Јас одев кај др. Кокоромановска и сум задоволна. Покрај тоа мислам дека работи уште нешто ама не можам да се сетам што. Училница за доење ли беше или нешто во болница. Другите двајца не ги знам. Најдобро е да отидеш кај сите горенаведени и да си одлучиш. Кај оваа ептен позитивно ми е што воопшто не го осетив вагиналниот преглед со рака.
@ivance.. заклучена си за пораки. Марија работи ли со сини картони? Некако многу скапо излегува.... за ехо, пап и брисеви што други матични би земале смешни суми од 200, 300 ден... оваа 2000 ден наплаќа. Ја пишав за матична еден преглед пред испитувањата и сумата беше таа. 500 ден знам дека се плаќа за во хистолаб, но остатокот...? Ме интересира од каде е извадена сумата затоа што гинеколози кои не работат со сини картони отприлика 3, 4000 денари земаат за исти испитувања па радо би ја сменила ако вака наплаќа. Подобро кај Билјана од дебар маало ќе се префрлам барем повеќе внимание ќе добивам за тие пари, нека е и поскапо. Инаку уште не можам да кажам за Марија колку сум задоволна, пошто имам многу малку искуство со неа.
Д-р Сузана како матична е супер, меѓутоа колку што знам не запишува пациенти веќе. Прашај си за сигурно. Но кога се работи за ифв, матичен гинеколог ти треба само за упати, било кој ќе ти заврши работа за тоа.
Незнам зашто сум заклучена иначе мислам дека дека не работи со сини картони не сум прашала а зима толку бидејќи ги праќаат перку курир брисевите затоа толку испаѓа а за ехото стандард со е толку 500 денари јас сум задоволна од нејзе е сега види си размисли си ако ти е многу можеш и државно да одиш за да не ти наплаќаат
Za ivf ne ti e biten dobar maticen i onaka ti treba samo upati i recepti da ti dava. Se drugo vo privatnata klinika kade ke pravis ivf ke si teras so toj tim
На две години, сериозна си? Па што ако е млада, младите не заболуваат? Најдобро и препорачливо е еднаш или два пати годишно, т.е на 6 месеци.
Барав некој спремен гинеколог, да го пишам матичен за да можам регулар да правам прегледи почесто Мислев регулар, некоја сума како останатите гинеколози, Надица во Мама или Коруноски., што земаат до 500 ден. ( доктори со години, само што не примаат нови пациенти). За низ годината да можам да правам и еден преглед во Систина , Ремедика или Билјана пак ќе ја спомнам каде се прегледите од 4000 нагоре. Фала ти во секој случај, очигледно не работи со сини картони. @ivance..
Да, сериозна сум. Мојот гинеколог дури ми рече на три години да се прави ако генерално се’ е во ред. Мене ми изгледа многу на 3 г, но на 1-1,5 (до евентуално 2) е сосема во ред. Досега не сум слушнала дека е препорачливо на 6 месеци, многу ти благодарам на информацијата. Фондот покрива 1 пап годишно, а кој како сака, така нека прави.
Ako fondot pokriva 1 god znaci tolku e ok. Jas isto ne pravam na 6 meseci. Vakcinirana sum za hpv nikogas problem na pap nemalo 1.5-2 taman si e. Ako ne otidam kaj maticniot ke mi dojde na red sistematskiot od rab nas i pap ni e obezbeden
Тоа што ти не си слушнала значи дека треба повеќе да се информираш, а тој гинеколог што ти кажал дека е во ред на 3 години да правиш пап тест ти препорачувам да го промениш, за твое добро. Еве мене ни еден пап тест не ми покрил фондот до сега, кај неколку гинеколози што сум била сите си одредуваа некоја сума, де 500 де 700. И ако според некоја твоја логика сум праввела пап тест на 1.5 или 2 години сега ке сум имала рак на грло на матка во напреден стадиум, среќа што правев редовно па рано се откри. И да не те теши тоа што си млада и си вакцинирана за хпв и што немаш никакви симптоми. Не за џабе се рекло дека оваа болест е тивок убиец, ако чекаш дур да одимаш симптоми тогаш веке е касно. Подобро спречи, неголи лечи,нека се збие на парите.
Потполно се согласувам. И мене ми кажаа нормално е еднаш годишно пап да се прави. А доколку нешто има, на 6 месеци бар нај малку. Во право си, ако нешто се појавило и се чека 2 3 год. ќе се развие не дај боже во рак. Никогаш не сум правела на државно, секогаш си правам приватно. Не се битни парите, за здравје и да немам ќе најдам. И лошото ако се открие на време ќе испадне на крај позитивно. И да ме советувале на 5 год да проверувам пап, јас ќе си одам еднаш годишно. Нема млади стари за сериозни болести, само прегледи на време.
Бесплатни гинеколошки прегледи, кои следат на товар на фондот https://www.fakulteti.mk/mobile/new...loshki-pregledi-sleduvaat-na-drzhaven-troshok
Го читав пред некој ден... Од мојот град треба сите матични гинеколози да се пријават ко така. И дупло наплаќаат, и нема фискални... И после зошто одиме на приватно... Кај матичната ехо и пап е 1500, а на приватно 2200...
Не знам кои се тие препораки според кои се водиш и кои препорачуваат ПАП два пати годишно. Според сите официјални guidelines-и (препораки), и американски и европски, ПАП тест се прави на секои 3 години доколку е уреден. Не го измислил тоа гинекологот, туку постојат научни тимови од цел свет кои прават огромни студии, од траење и по 20 години за на крај да се донесе некоја препорака. Од преканцерозни промени на грло на матка до инвазивен канцер во просек поминуваат 15 год. (10-20). Плус, голем дел од лезиите од понизок степен имаат спонтана регресија во преку 60%. Така да логиката дека ќе се развие рак за 2 години не ти држи вода. Ти ако сакаш можеш и секој месец да правиш, можеш и еве ординација да отвориш, па да и бидеш гинеколог на членката на која и посочи да си го смени докторот, кој ете работи и лечи според грешни препораки .
Од чист пап тест, следниот по една година ми беше ЦИС/канцер ин ситу. Што ке се случило ако сум отишла после 3 години, наместо после една? Препораките се да се прави најмалку барем еден во 3 години затоа што жените не одат ни еднаш во 10 години, а веке кога ке идат очекуваат магично стапчее од докторот. И да, најсигурно е барем еднаш годишно, тоа ке ти го препорача и секој гинеколог освен тој погоре на членката. Имам дури три познанички кои од канцер на матка починаа двете на 24 години, и третата на 26. Зошто? Затоа што не правеле редовни прегледи. И што сакаш да кажеш дека тие каанцерот го имале од 14 години. Не секогаш се потребни 10 години за од лезија до канцер. Ниту имаш штета ниту нешто губиш ако правеш барем еднаш годишно. Многу си комична
На 3 години?? Досега не сум слушнала од ниеден гинеколог на 3 год.пап тест. И јас правам на 6 месеци. Тоа е исто да не одиш 3 години на стоматолог