сите негови движења, особини, изгледот, карактерот, начинот на кои што зборува и многу многу други нешта што ги сакаме кај него/неа,а не само затоа што бил доволно убав, симаптичен Размисли убаво и не си ги троши нервите за нешто што, пак ќе напоменам, без оглед на се не е во ред да мислиш на човек со кого сте во родниска врска!!!
Со него си имам пишувано и на фб неколку пати и ми изгледа добар.Иначе јас сум 13 а тој е 15.Верувај не ми е лесно.Не е како претходните затрескувања.Овој пат е поинаку.Боли. Несакам да биде вака.Сакам повторно да заспивам нормално а не плачејќи.Сакам да престанам да го сакам.Не е лесно но ќе пробам да се откажам.Размислував многу пати но неможам тешко е ...
Уште го немам сфатено овој феномен за заљубување од слики и од едно здраво. Мислам дека феноменов има врска со мозокот, кој може да си прави филмови и да свтара емоции, дури и замисли за иднината. Дете неможеш да сакаш некој за кој ништо незнаеш, со кој немаш ништо заедичко, со кој не си доживеала ништо. Незнам зошто плачеш? Навистина незнам. Да сте биле заедно, да ти спуштал ѕвезди, да сте се бакнувале, да си имала пеперутки, ќе те разберев. Ти не си заљубена во него, ти си заљубена во фантазијата што ја имаш за него. Ти не си заљубена конкретно во таа личност, туку си заљубена во љубовта која сама си ја правиш во главчето твое убаво и си му ствараш тежина на срценцето твое чисто. Мораш да сфатиш дека ти не си заљубена, туку си фантазер како и твојата генерација. И знај ова, еден ден ке се смееш на ова дури по малку и срам ке те фати, ама сладок срам. Будалче
Девојче, кои претходни затрескувања? имаш само 13 години доправа ќе ти следуваат уште многу заљубувања и одљубувања, и љубовни болки и среќа и тага и се и сешто... Секако дека сега ти тоа не го разбираш и мислиш дека е крај на светот, бидејќи си во тие години, но малце барем размисли и гледај да си стоиш што подалеку од него за да ти биде полесно и ете на некој начин да речеме...ДА ГО ЗАБОРАВИШ. А ја поддржувам и Okcenzi, не може да сакаш некого со кого немаш ништо освен здраво и со кого не си доживеаала ништо заедничко. Ајде малце иди прошетај си со другарките и забавувај се, во овие годинии не ти треба такво нешто, а за љубовни проблеми, не сакам да те плашам, но секако ке ги имаш и ќе поминеш низ некои нешта, но за тоа имаш сеуште време
Всушност кога ке подразмислам малку сваќам дека си во право.Ниту сум имала нешто со него,ниту ме бакнувал ниту ѕвезди ми симнувал,ниту го знам доволно ,ниту пак ова моево е љубов.Ти благодарам,навистина многу ми помогна да ја согледам смешната реалност Како што кажавте и ти и окцензи ова неможе да биде љубов ова е само една голема глупост.Си се смеам самата на себеси зато што мислев дека сум заљубена во личност што не ја познавам добро Ви благодарам што ми ги отворивте очиве Luci22 сега видов дека и ти си напишала во врска со моето мислење.Тој има 15 чисто информативно и мислам дека не ти требало толку иронија
Мило ми е што си ја сфати грешката и се надевам ќе знаеш понатаму да ги разликуваш тие работи А сега уживај си во детството и во годините што ти следуваат
О миличко едно, јас се би дала да сум на твојте години и да си фатам здраво со спорт, со јазици со математика, за кога ке дојде денот за врски и уживање, да не морам да ги прекинувам за тие работи. Убаво е да си фантазираш и такви ти се годините, немаш што да се срамиш, така си го развиваш мозочето + хормони ехе. Треба да си се насочиш и на други цели. Малечка си за да чувствуваш болка за некој или пак да плачеш, но ете сме ние тука ке ти помогнеме кога и да ти треба. Убаво да спиеш и незаборавај да си ги прочиташ лектирите и да си се налакираш
Ќе ја сменам темамва ама многу ме насмеа со лакирање на ноктите... и ден денес ми се слаба страна мене барем многу ме релаксира и уживам да се лакирам И ти дерби уживај си во годините милааа... ќе ти недостига ова време!!! Биди ми поздравена
Мислам дека нема жена која не се смирува со лакирањето, па за тоа и реков да се лакира, а лектирите се задолжителни, за да развива мозок и да наградува говор. Ке и треба.
Ви благодарам уште еднаш и на двете.Ке ги послушам вашите совети и за друг пат памет во глава НЕМА ФАНТАЗИРАЊЕ ВО ВРСКА СО РОДНИНИ ПА МАКАР И ДА НЕ СЕ БЛИСКИ Ми ја разубавивте ноќта
Искрено и ти мене ми ја раубави нокта, посебно со фантазијава. Ме врати во времето која и јас фантазирав за џеј зи ама не се заљубив во него, а денес коа гледам колку е ружен човекот ауууууу секогаш си се смеам. И брат ми знае за него и често ме зеза и ден денес.
Темава со самиов наслов ме плаши, со тоа што јас и дечко ми имаме скроз исто презиме, па на почетокот се плашевме да не сме роднини, бидејќи од ист град имаат потекло нашиве само за селото уште не знаевме.... ауу колку се плашев, многу ми се допаѓаше, уште па кога се случи нешто повеќе ако дознаевме..... хорор. Тажен хорор. Не сакам да се потсеќам.
Хахах Derby злато ете гледаш не било ни љубов, ни ништо.. мило ми е што се освести, го делам мислењетњ со останативе феминки во најубавите години си, затоа не се нервирај со непотребни работи, туку учи, читај ги лектирите, спортувај, излегувај со другарките, дружи се, забавувај се... а за љубов и за заљубување имаш време уште си мала, ќе дојде време и за тоа Позз мила
Не сме фала му на бога, еве со години сме заедно и го планирам за маж, каков роднина. Не сакам ни да помислам што ќе беше да бевме роднини, зашто од самиот почеток си се пикнавме под кожа. И се повеќе си го сакам.
Окцензи ама таа има само 13 години еј. Какво заљубување, го видела на фб а згора на тоа и чичко и паѓа (2 братучед на татко и). Не знам како да и помогнеме освен ја да исплескаме по газот за памет.
Нормално е на 13 години да си има некои фантазии и да ја привлекуваат такви забранети работи. Сепак добро е што на време ја сфатила грешката за понатаму да не и се пвоторува или пак прерасне во навика.
На 13,14 никогаш не можиш да расудуваш правилно, тогаш мислиш дека сите се против тебе и само ти го разбираш светот.... ама после 10тина години ќе си се чудиш самата како можело тоа....