Оставете го девојчето, го распнавте. Секој се учи на сопствени грешки, така и таа. @Semanablue, остави ги и двајцата, зошто од тоа што се случило ништо сериозно нема да произлезе. Другарка на другарка може дечко да превземе, па и да и стане сопруг понатаму, ама другар на другар девојка да превземе не. Немој да бидеш предмет на исмејување секогаш кога ќе се заедно. Мислам дека можеш и заслужуваш да бидеш повеќе од тоа.
Ако си спиела со другар му, ти не ќе да го сакаш! Или пак ги сакаш и обајцата наизменично или трета опција си сакала едно искуство плус у живот!
извинете на офтопик- морав готовоооооооо умирамммм од смеењееее Луничка ти си царица жими бога!!!!!!!!!!!!!!!!!! те обожавам
Семана, навикнисе тука едвај чекаат некоја пикантерија и да почнат да изиграваат светици, а зад затворени врати се дешаваат и те какви работи. Ако судиш по форумов сите жени во РМ се поштени, невини, не напраиле грешки никогаш, се чудам каки не погласат уште еден милион светици, па верскине календарчиња да имаат по 500 страни. Девојката и сама си ја прифаќа грешката, таа невели дека е убаво тоа што го направила и дека сака да слушне само убави зборови од нас. Јас мислам дека треба да се избориш со чувствата и да станеш силна, да се тргнеш од него и да продолжиш по друг пат со една голема поука од направените грешки. Ако се работело за голема љубов до сега без двоумење би завршел со неговата врска и би бил со тебе.
Жити се @Enamena така мислиш сите светици изиграваат???? Очигледно ниту ги следиш ниту нешто си сфатила. Ако не го чуеш тоа што сакаш или не добиеш поддршка, другиот ни е крив и не не разбира. Get real!
Девојкава што ја поставила темата ако бара некој да ја теши и поддржи нека побара мислење од другарки, роднини итн. На форум ќе слушнеш само мислење од различни луѓе, кои различно си ги сфаќаат работите и тоа ќе биде објективно, затоа што никој не те познава и не бери баш многу гајле за тебе. А инаку имате тенденција ептен да си ги сакате срцуфките што ќе ве поддржат, а друго мислење не прифаќате, нормално затоа што не ви одговара. Се си мислам дека требаше да бидеш подготвена дека некои барем луѓе ќе си мислат дека не е баш во ред кога одиш со еден, се скаруваш одиш со друг со седумгодишна врска, па женската не знае, па тој му е другар на овој првиот. И така. Инаку конкретно за случајов, мислам дека на дечково му си разонода, ради монотонија во седумгодишната врска. Башка ако се скара со девојката и почни со тебе и другар му ќе му замери. Така да јас мислам дека си калкулира тој, како би бил во добивка. затоа ништо не превзема. Поздрав.
Кукла 21, да така мислам и така сум ги сфатила работите. Тоа е моја перцепција на конкретниов проблем и на сите слични на него. Што е спорно тука? Јас така мислам и тоа е мое право, нели тука секој има право на свое мислење.
- Што да правам? - Оди во црква. Топ. Девојката поставила многу поразлично прашање од продажбата на морал која се врти тука. Прашањето е: Дали на едниов ќе му пречи што спиела со другиов?...не дали е во ред тоа што го прави и од кого да очекува повик пред олтар. - Да, веројатно им пречи т.е. им е чудно, ама не им е од огромно значење сѐ додека си им бегство од моногамност. А, да се очекува шпанска сапуница каде Хозе ќе те моли да не спиеш веќе со Фернандо пошто те засакал и ја оставил Марисол поради тебе - тешко, и мислам дека и самата потсвесно го знае тоа. Фрлајте камења, ама повеќе ја сфаќам неа отколку овие заколнативе што на врска гледаат ко ставање маска на магаре, па нема лево-десно и сопствен живот веќе. Мислим, да...се тешиме и потајно сакаме да сме единствени, ама сме многу свесни дека секогаш постои подобар и поубав, како од нашиот партнер, така и од нас, и секогаш постои „опасност“. Е, сега, додека кај едни љубовта и почитта се посилни од желбата да шарнат, кај огромен дел не се. Вие или не сте имале искрен разговор со другари, или ептен ве почитуваат за да не ви скршат филм. Моиве не се такви. На почеток на врска се оддалечат и се повеќе посветени, ама после некое време си е сѐ по старо - си флертуваат, коментираат предници и задници како поминуваат, отворено си кажуваат ако им се допадне некоја друга...или ако отишле и подалеку од допаѓање. На почетокот ми беше одвратно и чудно, па дури и се борев со себе што да правам, да кажам ли, да ги искарам ли овие? Сега си викам која сум пак јас да се мешам. Од кај да знам дека и цуриве нивни не го прават истото? Ако тие решиле да си се подјебаваат така, нивна работа. Ајде, клише е да потсетиме дека не сите се исти, бла бла, секогаш има исклучоци, ако е од утеха, ама човечкото суштество е толкаво ѓубре, што не сака ни себе да си признае дека е. Најдоброто нешто што може да го направиш, Семана, е доволно да се почитуваш себе за да се тргнеш од двајцата и да си најдеш некој за себе. А, од нас нема фајде, ако не ти лаеме дека си неморална, ќе те мислиме затуцана и ќе ти се чудиме како си нашла некого. Оди, па најди НЗС на нашава совршеност.
