1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го сакам, а спиев со неговиот најдобар другар

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Semanablue, 26 ноември 2014.

  1. Semanablue

    Semanablue Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Нова сум на форумов претпоставувам дека ја погодив темава за да го споделам мојот проблем.
    Откако раскинав врска од скоро 2 години и бев тотално емотивно недостапна и нестабилна почнав да живеам во тој некој мој хаос. По неколку месеци откако видов дека нема назад и дека бившиот мој си продолжил со животот де со една де со друга, се впуштив во една таква авантура со човек кој имаше 7 години врска. Гледањето траеше месец дена ( во тие месец дена ама баш не ме засегаше дали има девојка или колку долга врска се трудев само да се отргнам себе си да не вртам и да не му се јавувам на бившиот) а плус и ми одговараше да не се појавувам у јавност и секако не се гледав со тој човек во иднина...се додека еден ден ете не ми помина таа еуфоријата. Се дружевме еднаш два пати со еден негов другар (кој исто има 7 годишна врска) и успеав да му најдам една другарка која не го свиѓаше уопште ама и она беше у фаза на преболување па се смуваа 2 пати само колку за друштво. Е сеа работата е што јас со другар му некако почнавме да си пишуваме на вибер си праќавме сликички вицови и ми стана интересно ептен да комуницирам со него. Се договораваме еднаш да правиме ручек заедно и да пиеме пиво пошо беше лето и беше досадно (мојот мувач со девојка му отиде на одмор ама имав веќе расчистено со него). И така се дружевме неколку дена со муабети за се, за љубов за пропаднати врски и еден ден така под дејство на некоја чаша винце почнавме да се лапаме и не можам да ви опишам каква страст имав во моментот.Од тој ден почнавме да се гледаме. И јас пак со цел памет од свои егоистични побуди да си го окупирам времето и си викав па што убаво ми е и почнавме се почесто да се гледаме и да ни станува се поубаво да дојде до момент да се испозаљубам до уши и да ми смета целата ситуација. Е сеа работата не е само што тој не е сигурен во тоа дали сака да ја остави девојка му, ми вика дека не е тоа проблемот туку како да помине преку тоа што сум имала секс со најдобриот другар. Веќе 6 месеци сме заедно и задниов период сме секој ден нонстоп заедно заедно спеме заедно се будиме не знам како девојка му не му вика ништо со оглед на тоа дека знам дека се немаат видено барем задњиов месец откако знам за сигурно кај е секоја вечер. Ми кажува дека ме сака и дека не може ни без мене ни со мене.Ми вика кажи ми како да поминам преку тоа? до сеа 3 пати го "oставам" и цело време се навраќам пошо стварно го засакв многу и чувствавм дека и тој ме сака мене...но како да ја поправам грешката што веќе е направена?Се плашам и да го изгубам иакон реално никогаш не бил мој.. после толку време се чувствував среќно и не сум мала да знам што е љубов а што е занес.Стварно го сакам а стварно не сакам да се продолжи вака...Не дека сум бесчувствителна за девојката но веќе ми се премнг силни чувствата да мислам да бидам фер кон неа. Ве молам дајте ми совет и мислење. Дали постои начин тој да го надмине тоа дека спиев со неговиот најдобар другар или е само изговор?
     
    На sani27 и merida им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кратко и јасно - Тоа му е само изговор. Ако толку те сакал одамна ќе и раскинел на девојка му и ќе биде и ќе се бори за тебе, а овака му одговара и си тера ладила на стојче :). Тукууу, ако, и тоа за арно нека е, кога тогаш ќе помине таа фаза. Него ти, мислеше дека полесно ќе преболиш ако слеташ одма на друг ?!?! а можеби и на трет.
    Мислам дека ова ти е добра лекција од која сама треба да извадиш поука.
     
    На Glasna, senza.parole, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    @Semanablue сепак со тоа што е цело време со тебе и ти ете чувствуваш дека и тој те сака разговарај отворено со него. Тој можеби има долгогодишна врска ама тоа не значи оти неможе да ја прекине. Обично на лугето им се здосадува долгогодишна врска и после се заедно само ради реда.
    Разговарај и кажи му оти неможиш повеќе да продолжиш со него вака, дека ти значи и не сакаш да го делиш. Притисни го, ако сепак измислува причини и слично поарно е да се отргнеш од него за да не останеш пак повредена.
     
