Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    кандида има скоро секој. незнам зошто само толку скапо ти наплаќаат оди си приватно и тоа ќе те кошта скоро ич. инаку не е страшна јас ја лечам со вагиналети канестен и ок на периоди ја имам на периоди не.воопто не е страшна нема зошто да паничиш. само не ги разбирам тестовите вторите зошто ти ги правеле. обично во приватните ако видат дека некоја девојка е преплашена како да нашле бунар за пари. да имаш некаде да отидеш со картончиња ке видиш дека е поинаку. воопшто да не се секираш да дека тешко се лечи но не е страшна. влијание има имунитетот. треба да внесуваш повеќе витамин ц и да го одрќуваш имунитетот на високо ниво, да избегнуваш танга..
     
  2. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Незнам дали сеуште не си прочитала што и како, ама во случај да не, еве ти линк и тука има за Вирусот хпв.... zdravstveni-problemi/hpv-dali-ste-informirani-t171/
     
  3. Kraljica

    Kraljica Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Па мене ми беше прв пат на гинеколог затоа решив во хистера ама и јас мислам дека тој тест беше непотребен пошто прво ми вика ке ти се јавам за 2 дена ќе бидат резултатите од папот што ми зеде брис и чекав 5 дена не ми се јави јас му се јавив на докторот ми вика земи пенкало ке ти кажам што треба да пиеш му реков ај ке дојдам кај вас пошто седам блиско он рече супер дојди и ми вика мораме да ги направиме и тие тестови викам имам добиено вика епа супер и ми направи и све ме кошташе 6400 денари значи ехо папот и овој последниов тест сега ми рече у понеделник да идам да ми каже што треба да пијам а иначе незнам кај да одам да се прегледувам карак ти кај одис на преглед?
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Kraljica јас одам во млин балкан таму на гинеколог. до сега такви тестови воопшто на добиено не сум правела. ми наоѓале различни инфекции ок да организмот ми е подложен на бактерии е што да правам, но се се лечи. си идам со книшка и плави картони пап тестот е бесплатен. нека не те плашат приватните јас од лошо искуство не им верувам на приватните само сакаат да зимаат пари па 100 евра не е малку, а ако не ги земе од исплашено девојче (па и уште ако види дека ви е прв пат) нашол кој да стриже. бар јас така ги сваќам приватниве се извинувам ;)
     
  5. Kraljica

    Kraljica Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    карак а кај се наоѓа млин балкан пошто несум од скопје студирам таму и како ти се допаѓа услугата таму?
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    зборам за анбулантата која се наоѓа пред т.ц. беверли или после студенскиот кузман (мислам беше)
    јас сум веќе може 2 години таму и сум пре задоволна. си одам со плави картончиња и до сега освен пап-тест немало потреба од ништо друго, за разлика од пак ќе кажам приватните кој што секоја 2 ра недела бев на посета кај нив со 100 евра во џеб затоа што се нешто ми беше. ете немора да идеш таму иди било каде кај што работат со картончиња и за чудо ќе бидеш по здрава ;)
     
  7. Kraljica

    Kraljica Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Е фала ти баш ке отидам пошто немам никакви симптоми на кандида како прво а и да имам докторот ништо не ми даде да се лечам ми направи и тој тест што го кажав и си отиде ме остави со сестрата да ми наплати и толку сега незнам што да правам.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    знаеш во ред сепак доктор е доктор но понекогаш е многу убаво кога си во паника да побараш и второ мислење чисто заради тебе. едно мое искуство мене ми најдоа како демек цин 2 во приватна и сакаа да ме оперираат јас си побарав второ и трето мислење и излезе дека немам ништо. така да сега повеќе им верувам на оние кој си ја гледаат работата а на џебот
     
  9. Kraljica

    Kraljica Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Баш ти фала карак ќе побарам сигурно и друго мислење пошто и онака докторот не ми даде ништо да ја лечам кандидата.Поздрав
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Спроти Авто Мото :)
     
  11. Miss-Marla

    Miss-Marla Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Секоја жена/девојка без разлика дали има или нема сексуални односи треба да оди на гинеколог еднаш до двапати годишно... Тестовите ПАП и слично мислам дека не се направени залудно и без потреба...
    Јас одам редовно на гинеколог, и со тоа се чувствувам побезбедно и опуштено за време на секс поради тоа што не ми проаѓаат некои неубави мисли низ глава како што проаѓале пред неколку години ( пред првиот гинеколошки преглед )... :)
     
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Без дилема гинеколошкиот преглед е неопходен за секоја сексуално активна девојка. А во кој век живеат оние кои викаат дека ништо не им е и дека нема потреба да одат а се сексуално активни и башка имаат по 23-24 години не ми е јасно :?: . А за жал имам такви примери во мојата околина. Или пак ќе речат срам ми е да одам :!: . А како не им е срам да имаат односи, како не им е срам да идат на забар (па и тој е лекар и си ја врши работата исто како и гинекологот).
    Јас одам 2-3 пати во годината и не не ми е срам, си го пазам здравјето колку што можам.
     