Спорно е тоа што набедуваш други затоа што имааг различно мислење од твоето?? Девојчево требало да ја крсти темава поддржете ме хххххххх... Јас ретко пишувам по различни теми, ама следам што пишуваат добар дел од активните феминки. Ни нив не им било (им е) розево во животот. Добар дел се зачлениле тука заради некоја мака. Откако ќе им ја разбереш приказната на форумов ќе го сфатиш мојот коментар. Добри сте значи. Барам мислење, ама не сакам да ми го плестанат во фаца... Нормално е луѓето дс имсат различно мислење,како ти и јас сега. Тоа е дискусија. Мене спорно со тебе ми е што одма етикетираш ако некој имс различно мислење и одма носот у вис.
@De-lovely @kukla21 Во неколку наврати потенцирав дека НЕ БАРАМ тапшање по рамо ниту САКАВ да слушнам тоа што ми е убаво да слушнам,...Мислам дек работиве отидоа подалеку од темава, јас не ја ставив темава да се дискутира за морал и за "being the good girl". Нема потреба од навреди и препукувања. Свесна сум дека заслужувам критика и сум доволно самокритична за своите постапки, не сум горда на себе со ситуацијава ама како да се справам со чувствата...
Е па што се препукуваш со сите кои те критикуваат??? Некој ти даде поддршка, некој те искритикува. Што е тука спорно???
Jas mnogu dobro ja sfativ poentata na prasanjeto. Nekoi komentari duri bea navreduvacki, navratise nanazat kukla21 i ke vidis. Devojkata barase sovet a ne casovi po moral. Znaci pobara mislenje sto da pravi ponatamu a ne dali e dobro ili loso toa sto go napravila. Devojkata e svesna deka ne go izbrala pravilniot pat i svesna e za se sto i zborat, sto ima ponatamu za diskusija i polemika.
Ајде бре уживај таму, краток е животот...си имала 7 годишна врска, па си сакала да пробаш нешто повозбудливо и малку си се опила од страста и што ако? За година/две нема ни да се сеќаваш на нив. Оди забавувај се, бркај дечковци, живеј си го животот како што тебе ти одговара додека си млада и посакувана, зш после ќе жалиш што си се замарала во младоста со вакви глупаци.
Не гледам каде има продажба на морал, има причини за постоењето на моралот и зошто секс со најдобриот другар на типот во кој била затрескана е аморално, заедно со многуте други работи кои особата ги напиша. Тоа што не прашувала дали не е во ред тоа што го прави може да значи дека не разликува добро од лошо - што е посебна правна категорија. Аналогно би можело да се каже дека ако некој тип на 26 години на некоја тема напише дека видел дете кое имало поубав мобилен од неговиот - и му го земал на детето бидејќи така му дошло, нели, поголем е и посилен. Тој не прашува дали тоа е во ред, тој само прашува каков модел е телефонот. Барем во Македонија прашањето на моралните вредности би требало да е актуелно бидејќи релативизирањето на моралот е една од причините како се стигнало до ова дереџе.
Не се препукува туку реплицира на оние што и ги вадат од контекст муабетите. Реплицира на некои од оние кои преку нејзиниот проблем се трудат да го истакнат сопствениот морал. Реплицира на оние кои се овде за докажување на самите себе си,за лечење комплекси,наводно давање совети.А тие се овде на темава и слични како оваа,за Се,само за советување не. @Semanablue А да пробаш да си се повлечеш од темава? Дојди ни по другите теми да се подружиме,гледаш овде дека настана жива кал која влече само надоле.
А ти адвокат да не си и на омекнувач?? Реплицирање е одговор со аргументи зошто не се согласуваш со одредено видување на иста работа. Госпожата, не реплицираше туку им се пушти на оние кои не се истомисленици. Има разлика ако воопшто можеш да ја видиш.
Знаеме да реплицираме,дискутираме без навредувања и наддавање на епитети? Не? Се насетува нервозата во твоите постови,а не гледам зошто. Не си ,,не моралната,,ти овде. Затоа олабави се.
Насловот води во друг правец дискусија, па не ти е правилно напишан во однос на твојот проблем. Фино, си раскинала врска, си сакала да се забавуваш, не е ни битно дали тој бил зафатен или не, колкава врска имал или колку време е слободен. Битното во муабетов е некако од другар на другар не ми иде. Никогаш не сум можела да ги сфатам тие односи, али ајде не сме сите исти. Не ми е јасно зошто вториов дечко, почнал да се плетка со тебе, па и толку време ако му смета што си била со другар му. Можеби ни тој не мислел дека ќе трае толку време и дека ете можеби ќе му се развијат некои чувства спрема тебе ама сепак тоа можело да го прекине порано, а не сега кога и ти сакаш нешто повеќе па ајде му смета тоа со другарот. Додуше и мене би ми сметало да бидам со некој кој бил со моја другарка ама па не би ни почнувала нешто. Не знам искрено ти што си очекувала дека ќе излезе од овој однос ама ако си очекувала врска или не знаеш каде живееш или не знаеш какви сме ние луѓето. Најубаво сега искулирај малку од момци. Не вложувај многу емоции во вакви врски кои од старт немаат иднина, оти ако имаат иднина од старт ќе биде таа предвидена, во случајов со разговор со другарот, ветување за прекинување на врска, па макар и да не е тоа одма итн итн. Речиси сите некогаш сме излегле од долга врска, сме направиле после глупости за да на некој начин си покажеме дека сепак вредиме и дека и некој друг не посакува ама тоа некако ко да не иде одма на добро него правиме повеќе глупости. Верувај најголемите глупости сум ги направила кога сум излегувала од долги врски. И се сум мислела дека тие со кои губам време се као вредни да вложувам и во нив емоции ама не е така. После долга врска треба да вложиме многу во себе, за да изградиме повторно некој однос со самите себе, зошто се губиме во врските. Почнување нешто ново не е најдобра одлука (освен ако не е почнато додека си бил,а во врска).