Врска со роднина

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sonce7, 30 ноември 2011.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Се збунив .. децата на маж ти се и твои деца а истовремено и твои правнуци :drunk: .. и јас се изгубив со роднинскиве врски :D .

    Во фамилија имав случај , кога втори братучеди откако направиле бебе разбрале дека се всушност втори братучеди . Последица на тој брак е , едни исти луѓе ми се трети братучеди по баба , а четврти по дедо :D . Нејсе , сопружниците што биле втори братучеди имаат две здрави ќерки , двете со фамилија , за жал тој чичко ми почина многу млад при пад во провалија за време на лов , а нина ми е жива и здрава , внучиња чува :) . Нив судбина ги споила , двајцата млади , излегувале некое време , направиле дете пред воопшто да ги запознаат фамилиите . Кога ги зачознале двете фамилии , веќе било предоцна .
     
    На marchi-cool и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    да да. По "математичките пресметки " на роднинскиве врски така би дошло. Според мене не сум поддржувач на врски со братучеди до 3то колено (3ти братучеди) а се друго е излишно. Е сега да се случи да се фамилија а да не знаат е друго. Затоа сметам дека децата треба да се дружат и да си ја запознаваат фамилијата а не ако мама и тато се искарани со браќата и децата не треба да се видат
     
    На CrazyGirl15, cresa-jagoda и Tea678 им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Исто и јас . За жал не секогаш е така . Еве мојве се голема фамилија од на татко ми страна по баба и дедо се вкупно 12 деца ( би биле 16 , да не умреле по две како бебиња од двете страни ) од мајка ми страна по баба и дедо исто се над 10 деца , и јас пола од фамилијата не познавам . Неодамна се најдов со еден братучед по мајка ми , а тој е колега на маж ми . Поима немав дека човекот ми е братучед . Никогаш предходно не сум го видела , ниту сум слушнала за него , а веќе има дечиња човекот , едното со ќерка ми е на иста возраст . Уз муабет маж ми спомна за вујко ми и така излезе дека сме братучеди и тоа втори :D .

    Маж ми пак , не ги познава од страна на татко му братучедите . Дедо му имал 4 браќа , ама се искарале затоа што браќава го притискале да го продаде имотот , овој не сакал и умреа скарани . Ден денес свекор ми не зборува со неговите први братучеди , ниту пак маж ми ги познава децата , а втори братучеди се . Да бев по потекло стара тетовчанка , ќе испаднеше дека сме фамилија . Среќа не сум :D .

    Затоа велам , ако не зборуваш , не зборувај , кажи им на децата кој им е фамилија , барем сега има интернет и социјални мрежи , покажи им слики од братучеди барем до трето колено .
     
    На candy.cane, tina2018, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Ова ко сценариото на Дарк серијата... Кој гледал знае :rofl:
     
    На Alisa22, Angie1432, sparklie и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    1w9gx6.jpg
     
    На diamonds.in.the.sky, Alisa22, H.VAGA и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.569
    Допаѓања:
    13.947
    Не поддржувам роднински врски, настрано е и голем ризик. Инаку знам трети братучеди што се во брак и имаат две деца. По две излегувања дознаа дека се роднини, па патетики малку и пак по старо. Да знаеш дека сте род и да спиеш со него, сепак е еден вид на инцест. Што ако се родеа деца со аномалии, ќе имаа ли грижа на совест? Инаку ова е грев. Од она што сме го слушале од постарите, оние кои практикувале вакви врски често се сочувале со немили настани, трагедии.
     
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш кај што искачав видов едно симпатично дете, ама онака баш ми се засвиѓа, па одма филмови си правев во глава неколку дена, дур не прашав што е како е. Прво кога ми кажаа име и презиме не обрнав внимание, после ми текна дека уствари ми е братучед што го немам видено од кога имав 5 години. Инстантно ми се отсвиѓа.
     
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    На време си се распрашала среќа :D .

    Инаку и јас не поддржувам врска со роднина , барем до трето колено , што си е сигурно , сигурно си е . Ама ако се случи да дознаете дека сте роднини откако веќе ќе се склучи брак и ќе се родат деца .. се што може да се направи е да се побара прошка од Бога за ненамерната грешка . Тука веќе нема многу што да се прави .

    За жал најчесто така и испаднува , откако ќе се земат дознаваат дека се роднини ( најчесто далечни за среќа ) .