Ги избира другарите наместо мене

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sadelina, 28 април 2011.

  1. sadelina

    sadelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Здраво Феминки!!! Јас сум нова тука иако секојдневно ве читам,конечно решив да се регистрирам и да ве замолам за совет.Па вака...со дечко ми сме заедно 2 години ама некако во последно време многу се измачувам со оваа врска.Постојано ми кажува дека ме сака,се слушаме по 100 пати дневно,но кога треба да се видиме,а другарите го викнат тој секогаш ги избира нив.Се има случено и цела недела да не се видиме зошто тој е зафатен со играње покер или шетање и развозување со нив.Кога и да се обидам да разговарам за ова тој секогаш се лути и ми вика дека сум досадна па што имало врска ако не сме се виделе цела недела не сме биле само ние така.Не знам како да постапам вика дека ме сака,а за мене време нема :worried:По природа сум затворена личност па за овој мој проблем немам разговарано со никој.Затоа решив вас да ве замолам за совет зошто навистина ми е тешко,се измачувам многу.Се надевам ме сфаќате и ќе ми помогнете. :(
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е...помош

    па кажи му дека ако тој не свака дека треба повеке време да поминувате заедно тогаш имате голем проблем. Дади му до знаење дека другарите не треба да му бидат побитни и појасни му дека ке го ставиш на тест еден месец, ако не се поправи тогаш ке ставиш крај. И кажи му дека ако те сака треба во таа една недела барем 3 дена по 2-3 часа да одвојува за тебе бидејки ти не си било кој туку ти си му девојка. се надевам дека помогнав. :) со срека
     
    На sadelina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    Тешко ми е...помош

    јас пак мислам да му удриш контра ефект на ова негово однесување.значи кога тој ќе посака да се видите откажи му и речи дека си договорена со другарките на кафе или сл. и така редоследно неколку пати па нека сфати и осети на своја кожа,поинаку не верувам дека ќе се промени ;) гуд лак ;)
     
    На dzenita, faye, Juicy и 4 други им се допаѓа ова.
  4. lord.xXx

    lord.xXx Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Тешко ми е...помош

    машки совет
    ти девојко не го барај излези неколку пати со другарките на кафе и гледај тој да те види
    одлицно би било ако во друство имате слободно момце и смејтесе заедно
    во слуцај да те види во таква ситуација и побара да одите одма некаде заедно знаци запалило, но немој да одис најди изговор да останес, но никако немој тука ми е супер ок ??? позз и со срека
     
    На agirl17, 071-----2, love23 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Тешко ми е...помош

    Кога би требало да бира меѓу другарите и тебе, биди сигурно дека ќе ги избере нив. Затоа никогаш не го ставај во ситација да бира. Машките заради нивни некои комплекси многу се плашат да не испадна папучари, а тие што имаат девојка секогаш се помалку омилени во друштвото. Мој совет е да не му ги отежнуваш работите, сум била во слична ситуација и со сигурност знам. Сето тоа незначи дека не те сака, немора ништо да правиш, со тек на време сам ќе си сфати некои работи. Биди само трпелива и не ја покажувај својата лутина, во меѓувреме и ти излегувај си со другарки и ич не се замарај, сам ќе си легне на брашното кога тогаш, односно кога и неговите другари ќе фатат женски :D
     
    На lovelyyyy и sadelina им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Тешко ми е...помош

    Едноставно кажи му дека ти фали и дека сакаш повеќе време да поминуваш со него и не е доволен само тел. повик за да се одржува врската. Ако во текот на неделата не издвои малку време и за тебе, тогаш мислам дека не му значиш ништо и само се измачуваш со него.
    Не седи дома и не чекај да заѕвони тел. излези и ти на кафе или сл. И да, додека не осети на своја кожа нема да знае што прави или едноставно несака да се обврзува со обврски
     
    На sadelina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Тешко ми е...помош

    Јас мислам дека треба и ти да излегуваш со твоите другарки, а не да чекаш и да седиш дома тој да те викне и да излезете, а сигурна ли си дека нема друга причина што постојано те избегнува и излегува со другарите, а ваму по телефон ти вика те сакам мене малку тоа ми е чудно и сомичаво. Мора да има причина за неговото такво однесување. Зошто не му речеш и тебе да те земе кога излегува со другарите па ќе видиш како ќе реагира и ако ти рече што ќе правиш ти со нас па ние сме само машки итн итн.... знај од лично искуство ти кажувам дека се работи за сосема нешто друго. Мене ми се има случено истово и на крај го фатив со друга, ама тоа беше пред да се омажам така да провери си убаво дали неговите чувства се искрени, а не лажни па две да ве држи во рака. ,,Две лубеници не може да држат во рака секогаш едната ќе му падне, а може и двете.,,
     
