1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вљубена во докторот

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од thenurce, 3 јули 2010.

  1. thenurce

    thenurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    пред да започнам со целата приказна сакам да ви кажам дека сум отворена за критики и сечие мислење зошто можеби токму тие ке ми ги отворат очите да ја гледам целата ситуација од поинаква преспектива
    имам едвај 17 години сум одлична ученичка не пијам немам никакви пороци и горда сум да кажам дека не правам класични тинејџерски грешки и ако нешто знам тоа е што сакам во животот си ја сакам кариерата имам големо искуство за мои години и без лажна скромност навистина сум добра во тоа што го работам , максимално се посветувам и не се откажувам до крај
    ....и јас така вљубена во медицината и секогаш спремна за нови предизвици собирам искуство насекаде ..постојано волантирам во црвен крст и болница
    тогаш го запознав него најдобриот доктор во целата болница со 300 титули човек да му завиди
    со големно внимание го следев видно возбудена и заинтересирана секој еден пат кога ќе ми покажеше нешто ново
    :worried: ...ете неколку недели почна она што сакам да ви го раскажам ...постар е од мене многу...20 години можеби и повеќе незнам дали е оженет веројатно е ...незнам како незнам зошто се вљубив во него го засакав силно ..останавме јас и тој насамо после толку време започнав цела да треперам и очајно се трудев да ја сокријам нервозата ..ме фати за рацете ме праша дали е се во ред ..ме погледна и ми рече ..не е нели а јас се плашам да не згрешам ..прашав зошто ми рече зошто совеста е будна кај постар човек дојде ме прегрна силно и ме бакна ...за потоа немам сила ни да раскажувам солзи ми идат на очи и се ми се гледа заматено ... :(
     
  2. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Па.........
    тешко, богами, тешко. Те бакна :o. Сепак да не е малку возрасен :^) , а и не знаеш дали е во брак или не. Не знам што би ти рекла, освен да размислиш да не си ги измешала чувствата. Да не е почит или некое восхитување за работата и титулите, а не љубов. А ако е љубов, тогаш :?: , стварно не знам. Сепак да имаше ти над 20 год, па и да бил постар од тебе не би било чудно кога би ве виделе заедно.
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    27.299
    Пол:
    Женски
    Не сакам ни да знам како завршила целава ова работа, се надевам само не ти направил нешто на сила. Ах, бре девојче многу си млада, зошто со вакви будалаштини дозволувате да ви се упропасти целата младост. Во тие години сте и мала занесеност ви се чини дека е голема љубов. Ајде да речеме момент на слабост, си се оддала на чувствата, но треба да ти е јасно дека ова не смее да продолжи вака. Посебно не ако човекот е женет. А тој пак, незнам како да го наречам, треба да се засрами. Возрасен човек, па згора на тоа и доктор. Па тој самиот е за на психијатар, дијагноза ПЕДОФИЛ. Нека не те залажува со неговиот надворешен изглед и неговата слаткоречивост, ПОД ИТНО оддалечи се од него. Те молам. Само страдања ќе си добиеш. Ништо повеќе. Немој да мислиш дека ако изгледа сериозен, дека навистина и е. За него ова е сигурно само една пролазна авантура. Нашол начин да се забавува човекот :puke: . Уште еднаш те молам биди разумна, не навлегувај подлабоко во оваа фарса. Поздрав и пиши, што си направила
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ех, девојче, извини ако ова што ти го кажуваме те повредува, ама знаеш ли за еден доктор, возрасен човек колку убаво чувство е кога некоја ученичка ќе го гледа со поинакви очи? Ехеее, има да лебди во облаци со носот, ама не од љубов. Може само да те искористи, да се перчи, а ти си така лада и наивна. Во ред, ама ова е минлива привлечност, тебе ти треба дечко на твоја возраст, да се дружиш и зафркаваш, да сец чувствуваш заљубена , ане некој строг и сигурно оженет доктро или што и да е. Тргни се од него, од таму, имаш време за љубов. НЕмој да се каеш подоцна. Добронамерни совети ти се овие :!:
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.224
    хммммм. интересна приказна, а и мааалце наликува на една моја кога бев близу твои години, малце помала(15-16)
    Те разбирам целосно, а богами и докторот штом така те прифатил и дури те бакнал(само не забележав дали пиша како и каде) Се ми се чини дека си премногу восхитена од него, дека го обожуваш и возвишуваш и мислиш дека е тоа љубов! А тој е друга страна претпоставувам е шармантен и харизматичен, нежен и внимателен...
    Секоја девојка на твои годнини би паднала на таков човек(добро не баш секоја нели) ;) Но друга работа е дали е тој женет??? Ако е женет ти предлагам да се тргнеш што порано, верувај ќе излезеш повредена! Дека е стар за тебе исто така е уште една пречка... Но што да ти речам, те сфаќам потполно, сум се нашла во ваква ситуација и не сум побегнала, чекав да видам до каде можат да одат работите и уште првиот пат кога бев блиска со него, сфатив!-работите за него водеа само вкревет! Што беше силна причина да го откачам и заминам од него засекогаш!
    А овој твој доктор веројатно се одушевил од твојата посветеност кон медицината и твојата младост! Знаеш сосем е нормално што ти на овие години кога си во постојан контакт и друштво на таков човек би мислела дека си вљубена во него! Но се доколку се е во границите ќе биде ок, ќе дојде некој во твојот живот млад и прекрасен полн со љубов и тогаш ќе сфатиш дека докторот бил само плод на твоите млади години...
    Мислам дека треба да му кажеш како се осеќаш и да го прашаш што мисли тој за тоа,бидејќи со тоа можеш да дознаеш кои му се намерите, ќе видиш дали тој е навистина е така совршен како што мислиш или е само некој Педофил што нашол слаба карика кај тебе! ако не се искажеш ќе ти биде тешко и тие солзи ќе ти станат секојдневие! Ти кажувам од лично искуство дека треба да разговараш со него!
    Се надевам барем малку ти помогнав, ти посакувам среќа и успех во изградбата на твојата хумана кариера, по која и јас чекорев пред 1 година, а потоа го започнав мојот пат кон правото и судот! :)
     