    На karak и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  13. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    јас бев ми најдоа Кокоидна бактерија(таа се фаќала од јавни тоалети) имав терапија заедно се дечко ми и ја исчистив после имав Бенигни клеточни промени(нискоризични)тоа било од слаб имунитет,докторката ми рече да бидам по отпорна а не таква кашава...примав вагинални таблети и сега конечно се е ОК!! :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: браво штом се ти е ок и јас кога бев во студентски кај што имаше заедничко wc на спрат цело време бев со бактерии глупости :x ама еве се среди и сега избегавам јавно wc
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Штом влезете во овие води, веднаш на гинеколог. Како прво сте женски,без разлика на годините кога за прв пат сте имале со партнерот однос дали на 15 или покасно и колку често ги менувате партнерите. Јас не осудувам никој, секој има право да прави со сопственот живот што сака, сепак тоа е негови избор. Ако се гори тој ке се изгори и ке му дојде памет за се!
    Јас редовно одам на гинеколошки прегледи тоа е 2 пати годишно, доколку има некој проблем веднаш ќе ми јават но ако не повторно за 6 месеци одам на преглед. Најдобро е секоја жена на секои 6 месеци да оди на контроли, поготово ако има некои промени во матката треба почесто да се следат тие промени да не доведат до нешто лошо. Мене одкако ми се појави ЦИН 1, редовно го следевме со мојата докторка, испитавме ХПВ и испадна негативно. Со терапии Цинот ми исчезна и фала богу не се врати засега пу пу да не се подречам, раничката која ја имав со години ми се повлече. Затоа велам без разлика на се секоја жена без никаков срам треба да оди кај гинеколог но за избор на гинеколог тоа зависи од сопствениот избор.

    За бактерии и мене ми се имаше случено да ми се пренсат стрептокока и тоа во бременост па бев приморана на царски. Ентерокока и ешерихиаколи, кламидија, користев антибиотици тогаш, многу чаеви и брусница сува јадев, пиев и сок од Алое вера - тој е корисен. Има и во билна аптека многу чаеви кои ке ви ги искомбинираат во зависнот од бакеријата.

    Ех кога би можеле да немаме никакви вагинални проблеми ние жените - би ни било веднаш полесно!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kim-Dash

    Kim-Dash Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Вчера го направив мојот прв гинеколошки преглед... :) дури отидов нозе и раце ми се тресеа се испотив целата ама не е така страшно како што замислував :$ си направив пап тест и ехо прглед внатрешен...ми излезе дека имам некои промени во грлото на матката ама ке треба да ги почекам резз за 2 недели...за тоа време докторот ми преписа вагинални таблетки а за дечкоми канестен крема...девојки одете со време треба деца да имаме ...не е ништо страшно верувајте ми ..а најмалце не е ни незгодно како што сите мислиме.. :D само пред да отидете (ако одите прв пат) одберете добар гинеколог(прашајте некој што оди ке ви препорача некој) ....и верувајте пап тестот воопшто не е ни болен ни страшен....малце скокотка трае максимун 3 минутки и тоа е тоа .... :D трк сите на гинеколог :D
     
  17. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    20
    јас одам еднаш годишно на гинеколог, ама не да ми е неубаво... не дека се срамам, не се срамам ич, ама некако од самата помисла дека ми прави таму внатре нешто, а не е тоа што го сакам :) - не обожавам едноставно. може дека имам лошо искуство од првиот пат кога бев на гинеколог, незнам.
     
  18. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    кога ќе отидеш на гинеколог ќе заборавиш на се и на страм........па тоа не е ништо страмно добро е да имаш редовни прегледи......барем 4 пати во годината......
     
  19. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Прв пат на гинеколог бев на 16 години и тоа кај машки гинеколог :!: ...и толку мноогуу ми беше срам што кога заврши прегледот не можев да престанам да плачам...едвај мајка ми ме смири...и од тогаш неам отидено :$ :$
     
  20. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    ехехе нема зошто да ти е страм еден ден ќе се смееш за таа случка......и јас одам кај машки гинеколог и тоа прв пат отидов на 20 години и не ми беше страм само ми беше малку глупо кога ми кажа да се соблечам и јас само се раскопчав мислев само на стомакот ќе ме прегледува и иди тој вика целосно се соблечи и качи се на креветот и нозете стави ги на едни работи тама како за раѓање расчекорена :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: е тоа ми беше глупо и неочекувано а на 19 почнав да сум сексуално активна
     
    На Pepper07 му/ѝ се допаѓа ова.