    На sadelina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadelina

    sadelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Тешко ми е...помош

    A како дозна ти дека има и друга????
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е...помош

    мани го и ти на игнор возвратиму со истата мера како и тој не го барај ни за излегвање ни за ништо излезиси со другарките без око да ти трепни ова однесување кај него мора да запали ако те сака како што ти велиш инаку искрено чудно ми е што велиш те сака се слушате по 100пати на ден а иди до ситуации да се гледате еднаш неделно |( овде нешто не ми се фклопва така да погрижисе да дознеш дали дечкоти не фатил кривини значи немој да бидеш мека ни да попушташ па види дали има ефекти ;)
     
    На sadelina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Тешко ми е...помош

    Истото ми се случи и мене со дечкото со кој одев тогаш,времето ми минуваш дома и чекајќи да ми се јави и да излеземе, постојано наоѓаше изговори ваму сум со другарите таму сум со другарите и еден ден ми се стемни и му реков викни ме и мене со твоите другари ќе седиме заедно, а тој ми рече не мож што ќе правиш само машки сме, јас будалатаму поверував, по неколку дена сосема случајно се сретнав со еден негов другар и му реков да излеземе заедно, а тој ми одговори супер и онака не сме се виделе одама со тебе и со твојот. По тоа сватив дека ме лаже и дека не излегува со другарите и потоа го викнав и му реков зошто ме лажеш а натоа ништо не ми одговори само се насмеа и рече зар не примети дека се гледам со друга!Останав со устата отворена и насолзени очи
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е...помош

    ГАД за ваков треба да се возврати со иста мера
    жал ми е
     
  12. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Тешко ми е...помош

    Каков кретен, вакви не заслужуваат да постојат, вистинска штета е што обично ваквите машки губат девојки со вистински квалитети. ПОрано или подоцна секогаш се каат, но секогаш е прекасно. Многу ми е жал за ова што ти се случило и се надевам дека си сега вистински среќна. Поздрав :)
     
  13. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Тешко ми е...помош

    Да ти кажам дека денес кога ќе се сетам на тоа воопшто не ми криво бидејќи денес сум среќна и мажена, а за таквите треба клоцата во газот да им ја дадеш и да незнаат каде се наоѓаат и да те памтат цел живот.
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sadelina

    sadelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Тешко ми е...помош

    Така е колку повеќе си добар кон некого тој не знае да те цени...Треба да бидеш гнасен па да сфатат колку вредиш
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Тешко ми е...помош

    Веројатно си му здосадила, постојано се гледате и му станало монотоно. Знае тој дека седиш дома (мирна) и тој абер си нема и си прави што си сака. Добри совети ти дадоа назад, покажи и ти самостојност и шаренило, излези со другарки и одбиј го кога ќе те побара да излезете :) .
     
    На sadelina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е...помош

    и јас со дечкоми се гледам секој ден девојки и за ова вчера се замислив незнам дали е лошо или поубаво иако секогаш ни е интересно секој ден различни работи правиме или одиме негде но сепак се плашам да не настапи монотонија :worried: понекогаш загрижена сум морам да признам
     
  17. sadelina

    sadelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Тешко ми е...помош

    Немој да бидеш загрижена ако ти е убаво продолжи така,а ако треба нешто да се случи ќе се случи сакала ти или не :worried:
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е...помош

    е да тоа што треба да се случи ќе се случи и никој не може ни да избегне ни да спречи
     
  19. tananka

    tananka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Тешко ми е...помош

    Исто ми се има случено и на мене со сегашниот дечко али го решивме тоа.Па вака направив не му бев пишала ни звонела неколку дена и кога се сретнував со неговите другари не ни прашував за него.Кога ми звонеше бев онака ладна со тоа како си еве добра по дома кога ќе ме прашаше да не се лутам јас нее нема причина.После една недела свати што свати и се гледавме многу почесто, на никој не му се верува колку е сменет.Али мила колку повеке му одиш по газот толку повеќе ќе го користи тоа, затоа терај си по свој пат.Зарем мислиш дека не вредиш ? Секој си има своја цена а тоа партнерот треба да си го знае. И не му давај до сознание дека што и да праве ќе останеш со него.Се надевам дека ке ти помогне ова.Поздрав
     
    На sadelina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sadelina

    sadelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Тешко ми е...помош

    Ти благодарам tananka се надевам дека ќе го решам овој проблем зошто навистина ми е тешко и се измачувам ;(