  6. thenurce

    thenurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Тешко ми е ..во последно време ми стана учител идол другар брат татко љубовник ...
    сакам да си кажам не несмеам но кога сум во негова прегратка работите се поинакви се чуствувам безбедно сакано искрено а сепак ме стега некое чуство колку е погрешно се што правам
    си велам ќе помине ...ќе заборавам си заминав

    но не врви ...:(
    секоја секунда мислам на него и пробав да го заборавам на секој начин но не ми успева
    ни самата неможам да си поверувам дека сето ова се случува ..како некој лош сон е
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    А знаеш дека е женет? Спиеш ли со него? Знаеш ли што носи тоа?
    Извини што прашувам ама... за твое добро не смееш. :shake: :shake: :shake:
     
  8. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    509
    Мислиш на него, бидејќи целава ситуација е некако нова и чудна за тебе и никако не можеш да го извадиш од глава. Не сум била во слична ситуација, но сепак би те советувала како OzzyAngel да разговараш со него... можеби сето ова е само воодушевување кон неговата успешност или пак желби за искрена љубов и чувство на сигурност...
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    27.299
    Пол:
    Женски
    Како што ми изгледа мене ова трае подолго време. Многу лошо. Не ми е јасно само како не знаеш дали е женет? Го познаваш ли ти всушност добро овој човек? Како гледа тој на ова, дали е само мување или ти ветува нешто?
    Знаев дека на тој начин гледаш на него. Таквите многу добро знаат како да се постават спрема помладите девојки. Не биди наивна, само сака да те искористи. Не плаши се да му кажеш НЕ. Погледни наоколу, сигурно ќе најдеш некој на твоја возраст во кој ќе вреди да се заљубиш. Паметна девојка си штом го согледа проблемот сега треба само да го решиш. Уште еднаш Внимавај со овој човек, не ми мириса на добро работава
     
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Зошто да не најдеш некој врсник ? Да се заљубиш без вакви стресови , чиста љубов што би се рекло . Почнало со тоа што ти рекол дали ти е добро , па со бакнеж , па прегратка , па да мораш да си во негова близина .. не продолжувај. Треба да знаеш кога треба да повлечеш црта , да си кажеш доста е , само што си требала малце порано . Нели рече волонтираш ? Оддалечи се од него и од таа болница .. искачај со другарки , запознавај нови машки . Млада си , не ти требаат вакви проблеми . :)
     
  11. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    ова со докторов да не испадне педофилија :?: ке ти помине младоста фантазирајки за несто сто не е твое ко прво ,годините втора прицина би рекла,и кога ке се свестис од лјубовниот транс ке се каес и ке го мразис сто ти ги зел нај убавите години..секој маж копнее по младо ,убаво и не зрело.. :x
     
  12. thenurce

    thenurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    веќе го направив тоа што ме советувате проблемот е што неможам да го извадам од глава :fubar:
    ми беше доста си заминав без да му дадам никакво објаснување ..а морам за се да заврши добро зошто јас сакала или не ќе мора да се вратам во болницата , покрај тоа што доброволно волантирам имам и феријална пракса а и пракса во текот на учебната година , може да пробам да го избегнувам но нели е полесно да се соочам со него одколку да си играме криенка цели 2 години :?: се чуствувам како да бегам од целата ситуација а тоа не е во ред , не е фер свесна сум што направив не е тоа само негова грешка туку и моја , не ме присили на ништо
    сега ме плаши тоа што сакала или не ќе мора да се видиме..страв ми е дека ќе бидам слаба и нема да ставам крај
    зошто секогаш полесно е да се каже одколку да се направи ;(
     
