1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Главата ми е помешана

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Barbice17, 20 јуни 2011.

  1. Barbice17

    Barbice17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Јас опет :$ :$ ...Излегов со едно момче.Треба повторно да се видиме но...сеуште ми нема пишано или јавено.Али не е во тоа проблемот туку што мислев дека со него ќе можам барем малку да престанам да мислам на бившиот.Цело време ги споредував,во него ги барав особините на бившиот и што е најстрашно ги барав неговите бакнежи и милувања.Вечерта кога ме врати дома се отепав од плачење.Знам дека треба да продолжам со мојот живот како што продолжи и тој (си фати девојка) и дека не вреди да мислам уште на него.Има денови,моменти кај што можам да не мислам,но кога ќе ме фати носталгија потонувам во тага!Сакам да му го посветам вниманието на овој што излегов,но од друга страна тој ми рече дека не сака никој да знае за нас...А мене тоа ми е глупаво ми делува како само да сака да ме искористи.А што е најстрашно мојата братучетка излегувала со него во минатото и сега пред неколку месеци...Луѓеее главата ми е помешанааа ве молам помогнете мииии !!!! ;(
     
  2. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Клин со клин не се избива ;) докажано а и си имаш објаснето дека го бараше другиот во него

    е оти да не знае никој за вас? да не сте од холивуд па да се кријате?аман и тој нека не се однесува ко детенце,да се кријате,утре што ќе му дотекни :x

    ако бе во фамилијата ќе останит детето :D


    мајтапот на страна да бидам искрена,се додека сама не си речиш дека ќе го заборавиш тој екс тип,немат ни јас,ни Петко,ни Трајко да те убедиме дека треба да го заборавиш.Дај си време сама на себе,не го притискај овај.Размисли убаво,сепак за 17 год е редно време да знаеш што сакаш
    Good Luck :)
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Barbice17

    Barbice17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    thank you Primavera за советчето..иначе не сме од холивуд туку сме од иста населба..ха ха ха ха ха !! :) ..Треба да го заборавам зашо помина доста време од нашата разделба полека полека ќе го заборавам денес повеќе,утре уште повеќе :)
     
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    како прво додека самата не се освестиш дека треба да го заборавиш и преболиш бившиот никој неможе да ти помогне.. преиспитај се самата,прво - психички.. среди си ги мислите.. и свати дека неможеш у секого да го бараш него затоа што така си праиш полошо за самата себе си..
    доволно си паметна за да знаеш дали сака да те искористи и дали му служиш само како резерва (на овој сегашниов дечко) ..
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Сметам дека ти е грешка ако бараш ново момче за да го заборавиш старото.Не треба по секоја цена да бараш замена.Колку што разбрав млада си,имаш само 17 години.Јас би ти рекла овој период да си го посветиш само на тебе,уживај и забавувај се,шетај со другарките и се ќе си дојде само по себе.
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Главата ти е помешана? :rofl:

    Многу лесна ситуација, ако не сака да го гледаат со тебе ни ти не сакај да ве гледаат заедно. Фати си друг.
    А за побрзо да ти помине главата, купи си розе вино (или по твој избор) очукај се
    што му ебеш матер
    и за два дена си како нова, ќе видиш како ќе ти се одмеша главата. :lol:
     
    На Barbice17 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  7. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    хаха убава идеа си и дала ,тогаш таман нема воопшто да размислува на ништо :rofl: :rofl: :rofl:
    Мајтапот настрана ,подобро е да и дадеме решение кое нема да трае само еден ден хехе :D
    Значи вака, јаас мислам прва грешка која си ја направила е тоа дека мислиш ако фатиш друг ,ке го заборавиш бившиот :x Искрено мислам,дека ти е далеку подобро да си направиш подолго време пауза,да си расчистиш со самата себе,а богами и со него...Е,тогаш кога ке бидиш сигурна дека си ставила КРАЈ измегу вас,тогаш можиш слободно да се пуштиш во поход 8)
    Тоа е мое мислење...Со среќа :*
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.377
    Јас мислам дека не е дојден доволно добриот во ситуацијава т.е за да го заборавиш бившиот треба да најдеш подобар од него,тоа што ти рекол дека не сака да биде јавно не мислм дека има некои најдобри намери барем сега за сега ... времето ги лечи раните а со текот на време ќе си дојде оној што ќе го замени и тогаш ќе се смееш на минатото :D се надевам дека барем малку ти помогнав позз :)
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Barbice17

    Barbice17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Abeja,срцка ми се допаѓа идеата :P
    easyyyyy,расчистив јас и со него и со моите мисли и чуства.Како што пишав тој си фати девојка така да и јас морам да го продолжам животов.Ми се свијѓа момчево сега за сега не е којзнае колку но доволно е.Помина време како што реков од кога се разделивме (4 и пол месеци) можеби не е долг период но сакам да пробам...
    something,точно така,и јас мислам дека не е подобар од него и дека има некој најозбилни намери но мислам на следната средба да си го прашам фино лепо какви намери има со мене,да си знам од почеток како да се поставам нели...
    Ви благодарам на советите девојки ! :*
     