  4. Semanablue

    Semanablue Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    @slavica999 Не го изневерив него или после него..тоа беше пред да се сплеткам со него...Не велам дека е промислено тоа што го направив...Ама го засакав искрено...Поуката е што? Порано или покасно сите плаќаме за грешките во минатото?
    @Elissa Тој ми кажа дека не знае дали е со девојка му од што ја сака или од навика или од не знам што..но тоа сепак не ја исклучува можноста дека ја сака што уште повеќе ме повредува. Имам 26 години, стварно се плашам дека нема да засакам некој толку искрено...а тој продолжува со неговото не знам...Ми се јавува и ми вика не можам да те оставам а кога ќе се навратиме на проблемот пак е НЕ ЗНАМ...му требало време да види дали може да ми верува...се плашам дека не можам веќе да си го трошам времето...А се плашам и да се откажам од него...Претпоставувам звучи мнг глупаво од страна вака...ама не знаете колку ми е тешко да играм разумно кога внатре во душава ми е ко да ми умрел некој. Празнина. :(
     
    На cinderella.red и galapce им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Еден совет од мене
    Не слушај совети од други,следи го срцето и разумот.Поготово не на форум.
    Сега ќе се изначиташ сешто,само совет не.

    Знам дека сум контрадикторна.Те советувам да не слушаш совети,ама така е.
     
    На Osamena devojka, DAngel, Gmai и 2 други им се допаѓа ова.
  6. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Ти не си го изневерила тоа било пред тебе кажи му дека си сакала да го преболиш објасни му ја ситуацијата иако мислам дека е само изговор ...

    НЕ сваќај ме погрешно има 7 год врска ЗДОСАДЕНО му е, со тебе е се ново и поинтересно затоа е со тебе ...
     
  7. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Немој да навлегуваш многу во таа љубов ако мислиш дека на крај ке бидеш длабоко повредена!:u:
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Незнам дали те сфатив добро, станува збор дека си била со дечко кој имал 7годишна врска-ти си била третиот човек? Па си прекинала со тој дечко?Па си почнала со неговиот другар? Кој исто така има 7 годишна врска?...
    А првиот дечко што го спомнуваш,го спомнуваш, само за да ни објасниш зошто си се впуштила во тоа. А нема никаква врска со овие двајцата (со долги врски) што ги споменуваш? Така?
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    @Semanablue ти користиш омекнувач Семана?Каков е??[​IMG]

    Мислам дека овде ти немаш проблем,проблем има тој и тој би требало да напише и да побара совет.
    А совет драга моја нема.Целиот проблем е кај него.Тој е тој што не може да му каже на својот другар,а штом поминал преку другарството се сомневам дека и тоа било вистинско.Ти можеш да му кажеш на дотичниот дека не оди работата меѓу вас,а тој треба да се правда на две страни.Другиот,постои опасност да го изгуби него и девојката за која го врзуваат 7 години.
    Јас лично би се оддалечила од се и од сите.Да се спушти прашината,да се види со бистри очи кој до каде е.
    Ако сте си одредени ќе бидете заедно покрај се и покрај сите.Ако не,подобро нешто да се прекине на почеток ,кога е помалку болно.
     
    На H.VAGA, bubac, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  10. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Според мене треба да прекинеш контакт, затоа што на крај ќе бидеш повредена. Со зафатен дечко никогаш нема да бидеш среќна и задоволна, постојано ќе се криеш и нервираш.
     
  11. Semanablue

    Semanablue Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    @kolovoz Да, нема врска бившиот мој со нив...I am so fucked up! :(
    Ви благодарам на сите што дадовте свое мислење...сепак изгледа на крај секој си ја бира сигурната варијанта...Ми пиша дека му е многу тешко и дека секогаш ќе ме сака и дека сум му била повеќе од авантура дека искрено ме засакал....ама не проба да ме врати назад откако децидно му кажав дека сум решена да ставам крај ако не се среди ситацијава.:) Тhat makes me feel more miserable than i actually did :/ Сама си го барав знам....
     
  12. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Полека, смирено, не мора да бидеш со ниту еден од нив. Може е најдобро сама да си периодов, да размислиш и одмориш од сите тие случувања. :hug:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Со извинение на директноста, ама они двајца си го ладат со девојчето и не би ме чудело и да си имаат редовен апдејт за поза, издржливост...:puke:
    Туку бегај девојче подалеку додека поголема беља не си навлечеш.
     