  13. thenurce

    thenurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    ...повеќето од вас се сложија на едно - педофил е класична приказна копнее по нешто ново или има болна секс фантазија и некојси фетиши за ученичка и доктор ..( страшно ) :|
    познавајќи го како се однесува со мене од почеток па да не речам до денес мислам дека не е тоа :?:
     
  14. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Јас мислам дека во ситуацијава не станува збор за љубов, туку едноставно за восхитеност. Преиспитај си ги чувствата, но немој да се впушташ во врска со него под никој услов. Млада си, немој да правиш вакви грешки за кои подоцна многу ќе се каеш. Изживеј си ја младоста, најди некој на твоја возраст кого ќе го сакаш без страв за тоа дали го правиш правилното.
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    5.389
    соочи се со него, затоа што како што кажа немаш шанса да го избегнеш. објасни му дека тоа што се случило е грешка, дека си млада и дека не си размислила правилно. се надевам дека ќе те разбере и дека не би ти требало негово мислење за твојте успеси. и внимавај да не ти се повтори со нокој друг од таа болница биди имуна на се. немој да мислиш дека тој нема кажано бар на еден доктор... немој да се фатиш во стапица да имаш нешто со друг, па трет..... тоа едно по друго си се нижи, може да дојде до уцени само за задоволство. меѓутоа јас отидов предалеку се надевам дека твојот доктор ќе биде разбран и ќе ја прекиете таа игра среќно
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас мислам дека ти не си толку заљубена во него, колку што му се восхитуваш на неговата работа и на неговиот успех и затоа го идеализираш повеќе и се осеќаш сигурно со него. А да помине некое време и да ти се средат чувствата, мислам дека ќе сфатиш дека не се работело за љубов.
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Само не сфатив, како не знаеш дали е женет? Нели си го прашала до сега, не ли сте правеле муабет на таа тема?
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.310
    Допаѓања:
    200.548
    Пол:
    Женски
    А дали мораш да одиш во истата болница или амбуланта или што и да е, каде што е тој? Мислам дека секојдневната близина и твојот восхит, твоето воодушевување од неговиот успех си го направиле своето. Драго ми е што уште од сега си цврсто решена да успееш во медицината и те поддржувам, ама вакви работи не треба да се случуваат. Нормално е да се зближиш со некој што го гледаш секој ден, некој со кој што работиш заедно, самата велиш ти станал ментор, пријател, учител (се надевам, не љубовник). Не го гледаш каков што е навистина туку го ставаш на пиедестал, и мислам дека тој го почувствувал тоа, па можеби сака да те искористи. Не знам. Мислам дека во него си нашла нешто што ти недостасувало досега, можеби татковска фигура, можеби некој што сакаш да те чува и води низ животот. Едно што сум 100% сигурна е дека го идеализираш и дека веруваш оти го сакаш.
    Мој совет е да прекинеш секаков контакт со него, значи да волонтираш, да работиш и да учиш нови работи на друго место. Не е една болница во цела Македонија (не знам од каде си), па да мораш секој ден да бидеш таму. И не по цел ден да бидеш во болници и амбуланти и Црвен Крст - одвој време за себе малку. Мислам дека кога нема да го гледаш, кога нема да контактирате, лека полека ќе го заборавиш и ќе си најдеш свој врсник (или барем некој што ти е поблизок по години) во кој ќе се заљубиш. Излегувај почесто, и така сега е лето, уживај, шетај со другарките, забавувајте се, во лето секогаш имаш повеќе можности да запознаваш нови луѓе. Мислам дека така полесно ќе престанеш да мислиш на него и ќе го заборавиш. Поздрав и пиши што си одлучила да направиш.

    П.С. Не ми е јасно зошто на профилот ти пишува дека имаш 27 години? А велиш дека имаш одвај 17 :?:
     
  19. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    Тхенурче, земи прочитај ја книгата од СИДНИ ШЕЛДОН-НИШТО НЕ ТРАЕ ВЕЧНО.ке ја сватиш полесно играта на лекарите....
     
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Точно. Како што знам за во школо треба да покажеш документ дека си била 20 дена на пракса преку летото. Не мора да одиш баш во таа болница кај што е тој. Или ако живееш во помал град па има само една болница, тогаш можеш праксата да ја одржиш и во некоја приватна амбуланта или клиника.