    На something му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    вака сега :) јас мила ќе бидам многу реална и ќе ти ја кажам мојата ситуација бидејќи е иста со твојата долго време бев заробена во канџите на бившиот се додека не сватив дека од нас ништо не останало :) после него пробав со едно дете кое ми удоволуваше на сите можни начини но не одеше, во неговиот поглед и бакнежи го барав бившиот,исто како и ти,ќе си отидев дома си плачев и сватив дека всушност тој не е тој што ми треба и расчистивме,после некое време си го пронајдов ајде да кажеме оној вистинскиот со кој сеуште сум во врска,со него не го барав и не ми ни текнало да го побарам бившиот пошто сватив дека го имам овој новиот и дека е прекрасен и дека сакам да бидам со него и со него .../

    мој совет :) не се оптеретувај со бившиот бидејќи тоа што еднаш се скршило и да го лепиме пак ќе пукне,го знаеш каков е и да бил добар немало да биде бивши !

    а за овој другиот расчисти си и со него,штом го бараш бившиот преку него нема да ти успее.. тоа дека не сака да се знае дека сте заедно :x по мојот пост заклучи што можам да ти кажам за тоа.

    среди си се малку, и не брзај,млада си и полна со харизма и живот .
    поздрав и се надевам помогнав барем малку
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Barbice17

    Barbice17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    cigarce,денес се видовме повторно и за прв пат не помислив на бившиот.Толку ми беше убаво со него,пре пре прекрасно се чуствував покрај момчево.Во ниту еден момент не ми падна на ум бившото момче.Затоа сум многу среќна но...ме мачи другава работа....зошто никој несака да знае? зошто ??? ...Си ветив дека ќе го прашам нареден пат кои намери ги има со мене ама реков да почекам следен пат.......Што мислите вие? да го прашам на следната средба или..................????
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Прашај го,ништо не губиш,ама не очекувај да ти ја каже вистината зошто може да му текнат илјада изговори но ниту еден да е вистина.По неговиот израз ке дознаеш дали е вистина или не,иако и тоа може да се одглуми.Заслужуваш одговор после се.Како и да е,колку ии да не сака да се знае ке се дознае еден ден.
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали си со момчето со кое се врткаш сега, или со некој во иднина, пробај да го запознаеш да ги видиш неговите убави и лоши страни и пробај да се отвориш себеси, дозволи да те запознае. Знаеш, нови луѓе, нови дешавки ќе ти го променат малце начинот на живот, ќе имаш и други мислења, околина и слично. Значи, сакала или нејќела, кога-тогаш нема да мислиш повеќе на бившиот. Сеа јбг сте имале убави моменти, ама ете нешто не чинело, штом сега не сте заедно, а тој си фура со нова цурица.

    А зошто овој не сака да знае никој за вас, чудно малку делува.. Може поради братучетка ти, ипак мора малце да те искарам, како со на бившо момче на братучетка ти се спанџа.. Можеби има уште чувства за неа, па и него му е помешана главата :) Шала на страна, треба да го прашаш што се случува.
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    незнам мила и мене не ми е јасно ова твоето, никој да не знае? абе ајде те молам каква е таа врска ? он нешто сериозно планира со тебе? вака значи нареден пат коа ќе се видите стварно прашај го да знаеш на што си ;)
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Не барај нов дечко за да го заборавиш бившиот, не ги парај бакнежите од бившиод, не ги очекувај старите убави моменти да ти се вратат....уживај со нов дечко, биди со него затоа што сакаш да бидеш со него, затоа што сакаш да пробаш нешто ново со него. Не мора да биде овој сега што си се видела со него, има 10000 други дечки. :)
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Среди си ги мислите, дај си доволно време. И што е најважно-гледај само напред, тоа што било поминало, едноставно обиди се со нов дечко ако сакаш, ако не уживај, излегувај си со другарките и сето тоа ќе си дојде спонтано. Само не брзај и не се оптоварувај со бившиот затоа што не вреди.
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    А мора ли одма да влегуваш во „јавна“ врска, играј ја неговата игра, немора сите да ве знаат, запознај го подобро, па ако ти се допаѓа на карактер биди со него во јавноста, ако тој сеуште несака, откачи го, не е за тебе. ;)
    Инаку јас сум сигурна дека ке го заборавиш бившиот, но не сум сигурна дека нема да се заљубиш во сегашниот дечко, а тоа никако не е добро, барем не додека не дознаеш какви се неговите намери со тебе.
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.