    На Daydream и kolovoz им се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @Semanablue според мене верувај најдобро е да заврши оваа ако можам да ја кажам врска.Познавајќи ги мажите, сигурно првично тој тргнал со фактот само да те помине. Во стилот, му успеа на другарот, па сега да не е подолу ај и он. Немој да се навредиш...Ама голем дел од мажите така функционираат, особено кога гледаат дека девојката не прави ништо за да им ја растури долгогодишната врска.
    Е сега, и да поминало во нешто повеќе, ... и да почнеш врска, ти секогаш ќе бидеш онаа девојка. И тоа никогаш нема да ти биде заборавено.
    Така да, мој совет е, најди си некој друг, кој нема да има лошо мислење за тебе. Кој никогаш нема да има за што да ти пререче врз основа на твоето минато.
     
    Последна измена: 26 ноември 2014
    На senza.parole, Daydream, SexiLy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. whieeagle

    whieeagle Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Машки
    А да пробаш да најдиш некој што не е во врска? Не ти е доста од компликации, 26 год. имаш.
     
    На cresa-jagoda, JustBeYou, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Изгледа дека и вие и вашите дечковци/мувачи (како и да ги дефинирате) се од оној тип на луѓе кои насекаде сеат емоционален хаос, деструктивни робови на своите нагони, незрели и неодговорни адолесценти заробени во возрасни тела. Тешко на тие девојките на типовите а тешко и на тој што ќе се ``усреќи`` со брак со вас. Единствено задоволни ќе бидат адвокатите во бракоразводната парница а можеби и новинарите во црните хроники (последниве месеци се одвива вистинска епидемија). Се надевам дека грешам.:)
     
    На cresa-jagoda, Daydream, SexiLy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Решението за твојот проблем е во зрелоста на емоцинално ниво. Прво и најбитно е да сфатиш дека другата страна има две жртви во однос на твојата.

    - Долгогодишна врска;
    - Најдобар другар,

    Би размислила ли ти на негово место колку е паметно да се заокружат овие работи како небитни за 6 месечна неофицијална авантура?
    Се слагам дека дечкото негува одредени емоции кон тебе и дека си му пријатна и друштвена како личност која воедно и спиела со неговиот најдобар другар меѓутоа тоа не е доволно за ти да станеш негова официјална половина во идните животни ситуации и предизвици.

    На неговото дистанцирање немој да гледаш со презир туку биди благодарна што си изглегла од такво замотно клопче без последици. Прво што треба да направиш е да се стабилизираш и да сфатиш дека „промискуитетните работи“ не претставуваат филтер за твојата негативност и незрелост, меѓутоа се потребни за да застанеш на цврсто тло.
     
    На Едно Чупе и mime87 им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Како ви е интересно на 26 години да се занимавате со вакви комплицирани ситуации, стварно не ми е јасно.

    Ок, си имала што си имала долга врска, си раскинала, на секој може да му се случи, ништо ново, ништо страшно, продолжува животот, ама ова што ти требало? Прво со едниот, ајде сега со другиот. Господе Боже каде отиде светов. Теши си се дека те сака, си го лади само, а на крај ти ќе бидеш повредената. А дека тој ќе стави крај на 7 годишна врска и другарството со најдобриот другар заради тебе, ама ич да не си се надеваш. Тоа нема никогаш да се случи. И да ја раскине врската, со тебе врска сигурно нема да започне. Барем јас лично никогаш не би започнала врска со дечко кој спиел со мојата најдобра другарка, колку и да било тоа пролазно. Ти за нив си само пролазна станица, ништо повеќе. Ќе те вртка некое време и ќе слушнеш за една година дека сака да се жени, па ќе си чукаш глава од ѕид после.

    Колку несериозни и незрели личности има, да се чуди и да се пази човек. Наместо да се средиш малку емоционално, да застанеш на здрави нозе, да продолжиш со животот, да си најдеш некој кој е слободен, да си градиш врска со него, ти изиграваш златна резерва и се понашаш како да имаш 15 години, си губиш време. Страшно.
     
    На Едно Чупе, simoncelicius, mime87 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Подобро отргни се однего и заборави го зошто тој да раскине 7 годишна врска неверувам .
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Семена со 26 години треба да ти биде јасно дека другар другарство не расипува за женска, и секако треба да знаеш дека му е глупо. За 6 месеци тој може да те сака, но не е заљубен во тебе.
     
    На ...adri19 му/ѝ се допаѓа ова.