Добро вечер на сите. Ве молам предложете ми добар матичен гинеколог во Скопје за водење на бременост, а да прима нови пациентки. Воедно ме интересираат искуства за водење на бременост во Систина. Колку се наплаќаат прегледите? Ехо? Скрининзи? Фала
Јегени сега е во Тетово, One Hospital, а и не прави скрининзи он. Кај Адамова во Санте правев скрининг во 2017та со првата бременост, не бев нешто задоволна од тој преглед.
Јас со вторава бременост идев кај нејзе, задоволна бев, внимателна и премногу внимание ти посветува. Само да знаеш не соработува со фондот, приватно се плаќа
Ве молам за препорака за гинеколог кој што е добар за проблеми со матка ( во случајот преграда на матката ) ми е потребен навистина добар кој е стручен во таа област независно каде се наоѓа позз
Се пречитав за гинеколози тука, а и во темава. Се' ми се измеша, не знам кого да одберам. Ми треба и матичен и некој да ми води бременост. Гледам најпозитивни коментари има за повеќе доктори од Ремедика. Колку поскап би бил целиот процес во Ремедика отколку некаде каде што работат со картончиња? Како опции се мислам помеѓу: - ординација др. Вероника Кокоромановска (веројатно кај неа) - Дијагностички Центар (др. Мирјана Мицевска) - Гинекомедика (др. Силвана Божиновска)
Jas na sistematski odam kaj nea od rabota, ednas mi zimase pap i nikad vise mene gruba mi se vide. Za eho e ok, ni pravi i vaginalno i na gradi fino gleda objasnuva muabeti
Одличен дијагностичар е. Закажи си преглед и ќе ти каже мислење, дали треба дополнително да се испита или не и дали треба да се отстрани таа преграда. Воедно, проф. ги прави тие интервенции.
Можеш да прочиташ за искуства со доктори за ифв во темата https://forum.femina.mk/threads/Вонтелесно-оплодување.202/page-3802
Здраво. Дали можеби има некој друг број во ординацијата Коруноски МВР сакам да закажам преглед а не можам да ги добијам на 023161658?
Во категорија за бременост сум пишала, сега гледам Фала за бројчето, си закажав. Овој другиот го имав во телефон, претходно на тој сум ѕвонела најверојатно Инаку, на колку време е препорачливо да се прави ПАП тест? Јас правев лани во јануари, па се мислев летото пак да отидам ама некако со пандемијава не ми се одеше, па дури сега се наканив. Дали е многу долг период цела година?